Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп вечерва изјави дека меѓу Израел и Иран е договорен 12-часовен прекин на огнот, кој ќе започне за шест часа или околу 06 часот наутро. Тој на социјалната мрежа Truth social напиша дека Израел и Иран целосно се договориле дека ќе има целосно примирје кое ќе трае 12 часа, кога ќе се смета дека војната е завршена. Како што напиша, Иран ќе започне примирје на 12 часа, а по 24 часа светот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ по иранскиот напад врз Катар со балистички ракети напиша дека нападот бил слаб и недоволен и сега е време за светски мир. Трамп во објава напиша дека Иран испукал 14 ракети што сите биле пресретнати или пренасочени. Тој, исто така, му се заблагодари на Иран што ги известил САД „рано“ за нападот. Сакам да му се заблагодарам на Иран што ни даде рано известување, што ...

Иранската државна радио-телевизија потврди дека иранската армија лансирала ракети кон американски бази на Блискиот Исток, поточно во Катар и во Ирак. Според американски медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Лусаил, вториот по големина град во Катар. Најмалку 10 ракети се испукани кон Катар и најмалку една кон Ирак. Како што беше нагласено, Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека операцијата се нарекува „Добри вети за ...

Дејан Трајковски: Од брзата пруга единствена корист може да има власта, фалејќи се со неа пред локалните избори на неинформираните и изманипулирани граѓани. Вистината е дека државата и населението ќе претрпат најмалку 3,3 милијарди евра финансиска штета, како што јасно покажуваат финансиските анализи. Инаку, ова би бил единствен случај во светот да се изработува физибилити студија и кост-бенефит анализа ретроактивно, врз основа на веќе донесена ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека утре од Тел Авив ќе биде евакуирано уште една семејство, мајка и три деца. Воедно, Министерството апелира до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена. По минатонеделното безбедно враќање на осум македонски државјани од Израел во земјава, МНР и НТ соопшти дека за утре е потврдена евакуација на ...

Израелската војска соопшти дека нападнала шест аеродроми во западен, источен и централен Иран, уништувајќи 15 авиони и хеликоптери како дел од нејзините „напори за продлабочување на воздушната супериорност на иранското небо“. „Нападите оштетија писти, подземни бункери, авион за полнење гориво и авиони Ф-14, Ф-5 и АХ-1 што му припаѓаат на иранскиот режим“, соопшти израелската војска, пренесе Ен-Би-Си Њуз. Во соопштението се додава дека нападот ја ...

Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските граѓани ширум светот да ги зголемат своите безбедносни мерки по невидениот напад на Вашингтон врз стратешките ирански нуклеарни локалитети, објави ДПА. На веб-страницата на Стејт департментот се вели дека постои зголемена закана за граѓаните на земјата, како на американска територија, така и во странство. Како резултат на конфликтот меѓу Израел и Иран, има промени во распоредот на ...

Околу 8.000 луѓе во Израел останаа без струја по иранските ракетни напади рано наутро, изјави израелскиот министер за енергетика Ели Коен. Коен рече дека властите се подготвуваат за можноста од оштетување на електричната мрежа и дека се очекува струјата да биде обновена во следните неколку часа, објави Би-Би-Си. Израелската електрична корпорација претходно пријави штета во близина на стратешки инфраструктурен објект во јужен Израел, што доведе ...

Израелската војска го нападна озлогласениот затвор Евин во главниот град на Иран, Техеран, соопшти денеска кабинетот на министерот за одбрана, Израел Кац. Канцеларијата соопшти дека нападите биле насочени кон затворот „за политички затвореници и противници на режимот“, заедно со „неспоредливи“ напади врз понатамошни „цели на режимот и органи на државна репресија во срцето на Техеран“. Затворот Евин е озлогласен со децении како место на сериозни ...

Израелската војска ги напаѓа позициите на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Техеран, изјави денеска портпаролот на ИДФ, Ефие Дефрин. Според него, израелската војска го таргетира седиштето на ИРГЦ. Воздухопловните сили ги нападнаа сите ирански бази од кои беа испукани ракети кон Израел, изјави тој на прес-конференција. „Иранската закана сè уште не е елиминирана“, рече Дефрин. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави претходно ...

Венко Филипче: Страшно ми е што сите вие, младите, па дури и вашите неродени деца треба да враќаат седум милијарди евра коишто се земени на којзнае каков, на сомнителен начин. Тоа е недозволиво. Целосно неодговорна власт. Ниту има опции, ниту има можности, ниту има какви било индикатори за светла и добра иднина на младите. Единствено нешто што треба да имате е партиска книшка. Тоа значи дека сценариото е – да добиете работа со купена диплома, ...

Предлог-измените на Законот за туристичка дејност во прво читање го поминаа комисискиот филтер во матичната Комисија за култура и туризам. Членовите на Комисијата дадоа поддршка на предложените измени и ги проследија на понатамошно читање. Со предложените измени се укинува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што вработените и се останато преминува под надлежност на Министерството за култура и туризам. Со измените, меѓу другото, се ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја повика Кина да се обиде да го одврати Иран од затворање на Ормутскиот теснец, важен трговски воден пат, по американските напади врз нуклеарните постројки на Иран. Ја охрабрувам кинеската Влада во Пекинг и ги повикувам за ова прашање бидејќи тие се во голема мера зависни од Ормскиот теснец за нивната нафта, изјави Рубио за „Фокс њуз“. Аналитичарите веруваат дека Иран би можел да одговори на нападот на ...

Оклахома ноќеска ја победи Индијана со 103:91 во седмиот натпревар од финалето на НБА и го освои шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот. Шеј Гилџеус-Александер беше предводник до успехот на својот тим со 29 поени и 12 асистенции. Кај Индијана се истакна Бенедикт Матурин со 20 поени и 13 скока. Најдобриот кошаркар на Индијана, Тајрис Халибартон, во првата четвртина ја повреди Ахиловата тетива и не можеше да го продолжи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во оваа земја, јави ДПА. „Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно да го направи Иран голем, зошто да не се случи промена на режимот?“ МИГА!“, напиша Трамп на својот профил на ...

Односите во партијата, вклучително и оние меѓу раководството и пратеничката група, не треба да се сведуваат на симпатии или антипатии. Тоа е прашање на капацитет за соработка, политичка зрелост и одговорност пред јавноста. Без таа функционалност нема ни резултати. Во однос на поразот на СДСМ, видовме обид за колективизација на одговорноста, каде што сите, наводно, беа еднакво виновни. Тоа не е точно, и уште помалку е здраво. Таков наратив ...

Три лица загинаа, а 11 се повредени во денешниот ракетен напад од страна на руската армија врз полигонот за обука на една од механизираните бригади на Копнените сили на вооружените сили на Украина, каде што војниците одржуваа вежба. Благодарение на навремените безбедносни мерки преземени по добивањето на предупредувањето за опасност во воздухот, беа избегнати бројни загуби на персонал. Сепак, за жал, имаше смртни случаи и повреди. На сите жртви ...

Белорусија и Соединетите Американски Држави ја разгледуваат можноста за целосна нормализација на односите, изјави денес постојаниот претставник на Белорусија во Обединетите нации, Валентин Рибаков. Секако, пред сè, се разгледуваат прашања за конечно нормализирање на билатералните односи – целосна нормализација со целосно продолжување на работата на амбасадите во двете земји, размена на посети и така натаму, рече Рибаков. Рибаков учествуваше на ...

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал-потполковник Олександр Сирски, најави засилени напади врз воени цели длабоко во Русија. На 1. јуни, Украина бомбардираше неколку руски аеродроми, дури и илјадници километри од границата, откако шверцуваше експлозивни дронови во Русија. Киев во тоа време изјави дека нападот, во кој беа уништени десетици авиони, е одмазда за речиси секојдневните напади на руските воздухопловни сили врз ...

Иранскиот парламент го одобри затворањето на Ормутскиот теснец денеска, објавија иранските медиуми додавајќи дека највисокото тело за безбедност на Иран мора да донесе конечна одлука за мерката. Иран претходно се закани дека ќе го затвори Ормутскиот теснец, клучна поморска артерија за глобална трговија со нафта, како одговор на притисокот од Западот, објави Гардијан. Според извори од бродоградбената индустрија, комерцијалните бродови веќе почнаа ...

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска денеска на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“ изјави дека во Македонија се случува сериозна тенденциозна операција која има цел да ја разниша уставно загарантираната поделба на власти и да ја поткопа независноста на правосудството како трета и клучна власт. Чупеска потенцираше дека интервенциите врз судството, редовно продуцираните скандали и предмети од страна на власта ...

Иранските медиуми јавија дека „се слушналe огромни експлозии“ попладнево во покраината Бушер, каде што се наоѓа единствената нуклеарна централа во Иран, неколку часа откако САД бомбардираа нуклеарни објекти низ целата земја. Весникот „Шарг“ објави за експлозијата, додека новинската агенција „Фарс“ објави дека две локации во градот биле нападнати од Израел. Иранските новински агенции, исто така,бјавија за напади во покраината Јазд. Нуклеарното ...

Амбасадата на Северна Македонија во Израел денеска соопшти дека воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени и дека планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Има најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14:00 часот, се наведува во информацијата што Амбасадата ја објави на Фејсбук. Од Министерството за туризам на Израел сме информирани дека функционира морска рута од ...

Иран ги евакуираше трите нападнати нуклеарни објекти извесно време пред бомбардирањето, изјави денеска заменик-директорот на тој медиум, Хасан Абедини, за иранската национална телевизија. Резервите на збогатен ураниум претходно беа преместени од нуклеарните центри и таму не останаа никакви суровини кои, во случај на напад, би можеле да предизвикаат зрачење и да бидат штетни за нашите сонародници, изјави Абедини за Иранската телевизија. Иранското ...

Најмалку 11 лица се повредени во новиот ирански ракетен напад врз Израел изутринава, јави ДПА, повикувајќи се на израелските спасувачки служби. Имало најмалку 10 директни ракетни напади, вклучително и во централен Израел, соопшти израелската армија. Силни експлозии се слушнале во крајбрежната метропола Тел Авив. Израелската армија соопшти дека локалните жители веќе можат да ги напуштат засолништата. Тимови за итно пребарување и спасување беа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека САД извршиле „многу успешен напад“ врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи го и Фордо. Го завршивме нашиот многу успешен напад врз трите нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанз и Исфахан“, напиша Трамп. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор. Цел товар БОМБИ беше фрлен на главната локација, Фордо. Сите авиони ...

Иво Јанковски: Охрид не заслужува толку густа понуда на кич и турбо фолк во толку кус туристички бран од два месеци. Ако само тоа им го нудите, народот тоа ќе гледа и слуша. Освен фестивалот „Охридско лето“, сета останата понуда на комерцијални концерти со чест на исклучоци е намената за широки народни маси. Неопходно е да се даде можност на луѓето со поинаков, пософистициран вкус за музика и тие да уживаат повремено. Верувам дека во тој поглед ...

Бранко Тричковски: Полуинтелектуалецот е болесна општествена појава која обелоденува две работи: прво, дека културниот образец е потребно дополнување на националниот и политички образец и, второ, школата која се ограничува на давање на знаење, без паралелно воспитување на карактерот, не е во состојба да ја спречи појавата на таквиот општествен тип каков што е полуинтелектуалецот.“ На овие оценки јас би додал само уште пар деформации кај ...

Американските бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува своите постапки во врска со тензиите меѓу Израел и Иран, објавија Ројтерс и „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на веб-страници за следење на летовите во реално време. Стратешките бомбардери Б-2 се единствените способни да ја носат американската бомба за разбивање бункери GBU-57. Авионите ...

Силни експлозии се слушнаа вечерва во централниот и северниот дел на Техеран, јави Франс прес, на деветтиот ден од војната меѓу Иран и Израел. Сè уште не е познато дали експлозиите се предизвикани од израелски напади или од оган од иранската воздушна одбрана. Претходно, иранските медиуми објавија дека најмалку пет ирански војници се убиени денеска, а девет се ранети во израелски напад во западниот дел на Иран денес. „Пет армиски офицери се ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.72
72%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
10.07
80%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
87%
1002
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
10.8
88%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
94%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Калај

40.48

Цинк

3.23

Иридиум

145787.60

Сребро

1878.05

Родиум

255598.44

Паладиум

46425.68

Алуминиум

2.91

Злато

135056.24

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Бакар

10.95

Рутениум

29192.88