Вкупно 32 лица се повредени откако, од засега непознати причини, се судрија два автобуси на атинскиот градскиот превоз во јужното приморско предградие на Атина, Вула, а од повредените тројца се во посериозна состојба. Несреќата се случила во близина на автобуска станица, автобусите се движеле еден зад друг, а голем дел од патниците биле млади лица кои оделе на плажа, со оглед на тоа што конкретните линии сообраќаат до плажите во областа Атика. ...

Повеќе од 20 луѓе се повредени откако патнички автобус излета од пат и се преврте во северна Германија, соопшти денеска локалната полиција. Автобусот на популарниот превозник „Фликсбус“ (Flixbus) сообраќал на релација Копенхаген-Виена и рано утрово излетал од автопатот во близина на градот Рубел, околу 140 километри северно од Берлин. Полицијата во моментов ја истражува причината за несреќата, а спасувачите извлекле едно потешко повредено лице ...

Македонски државјанин загина, е еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрината на автопатот Нови Сад – Суботица во Србија, објави РТС. Според информациите добиени од Полициската управа на Суботица, возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон граничниот премин Хоргош, излетало од патот на ниво кај населбата Вишњевац, помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица, а ...

На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола. На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ. Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој моментално е ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика граѓаните на државата на мир и упати „апел“ дека „Србија не треба да биде уништена“. „За жал, оние што не ја сакаат Србија, а ги има некои од нив, ги има некои од надвор, ги има некои во нашата земја, решија да ви го отежнат животот на сите вас. Решија да ве блокираат да одите на работа, да ви го блокираат нормалниот живот, да ве блокираат да се чувствувате слободно во вашата земја“, рече ...

Во академската 2024/2025 година на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53 535 студенти, што е зголемување за 2.3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Над половина од запишаните, 31 734 или 59.3 отсто, се студентки. Најголем број студенти, 76.8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23.2 проценти на приватните високообразовни установи. Во прва година на ...

Четврти јули е национален празник во Соединетите Американски Држави. Се одбележува секоја година како Ден на независноста. Празникот го слави донесувањето на Декларацијата за независноста во 1776 година кога 13-те британски колонии на територијата на денешните САД прогласиле независност од Британската империја. На 4-ти јули 1776, Вториот Континентален Конгрес одржан во Филаделфија, Пенсилванија, ја усвоил Декларацијата чиј главен автор бил Томас ...

Игор Поповски: Прв дел Овде одговараш на едно од огромна база на најопшти прашања, како на пример – Колку се 20% од 10? – Колку природни сателити има Земјата? – Колку букви има македонската азбука? – 0,5+0,1=? – Со што се занимавал Лав Толстој? – Колку стотинки има во една секунда? – Дали планетата Земја е рамна? – Вторник или фторник? – На колку целзиусови степени врие водата? – Напиши си го името со латинични букви и слично… И потоа Втор дел: ...

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, што го основаа семејствата на починатите во трагедијата во клубот „Пулс“, испрати допис до државните и правосудните институции во кој се наведени неколку барања. Во дописот до премиерот Христијан Мицкоски, до претседателот на Собранието Африм Гаши и до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, родителите бараат да им биде исплатена законската финансиска помош, а исто така семејствата ...

Членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, именувани од страна на Собранието на Република Северна Македонија на 24 јуни 2025 година, денеска одржале конститутивна седница. Како што информираат од АВМУ, на седницата, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Деловникот за работа на Агенцијата биле избрани претседател и заменик претседател. За претседател е избран Сашо Стефановски, додека за ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го потпиша законот за измени на буџетскиот закон во врска со спроведувањето на договорот со САД за создавање на Американско-украински инвестициски фонд за обнова, објавено е на веб-страницата на украинскиот парламент. Законот има за цел да обезбеди правилно спроведување на ратификуваниот договор и да воведе механизам за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Украина и САД за долгорочна ...

Голема материјална штета предизвика пожар во фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани. Од Територијалната противпожарна единица во Кочани информираа дека околу пладне добиле повик за интервенција во фабриката што се наоѓа во индустриската зона на влезот во градот, по што се упатиле со четири возила и 12 пожарникари. Гасењето на огнот беше во специфични услови со оглед што се работи за лесно запалив материјал. Со ...

Конститутивната седница на собранието на Косово денеска беше прекината по 41-ви пат, откако повторно не беше усвоен предлогот на Самоопределување гласањето за избор на претседател на собранието да биде тајно. Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднина на Косово и Српската листа ни денеска не предложија членови за комисијата за тајно гласање. За формирање на комисија за тајно гласање се изјаснија 54 од 99 ...

Гори мешана шума бор, сува трева на подрачјето на село Длабочица во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Tериторијалната противпожарна единица од општината и од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. На терен сè уште се екипи од ТППЕ Старо Нагоричане, како и од кумановската подружница на „Национални Шуми“. -Пожарот избувна после 13 часот. На терен бевме осум пожарникари и две противпожарни возила, на помош дојдоа ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција објави уште неколку имиња кои се кандидати за градоначалници на партија за претстојните локални избори. Во Општина Карбинци кандидат за градоначалник ќе биде Љупка Соколовска, во Општина Василево ќе биде Ванчо Новоселски, во Општина Сопиште кандидат ќе биде Звонко Васев (претседател на општинска организација на СДСМ Сопиште), во Општине Јегуновце ќе биде Дарко Блажевски (поранешен ...

Откако синоќа претседателот на СДСМ Венко Филипче објави 11 кандидати за градоначалници на престојните локални избори, а во нив го нема актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави дека го замрзнува членството во СДСМ и најави дека ќе започне со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори, пренесува Фронтлајн. Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, ...

Израелската армија употреби бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во Газа во понеделникот, а експертите велат дека употребата на таква муниција може да претставува воено злосторство, објави денеска „Гардијан“. Експертите за меѓународно право изјавија дека употребата на неселективно оружје кое генерира масивен експлозивен бран и расфрла шрапнели на широка површина може да претставува воено злосторство поради присуството на голем број ...

Авиокомпаниите ќе бидат принудени да откажат 40 проценти од летовите што полетуваат или пристигнуваат на аеродромите Шарл де Гол и Орли во Париз утре, еден ден пред почетокот на летните одмори, поради штрајк на контролорите на летање, објави Француската генерална дирекција за цивилно воздухопловство (ДГАЦ). Овие административни мерки се построги од оние што се во сила денеска, првиот ден од протестот, кога ќе бидат откажани една четвртина од ...

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје денеска соопшти дека е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Според податоците од системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, на 23 јуни биле потрошени рекордни 356.000 кубни метри вода, што значи дека просечната потрошувачка изнесувала околу 700 литри по жител. Од претпријатието апелираат до граѓаните на градот Скопје на совесно и ...

„Мајкрософт“ (Microsoft) најави дека ќе отпушти уште неколку илјади вработени, откако во мај подели откази на три проценти од вработените на сите нивоа и географски подрачја. Компанијата најави и намалување на одредени хиерархиски нивоа. – Тоа ќе биде помалку од четири отсто од работната сила односно отказ ќе добијат околу 9.000 вработени. Продолжуваме да ги спроведуваме организациските промени потребни за поволно позиционирање на компанијата и ...

Сè уште е активен шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, меѓутоа не се во опасност населени места, според информациите од противпожарната служба на Грција. Пожарот што избувна околу 16 часот по локално време, гори густа борова шума и е во непрооден дел, а над три часа подоцна сè уште не е ставен под контрола, иако интервенираат голем број пожарникари и дополнително се засилени воздушните средства. Во гаснењето ...

Украинскиот правобранител Дмитро Лубинец денеска изјави дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници по наредба на највисокото воено раководство на Москва. Според нашите податоци, во тек се истраги за егзекуциите на 268 украински војници од страна на руските војници … Знаеме дека овој начин на постапување со украинските воени заробеници е контролиран од највисоките нивоа. За жал, ова е реалноста што ја набљудуваме, наведе ...

Пензионерите, кои пред повеќе од една година протестираа за линеарно зголемување на пензиите, денеска од Свети Николе побараа и годинава да добијат линеарно покачување на пензиите, наместо процентуално. Трајче Станојков член на Иницијативниот одбор од Општина Свети Николе вели дека актуелните мерки за усогласување на пензиите, кои се засновани на процентуално зголемување, не се доволни и не обезбедуваат фер распределба на средствата. Бараме на ...

Фатмир Сабриу од ВЛЕН денеска соопшти дека партијата ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против тогашното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица во врска со пописот на населението. Причина за пријавата е сериозниот сомнеж за политичко договарање и следствено на тоа фалсификување на резултатите од Пописот во ...

Секое доцнење или одложување на американските испораки на оружје за Кијив ќе ја охрабри Русија да ја продолжи својата инвазија, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи, откако го повика американскиот вршител на должност во Амбасадата на САД. „Украинската страна нагласи дека секое доцнење или одложување на поддршката за одбранбените способности на Украина само ќе го охрабри агресорот да ја продолжи војната и теророт, наместо ...

Неправилности во здравството отсега ќе може да се пријавуваат и на веб-страницата на Министерството за здравство, информира министерот Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите. Анонимно е, но, граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или емајл адреса, доколку надлежните имаат некои прашања, да ги контактираат. На пример, може да се пријави подолго чекање на некоја клиника, или пак некоја нерегуларност, а може да се ...

САД ја запреа испораката на дел од ракетите за воздушна одбрана и друга муниција во Украина поради загриженост дека американските залихи се премногу мали, изјавија вчера две лица запознаени со одлуката. Забавувањето на дел од испораката на оружје што ѝ го вети администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден на Украина се случи во последните денови, велат изворите, додавајќи дека меѓу доцнењето на испораките имало пресретнувачи ...

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола. Според информацијата од заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објавена на неговиот фејсбук профил, пожарот има четири критични точки и тие се покриени од рано наутро. -За жал во вчерашниот пожар лесно беа повредени и двајца колеги од ЈП ...

Руски борбен авион Су-34 се урна за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска агенција Риа Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. Авионот Су-34 се урна во регионот Нижни Новгород за време на планиран воена лет. Додека се приближуваше кон слетување, се појави дефект во системот за слетување. Екипажот се обиде неколку пати да го поправи дефектот во лет, но ситуацијата не се промени. ...

Американскиот Сенат денеска го усвои таканаречениот „голем убав закон“ (big beautiful bill) на претседателот Доналд Трамп, кој претставува масовен буџетски пакет што ги зацврстува неговите клучни политички приоритети. Предлог-законот беше изгласан со 51 глас „за“ и 50 „против“, при што одлучувачки беше гласот на потпретседателот Џеј Ди Ванс, кој според Уставот има право да гласа во случаи на еднаков број гласови. Законот, обемен околу 940 ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
70%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1013
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.49
86%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
1014
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
89%
1000
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1004
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
84%
1015
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
67%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Цинк

3.24

Кобалт

55.67

Алуминиум

2.89

Калај

40.11

Злато

135322.28

Бакар

10.76

Иридиум

145787.60

Никел

471972.96

Сребро

1837.41

Паладиум

45879.12