Студентите во блокада ги поканија граѓаните на голем митинг вечерва во 20 часот, пред Вишото јавно обвинителство во Белград, јавува. „Тука сме“, напишаа студентите во блокада на официјалниот профил на Инстаграм и ги поканија граѓаните да дојдат на улицата Савска во 20 часот. „Вчера бевме сведоци на брутално полициско насилство. Нашите пријатели и другари беа претепани до бесвест, полицијата не пропушти ниту брза помош. Голем број граѓани беа ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации ќе се одржи во Севиља. Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова, вечерва, таа ќе присуствува на официјалниот прием, којшто за шефовите на делегациите, го ...

Украински пилот е убиен, а неговиот борбен авион Ф-16 е соборен во голем руски напад с ракети и дронови во текот на ноќта, соопшти украинската војска. Во соопштението се вели дека ова е трета таква загуба на борбен авион Ф-16 во војната. Пилотот го користел целото оружје што му било на располагање, соборувајќи седум воздушни цели. При соборувањето на последната, неговиот авион бил оштетен и почнал да губи висина – соопшти воената авијација на ...

Безбедносната служба на Украина (СБУ) изврши напад со беспилотни летала врз воениот аеродром Кировск на Крим во ноќта од петок кон сабота, објави официјалниот Телеграм канал на СБУ. Нападот наводно уништил три руски хеликоптери – Ми-8, Ми-26 и Ми-28 – како и самооден противвоздушен ракетен и топовски систем Панцир-С1. СБУ вели дека од пожарот биле оштетени и летала со екипаж, системи за воздушна одбрана, складишта за муниција, како и извидувачки ...

Дејан Трајковски: Министерката рече дека требало прво да ги видат понудите од банките, па потоа ќе зборувале дали е исплатливо или не. Ете доказ дека немаат направено никаква кост-бенефит анализа и на слепо влегуваат во губитен проект за брзата пруга што ќе ни донесе најмалку 3,3 милијарди евра загуба. Исплатливоста најмалку зависи од банките, туку од прометот, приходите, оперативните трошоци, капиталните расходи (цената на проектот) и грантот ...

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтерова локална магнитуда е почувствуван утрово во Валандово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотресот утринава во 5 часот и 54 минути чиј ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера извршија воздушен напад во Газа, целејќи го Хакам Мухамед Иса Ал-Иса, висок член на Хамас за кој се верува дека одиграл клучна улога во планирањето на масакрот на 7 октомври и развојот на инфраструктурата за обука во рамките на организацијата. Според палестински извори, Ал-Иса бил убиен во нападот заедно со неговата сопруга и внук, а портпаролот на ИДФ подоцна потврдил дека тој бил убиен во нападот. Во ...

Најмалку 56 луѓе се убиени во израелските напади на неколку локации во Појасот Газа, соопштија денес локалните здравствени службеници. Нападите започнаа доцна синоќа и продолжија во утринските часови, кога 12 луѓе беа убиени на стадион во градот Газа, кој служеше како засолниште за внатрешно раселени лица. Убиени се уште осум лица кои живееја во блиските станови, соопшти болницата каде што беа однесени телата, додавајќи дека е погоден и шатор во ...

Од соборот на кој се обратија професори и студенти е упатен повик до власта за вонредни парламентарни фер, слободни и чесни избори. Да се прочистат избирачките списоци, да се ослободат медиумите и да се спроведе строга неутрална изборна контрола. Од протестот главните проговори до власта се корупцијата, непотизмот и нефункционалните и партиски заробените институции. Протестите во Србија што ги покренаа студентите под мотото „Студенти во блокада“ ...

Косовската полиција приведе 17 луѓе за време на прославата на Видовден, за „поттикнување омраза и носење облека со провокативна содржина“. Сите полициски акции беа спроведени во соработка и координација со судските органи, според чија одлука еден осомничен е приведен поради основано сомнение за кривично дело нелегално поседување оружје, друг е обвинет за прекршок, четворица се ослободени, додека уште 11 се под истрага, се вели во соопштението. ...

Во понеделник и вторник во Скопје ќе се одржува лидерска средба ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст на која ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Во понеделник ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателот на Владата Христијан Мицкоски и еврокомесарката Кос, по што ќе следи и билатерална средба со проширени делегации. Во вторник ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен ...

Српската полиција распореди голем број припадници во Белград во обид да се зачува мирот поради најавениот протест на студентите во блокада и од попладнево кога почнаа да се собираат голем број граѓани кои ја поддржуваат властите. Во центарот на српскиот главен град засега се е мирно, јави дописникот на МИА од Белград. Во близина на парламентот се распоредени голем број полициски комбиња како и пред зградата на РТС што е во близина. На плоштадот ...

Управата за јавни приходи соопшти дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини и оти тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална. -Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, ...

Доколку се најдете во близина на собири или насилни ситуации, веднаш напуштете ја таа област. Ако не сте во можност да заминете, пронајдете безбедно место за засолниште, порача американската амбасада во безбедносно предупредување објавено на својата веб-страница. Освен избегнување на подрачјата, амбасадата на САД им препорачува на своите државјани и да ги следат локалните медиуми, да останат во затворен простор, да обезбедат доволни залихи на ...

Во ноќта на 28 јуни, Безбедносната служба на Украина ја нападна воздухопловната база Кировске во привремено окупираниот Крим, користејќи беспилотни летала кои ефикасно уништија три јуришни хеликоптери (Ми-8, Ми-26 и Ми-28) и самооден противвоздушен систем Панцир-С1 се наведува во извештајот на СБУ објавен на Телеграм, пренесува Укринформ. Штета од пожар е нанесена на базата на воздухопловните компоненти, капацитетите за воздушна одбрана, ...

Две лица загинаа, а најмалку 14 се повредени кога руски дрон се урна во висока станбена зграда во украинскиот град Одеса на Црното Море, соопштија властите во вторник. Меѓу повредените во ноќниот напад има три деца, од кои едно е во критична состојба, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер. Русија ги зголеми нападите со беспилотни летала и ракети врз украинските градови во последните недели, додека дипломатските напори за ставање крај на ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера се сретна со жителите на Маџир маало во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, кадешто секое пладне, Герасимовски заедно со тимот од општинската администрација, разговара со граѓаните на терен, директно во нивните маала. Жителите на Маџир маало ја поздравија досегашната работа на градоначалникот, особено истакнувајќи ја интервенцијата на Општина Центар во почетокот на годинава, кога ...

Денеска, сабота, 28 јуни, со почеток во 18:05 часот, во Кочани ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на настраданите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“. Настанот е организиран од родителите и блиските на жртвите, како симболична почит кон починатите и поддршка за побрзо заздравување на повредените. Маршот ќе започне од Паркот на Револуцијата, по што ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, ...

За денеска кога Србија празнува Видовден, студентите кои седум месеци протестираат, најавија голем протест во Белград. Собирот ќе почне во 18 часот и ќе трае три часа, а најголема енигма е што ќе се случува потоа, бидејќи студентите порачаа дека не се надлежни за ништо по 21 часот. Студентите пред неколку дена објавија дека ако Владата не ги исполни нивните два барања, најавена е и граѓанска непослушност. Првото барање е распуштање на Народното ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи призна дека иранските нуклеарни постројки претрпеле „значајна и сериозна“ штета во неодамнешните американски и израелски напади. Арагчи за државната телевизија изјави дека Иранската организација за атомска енергија во моментов го проценува обемот на уништувањето. Само неколку часа претходно, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи порача дека нападите не ја попречиле иранската нуклеарна програма. ...

Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) потврди дека Русија систематски користи хемиско оружје против вооружените сили на Украина. Според податоците од Генералштабот на Украина, објавени од Ukrinform, 888 случаи на руска употреба на хемиски агенси на бојното поле се регистрирани само во мај 2025 година. Ова го објави на Фејсбук Центарот за стратешки комуникации и безбедност на информациите, коментирајќи го најновиот извештај на OPCW. ...

Во Мултимедијалниот центар Мала Станица во Скопје, вечер ќе биде отворена изложба на алтернативни фотографии, со дела избрани на меѓународен јавен повик, избрани од стручно осумчлено меѓународно жири. Изложбата се реализира во рамки на Зрно – фестивал на алтернативна фотографија, кој оваа година се одржува по четврти пат, под мотото „ФотоСинтеза!“ и претставува единствена платформа во регионот посветена на некомерцијални, експериментални и ...

Објавувањето војна на Украина би имало и меѓународни последици, смета Џејми Ши. И покрај повеќе од еден милион жртви, ноќни ракетни напади и напади со беспилотни летала врз украинските градови и бројни воени злосторства, еден факт останува непроменет – Русија сè уште официјално не ѝ објавила војна на Украина. Кога ја започна тоталната инвазија во февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин го опиша она што го сметаше за брза ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени. Вели дека за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство во ЕУ да биде предвидлив, а актуелната власт е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици. Мислам дека нашите позиции се доста јасни и резултатот на претстојните локални избори ...

Сѐ додека го имаме Францускиот предлог, ние сме безбедни, рече вечерва Бојан Маричиќ поранешен Прв Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања во интервју за телевизијата Канал 5 . Во емисијата „Само интервју“ тој се осврна на предлог амандманот на ЕПП во Европскиот парламент, во Извештајот пред терминот „македонски јазик“ да се додаде „модерен“. Според Маричиќ, во преговарачката рамка јасно пишува македонски јазик и дека тоа ...

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба во врска со Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година, за уште една година, почнувајќи од 26. јуни. Извршната наредба за продолжување на вонредната состојба ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп на 20. мај. Во документот објавен во американскиот Федерален регистар се наведува дека националната безбедност и надворешната политика на САД се загрозени ...

Украина и Русија денеска спроведоа нова размена на воени заробеници, во рамки на договорот постигнат во Истанбул претходно овој месец. Денеска се враќаат војници од армијата, Националната гарда и граничната служба“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Телеграм“, додавајќи дека повеќето од нив биле заробени уште од почетокот на инвазијата во 2022 година. Руското Министерство за одбрана ја потврди размената, која според двете ...

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во рамките на седницата на Парламентот посветена на пратенички прашања, до министерот за транспорт Александар Николоски упати прашање дали наредил или спровел надзор во врска со законитоста на работењето на општина Чаир во областа на урбанистичкото планирање, изведувањето на градби, бесправно изградените објекти, комуналните работи и домувањето. На интернет страницата на Министерството, е објавен ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот. Можеме со измена во законот, како што ние рековме, наставнички совет да нема право да ...

Дејан Трајковски: При просечен проток од 174 m³/s во текот на една календарска година (31,5 милиони секунди) Вардар може да наполни волумен од 5,4 милијарди m³, што е за 2,5 пати повеќе од сегашниот волумен на водата во Преспанско Езеро од околу 2,1 милијарди m³. Засега само 25% од хидропотенцијалот на Вардар е искористен за производство на електрична енергија, а со проектот „Вардарска Долина“ би бил речиси целосно искористен. На Македонија ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.72
72%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
10.07
80%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
87%
1002
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
10.8
88%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
94%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Паладиум

46425.68

Никел

473339.37

Сребро

1878.05

Злато

135056.24

Цинк

3.23

Иридиум

145787.60

Калај

40.48

Бакар

10.95