Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. На комеморацијата ќе бидат погребани посмртните останки на седум жртви од Сребреница, пронајдени на различни локации, меѓу кои и две 19-годишни момчиња, најмладите меѓу денешните погребани. На настанот се очекува присуство на лидери од повеќе земји, а според медиумите од Сараево, ...

Јане Алтипармак: Не сакам идентитетот да го заштити некој, закон, ЕУ, бог. Идентитетот не е патент да се заштити, така заштитен станува умртвен, стерилен. Идентитетот е повторување низ менување, цикличност без иста почетна точка. Идентитетот е диференцијација, дислокација, диференцијал. Идентитетот е ризоматско ширење без принципи, без бариери (дури и како заштита) идентитетот е ахроматско пенетрирање низ спектарот на битието како смисла. Извор: ...

Бројот на жртви од израелската воена офанзива во Појасот Газа достигна 66, при што 17 од нив, вклучувајќи деца, се убиени во напад во близина на медицински центар во Деир ал-Балах, соопшти Цивилната одбрана на палестинската енклава. Израелски воздушен напад утрово погоди група луѓе кои чекаа пред медицински центар во Деир ал-Балах, изјави Мохамед ал-Мугаир, вработен во службата за итни случаи. Тој рече дека 17 лица, вклучувајќи осум деца, се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-Би-Си Њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да даде детали за тоа каква ќе биде таа. Во последните денови, Трамп изрази разочарување од својот руски колега Владимир Путин во врска со војната во Украина. Мислам дека ќе дадам голема изјава в понеделник за Русија, изјави американскиот претседател. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ...

Пожар од големи размери денеска ја зафати индустриската зона кај Визбегово при што целосно изгоре фабрика за сладолед. Од магацинот на фабриката се слушаа и експлозии. Покрај фабриката, во пожарот изгоре и едно комбе кое се наоѓало во близина. На терен се повеќе противпожарни екипи, а локалните власти апелираат за внимателност и повикуваат на дополнителна поддршка. Огнот брзо се прошири поради силниот ветер, а пожарникарите се борат да го ...

Германија планира да купи американски противвоздушни ракетни системи „Патриот“ за Украина, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц. Разговарав за тоа со претседателот Трамп минатиот четврток и го замолив да ги испорача овие системи“, рече Мерц на конференцијата за реконструкција на Украина во Рим. Министрите за одбрана на двете земји разговараат за можен договор, но конечна одлука сè уште не е донесена, рече Мерц. Тој истакна дека на САД ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска разговараа во Куала Лумпур за Украина и нормализацијата на функционирањето на дипломатските мисии, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Одржана е суштинска и искрена размена на мислења за решавање на прашањето за Украина, ситуацијата околу Иран и Сирија, како и низа други меѓународни проблеми, се вели во соопштението на руското ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ. Како што соопшти МНРиНТ, во врска со ова, Министерството денеска го ...

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот, полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода. Во присуство на дежурен тим на Јавна ...

По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследи стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија и јасен пат за напредок, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги оствари ниту едно од ветувањата за подобра преговарачка позиција. Ветуваа и лажеа дека можат подобро. Дека ...

Доколку намерите со ставањето на идентитетскиот дел биле добри, тогаш се направило погрешна проценка и изгубена е политичка битка со бугарската страна. Но, доколку идентитетскиот дел е ставен намерно за да се засили наративот за “лошата ЕУ која го краде идентитетот” тогаш се работи за малициозна и штетна политика. Сеад Ризвановиќ Гледам дека и образовани луѓе не ја разбираат суштината на она што се случува во Европарламентот, затоа да објасниме ...

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата. По однос спорните одредби во Извештајот во врска со идентитетот и јазикот, тој потсети дека ...

Успеавме да спречиме Европскиот парламент да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северно- македонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка од сугестии кои се неплодни. Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот што РС Македонија мора да го земе предвид. Ние сме земја-членка на ЕУ, а РСМ засега е само кандидат. Ова го изјави министерот за ...

Тито Беличанец: Македонско прашање нема. Мицковски и неговото ВМРО ДПМНЕ го форсира и има амбиции Бугарија и Грција во постапката на преговори за влез во ЕУ да се откажат од негаторскиот однос кон националниот македонски идентитет и јазик којшто го застапуваат како државна политика над 100 години. Како признат меѓународен субјект Македонија е член на ООН и НАТО. Со полн државнички капацитет и уставно утврден национален идентитет и македонски ...

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во Визбегово, како и во Чучер Сандево. Од ЦУК напоменуваат дека пресекот е изработен врз основа на информации од регионалните центри. Од Регионалниот центар – Скопје се добиени податоци само за периодот од 20:00 до 07:00 часот. Состојба со пожари на отворен простор (09/10.07.2025 до 07:00 часот) Вкупно активни пожари: 63, од кои: ...

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, а Кијив беше најтешко погоден, каде што експлозиите одекнуваа во текот на целата ноќ. Во нападот загинаа две лица, а најмалку 13 беа повредени, соопштија локалните власти утрово. Нападот се случил во раните утрински часови. Околу 1,15 часот по локално време, новинарите на „Киев Индепендент“ објавија експлозии во главниот град и зуењето на беспилотните летала „Шахед“ над ...

Каја Шукова: Ние подолго време потенцираме дека македонскиот јазик и идентитет се јасно препознаени од Европската унија и се дел од Преговарачката рамка и тоа не е прашање за коешто треба да дискутираме и да отвараме нови рани или нови боишта. Владата предводена од СДСМ претходно, успеа тоа да го затвори тоа прашање, а како што е познато потпишан е Договор со ЕУ на македонски јазик што самото по себе кажува дека во однос на идентитетот и на ...

Ирена Јовева: Слушнете ме внимателно, колеги. Овој извештај е извештај за европскиот пат на една земја-кандидат, пат полн со премногу трње, пат на еден народ, кој толку многу пати бил понижуван и угнетуван, но сепак е подобaр од многу кои се во Унијата, со сето должно почитување, на исклучоците. Овој извештај не е извештај за постоењето на македонската нација, m македонскиот јазик или македонскиот идентитет. Иако овој дел од текстот во ...

Ана Чупеска: Владата, далеку од тоа дека е без компас, таа е, пред сѐ без ниту еден грам капацитет да ги заштити сопствените граѓани. Владата нема контрола над ресорите кои ги води. Од фиктивниот пожар( метафорично ) што го предизвика во Европскиот парламент поради непромислени дипломатски промашувања, сега се соочуваме со трагична реалност – нема капацитет да санира ни вистински пожар. Оваа влада, без претерување, е најлошата и најнеспособната ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите, информираат од нејзиниот Кабинет. Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата. Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман. Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со ...

Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата. Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во големиот шумски пожар веќе ...

Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ!, објави на неговиот фексбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Пожарот кај ова дојранско село се гасне веќе трет ден, а според последната информација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) гори нискостеблеста шума. Два тима на пожарникари од ТППЕ Струмица по наредба на градоначалникот Костадин Костадинов заминаа на помош на своите колеги во Крива ...

Најмалку 40 Палестинци загинаа во израелски воздушни напади во Појасот Газа, соопштија болнички власти кои се под контрола на Хамас на палестинската територија. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа имаше втора средба во два дена со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Трамп инсистира на прекин на огнот што би можел да стави крај на 21-месечната војна во Газа. Израел и Хамас разгледуваат нов предлог за прекин на огнот, ...

Европскиот парламент денеска го усвои својот прв извештај за напредокот на Северна Македонија од 2022 година. Европратеникот од Зелените/ЕФА, Томас Вајц од Австрија, известувач на Европскиот парламент за извештајот изјави дека некои бугарски европратеници го искористија извештајот за сопствени цели. „Северна Македонија е лидер во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели ...

Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите, на Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција. Како што порача Мицкоски „ние сме на вистинската страна од историјата, а Бугарија видовме дека знае и да ја ...

Европскиот суд за човекови права (European Court of Human Rights) денеска донесе две пресуди против Русија, во кои се наведува дека земјата го прекршила меѓународното право во Украина. Првпат Русија од инвазијата врз Украина во 2022 година е прогласена за виновна за кршење на човековите права. Во првата пресуда Русија со инвазијата врз Украина во 2022 година одговорна за злоупотреби на човековите права од целосната инвазија во 2022 година. Во ...

Едно лице е повредено во пожарот што денеска избувна на дивата депонија во Визбегово. Во пожарот се зафатени хаварисани возила со плински боци поради што се слушаат детонации. Нема зафатено куќи. Министерството за внатрешни работи потврди дека едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош. – Денеска (09.07.2025) во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово изјави дека Русија се обидела да нападне 741 цел со 728 дронови и 13 ракети, објави Гардијан, пренесе ЦивилМедиа. Нападот бил толку интензивен што соседна Полска ги кренала своите и сојузничките авиони за да ја обезбеди безбедноста на полскиот воздушен простор. Зеленски го опиша нападот како исклучително силен и рече дека доаѓа токму во време кога се вложени толку многу напори за постигнување ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување на дополнителни царини од 200 отсто на увоз на фармацевтски производи и 50 проценти на увозот на бакар. Наскоро ќе објавиме нешто за фармацевтските производи. Ќе им дадеме на луѓето една година, една и пол година да дојдат тука, а потоа ќе имаат царини, посочи Трамп. Тој веќе воведе царини од 50 проценти за увоз на челик и алуминиум, во обид да ја поттикне ...

Врховниот суд на САД го отвори патот за администрацијата на Доналд Трамп да спроведе масовни отпуштања во федералната администрација и значително да ги намали бројните владини агенции. Одлуката произлегува од указ на Трамп од февруари, со кој се наложува на федералните агенции да се подготват за кадровски кратења. Според плановите, се предвидуваат отпуштања во министерствата за земјоделство, трговија, здравство и човечки ресурси, финансии, за ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
88%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.0
65%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.34
89%
1029
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
68%
1026
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
86%
1026
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
86%
1028
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1028
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
71%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65772

Currency

0.33645

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Алуминиум

2.89

Калај

42.10

Родиум

256402.20

Злато

138244.13

Иридиум

145787.60

Бакар

10.77

Паладиум

4758.31

Кобалт

58.42

Цинк

3.24

Платина

56365.91

Сребро

1991.62

Рутениум

29192.88