
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор отколку што сме во овој момент, изјави портпаролката на Белата Куќа, Керолин Левит за време на брифинг со новинарите. Претседателот е решен да го оствари тоа, додаде таа. Запрашана дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе размисли за воведување санкции кон Русија доколку неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин утре не помине добро, Левит одговори: „тоа е нешто што ...
Претседателот на Комисијата за надворешни работи во украинскиот парламент, Олександр Мережко, изјави дека има работи за кои Украина не е подготвена да преговара. Имаме три многу цврсти црвени линии, нагласи тој. Тој потоа презентираше кои се тие редови: Територијален интегритет – Ова не може да се преговара. Никогаш нема да се согласиме на никакви територијални отстапки. Членството на Украина во меѓународните организации, особено во НАТО – Путин ...
Бленди Ходаи: Благодарам на добрата волја, но за да им оддадете почит на жртвите, министерке Јаневска, најдобро ќе беше да молчите, таму, меѓу илјадници студенти. Барем ќе нѐ поштедевте од празни флоскули и говори, од обиди да го контаминирате гневот на младите со рецитирање поема од Ацо Шопов. Нам зборови не ни се потребни, бидејќи за ова зборови нема. Бараме одговорност. Бараме вистинска правда. Бараме држава што не е импровизирана, држава што ...
„Кој е следен?“, здружението граѓани кои го организираа протестот за Фросина Кулакова, повикуваат на јавен собир утре на плоштад Македонија со почеток од 18 часот. Тие повикуваат не само во Скопје туку да се излезе на плоштадите во сите градови во Македонија. Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ...
Дуња Иванова: Вчера изгоревме сите. Изгоре сета надеж. Изгоре се’ што се обидуваме да создадеме во овој наш дом. Изгоре и моето пијано, и велосипедите и сите прекрасни книги на моите полици. Овие од говорница велат од утре ќе правеле ред. Од утре. Тоа утре изгоре во Кочани. Го нема утре за сите тие изгубени животи, го нема ниту за нивните семејства. 30 и кусур години го чекаме тоа утре. И не сме сите криви, зашто сите не сме исто. Некој и во ...
Ана Василевска: Не мачкајте очи со една оставка, и не ржете, покажете доблест, кажете криви сме, и бидете свесни дека од оваа трагедија назад нема. Ќе ви удриме таков мониторинг на секоја една постапка. И секој граѓанин од денес да биде свесен дека мора силно да се спротистави на секоја најмала коруптивна ситуација, од упис во градинка, до посета на лекар, до секој апла рушвет за намигнување и завршуење работа. Ако ви кажат дека треба да сте од ...
Денска во 12 часот пред платото на УКИМ студентите се собраа да запалат свеќи за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани, да положат цвеќиња и да искажат поддршка на повредените. Беа поставени и пунктови за донации и книга на жалости пред правниот факултет. Занемени сме од тага,шок неверување, немоќ, не ни останува нипто друго освен да го покажеме нашето заедништво Од името на УКИМ и од мое лично име изразувам најдлабоко и најискрено ...
Дамјан Даневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовска се учениците од средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандандски“ во Штип кои настрадаа во несреќата во дискотеката во Кочани. Со нивните слики во рака, извикувајќи „Секој еден може да е следен“, Бараме правда за сите виновни“, „Државата тоне“ „Убиство“, „Смрт за корупцијата“, во Штип се одржа едночасовен протест и марш. Почнувајќи од Градскиот плоштад „Слобода“, ...
Румена Бужаровска: Во толпата студентите почнаа да викаат У-А и да ѝ свиркаат на Министерката. Наеднаш се појави интервентна полиција и застана до неа. Министерката престана да зборува, а еден студент, веројатно од собранието (не видов кој) излезе и ни порача дека не сме тука за да правиме бунт, туку за да бидеме сплотени и да оддадеме почит кон жрвите. Тоа беше единствениот глас на студент или млад човек што го слушнавме по оваа трагедија на ...
Граѓани кои денеска се собраа во Кочани, барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица, пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот. Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“…. Во моментот, протестот повторно се префрла во паркот. Во пожарот во дискотека во Кочани, според последните официјални информации, ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информираше дека од тројцата нови пациенти од пожарот кои се пренесени од Кочани во Скопје, двајца се сместени во Клиничкиот центар, а едниот е сместен во „Осми септември“. Со тоа, во болниците во Кочани и во Штип нема пациенти од трагедијата во дискотеката. -Тоа беше нашата стратегија, сите пациенти да ги повлечеме во Скопје и постепено сите да бидат во Клинички центар, за да ...
Дванаесет повредени од пожарот во Кочани се пренесени во Белград. Девет од нив се на Урентен центар изјави денеска Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за изгореници. Двајца пациенти се на одделението за интензивна нега, од кои едниот е на механичка вентилација, со изгореници на трахеобронхијалното стебло кои се многу сериозни, вели тој во изјава за медиумите. Тој додаде дека главно имаат помлади пациенти на возраст од 18 до 35 години, кои не ...
Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги ...
Прес конференција на министерот Панче Тошковски. Тој информираше дека во дискотеката имало околу 500 лица од кои загинати 59, а повредени 162. Извршена обдукција на 15 лица. Од извршен разговор со член на групата ДНК утврдено е дека прскалките во дискотеката ги донел бендот. Министерот рече дека распишаната потерница за 4 лица е повлечена. Во полициска станица во СВР Тетово и СВР Скопје приведени се 5 лица, меѓу кои и поранешен министер. ...
Бугарската Влада на вонредна седница ќе донесе одлука вторник (18 март) да биде прогласен за Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија, изјави премиерот Росен Жељазков пред новинарите во селото Дамјаница, општина Сандански, јави БТА. Жељазков уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во ...
Директорот на Судска медицина Александар Станков кажа дека интензивно работат на обдукција и идентификација на телата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. Работиме интензивно на процесот на идентификација и на утврдување на причините за смртта, со цел да ја завршиме работата што е можно побрзо за да може роднините што поскоро да ги преземат посмртните останки од нивните блиски, рече Станков. Тој кажа дека работат во тимови заедно ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска. Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на ...
Тројца критично повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани синоќа беа пренесени во Турција со медицински авион на турското Министерство за здравство. Авионот слета на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, каде што повредените беа префрлени во центарот за изгореници при болницата „Башакшехир Чам и Сакура“ за понатамошен третман, јави Анадолија. Како одговор на итното барање на македонските власти, Турција испрати два медицински ...
Во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство. Според досегашната истрага на институциите, во дискотеката немало хидрантска мрежа и доволно ПП апарати, во неа противзаконски биле користени пиротехнички материјали, немала ниту легална лиценца за работа и не бил склучен писмен договор меѓу организаторот и групата што настапувала. Во тек се рочишта за определување притвори ...
По трагичниот настан во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија над 59 лица, а над 100 се хоспитализирани, на социјалните мрежи се шири повик за протест. Протестот е закажан во 13 часот во Градскиот парк во Кочани . Граѓаните бараат конкретни промени. Ќе се борат за град без партиски вработувања, за институции кои функционираат, за полиција која е тука за нас, за инспекциски служби кои ќе ги вршат своите обврски, за јавни простори кои ...
Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително. Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за ...
Зоран Иванов Кога стана министер времен се однесуваше како палав арлекин. Тогаш напишав, има текст по архивите, дека изигрува арлеркин, забвувач на јавниоста. Еве, не сум погрешил. Дечкото актуелен министер за Внатрешни работи да си даде оставка. Ако има малку доблест, тоа треба да го стори веднаш. Има таму во МВР професионалци да си ја туркаат работата. Има и поумни, поскромни, поспособни и поинвентивни професионалци. И за утврдување на факти и ...
Вонредна прес конференција на Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ. Прес конференцијата започна со минута молк за жртвите од трагедијата во Кочани. Чупеска изрази длабоко сочуство на семејставата и блиските на жртвите и посака брзо закрепнување на повредените. Денеска на овој трагичен ден како одговорна партија сепак оставивме институциите да ја вршат работата без да ги попречуваме со политичко дневни препукувања. Денеска немавме намера да ...
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вечерва е повикан на информативен разговор во полициска станица, во врска со синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани. Ова го потврдуваат од МВР за МИА. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица. Дел од ...
Љубомир Костовски: Или на Марина Доковска ѝ се запали некоја алармна светилка во студиото и таа се исплаши дека поминала некоја црвена линија што ја поставиле оние кои овој сервис (што треба да ѝ служи на јавноста) го сметаат за приватен, односно партиски билтен!? Треба тој прес на Чупеска сега во штабот на Тошковски да се преработи, обработи, да се најде одговор на она што евентуално ќе се пушти од СДСМ, ама во истиот миг да се одговори на ...
Во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, брифираа грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите извори, по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, „со координирани активности на Министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и ...
За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами во изјава за телевизија „Сител“ вели дека во документацијата што ја имаат за овој објект не постои барање за елаборат. – Ја разгледуваме целата документација за објектот. Имаме информација дека е изграден во 1999 ...
МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски во овој дел од истрагата, рече дека не може да открие, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и ...
Владата ја започна денешната седница со едноминутно молчење со што им оддаде почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Донесе одлука за прогласување седумдневна жалост на територија на целата држава, а во МНР ќе биде отворена книга на жалост. Исто така, на владината седница е донесена одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ...
Директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски “, Небојша Настов во изјава за медиумите попладнево истакна дека првата тура од двајца пациенти кои беа зависни од респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници. Посочи дека втората група од двајца пациенти што пред некоја минута ја напуштиле болницата, во договор со Владата на ...