Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двајца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамкиите на европските младински олимписки игри, информираше денеска СВР Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцаta велосипедисти, констатирани во општа болница Куманово. – Вчера во 12: 09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на ...
Вкупно 27 пожари се евидентирани во земјава од кои пет активни и четири под контрола, а 18 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума), Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин ...
Третата рунда разговори меѓу Русија и Украина заврши, а состанокот траеше околу еден час. Разговорите се одржаа во Истанбул. Украина и Русија се согласија за нова размена на затвореници за време на последната рунда мировни разговори во Истанбул, објавија руските државни медиуми. Размената ќе вклучува и воени затвореници и цивили. Кијив ѝ понуди на Москва самит на лидери со цел да се стави крај на војната до крајот на август. Шефот на украинската ...
Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен побара објаснувања од украинскиот претседател Володимир Зеленски, по донесувањето на законот за антикорупциски структури што предизвика бран протести во Украина. Урсула фон дер Лајен „изрази сериозна загриженост поради последиците“ од законот, кој ја укинува независноста на антикорупциските тела, и „побара објаснувања од украинската влада“, изјави денеска неименуван портпарол на ...
Шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Грција, Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис по денешната средба во Атина порачаа дека двете земји имаат силна соработка во повеќе области и изразија подготвеност таа дополнително да се продлабочи. На средбата е заклучено дека почитувањето на меѓународното јавно право останува императив за двете страни, а билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, како и досега, ќе се засноваат на ...
Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и ...
Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и во справувањето со пожарите, истекува денеска. Пријавените ќе бидат контактирани по што ќе треба да поминат дводневна обука во рамки на која ќе биде направена селекција. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција информираше дека се пријавени помалку од 500 кандидати, а во Скопје околу 50, иако, ...
Активистката Грета Тунберг, заедно со граѓани и организации во Албанија, се мобилизираат за голем протест денеска во 18 часот на плоштадот „Скендербег”. Учесниците на протестот ќе бараат крај на израелската окупација на палестинскиот народ, приклучувајќи се кон глобалниот бран протести. – Додека Газа влегува во фаза 5 од неухранетост, ова е повик до меѓународната заедница да ја избере вистинската страна на историјата и да помогне во завршувањето ...
Министерството за внатрешни работи информира дека на социјалните мрежи во последните денови има лажна објава во која се тврди дека некои малоплодажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма” поради оштетена амбалажа. Доколку забележите ваква објава: НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави, НЕ споделувајте лични информации, НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба, ...
Снежана В Андраши: Во Скопје започна Европското младинско олимписко првенство, но организацијата е на понижувачко ниво. Нема никаква промоција, ниту билборди, ниту видливи најави, ниту атмосфера достојна за еден европски настан. Се одржува натпревар без публика, без интерес, без почит кон младите спортисти кои заслужуваат многу повеќе. Како може ваков настан да помине незабележано? Каде е поддршката, каде е спортскиот дух, каде се институциите? ...
Андреј Жерновски: Нека ни одговори премиерот на сите дека оваа вест е лажна и готово. Ја затвораме темата и сите заедно ќе ги критикуваме бугарските медиуми и оние кои стојат позади нив дека злонамерно и подмолно пласираат дезинформации. Искрено се надевам дека сето ова е една голема лага. За крај, ќе се обидам да бидам јасен. Секој македонски граѓанин има право да аплицира за друго државјанство. Мотивите се индивидуални, во најголем случај ...
Пожарот што избувна попладнево пред 14 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, е изгаснат. Според информациите од Итната медицинска помош хоспитализирани се три лица, кои настрадале од вдишување на чад, но ниту еден од нив не е во животна опасност. Во борбата со огнот кочанските пожарникари интервенираа со сите расположиви средства, а помош имаа и од Доброволното против пожарно друштво. Истрагата за утврдување на околностите под кои ...
Кремљ не очекува значителен напредок во мировните преговори со Украина што треба да се одржат утре во Турција, соопшти портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков. Русија, како што наведе, останува на своите позиции и нема да отстапи од првично поставените цели. Нема основа за надеж во некакво чудо, но ние ќе ги браниме нашите интереси, ќе се заложиме за нивно остварување и ќе продолжиме да ги исполнуваме задачите што си ги ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес потврдија дека извршиле рација во зграда во Деир ал-Балах, во централна Газа, која ја користи Светската здравствена организација (СЗО), и дека привеле неколку лица осомничени за врски со терористички активности. Во исто време, СЗО тврди дека објектот и блискиот магацин биле оштетени во израелските воздушни напади, објави денес „Тајмс оф Израел“. Израелската војска вели дека операцијата е спроведена откако ...
Одговорајќи на новинарско прашање, потпретседателката на СДСМ Кристина Костова изјави дека предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна и дека ВМРО-ДПМНЕ отвора затворени прашања и удира врз македонските позиции. Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен, претставува нов удар врз македонските позиции од ВМРО-ДПМНЕ за свесно враќање наназад. Клучното прашање е зошто власта отвора ...
Третата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација се очекува да започне утребечер во Истанбул, објавија повеќе светски агенции. Се очекува преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина да започнат денеска, среда во Чираганската палата приквечер но ова не е конечна информација, точното време и датум сè уште не се потврдени, изјави неименуван извор од Анкара, пренесе и „Анадолија“. Претходно, украинскиот претседател Володимир ...
На територијата на државата до 7: 30 часот се евидентирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 29 се изгаснати. Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), во с. Грешница во Македонски Брод каде гори мешана шума и сува трева, потоа пожарот помеѓу с. Локвица и ...
Двајца руски војници на кои им е потребна медицинска помош вчера беа предадени на Русија од страна на украинските власти за да бидат репатрирани, соопшти Министерството за одбрана во Москва преку апликацијата за пораки Телеграм. Руското министерство соопшти дека двајцата војници биле предадени од Украина и однесени во Белорусија, еден од најблиските сојузници на Москва на западната граница на Русија. Тие моментално добиваат медицински третман во ...
Неколку илјади демонстранти на протестот во Тел Авив синоќа побараа крај на војната во Појасот Газа, истакнувајќи ја сè посериозната хуманитарна криза и кризата со гладот во палестинската енклава. Протестниот марш започна на плоштадот Хабим, а толпата се движеше низ централните улици на градот носејќи вреќи брашно и фотографии од палестински деца кои починаа од глад за време на конфликтот, објави утрово „Тајмс оф Израел“. Држиме слики од ...
Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграции Бујар Османи ќе биде кандидат за градоначалник во скопската општина Чаир на Европскиот фронт, соопшти опозициската партија. Бајрам Реџепи ќе биде кандидат на коалицијата за градоначалник на Тетово. Ова беше соопштено денеска на седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција, кое се одржа во Тетово. Освен ДУИ, кандидати за ...
Германија значително ќе ја засили поддршката за украинската противвоздушна одбрана, вклучувајќи испорака на пет системи „Патриот“, муниција за противвоздушните системи „Гепард“ и финансирање на производството на украински далечински дронови, соопшти денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина. Минатата недела во Вашингтон се договорив со американскиот министер за одбрана Пит ...
Под мотото „Секое куче заслужува дом, без разлика колку родендени прославило”, ЈП Лајка започнува нова емотивна и општествено важна кампања посветена на една од најзапоставените групи животни во прифатилиштата – кучињата сениори. Кампањата има за цел да ги приближи сениорите до потенцијалните вдомувачи, да ја разбиe стигмата дека постарите кучиња се „помалку вредни”, да ја истакне нивната благост, смирен карактер и благодарност и да испрати ...
Зоран Иванов: Не знам што враќа власта на ДПМНЕ но гледам дека се изглупираа со пресот на кој самите тврдат дека имале некакви доверливи информации за некакви заговори. Самиот тој факт упатува дека во таa партија ментално ништо не се сменило. Доктрина на популизам и тоталитаризам. ВМРО-ДПМНЕ беше авторот на масовните прислушкувања, на влечење за уши на гласање, на исклучување лифтови, на изборни штабови по министерства дури и во МВР. Тоа е таа ...
Преспа утрово повторно се разбуди обвиена во чад по деноноќното уништување предизвикано од неконтролираниот пожар во Паркот на природата Езерани. Ова заштитено подрачје сместено на северното езерско крајбрежје важи за едно од најзначајните подрачја за биолошка разновидност во Преспанскиот регион и во државата, дом на голем број растителни и животински видови кои во моментот се жртва на пламените јазици. Освен негативните последици врз ...
Одлуката за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е во надлежност на Собранието на Република Северна Македонија, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Како што се наведува во денешното соопштение од ДКСК, поднесување оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка на Комисијата. Имајќи предвид дека во конкретниот случај ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец (јуни 2025) кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, додава ССМ, кошницата изнесува 80 703 денари. Вредноста на Синдикалната минимална кошница (СМК) за храна и пијалаци, за 63-те производи кои ги следи СМК, ...
Пратениците во Собранието на Косово денеска на 50-то продолжение на конститутивната седница не обезбедија избор на комисија за тајно гласање за претседател на парламентот. Од 104 присутни пратеници, за избор на комисијата гласаа 53 пратеници, јави Бета. Претседавачот Авни Дехари побара од партиите кои во минатиот состав беа во опозиција да предложат имиња на кандидати за комисијата која ќе го спроведува процесот на тајно гласање за избор на ...
Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, велат од СДСМ реагирајќи на предлог законските измени во Законот за полиција. Ова не е реформа, ова е отворање на вратите за криминалци, послушници и партиски војници. Ова е рецепт за полициска држава!, реагираат од СДСМ. Од партијата велат дека Законот за полиција што го предлага Тошковски е опасен за целиот безбедносен ...
Косовските пратеници денеска по 50-ти пат ќе се обидат да го конституираат парламентот, со избор на неговото раководство, само неколку дена пред истекот на рокот што го одреди Уставниот суд – 26 јули. Парламентот веќе три месеци е во блокада, бидејќи опозицијата одбива да гласа за кандидатката на Самоопределување за претседателка на Собранието, Аљбуљена Хаџиу, која не успева да обезбеди доволна поддршка во јавните гласања. Самоопределување уште ...
Полската војска ноќеска ги крена борбени авиони поради зголемена руска воздушна активност во близина на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на вооружените сили на Полска. „Полските и сојузничките воздухопловни сили започнаа операции, а системите за противвоздушна одбрана и радарска набљудување беа ставени во состојба на висока готовност“, се наведува во официјалното соопштение. Преземени се мерки за обезбедување на безбедноста на ...