
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Трагедија се случила утринава со скопско Волково. Кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и неговиот малолетен син, по што се самоубил, пренесува Слободен печат. „Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и ...
Од избувнувањето на војната со Руската Федерација во Украина, загинаа 604 деца. Повикувајќи се на податоци на Државното обвинителство на Украина, украинските медиуми објавија дека 2.421 дете во Украина биле повредени во вооружени конфликти. Повеќе од 2.421 дете се повредени во Украина за време на војната со Русија, се вели во извештајот. Најголем број жртви и повредени се забележани во Доњецката област – 633 деца, Харков – 470, Херсон – 202, ...
Независното студентско собрание го објави правилникот и дневниот ред на студенткиот пленум кој ќе се одржи денеска во 13 часот на платото на УКИМ. Тие во својата објава наведуваат седум правила. Денвниот ред започнува со воведно обраќање на модератори, потоа 15 минутен молк, претставување и упатување кон активните зони и околу 14:30 часот е предвидено затворање на пленумот. Ќе има четири активни зони. Од Независното студентско собрание ...
Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, е стабилна, изјави синоќа бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ. Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот. Имаме двајца екстубирани пациенти, можеме да кажеме дека се во добра општа состојба, а оние кои се на механичка вентилација се во тешка, но стабилна ...
Љубомир Костовски: Имаме џипови, деца немаме! Насловот е извлечен од говорот на еден од учесниците на протесниот собир во Кочани. Колку што денес слушнав во овој град постои само едно одделение – деветолетка во градот. Од нив треба да заминат во една од трите средни училишта во градот?! Како таму ќе се основаат паралелки? Кочани за една деценија од град со 35 илјади население се симна за близу 10.000. Ова е сликата на градот во кој сепак бројот ...
Драги медиуми, замолуваме пораката да биде споделена во целост: Денес, на лажни профили и преку пропагандни медиуми, беа објавени видео-снимки со цел да ја поврзат нашата иницијатива „Кој е следен?“ со еден онлајн разговор помеѓу група студенти и девојка од Србија. Ве известуваме дека нашата иницијатива нема никаква поврзаност со тој повик, ниту сме биле вклучени во какви било разговори за формирање на нови студентски организации. Доволно е да ...
Разговорите меѓу претставниците на САД и на Украина започнаа денеска во Ријад, а агендата вклучува предлози за заштита на енергетските капацитети и критичната инфраструктура, изјави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, кој ја предводи украинската делегација во Саудиска Арабија. Започнавме состанок со американскиот тим во Ријад. Ја спроведуваме директивата на украинскиот претседател да напредуваме кон постигнување праведен мир и ...
Њујорк: Украинските сили се извлекоа од руската област Курск по рускиот ненадеен брз продор на нивната одбранбена линија, пишува „Волстрит журнал“. Според весникот, теренските команданти на украинските единици им наредиле на своите подредени да се повлечат дури и пред да добијат наредби од повисоките офицери. Се тврди дека ситуацијата била критична за украинските единици во областа Курск и пред маневрите на руските војници со гасоводот. „Не ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“. Мислам дека нема никој на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене, рече Трамп доцна синоќа во интервју за „Ауткик“. И мислам дека ќе можам да го запрам, додаде тој. Имавме многу рационални ...
Од Независниот студентски сојуз на УКИМ реагираат на гласините дека утрешниот собир на студентите на платото на УКИМ е откажан. „Сакаме јасно да нагласиме дека собирот не е откажан. Сите информации што кружат во јавноста се лажни и тенденциозни“, велат од Независниот студентски сојуз. Претходно, одредени медиуми објавија дека НСС се повлекува од организацијата на собирот поради наводно партиско мешање. Сепак, од Сојузот категорично ги ...
Граѓаните на Кочани денеска организираа 60-минутен Марш со молк, како симболична почит за сите 60 лица кои починаа како последица од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата недела. Без транспаренти и тивко, колоната граѓани помина по улиците во централното градско подрачје и стигна пред зградата на Општина Кочани. Со мотото „Молкот зборува најгласно“, стоејќи мирно, учесниците на маршот испратија симболична порака дека бараат ...
Марјан Забрчанец:Јавно се обраќам до сите медиуми и т.н. “медиуми” кои ги објавија или ќе ги објават ваквите клеветења, навреди, хушкања, етикетирања и дезинформации и барам да го повлечат моето име од објавите и да се извинат за намерното предизвикување и ширење омраза и гнев и тоа во време на национална трагедија.Бидејќи сакаат да се занимаваат со “следење”, сигурен сум дека следачите ќе им ја пренесат следнава порака. Доколку во рок од 24 ...
На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои на шест веќе им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници, информираше денеска директорот на Клиниката, Небојша Настов на заедничката прес-конференција со портпаролите на Владата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, како и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. Како ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост. „На подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски ...
Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, противник на претседателот Ердоган, да биде задржан во притвор, јавија турските медиуми. Приведувањето на Имамоглу, предизвика масовни протести, и покрај тоа што властите ги зајакнаа безбедносните мерки на бројни централни улици и ги забранија сите собири и демонстрации во градот до 26 март. Стотици луѓе се приведени во новите протести против приведувањето на градоначалникот на ...
Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, кој е и претседател на Алијансата на независни социјалдемократи, објави дека ќе биде кандидат на таа партија на изборите за прв човек на РС и следната година. Тој додаде дека тоа е веќе одлучено и дека кандидатурата е потврдена. -Злоупотребата на процесот на ниво на Босна и Херцеговина ќе заврши со тоа што во мај ќе го започнеме изборот на нова Републичка изборна комисија и ќе спроведеме ...
Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС. Стојичиќ нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми. „Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната ...
За секој настрадан во пожарот во Кочани ќе биде доделена итна финансиска помош во износ од 150 илјади денари која ќе се реализира преку Црвениот крст. Одлуката на прес-конференција вчера ја соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски. Владата го плаќа престојот на најблиски на пациентите што се лекуваат во странство, за што право имаат по две лица од семејството за секој повреден. Томовски повтори дека ...
Студентски собир, студентски пленум и граѓански мара денеска и за утре во Скопје се закажани три собири во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 59 лица. Трите собири се од три различни граѓански иницијативи. Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани, се вели во најавата на собирот на „Студентски пленум“. Собир за денеска ...
Граѓанското движење „Кој е следен?” во соопштение до медиумите пред најавените протести во понеделник побара транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот „Пулс“ од неговото отворање до несреќата од следните институции: Државен пазарен инспекторат, Министерство за Економија, Државен градежен инспекторат, Министерство за внатрешни работи, Државен инспекторат за урбанизам, Локална самоуправа во Кочани, Државен ...
Две лица загинаа во украинскиот главен град Кјив и едно во руската област Ростов во напади со беспилотни летала во текот на ноќта, соопштија властите. Две лица загинаа во одвоени напади со беспилотни летала во Кијив, соопшти украинската државна служба за вонредни состојби. По нападите избувнале пожари во станбени блокови. Десетици луѓе беа евакуирани. Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во Ростовската област, објави ...
Фурхан Салиу: Новинарството е под страшен притисок. Власта не бира средства за да се заштити од оправданиот гнев на граѓаните. Тоа само по себе кажува многу – што им е поважно: вистината или избегнувањето на одговорност? Од ботови на социјалните мрежи, преку владини послушници маскирани како новинари, па сè до нечовечки манипулации врз грбот на семејствата на починатите. Па, имате ли барем грам човечност? Знаете ли што е морал? Што е образ? ...
Гордан Калајџиев: Во теорија е невозможно да има потреба 34 лица да ги ставите во протвор. Тоа се користи како крајна мерка. Тука не станува збор за криминална структура и нема реална опасност од бегство. Луѓето коментираат зошто актуелен министер за не бидe предмет на истрага, а претходниот да го гледаме со лисици. Со кое лице се испраќааат во притвор луѓе кои издале лиценци пред 20 години додека некој со фалсификувана лиценца може да ги води ...
„Солун е со тебе Кочани“, „Нивните профити или нашите животи“, „Едни иселивте, а тие што останаа ги убивте – Кочани 16.03.2025“, „Репертоарот е со години ист, настапува корупција, а народот е публика“, „Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“, беа дел од пораките на паноата на Македонците кои точно напладне се собраа на плоштадот „Аристотел“ во Солун за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката ...
Поранешен министер, тројца градоначалници на Кочани, директори, управители на кочанската дискотека.. сите одат зад решетки 30 дена. Кочанскиот суд го притфати предлогот на обвинителството. По долгите сослушувања, доцна во ноќта последни од судот со лисици на рацете беа спроведени тројцата понеранешни први луѓе на градот. Според Обвинителството, сите осомничени во периодот од 2012 година до кобниот 16 март, заеднички но секој од аспект на своето ...
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши притисок врз Украинците во Русија и на окупираните територии во нивната матична земја да земат руско државјанство или да се преселат на друго место, соопштија денеска британските разузнавачи. Путин во четвртокот потпиша декрет со кој се обврзуваат украинските граѓани кои живеат на територии зафатени од војна да го „решат својот правен статус“ до 10 септември или ќе бидат принудени да ја напуштат ...
Жителите на Кочани и денеска излегоа на мирен собир, со надеж дека нивните пораки гласно ќе одекнат. Тага и тишина во градот кој престана да пулсира по страотниот пожар во дискотеката „Пулс“. Сограѓаните на 59-те прерано згаснати млади животи испишаа траорни пораки, со повици за одговорност за трагедијата што ја зави Макеоднија во црно. На транспарентите испишаа „Бараме правда“ „Каде да фатам врски за да си ги вратам другарите, „Или се селиме ...
Претседателот Зеленски првично тврдеше дека може да се договори за договор само доколку САД ветат дека ќе и дадат на Украина безбедносни гаранции за да ја одвратат идната руска агресија. Белата куќа одби, велејќи дека присуството на американски рударски фирми и работници ќе биде доволно застрашувачки. На крајот Зеленски го призна поразот и рече дека ќе се согласи за договор за минерали без безбедносни гаранции. Кога Доналд Трамп се сретна со ...
Првична информација беше дека се околу 20 во многу критична состојба, сега се 6 во многу критична состојба. Да се надеваме дека оваа бројка нема да се зголеми со нови лица, односно дека нема да дојде до компликации. 109 се во добра состојба, рече Таравари. Според Кризниот штаб, во Скопје во моментов се лекуваат 54 пациенти, откако 10 лица вчера беа пуштени на домашно лекување. Од нив 27 се во Клинички центар, 11 во „8 Септември“, 10 во Градска ...
Емилија Целакоска: Извршната власт дефинитивно има вина, но става мини на патот од вид на неформална недоследна логика, недоследни етос и патос и така, за трагедијата во Кочани, дури и трие сол на раната со дополнителни удари врз емоциите. Првата емоција која ја злоупотребува е природниот човечки душевен процес на неприфаќање дека оваа трагедија воопшто има некаква смисла. Имено, врз основа на човечкото неприфаќање смисла на трагедија, го мами ...