Тито Петковски: Ако сакаме да се ресетира системот треба партиите да се согласат дека клучен во моментов е изборниот модел кој рефлектира ваква состојба во општеството, кусогледост и неодговорност на партиите зашто пратениците коишто сега ги избираат раководствата на партиите не ги претставуваат граѓаните туку партиите, а исходот е да се заштити партијата. Собранието треба веднаш да се распушти ако има одговорни луѓе во државата. Интелектуалци, ...

Двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани (18 и 24 години), кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, се преместени од Интензивна нега на одделение на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Во Соопштение од тој Клинички центар се нагласува дека „нивната здравствена сотојба е стабилна“. Пациентите беа примени во Воената болница во Ниш, а потоа префрлени на Универзитетскиот клинички центар во тој град. ...

Делегациите на САД и Украина ја завршија втората рунда преговори во Саудиска Арабија, пренесува украинскиот јавен радиодифузен сервис „Суспилне“ повикувајќи се на извор во делегацијата. Претходно беше соопштено дека украинската делегација поради овој состанок го продолжила престојот во Саудиска Арабија за уште еден ден. Засега нема информации за темите на разговорот. Состанокот меѓу руската и американската делегација, кој траеше повеќе од 12 ...

Од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2 200 денари повеќе од сегашната минимална плата, рече денеска премиерот Хртистијан Мицкоски. Според него, доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање. Денеска имаме владина седница, разговарав со министерот за економија, ќе поминеме информација. Согласно Законот мислам дека ...

Неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари. Тој рече дека веќе била изразена подготвеност за оние пациенти каде ќе треба „подолгорочна и попрофесионална рехабилитација“. Во следните денови ќе известиме и каде може да бидат сместени тие пациенти, доколку има потреба за подолготрајна рехабилитација. Најверојатно од тие потешките, сигурно некои ќе имаат и ...

Љубомир Костовски: Користењето на зборот „глодари“ како кај латасовци на Фејсбук ама и од страна на премиерот Мицковски на вчерашниот прес одново покажува дека во партиската зграда на ВМРО ДПМНЕ, што народот ја нарекува Шампита , се произведува дозволен речник на своите најшироки корисници. Од дното до врвот – а тешко е да се утврди што е тука дно а што врв – говорат за гадинки во описот на оние кои бараат одговорност по повод трагедијата во ...

Сопствениците на локалите ќе добијат онолку време колку што им е потребно за да ги исправат недоследностите и во тој период нема да работат. Но, има и државни објекти меѓу оние што не ги исполнуваат потребните услови за работење, а некои од нив се установи за предшколска возраст, пензионерски домови и училишта кои изминатите три децении не биле реновирани и градени, туку крадени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски уште еднаш ...

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов, кој спаси 21 лице во пожарот во дискотеката во Кочани, беше пречекан со аплауз во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница. Неговото тело ги носи лузните од неговото јунаштво, но неговото срце носи нешто далеку поголемо: почитта, восхитот и љубовта на цела нација.Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас ...

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека денеска од болниците во Скопје на домашно лекување ќе бидат пуштени 12 пациенти од вкупно 39 пациенти кои се лекуваат во земјава по трагичниот настан во Кочани. Од оние кои се лекуваат во странство, денеска се очекува едниот пациент да се врати од Белград и да продолжи неговото лекување во Скопје. Од пациентите кои се лекуваат надвор од државата, во критична состојба остануваат четири до ...

Во заедничкото соопштение се наведува дека лидерите на тие синдикати за првпат по подолго време дејствуват заедно. Обединетите синдикати на Србија „Слога“, заедно со Конфедерацијата на автономни синдикати на Србија, Обединетите гранкови синдикати – Независност, Здружението на слободни и независни синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати, учествуваа на заедничкиот состанок одржан во саботата, на 22 март, на Филозофскиот факултет во ...

Преговорите предводени од САД во Саудиска Арабија со делегациите од Украина и Русија напредуваат добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, изјави извор од Белата куќа. Разговорите кои ги овозможија техничките тимови на администрацијата на Трамп во Ријад се одвиваат исклучително добро и сите вклучени страни работеа цел ден и ноќ. Очекуваме позитивно соопштение во блиска иднина, рекол изворот, пренесуваат светските агенции. Делегацијата на ...

Десетина илјади граѓани вечерва учествуваа на протестот преку кој се бараше одговорност за трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени. Во моментите кога поворката на протестниот марш поминуваше пред некогашната „Градска“ болница спроти државното собрание, а сега Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, почна спонтан аплауз за здравствените работници кои се грижат за повредените во катастрофалниот ...

Претседателот на Украина Володомир Зеленски за „Тајм“ открива дека над својот кревет има закачено слики меѓу кои и една на која гори Кремљ. Магазинот кој го посети украинскиот претседател во неговата канцеларија, опишува три слики во масло кои висат над креветот. Еднната покажува руски воен брод како тоне во Црното Море, другата украински војници кои се борат на руска територија, третата која Зеленски ја опишал како негова омилена, покажува како ...

Нема веќе молк, нема повеќе страв – Институциите се плашат кога чесните луѓе се здружени, порача од протестниот марш пред Владата активистот Бленди Ходаи. Должни сме им на сите кои изгубија, нема повеќе страв, системот е следен, порача Ходаи од пред Влада и додаде дека „додека тие ги полнат своите џебови, ние ќе продолжиме да ги полниме улиците, се додека не видиме системска промена. Оваа држава или ќе ја направиме да функционира за сите, или ќе ...

Во Тетово се одржа марш и јавен протест на група граѓани по повикот на иницијативата „Нула“ за изразување револт поради голем број трагедии со цел да се побара одговорност. Граѓаните се собраа на плоштадот половина час по пладне, по што групата се движеше до зградата каде функционираат Основен суд во Тетово и Основното Јавно Обвинителство. Обраќања имаа претставници на семејствата чии членови ги загубија животите во пожарот во модуларната ...

Иницијативата „Кој е следен?“, ги објави рутата, временскиот распоред и правилникот за однесување на денешниот марш што е закажан да почне од плоштадот Македонија во Скопје. Оттаму истакнуваат дека „Koj е следен?” е изрично против секаков вид на насилство и провокации и се оградува од било каков повик, скандиранье (говор на омраза) или однесуванье кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир. „18:30 – 18:59 Собирање 18:59 – 19:02 Триминутен ...

Вечерва од 19 часот, на повик на граѓанската ииницијатива „Кој е слењден?“, почнува протест во молк и марш именуван како „Мрш за одговорност и безбедност“. Граѓаните ќе тргант од пред Владата, преку собранието до плоштадот Македонија. Слоганот на протестот е именуван како: „Доста бевме ние, системот е следен“. Маршот на граѓаните е протест и порака до власта и институциите и е реакција на трагичниот настан во кочанската дискотека кога, ноќта на ...

Претставниците на САД и Русија ги продолжуваат преговорите во Ријад повеќе од девет часа, по нова пауза, пренесуваат агенциите. Претходно трипати преговарачите најавуваа прекини. Според претставник на руската делегација, учесниците веќе планирале да ги завршат консултациите, но средбата продолжила. Преговорите се одржуваат зад затворени врати во хотелот „Риц Карлтон“, каде што Вашингтон се обидува да посредува за ограничен прекин на огнот по ...

Пратеникот на Доналд Трамп, кој ги води преговорите за прекин на огнот, треба да биде сменет поради неговата изјава дека Украина е „лажна држава“, изјави претседателот на Комитетот за надворешна политика на украинскиот Парламент, Олександр Мережко. Мережко го обвини Виткоф дека ја повторува пропагандата на Путин. Дали тој е пратеник на претседателот Трамп или … пратеник на Путин?, истакна Мережко, додавајќи оти Виткоф „треба да биде сменет како ...

Со прашања од страна на одбраната и обвинителство на Боре Видевски, денеска, во Основниот кривичен суд продолжи судењето за двојното убиство на Вања и Панче. Видевски, одговарајќи на прашања рече дека под физичка тортура во полиција бил принуден да даде и потпише изјава со која ќе изгледа виновен и дека по тепање со дрвена палка го натерлае да каже дека го познаваа таткото на девојчето. За познанството со Палевски рече дека е ‘партиски’, и дека ...

Во Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Кочани уште од 2012 година не е пополнето работното место за инспектор за заштита од пожари, откако претходниот заминал во пензија во март истата година. Според официјално достапните податоци од Дирекцијата, испразнети се половина од предвидените работни места за инспектори во државата, односно во моментов ангажирани се само петнаесетина, од кои најголем дел во Скопје. Пред ...

Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски утрово одржал координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани, на кој поради обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители. Тие ќе постапуваат во овој предмет согласно усвоениот план на активности и динамика. -Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од ...

СВР Скопје ги известува граѓаните дека вечер од 19 часот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот во центарот на Скопје поради одржување протестен марш. Протестниот марш ќе почне на Плоштад „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул. „11 Октомври“, потоа по ул. „Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“, информира Секторот за внатрешни работи ...

Ситуацијата каде предметот се третира како континуирано прекршување на законите и непостапување во период од 10-тина години, на завршени мандати на избрани и именувани функционери; а не на прекршување на законите во реално време; упатува на (не)слободата со која сите надлежни инстутуции се принудени, поради објективните околности на “закана” по нивните функции и уставна поставеност, да постапуваат. Во клинч помеѓу “очекувањата” на ...

Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од предфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ, од кои 24,4 за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии. Пристигнаа средствата од предфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава во вредност од 52, 4 милиони евра, односно седум проценти од вкупната вредност на финансиската поддршка која за нашата земја ...

Во Основниот кривичен суд денеска со прашања на Судот завршува сослушувањето на Велибор Манев, еден од обвинетите за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по што се очекува да продолжи со сведочење на Боре Видевски. На денешното рочиште, Манев во одговори на прашања од Судот, генерално, ги повтори деталите околу грабнувањата и убиствата на Вања и Панче кои ги изнесе на минатото рочиште. Прашањата од Судот најпрво беа поврзани со ...

По сите направени испитувања, денеска од јавните здравствени установи во Скопје се очекува да бидат испишани 16 пациенти од трагедијата во Кочани. Како што најави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција, тие ќе продолжат со лекување во домашни услови. Триесет пациенти ќе продолжат да се лекуваат во јавните здравствени установи во главниот град на државава. Како што информираше Таравари, во државава моментално се ...

Турските власти приведоа девет новинари кои во текот на ноќта известуваа за протестите во неколку градови против апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, соопшти денеска Синдикатот на турските новинари. Засега не е јасно зошто се приведени новинарите. Меѓу приведените новинари е и фотограф од агенцијата Франс прес, соопшти синдикатот на новинарите на Х. Синоќа петта последователна ноќ се одржаа главно мирни антивладини ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките, да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат. Ние веќе работиме со редовни програми на нашите клиники, и така ќе продолжиме. Денеска зборувавме и за тоа. Бидејќи повеќето пациенти се од Кочани, тим од пластични хирурзи ќе ...

Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, четврта ноќ по ред одржуваат протести во тој град, во Измир и турскиот главен град Анкара. Во неделата вечерта беа одржани најлошите немири што земјата ги видела во повеќе од една деценија – со пукање врз демонстрантите со солзавец и гумени куршуми. Имамоглу рече дека обвинувањата против него се политички мотивирани. „Никогаш нема да се поклонам“, напиша ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1023
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
68%
1017
weather icon

Загреб

20ᴼ / 16ᴼ
2.06
62%
1014
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.09
70%
1023
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
84%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
60%
1023
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
56%
1019
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1020
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
57%
1024
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
55%
1025
Currency

61.535

Currency

54.11

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65