Во предворјето на манастирот Св. Наум Охридски, на најјужниот брег од Охридското езеро, пред самиот почеток на поетското читање на интернацнионалните поети гости на Струшките вечери на поезијата, на Иван Штрпка, овогодишен лауреат на златниот венец на СВП, му била врачена плакета со почесно членство во Друштвото на писателите на Македонија. Како што соопшти ДПМ, при врачувањето на признанието, претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски, истакнал ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина предлагајќи безбедноста на земјата да биде гарантирана од група нации во кои ќе бидат вклучени постојаните членки на Советот за безбедност на ОН. Во интервју за американската NBC News, Лавров откри дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за прашањето за безбедносните ...

Со меѓународно поетско читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” вечер на Мостот на поезијата во Струга завршува 64. издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата. Највисокото фестивалско признание „Златен венец“ ќе му биде врачено на годинашниот лауреат, словачкиот поет Иван Штрпка. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две ...

Жителите на Сана изјавија дека нападите биле насочени кон области во близина на претседателскиот комплекс, ракетни бази и електрани, објави Ал Џазира. Израелската војска го потврди нападот и рече дека целите во Сана вклучуваат воен комплекс во кој се наоѓа претседателската палата, две електрани и складиште за гориво. Хутите завчера изјавија дека испукале балистичка ракета кон Израел. Претставник на израелските воздухопловни сили денеска изјави ...

Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија во соработка со Католичката црква во Скопје организираше свечена церемонија по повод Денот на независноста на Украина. Програмата почна во Католичката црква во Скопје со интонирање на украинската и на македонската химна. Со минута молчење им беше оддадена почит на жртвите од руската агресија врз независна Украина. Во културниот дел од церемонијата настапи украинскиот пијанист Игор Панченко, а ...

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика привремено затворање на аеродромот „Пулково“ и одложување на десетици летови, пренесува „Украинска правда“. Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, соопшти дека во округот Тосно се соборени четири дронови, а дополнителни летала биле уништени над градовите Кириши и Гатчина. Тој апелираше до жителите да ги избегнуваат ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“. Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што ...

Руската противвоздушна одбрана синоќа пресретна и собори украински дрон во близина на нуклеарната електрана во рускиот пограничен регион Курск. Остатоци од беспилотното летало предизвикаа пожар во електраната. Според оператор и покрај пожарот во нуклеарната електрана не е зголемено нивото на радиоактивно зрачење. Дронот соборен по полноќ експлодира и го оштети трансформаторот, соопшти нуклеарната електрана Курск на Телеграм, додавајќи оти ...

Германскиот весникк „Велт ам Зонтаг“ (Welt am Sonntag) повикувајќи се на неименувани европски дипломати објави дека Кина е подготвена да учествува во мисијата за распоредување на мировен контингент, но под одредени услови. Според европските дипломати, високи кинески претставници сигнализирале подготвеност за учество „само ако мировните сили бидат распоредени врз основа на мандат на Обединети нации“. Но, подготвеноста на Кина предизвика ...

СиЕнЕн: „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“, рече Трамп. „Следниот пат во Москва“, одговори Путин на англиски – сугестија што според Си-Ен-Ен, се чини дека го исклучува Зеленски од дискусијата. Нема договор додека нема договор, изјави Трамп по самитот во Алјаска. Следниот пат во Москва, порача Путин, на заминување од Анкориџ. Во меѓувреме, додека траеја разговорите за постигнување мир, руски ...

Нивното предавање на Русија сега би било „трагедија“, вели украинскиот историчар Јарослав Гричак. „Тоа е украинска територија“, вели Гричак. „А луѓето од овие области, особено рударите, одиграа огромна улога во зајакнувањето на украинскиот идентитет“. Областа, исто така, произведе „познати политичари, поети и дисиденти“, вели тој. „А бегалците нема да можат да се вратат дома сега ако стане руски“. Би-Би-Си Денови пред средбата со Владимир Путин ...

Андреј Жерновски Видно вознемирен од одлуката на ДИК независните кандидати да може да се кандидираат за градоначалници и советници со само два потписа од граѓаните, премиерот Мицкоски резигнирано коментираше дека ова ќе доведе до зголемување на бројот на кандидати и дека ќе го направи гласачкото ливче долго и збунувачко. За да биде уште поделикатно, на крајот додаде дека ако изборите биле неуспешни, Владата имала уставно и законско право да ...

Бранко Тричковски: … Ние сме единствена земја во која цените ги бркаат платите и пензиите и никако да ги стигнат, понеже тој, премиерот, секој месец ги качува платите и пензиите со кои народот ги празни рафтовите по маркетите како пред војна. Трговците носат стока по повисоки цени, но џабе, Христијан во меѓувреме секогаш ги зголемува платите за повеќе отколку што трговците ги зголемуваат цените и повторно нема „Линд“ чоколади и „Жиганте“ ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги покани сите претставници на, како што изјави, „студентското-блокадерско движење“ на дебата што ќе се одржи јавно, на сите телевизии. Во објава на Инстаграм профилот на buducnostsrbijeav, Вучиќ истакна дека Србија мора да ги реши своите проблеми преку демократски дијалог, а не преку насилство. „Ги поканувам претставниците на студенсткото-блокадерско движење на разговор и јавна дебата за визиите, да ...

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Од пристигнатите 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за Локалните избори за 2025, Државната изборна комисија (ДИК) позитивно одговори на 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. – Пристигнаа 352 барања за упис во регистерот, исто ...

Во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 25 луѓе, соопштија локалните болници. При израелски напад врз јужниот дел на палестинската енклава загинаа најмалку 14 луѓе, од кои поголемиот број жртви се жени и деца. Според очевидци, цел на нападот биле и шаторите во Кан Јунис, каде се сместени стотици илјади раселени Палестинци. Палестинската црвена полумесечина соопшти дека израелската армија отворила оган на повеќе локации, ...

Република Северна Македонија го потврди своето учество на специјализираниот саем „ЕКСПО 2027“ во Белград, објави истоимената компанија. Нашата држава е една од 119-те земји кои ќе ја претстават својата визија за главната тема „Игра(и) за човештвото: Спорт и музика за сите“ во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година. Според соопштението за медиумите на компанијата „ЕКСПО 2027“, Северна Македонија е препознаена како едно од последните ...

Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а десетина се повредени, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите е и едно дете, изјави портпаролот на државната полиција Џејмс О’Калаган. Повеќето од патниците биле од азиско потекло. Меѓу нив имало кинески, индиски и филипински државјани. Несреќата се случила на автопатот 90, околу 30 милји источно од Бафало, додека ...

На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден активен пожар, под контрола е еден пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод, каде повеќе од десетина дена гореше мешана шума, а изгаснати се 17 пожари, информираат од ЦУК. Изгаснати се пожарот кај Брана Езеро Козјак, во Општина Сопиште каде гореше ниска вегетација и шума, како и пожарите во Општина ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45 468 денари и е повисока за 8.4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 проценти и Рударство и вадење камен за 12.2 проценти. Намалување на просечната ...

Податоците од доверливата база на податоци на израелската воена разузнавачка служба покажуваат дека пет од шесте Палестинци убиени од израелските сили во војната во Газа биле цивили, односно дека стапката на смртност кај цивилите во Газа е околу 83 проценти, објави денеска лондонски Гардијан. Заедничката истрага на Гардијан, израелско-палестинското списание „+972“ и хебрејскиот медиум „Локал Кол“ дојде до заклучок дека во мај податоците од ...

Дождот што заврна пред седум часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“, помогна пожарот што трае повеќе од десетина дена, да биде изгаснат, соопштија денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). – Но и покрај поголемата количина на заврнат дожд, на некои места од пожарната линија сè уште може да се забележи чадење, поради што по кревањето на маглата и чадот, ќе продолжиме со пешадиско дејствување ...

Украина мора да премине од дефанзива против руските напади во офанзива за да „врши притисок врз Русија“, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Оваа војна мора да заврши и ние мора да извршиме притисок врз Русија, рече тој во своето вечерно видео обраќање. „Рускиот претседател Владимир Путин „не разбира ништо друго освен сила и притисок“, додаде тој. Коментарите на Зеленски доаѓаат откако американскиот претседател Доналд ...

Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште. Во „Јасен“ гори мешана шума. На територија на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште, гори букова ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на посетата на командниот центар во Вашингтон за припадниците на полицијата, Националната гарда и федералните агенти кои ја спроведуваат неговата акција за борба против криминалот во американскиот главен град, дека неговите напори водат кон намалување на криминалот. „Како друго место е. Сега сите се безбедни. Ќе го имаме најдобриот главен град досега“, рече Трамп во објектот во Аноксија, кој ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и целосно освојување на Газа, без разлика на тоа дали Хамас ќе се согласи на примирје и на спогодба за ослободување на заложниците. Во интервју за „Скај њуз Австралија“, Нетанјаху го критикуваше австралискиот премиер Ентони Албанез и Канбера, обвинувајќи го за „попуштање“ пред терористички групи и нивните поддржувачи на Запад. Сигурен сум дека има ...

Турција денеска официјално го укина бродскиот сообраќај со Израел. Денеска стапува во сила забраната за влез во турските пристаништа за сите бродови кои пловат под знамето на Израел, како и на бродовите кои се во сопственост на израелски државјани. Во исто време, турските власти им забрануваат на сите бродови што пловат под турско знаме да патуваат и да не транспортираат стоки во Израел. Исто така сопствениците на бродови треба да потпишат ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп на платформата „Трут соушл“ (Truth Social) денеска објави дека е „многу тешко, ако не и невозможно, да се победи во војна без да се нападне земјата на агресорот … Исто е со Украина и Русија“. Тој во објавата го обвинува поранешниот американски претседател Џо Бајден дека не и дозволил на Украина да и возврати на Русија туку само да се брани. Трамп тврди дека ако тој бил претседател „никогаш немало да има војна“ ...

Во јули е регистриран годишен раст од 13 проценти и на вкупните депозити и на вкупната кредитна поддршка. Народната банка денеска соопшти дека зголемувањето кај депозитите во поголем дел се должи на растот во секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, а кај вкупните кредити поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Вкупните депозити на домаќинствата во јули ...

Бројот на неухранети деца во Појасот Газа од март годинава е зголемен за три пати, покажуваат податоците на ОН објавени вчера. Филип Лазарини, шеф на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци-УНРВА (UNRWA), вчера на X внапиша дека „само во градот Газа, речиси една третина од децата се неухранети“. „Ова не е природна катастрофа. Ова е глад предизвикан од човекот што може да се спречи“, рече Лазарини. Бројките на УНРВА се ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
69%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
81%
1009
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
6.82
82%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
90%
998
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1002
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1004
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
83%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
85%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Калај

40.11

Сребро

1837.41

Цинк

3.24

Алуминиум

2.89

Бакар

10.76

Паладиум

45879.12

Платина

53106.37

Злато

135322.28

Никел

471972.96

Кобалт

55.67