Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Најмалку 200 демонстранти се уапсени на денешниот протест организиран од движењето „Блокираме сè“ поради планираното намалување на буџетот. Демонстрантите ширум Франција денеска поставија барикади, го попречуваа сообраќајот, палеа контејнери и се судрија со полицијата, која употреби солзавец. На социјалните мрежи објавени се видео-снимки на кои се гледа како специјалната полиција интервенира против новинар кој известувал од протестот во Париз. ...
Европскиот комесар за одбрана Андриус Кубилиус денеска повика на итна изградба на „ѕид против дронови“ долж источното крило на Европската унија, откако руски дронови утрово влегоа во полскиот воздушен простор. Русија уште еднаш ги тестира пограничните држави, ЕУ и НАТО. Ќе соработуваме со земјите членки, пограничните земји и Украина. Русија ќе биде запрена, порача тој на Х. Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека денеска на редовната ...
Јас ќе го повторам барањето, дека овој надзор се прави од интерес на јавноста и на граѓаните и тие треба да ни бидат императив во нашето работење како пратеници, како претставници на народната власт. Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух, да изврши деласификација или делумна декласификација, се во интерес за да можеме во детали да ѝ соопштиме на јавноста, вели пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во изјава за ...
Во јули година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 31 699 433 илјади денари, што е за 345.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повика на „силен одговор“ по соборувањето на неколку сомнителни руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, јави ДПА. „Москва секогаш ги поместува границите на она што е можно, а ако не наиде на силна реакција, останува на ново ниво на ескалација“, објави Зеленски денеска на платформата X. Денешниот сериозен инцидент тој го нарече „екстремно опасен преседан за Европа“, пренесе ДПА. ...
Љубчо Георгиевски: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност. Тој од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава. И денес, од време навреме кога му ги слушам неговите патриотските изјави против Бугарија, против Албанците, против името не го даваме. Просто смешно ваквите патриоти, лажни патриоти и квази патриоти, да ја бранат македонската идеја. Ние имаме една ситуација каде човекот ...
Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дижарик, синоќа изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолнети, голем број од оние што сè уште се таму веруваат дека напуштањето на градот е „едноставно невозможно“. Дижарик објасни дека транспортот од градот Газа може да чини повеќе од 1.000 долари, дека крајбрежниот пат е едвај прооден и дека местата за преселување ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека планира да има телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, или оваа недела или почетокот на следната недела. „Да, тоа ќе се случи“, изјави тој вчера пред новинарите, осврнувајќи се на можниот телефонски разговор со рускиот лидер, пренесе Би-Би-Си. Трамп, исто така, објави дека е посветен на решавање на конфликтот во Украина. Главната зграда на украинската Влада во Кијив беше ...
Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов премиер на Франција. Лекорну (39), некогашен десничар и соработник на претседателот Емануел Макрон, е именуван за премиер откако Франсоа Бајру денеска официјално поднесе оставка. Францускиот Парламент вчера ја разреши владата на премиерот Бајру по само девет месеци на власт. На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници се ...
Џелал Хоџиќ: Тоа што е специфично за Северна Македонија е дека политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда во нашата држава. Јас ќе ве потсетам кога Додик во сред Скопје, во присуство на премиерот Мицковски и добар дел од неговата Влада, испрати анти-НАТО и анти-ЕУ пораки, со јасни тези на големосрпската пропаганда. ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дозволуваат големосрпската ...
Декларацијата за фер, слободни и демократски избори што ја предлага претседателот на Собранието, а која ќе се најде на дневен ред на пленарната седница закажана за 12 овој месец, не е потпишана само од пратеничката група на „Левица“. Претседателот на Собранието Африм Гаши е задоволен и се надева дека декларацијата ќе допре до секој пратеник за да има фер и демократски локални избори. Досега, како што вели, нема забелешки на ...
Иницијативата „Сите за Палестина“ денеска во 18 часот ќе организира протест пред Министерството за надворешни работи и надворешна трговија како солидарност со палестинскиот народ пред почетокот на 80-то Генерално собрание на ОН, каде ќе учествува и македонска делегација. Од иницијативата апелираат дека треба да запре молкот пред геноцидот во Газа и повикаа граѓаните да се потпишат на петиција каде ќе се бара владата и меѓународните претставници ...
Туниските власти ги негираа тврдењата дека еден од бродовите од Глобалната флотила за Газа, во која учествува активистката Грета Тунберг, бил погоден од дрон. Според организаторите на флотилата, бродот бил погоден додека бил закотвен пред пристаништето Сиди Бу Саид во Тунис. Сите шест патници и членови на екипажот се безбедни. Сепак, Туниската национална гарда тврди дека немало напад со дрон, додека првичниот преглед покажал дека се случила ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе именува нов премиер во наредните денови, соопшти француската претседателска палата, откако францускиот парламент вчера му изгласа недоверба на премиерот Франсоа Бајру. Бајру, кој побара гласање за доверба, денеска ќе поднесе оставка, изјави кабинетот на премиерот. Францускиот премиер побара гласање за доверба пред две недели за да ја потврди легитимноста на неговиот буџетски план. Како што објави „Ле ...
Поранешната шефица на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска и официјално ќе ја преземе функцијата претседател на Генералното собрание на ОН, јави ДПА. На почетокот на 80-тата сесија на ГС на ОН во Њујорк таа го презеде раководењето со асамблејата од Филемон Јанг, поранешен премиер на Камерун. Бербок беше избрана на оваа едногодишна функција во јуни со огромно мнозинство, и покрај кампањата на Русија за да ја попречи нејзината ...
Францускиот Парламент ја разреши владата на премиерот Франсоа Бајру по само девет месеци на власт, при што неговата администрација го загуби гласањето за доверба. На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници гласаа дека немаат доверба во владата, додека само 194 и дадоа доверба. „Во согласност со член 50 од уставот, премиерот мора да поднесе оставка на својата влада“, рече претседателката на парламентот Јаел Браун-Пивет. Според француски ...
Со освојувањето на трофејот на Грен слем турнирот УС опен шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изби на првата позиција на АТП ранг-листата, додека финалистот Јаник Синер падна за едно место и сега е втор. Александар Зверев остана на третата позиција, а најголем скок во ТОП 10 има Новак Ѓоковиќ, кој се проби три позиции и сега е на четвртото место. Тејлор Фриц е петти со пад за едно место, а Бен Шелтон остана на шестото место. Џек Дрејпер има пад за ...
Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила. Како што соопшти МВР, сообраќајката како и бројот на повредени биле пријавени во ОВР Гостивар попладнево во 15:56 часот. Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта ...
Државното обвинителство денеска соопшти дека е почнат увидот во фабриката „Макпрогрес“ Виница каде во пожар изгореа производствен погон и две магацински простории. – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини” во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат. ...
Зоран Иванов: Ја имав среќата или од оваа дистанца, еве можноста, да бидам првиот, дури и пред претседателот на државата, кој во етерот, преку брановите на Радио Скопје, на светот да му ја соопштам веста дека со референдумска волја на Македонците и на мнозинството македонски граѓани, државата, Република Македонија, ни стана независна и суверена. Денеска, на овој ден, по 34 години наш пат со неа, ги констатирм истите атрибути од насловот на овој ...
Десетици илјади луѓе, помеѓу 70.000 според полицијата и 120.000 според организаторите, денеска маршираа низ улиците на Брисел во знак на солидарност со Палестинците. Учесниците побараа дополнителни мерки против Израел за заштита на палестинските цивили. Белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, во петокот изјави дека Европската унија „не ги исполнува своите одговорности“ во врска со војната во Појасот Газа и дека нејзиниот ...
Уште петмина Палестинци, меѓу кои и три деца, починаа од глад во Газа во изминатите 24 часа, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, вкупниот број на смртни случаи од неухранетост во Газа достигна 387, меѓу кои и 138 деца, јави Ал Џезира. Глобалниот мониторинг за глад IPC го потврди гладот во северна Газа на 22 август и рече дека се шири низ целиот Појас ...
Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата ...
Најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на УС Опен откако во финалето ја совлада Американката Аманда Анисимова. Таа беше подобра во два сета со 2:0 (6:3 и 7:6(3)) за да ја освои првата Грен слем титула во 2025 година или вкупно четврта во кариерата. За нејзината ривалка Анисимова ова беше второ Грен слем финале во 2025 година и повторно е поразена. На почетокот на мечот тенисерката од Белорусија Саналенка ...
Студентите во блокада на Универзитетот во Белград најавија за в понеделник протест под мотото – „Индексот е посилен од пендрекот“. „Се запира в понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите. На социјалните мрежи, студентите објавија дека протестот почнува во 14 часот. Тие објавија и илустрација од планот на протестот – првата точка е зградата на Владата на Србија, потоа Палатата на правдата, зградата на Одделот за обезбедување одредени лица и ...
Утрово избувна пожар во зградата на Владата на Украина во центарот на Кијив. „Во Печерскиот реон зградата на кабинетот е во пламен“, се наведува во објава на Телеграм. Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, потврди дека станува збор за владина зграда во Печерскиот реон и дека на местото интервенираат противпожарни екипи. Главната владина зграда на Украина во Кијив е погодена за прв пат во војната за време на руските напади, вели украинскиот ...
Во касарната „Илинден“ утре ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември – Денот на независноста. Во 18 часот ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на ...
Полициски службеници денеска лишиле од слобода две лица од Скопје, кои биле спречени при обид да извршат разбојништво во маркет во Чаир. Денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво. Во 04:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата на Владимир Путин за билатерална средба во Москва објави Укринформ, повикувајќи се на интервју што Зеленски го даде за американскиот телевизиски канал Еј-Би-Си Њуз. „Тој може да дојде во Кијив. Не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракетни напади, под напади секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист“, рече Зеленски. Според него, предлогот на Путин ...
Академскиот пленум го повика Александар Вучиќ веднаш да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија поради предизвикување судири и бруталноста на полицијата. Тие изјавија дека синоќа во Нови Сад е спроведен „инсцениран конфликт“, по што полицијата употребила невидена брутална сила против студентите и граѓаните. „Режисер на овој настан е, како и секогаш досега, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, што го докажа со ...