До 08:00 часот изутринава на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 15 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има кај село Нивичино во Општина Василево (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), кај село Грешница во Општина Македонски Брод (мешана шума и сува трева), помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во ...

Бранко Тричковски: Всушност, некој што бара гаранции за националниот идентитет и сака да преговара за тоа прашање, прифаќа дека нема комплетно досие ниту да бара резолуција ниту да преговара, со своето барање тој им дава за право на оние кои на еден или друг начин го оспоруваат или имаат одредени резерви кон тој идентитет. Премиерот и претседателката и целата нивна свита од иди.ти, тоа не можат да го доловат, (тие како појава, како стварност, ...

Во руски воздушен напад врз четири области на Киев во текот на ноќта во неделата загина најмалку едно лице, а повредени се уште две лица, соопштија украинските власти, додавајќи дека пожар избувнал и во градинка. За жал, имаме информации за едно лице убиено како резултат на нападот“, изјави воениот гувернер на Киев, Тимур Ткаченко, на Телеграм, додавајќи дека уште две лица се повредени. Градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, ...

Оливер Андонов: Ова влијание, особено руското и кинеското има и безбедносни ризици и тука не треба да зборуваме за разузнавачки активности туку за влијанија во финансиски импликации како сомнителни, коруптивни и скапи кредити (па сетете се дека и денес не знаеме точно од каде потекнуваат парите од Унгарскиот кредит преку Ексим банка). Сето ова е потенцирано во членот 29 од Извештајот потенцирајќи ја улогата на Унгарија и Србија за сметка на ...

Израелската армија соопшти дека нејзините војници испукале предупредувачки истрели кон маса луѓе во северна Газа, тврдејќи дека се соочиле со „непосредна закана“. Според нив, првичните информации сугерираат дека бројот на жртви можеби е претеран и додадоа дека нивните сили „немаат намера да напаѓаат хуманитарни конвои“. Светската програма за храна на Обединетите нации соопшти дека веднаш откако влегла во Газа, нејзина колона од 25 камиони со ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска одбележа шест месеци од преземањето на функцијата, пренесуваат американските медиуми. Тој ги сумираше своите достигнувања со објава на социјалната мрежа „Трут Соушл“. Денес се навршуваат шест месеци од мојот втор мандат, кои се сметаат за еден од најзначајните периоди за секој претседател, нагласува Трамп. Тој посочува дека со други зборови, неговата администрација направила многу големи работи, ...

Пожар избувна синоќа во Зеленоград во Московскиот регион, откако Украина започна напад со беспилотни летала насочен кон рускиот главен град, објавија руските Телеграм канали. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека најмалку 21 украински дрон се лансирани кон Москва. Собјанин додаде дека службите за итни случаи патуваат кон местото на соборените беспилотни летала, без да го спомене обемот на штетата. Руските Телеграм канали ...

Историски подвиг на доктор Сашко Кедев – стана првиот Македонец кој успеал да се качи на сите 14 планински врвови над 8000 метри надморска височина. Тој беше дел од тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“, кој успешно го искачи Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан. Во тимот беа д-р Сашко Кедев (Македонија), Ванг Жонг (Кина) и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа. Со ова искачување, д-р Кедев го означува ...

Македонските медиуми, како и политичките партии и општеството во целина, се под контрола на неколкумина транзициски олигарси кои своето богатство го штитат со политичките партии што ги контролираат, со судството и другите клучни институции во државата со кои управуваат од длабоката сенка на луксузот и богатството што го стекнале на, најблаго кажано, крајно сомнителен начин, и со медиумите, академските институции и невладините организации што се, ...

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, во име на семејствата на трагично загинатите деца, испрати јавно соопштение со кое категорично го демантира премиерот Христијан Мицкоски и ја повикува Владата да ја објави целосната видео-снимка од состанокот што се одржал на 7 јули 2025 година. Во продолжение, ви го пренесуваме соопштението во целост: Почитуван Премиере, Во име на Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, со ова јавно ...

Пожарот на планината Жеден е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат, изрази сомневање градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу попладне во изјава за медимуите. Според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени се запалени гуми од возила. Нашите сознанија, информации и од противпожарните единици од пожарникарите што беа овде, се дека три гуми се најдени запалени, што докажува дека е човечки фактор на целиот овој настан, изјави ...

Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје. Почитувани скопјани, почитувани медиуми, Денес стојам пред вас со силно чувство на чест, но и голема одговорност. Ви благодарам на сите кои изминатите денови ми дадовте доверба и поддршка да бидам кандидат за градоначалничка на градот во кој сум родена, порасната, каде го формирав своето семејство и кој го сакам со сето срце. Ви благодарам ...

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со куп вработени во градот Скопје се појави пред Обвинителството за гонење организиран криминал со два багери покрај информативна табла со назив на објектот „безбедна дивоградба“. Арсовска со денови алармира дека институциите не постапуваат по нејзините пријави за сто и педесет дивоградби во Општина Чаир за кои обвинува дека примарната цел е преку нив да се исперат пари. Го повикувам Ислам Абази од ...

Собранието на Косово не е конституирано ниту во 49.обид, бидејќи денеска од присутните 90 пратеници, 50 гласаа за формирање комисија за тајно гласање за претседател на таа институција. Претставниците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српската листа и коалицијата Алијанса за иднината на Косово НИСМА одбија да предложат членови на изборната комисија и не учествуваа во гласањето за формирање на изборната комисија. ...

Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави гласаше за продолжување на воената помош за Украина, објави синоќа конгресменот Дон Бејкон. Предлог-законот HR4016 беше поддржан од 353 пратеници, додека 76 беа против, што обезбеди силна двопартиска поддршка за продолжување на американската поддршка за Киев, објави Бејкон на Икс, пренесе Униан. Законот треба да биде разгледан во Сенатот, каде може да биде изменет, усвоен во сегашната форма ...

Бранко Тричковски: Порано мислев дека тој го смета идентитетот за бесценета категорија затоа што од него ги има избркано луѓето. И во тој случај мислев дека оценката е неточна и глупава, но во последно време, а особено по неговата средба со родителите од Кочани, гледам дека тој ја смета таа недофатливост на духот за бесценета затоа што е составена од луѓе кои тој наумил да ги задуши со испумпувањето на нивниот дух, како глава под пластична кеса. ...

Скандалот во М-НАВ, клучната институција задолжена за безбедноста во воздухопловниот сообраќај, станува уште една партиска испостава на власта, обвинува СДСМ. Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ ветувала мерит систем, а спроведува бруталната и скандалозна партизација на институциите. Без било какви квалификации, мажот на директорка на Централен регистар, сопругата на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседателот на УМС ...

Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица, вечерва ќе го одржи 15-тиот „Марш на ангелите“ – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе почне во 18.05 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата. Четири месеци по најголемата трагедија во поновата историја на нашата држава, ние, родителите и семејствата на трагично починатите деца, Ве известуваме дека 19. 7 ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави договорот на амбасадорите на ЕУ за воведување на 18. пакет санкции против Русија, оценувајќи дека тој „удира во срцето на руската воена машинерија“. Санкциите се насочени кон банкарскиот, енергетскиот и воено-индустрискиот сектор на Русија, вклучително и со ново, динамично ограничување на цената на руската нафта. Притисокот останува активен и ќе трае додека Путин не ја запре ...

Ана Чупеска: Не сум чула поморбидна сентенца, од онаа за чинење на цената за згаснатите животи. И, ова, не е обчина реплика во некој си хорот филм, туку е, ни помалку ни повеќе сентенца на премиерска фигура! Нема начин овој институционален хорор да биде оправдан со лигавења за полтичка прагма. Никаде нема такво нешто, па ни овде неможе да има! Премиеру, ќе мора да им се извините на жртвите и нивните семејства – јавно, гласно и со покајание! ...

Престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат ...

Голем пожар избувна утрово во близина на селото Бол на хрватскиот остров Брач, што доведе до евакуација на еден хотел и еден камп, соопшти Хрватската радио-телевизија (ХРТ). Пожарот, кој избувнал околу 3 часот наутро во борова шума, бил разгорен од силен ветер, што овозможил огнот да се приближи опасно близу до повеќе објекти, вклучувајќи приватни и туристички капацитети. Успеавме да евакуираме еден хотел и еден камп без сериозни последици, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров за секретар на Советот за национална безбедност и одбрана. Улогата на Советот е да ги координира прашањата за националната безбедност и одбрана и е составен од врвните политички, безбедносни и одбранбени шефови во земјата. Рустем беше министер за одбрана до реконструкцијата на владата на Украина, кога беше заменет од поранешниот премиер на ...

Денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп ќе се одржи на промоцијата на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема. Оваа набавка, како што информира Министерството за одбрана, е во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата од сојузничка Турција. Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко ...

Во изминатото деноноќие се евидентирани 33 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четити се под контрола, а 28 се изгаснати, соопшти узиутринава Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот кај село Нивичино во Општина Василево каде што годи нискостеблеста шума. Под контрола се пожарите кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Општина Велес, кај Николич во Општина Дојран, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, како и ...

Дваесет и седумте земји-членки на ЕУ се согласија за 18-ти пакет санкции насочен кон Русија за инвазијата на Украина, изјавија денеска неколку дипломати за ДПА. Пакетот санкции е насочен кон финансискиот и енергетскиот сектор на Русија и доаѓа како одговор на одбивањето на претседателот Владимир Путин да се согласи на безусловно примирје во Украина. Словачка го блокираше пакетот, наведувајќи загриженост во врска со увозот на гас, но премиерот ...

Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците, го усвои предлогот на претседателот Доналд Трамп за намалување на финансирањето на јавните медиуми и странската помош за девет милијарди долари и го испрати во Белата куќа за потпис, објавија светските агенции. Домот гласаше со 216-213 за усвојување на законот, кој веќе беше одобрен од Сенатот претходно во текот на денот. Законот предвидува намалување на трошоците во вкупен износ ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е подготвен заедно со Бугарија, преку бугарските пратеници во Европскиот парламент, да поднесе резолуција во која, рече, „јасно ќе стои македонскиот многувековен посебен идентитет и јазик … и да почнеме да испорачуваме“, рече Мицкоски вечерва во интервју за ТВ Канал 5. Според него, предлозите „сегашен“ и „модерен“ не се ништо освен асимилација. Ако е цената e асимилација, не фала, не сакам. Како да бидам ...

Премиерот Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за како би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања. Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба вели дека досега веќе имале една лидерска среба со лидерот на СДСМ, ...

Владата на Република Северна Македонија информира дека поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата се продолжува до 23 јули. Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, особено имајќи предвид дека станува збор за значајна мерка која директно го засилува капацитетот ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
6.17
69%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
88%
1013
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.55
83%
1012
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
1013
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
88%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1004
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
78%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
94%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
77%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Бакар

10.76

Паладиум

45879.12

Никел

471972.96

Сребро

1837.41

Злато

135322.28

Калај

40.11

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Кобалт

55.67

Алуминиум

2.89

Родиум

255598.44

Платина

53106.37