Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Иранската војска минатиот месец натовари подводни мини на бродови во Персискиот Залив, што предизвика загриженост во Вашингтон дека Техеран се подготвува да го блокира Ормутскиот теснец по израелските напади врз цели низ Иран, изјавија за Ројтерс двајца американски функционери. Подготовките за минирање на виталниот воден пат, кои претходно не беа објавени, а кои беа откриени од американските разузнавачки служби, се случија по првиот израелски ...
Израел се согласил на 60-дневен прекин на огнот во Појасот Газа, објави американскиoт претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Според него, договорот е резултат на „долг и продуктивен состанок“ помеѓу негови претставници и израелски официјални лица, а целта е да се отвори простор за завршување на војната во палестинската енклава. Израел се согласи со потребните услови за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот – ...
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер. Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД. Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции. Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со својот француски колега Емануел Макрон за војната во Украина, како и за ситуацијата на Блискиот Исток во контекст на иранско-израелскиот конфликт и американските напади врз иранските објекти, соопшти Кремљ. Како што е наведено, Путин во разговорот рекол дека украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји. Украинскиот конфликт е директна последица на ...
Катерина Колозова: Доста кукавте горди патриоти, Французите немаат проблем сирење и вино да ги гледаат како елемент на идентитет, а Германците пиво. Не бидете така кринџ-помпезни. Инаку, во студија од 2013, изведена на 1350 испитаници, храната Е НАВЕДЕНА како дел од македонскиот идентитет – во делот на отворените прашања, самите испитанци ја сугерираат. Побарајте ја студијата за перцепција на идентитетот, објавена на три јазици, преведена на 4, ...
Марта Кос: Идентитетот никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во нашите души и срца. Идентитетот е како се чувствуваме, како ја чувствуваме нашата татковина. Идентитетот е како се грижиме за нашата традиција. На пример, манастирите во Северна Македонија, погачата, тавче гравчето, пинџурот или полнетите пиперки, како ги одржуваме националните носии, какви односи градиме со постарите во ...
И денеска, во 40-тиот обид, пратениците на косовскиот Парламент не го избраа претседателот на Парламентот. Од присутните 100 пратеници, 51 пратеник гласаа за предлогот за формирање тајно гласачко тело за избор на претседател, јави Бета. Претходно, пратениците на Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово побараа од претседателот Авни Дехари да се врати на почитување на Уставот на Косово и пресудата на Уставниот суд, но тој ...
Мартин Костовски: Ветуваше независност и чесност, а заврши како тројански коњ, слеп извршители на политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ, небитен фактор и лажен патриот, целосно заглавен во криминал и корупција. За само една година, Димитриевски ги погази сите свои изборни ветувања. Неговиот лажен патриотизам излезе на виделина, се што кажа порече. Максим јавно се колнеше дека нема да прифати внесување на Бугарите во Уставот без одложена примена. Пред ...
Славјанка Петровска: ВМРО-ДПМНЕ треба да се запраша што правеше година дена, како тоа од водење на горда дипломатија и со наводно „исправена кичма“, се доведе во ситуација да пратеник од сестринска партија поднесе амандман со кој сака да го проблематизира македонскиот јазик, јазикот на оваа држава, на македонскиот народ. Додека бевме власт гарантиравме дека идентитетот и јазикот ќе бидат нечепнати, дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт со својата ...
Tри автобуси и едно комбе на приватна фирма утрово изгореа во кочанската населба Оризари. Пожарот на плацот, каде што биле паркирани, е пријавен рано утринава во 2:30 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи-Штип. Денеска во 02:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната ...
Француската малцинска Влада на премиерот Франсоа Бајру денеска треба да се соочи со гласање за недоверба во Националното собрание, јави ДПА. Предлогот против централно-десничарскиот кабинет на Бајру го поднесоа социјалистите поради незадоволство од пристапот на премиерот кон прашањето за пензиската реформа, додава германската агенција. Набљудувачите очекуваат гласањето да не успее и владата да остане на власт, бидејќи крајно десничарските ...
Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокади на клучните патишта во Белград и други делови од Србија, пренесува Н1. Студентите ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од денес сè додека не се распишат предвремени парламентарни избори, не се распушти митингот во Пионерскиот парк и неправедно притворените студенти не бидат ослободени. Физичката блокада со контејнери и метални огради, која беше ...
Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот. На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи ...
Бранко Тричковски: Нема да дозволиме да не газат. Како Бугатите што ги газеа, видовте ли што направија од тие златни луѓе. Европа, Шенген, евро, блаблабла!!! Или Полјаците, Словаците, Чесите Романците и Унгарците, Словенците и Хрватите… Се смачкани народи и луѓе. Ама тие не го менувале името, чаршавот што тука го викаме државно знаме, уставот… Менувале други работи што на нив биле поважни. Изговори за пропаста. Ние, браќа и сестри, сами ќе се ...
Повеќе новински агенции каки и ТВ „Алџезеира“ штотуку јавија за почетни инциденти во центарот на главниот српски град. „Меки“ предмети како пластични шишиња и кеси со вода летаат накај полицискиите кордони на белградските крстосници. Полицијата засега реагира со потискување на групите но не и со употреба на поголема сила. Инаку, од пладне студенти и граѓани во центарот на Белград блокираат една по една раскрсница. Најново, блкиран тунелот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ставот на Германија се променил и дека земјата сега го поддржува членството на Украина во НАТО. Пред состанокот со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во Киев, Зеленски објасни дека за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО и Украина минатата недела во Брисел, германската страна изјавила дека верува оти Украина треба да биде во Алијансата и ...
Студенти и граѓани во центарот на Белград блокираат една по една раскрсница. Најново, блкиран тунелот „Теразије“. Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада на клучните патишта во Белград и во други делови од Србија. Студенти и граѓанит блокиратаат патишта и во Ужице, Чачак, Крагуевац, Зрењанин, Смедерево, Суботица, Рума, Панчево, Ваљево, Горњи Милановац … Граѓаните избегнуваат судир со полицијата, се повлекуваат по ...
Венко Филипче: Поради неспособноста на Владата предводена од ВМРО‑ДПМНЕ да ги исполни роковите од реформската агенда, 43 милиони евра пари од Планот за раст наменети за реформи останаа неискористени. Ова го говорат сите факти во однос на реформите за кои не се задолжени ниту Бугарија ниту Грциja, туку самата Владата. Министерството за економија, нула реализирани реформи. Министерството за правда, за цела година нула закони. Министерството за ...
Во трговија на мало во мај оваа година, во споредба со мај минатата година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена за 5.1 проценти. Во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 5.5 проценти, а реално опаѓа за 0.5 проценти, во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално е зголемена за 8.9 проценти, а реално за ...
Денес започнува еден од најпрестижните тениски турнири што се играат на трева – Вимблдон. Очекувањата се дека првото коло нема да претставува голем предизвик за фаворитите. Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, утре ќе го одигра својот прв меч против сонародникот Нарди. Шпанецот Карлос Алкараз веќе денес ќе се соочи со искусниот Фабио Фоњини, додека за македонската публика посебен интерес предизвикува настапот на Новак Ѓоковиќ, кој утре ќе се ...
За време на 12-дневниот конфликт со Израел, во Иран загинаа 935 лица, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за правда, Асгар Џахангир,повикувајќи се на најновите форензички податоци, објавија денеска иранските државни медиуми. Меѓу загинатите, прецизираше тој, има 38 деца и 132 жени. Џахангир истакна дека телата на жртвите се идентификувани како дел од националната форензичка истрага која сè уште е во тек, а бројот на загинати ...
Европската унија внимателно ја следи актуелната ситуација во Србија и ги осудува сите акти на омраза и насилство, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие. Правото на мирни протести треба да биде почитувано во Србија. Полициските акции мора да бидат соодветни и да се почитуваат правата на сите, вклучително и на сите оние кои се приведени, нагласи Мерсие. Тој потенцира ...
Израелските напади врз Појасот Газа од утрово убија 32 лица, соопштија медицински извори од болниците низ целата област. Меѓу жртвите има десет Палестинци убиени во напади врз магацин што се користи за дистрибуција на хуманитарна помош. Израелскиот напад погоди магацин во населбата Зејтун во јужна Газа, изјавија извори од болницата Ал-Али за Ал Џезира. Двајца баратели на помош беа убиени и од израелски оган во близина на центар за дистрибуција ...
Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”. Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве. Малата Адна си играла на камењата ...
Студентите јавуваат дека во главниот град на Србија досега се блокирани 14 крстосници и дека го затворија и виталниот белградски мост „Газела“. Блокади на студенти и граѓани има и во Нови Сад, Крагујевац, Ниш, Земун, Краљево и во многу други српски градови. Засега полицијата не интервенира но граѓани со себе носат и високи жичани огради со кои блокираат крстосници, а „страдаат“ и контејнери. Инаку, овие протести се реакција по ноќешните апсења ...
Српските медиуми јавуваат за нови апсења по ноќешните кога беа приведени триесетина лица главно студенти а по немирите кои се случија по завршувањето на големиот студентски и граѓански митинг против власта во Србија од каде што се побарани вонредни парламентарни избори. Илјадници граѓани и студенти вечерва го опколија српското јавно обвинителство во центарот на Белград а како реакција на апсењата на српските студенти кои синоќа се судрија со ...
Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека Граѓанскиот суд Скопје донел правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и актуелна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети за него. Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете. Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ...
Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, денеска изјави дека Европската Унија и САД треба да воведат нови санкции против Москва, како одговор на синоќешниот масовен руски напад на украинска територија. Растечкиот обем на терор докажува итната потреба од нови санкции. На ЕУ и САД тоа им е потребно не само за да ја поддржат Украина, туку и за себе. Лишувањето од ресурси на руската терористичка машина сега е прашање на трансатлантска ...
Возачот на Дукати, Марк Маркез од Шпанија, победи на денешната трка за Големата награда на Холандија на патеката Асен. Марк Маркез ја освои трката со време од 40:14.072. Неговата победа во Асен му ја донесе 94-тата победа во кариерата во сите класи во Мото ГП шампионатот. Второто место му припадна на возачот на Априлија, Марко Безеки од Италија, кој беше 0,635 секунди зад победникот. Третото место му припадна на возачот на Дукати, Франческо ...
Москва: Директорот на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришкин, соопшти дека телефонски разговарал со својот американски колега,шефот на ЦИА, Џон Ратклиф, што е нивни втор официјален разговор од средината на март и во услови на сè поочигледно зближување меѓу Москва и Вашингтон. -Телефонски разговарав со мојот американски колега и се согласивме дека ќе можеме да се јавиме во секое време за да разговараме за прашања што се ...