Ново културно катче се раѓа во центарот на градот. Охрид конечно ќе го добие она што му недостасуваше: културен центар во кој луѓе од различни возрасти ќе можат слободно да ги изразат своите уметнички, занаетчиски и воопшто своите креативни потреби. На отворањето посетителите ќе имаат можност да ја погледнат заедничката изложба ПЕРСПЕКТИВА/ POINT OF VIEW од охридските талентирани млади фотографки Ива Јовановиќ и Анамарија Момироска. Изложбата е ...

Синоќа завршија натпреварите по групи на 20 издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2025“. Победи забележаа екипите на БЗ груп и Бел Мерцедес, а една средба заврши со службен резултат. Резултати 27.07.2025 БЗ груп – Ферседо Охрид 5:2 Типлери – Бел Мерцедес 2:3 Сатеска – Беневенто 3:0 (службено) Вечерва почнуваат осминафиналните пресметки на турнирот, на кои ќе им претходи мајсторка помеѓу Кафе Бар Коко и Екстра Скопско за пласман помеѓу ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец. Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 30 ...

Поради интервенција на електродистрибутивната мрежа од страна на EVN Македонија, во понеделник., 28 јули, 8.07.2025 од 09:00 часот неколку часа во прекин со работа ќе биде пумпената станица Орман. Во овој период намален притисок и можни прекини во водоснабдувањето ќе има на улиците: “Железничка”, “Гоце Делчев” со споредните улици од населбите Воска и Далјан, дел од бул.”Туристичка”, населбата Чекоштина и с.Орман, соопшти ЈП Водовод. Г.М. ...

Охриѓани и гостите спас од високите температури наоѓаат во Охридското Езеро. Сместено на близи 700 метри надморска височина помеѓу планините Галичица и Јабланица, ова природно езеро со исклучителна ендемичност одушевува со својата убавина и потенцијал. На суп даски, во кајаци, кајчиња, педалинки, катамарани, глисери, едрилици, бродови… деновиве сите сакаат на Езеро. Да уживаат и да се разладат во чистите охридски води. Ова парче од рајот ...

Шеста вечер на „Summer Comedy Marathon“ го донесе шоуто „BEST OF STAND UP! – Најдоброто од најдобрите!“. Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев со проверени хитови, омилени шеги и нови изненадувања предизвикаа делириум во публиката во исполнетиот „Jazz Inn“. Изненадување на вечерта беше Небојша Грујиќ кој донесе креатривна доза балкански хумор како најава за неговото соло шоу „Дојденец“ вечерва на истата локација. „Summer ...

Љубомир Глигоров од Скопје се спушти на длабочина од 132 метри во Охридското Езеро и постави нов македонски рекорд во длабинско нуркање. Тој нуркаше со мешавина од гасови чија основа е водород кој, за разлика од хелиумот, речиси и да не се користи за ваква намена. Но, Глигоров смета дека користењето на водород за техничко нуркање може да заштеди милиони на светско ниво и подготвен е да ги сподели своите сознанија само доколку истите не бидат ...

Три средби се одиграа синоќа на турнирот во мал фудбал во Велгошти. Топлина ја совлада екипата на Гостилница Кај Мече, Мартиник мебел и Галеб ремизираа, а мечот помеѓу Хотел Тино и и ФК Кушршум од Лакочереј не се одигра. Резултати 26.07.2025, сабота Топлина – Гостилница Кај Мече 3:2 Мартиник мебел – Ад Галеб 1:1 Хотел Тино – Фк Куршум Лакочереј 0:3 (службено) Вечерва на програмата се три натпревари со кои завршува групната фаза на турнирот. ...

Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 32 степени. Во понеделник не очекува сончево време со мала ...

Музичката програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со Холандската вечер во рамки на која предвиден е концертот на гудачкиот квартет на кралскиот „Концертгебау Oркестар“, со уметниците Марк Даниел ван Бимен и Коралине Гроен на виолина, Санта Визине на виола, Борис Недјалков на виолончело и Арно Питерс како солист на кларинет. На програмата се дела за кларинетски квинтет на Тристан Кеурис, гудачки квартет на Антонин Дворжак и кларинетски ...

Охриѓани и туристите кои вчеравечер присуствуваа на стендап шоуто насловено „English Show“ изведено во рамки на „Summer Comedy Marathon“ во Џез Ин имаа можност да погледнат паметна, смешна и брутално искрена комедија на англиски јазик. А за тоа беа задолжени Никола Тодороски и Лаура Лопез од Мексико. Меѓународна ноќ полна со смеа за која не беше потребен превод. „Summer Comedy Marathon“ продолжува вечерва со шоуто „Best of Stand Up“ кое ќе ...

Despina Event Venue Од 26.07.2025 - 21:00 до 27.07.2025 - 01:00 Владимир Четкар во родниот Охрид вечерва ќе одржи концерт во Despina Event Venue покрај охридското крајбрежје. На концертот насловен како Wine, Jazz & Spirits македонскиот музички артист со интернационална кариера ќе се претстави со септет во кој ќе музицираат Ѓоле Максимовски на бас гитара, Дино Милосављевиќ на тапани, Филип Димискоски на клавијатури, Јордан Колевски на труба, ...

Во рамки на манифестацијата „На зајдисонце“, синоќа во Трпејца беше промовирана монографијата „Златните времиња на КК Рибар“ дело на познатиот новинар и публицист Милчо Јованоски. Ова е монографија за една од најпозитивните и најуспешните приказни од спортовите на вода кај нас, која, искрено, како да е создадена според филмско сценарио, рече на почетокот промоторот на книгата Горан Момироски, новинар и публицист од Охрид. Најверојатно, младите ...

Мобилни царински тимови при Секторот за контрола и истраги спроведуваат засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, информираат од Царинската управа. Целта е, како што посочуваат, строга контрола на пловни објекти и спречување на прекуграничен криминал по воден пат. Ги следиме сите сомнителни активности и каде што постои сомневање вршиме контрола се со цел навремена детекција и спречување на секој обид за ...

По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 јули 2025, во периодот од 21 јули до 10 август, ќе се реализира национална јавно-здравствена кампања за подигнување на свеста, превенција, рана дијагностика и елиминација на вирусните хепатити и црнодробниот карцином. Оваа голема кампања се организира под покровителство на Министерството за здравство на Република Северна Македонија, во соработка со Хепар Центар Битола, Универзитетските ...

Веќе при првиот разговор со луѓето од клубот, а особено со градоначалникот Кирил Пецаков, ја почувствував искрената желба, сериозната амбиција и големата љубов кон ракометот. Таа енергија веднаш ме привлече и беше клучна да ја донесам одлуката да дојдам во клубот, но и во земја каде што ракометот се доживува со толкава страст – можеби и најмногу на целиот Балкан, вели тренер Борис Ројевиќ пред почетокот на сезоната во ГРК Охрид. Во новата ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени. Утре и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го ...

Откако СДС Охрид го остави ЈП „Градски гробишта“ со долг од 1 000 000 денари сега зборува за неработа. Со години дозволивте запуштеност, негрижа и хаос, а денес се обидувате да бидете морални коректори на туѓа работа, реагираат од ВМРО ДПМНЕ Охрид на обвинувањата од СДСМ Охрид. Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ е човек кој вложи напор, труд и лична одговорност да донесе ред во едно од најсензитивните јавни претпријатија кое сега е со целосно ...

Во клубот „Ребел“ во Охрид ова лето гостуваат светски познати диџеи и изведувачи. Оваа сабота, 26 јули, во „Ребел“ ќе настапи познатиот диџеј, продуцент и електро легенда Кристијан Смит, чии забави се прераскажуваат. Вратите на клубот за настапот на Кристијан Смит се отвораат во 23 часот! Моменти од забавата со Кристијан Смит во „Ребел“ минатата година Вистинско денс лудило во Ребел не очекува на 2 Август. Гостува норвешкиот диџеј и ...

Полека се комплетираат екипите кои ќе обезбедат пласман во завршницата од турнирот во мал фудбал во Велгошти. Натпреварите од последното коло по групи ќе ги решат сите дилеми. Вечерва на програмата беа четири средби, а две завршија на “зелена маса”. Резултати 25.07.2025, петок Кибо Пласт – Македонија 5:0 Аце Најдески – Бурекџилница Гока 3:0 (службено) Стоматолошки центар Др. Баткоски – Ресорт Бате Боле 4:1 Гранит Х – Дооел Ноче 3:0 ...

Градскиот ракометен клуб Охрид денеска ги започна подготовките за натпревачката сезона 2025/26, во која клубот влегува мотивирано со сериозни амбиции. Започнува миниум 3 годишниот проект кој го предводи тренерот Борис Ројевиќ. Стручниот штаб на првиот тренинг ги имаше на располагање сите ракометари (освен повредениот Теимураз Орјоникидзе кој рехабилитацијата ја одработува во Грузија). Ростерот на ГРК Охрид за сезона 2025/2026 е следниот: ...

СДСМ Охрид реагираат за состојбата во која се наоѓаат градските гробишта посочувајќи дека се обврзале постојано да го потсетуваат директорот на ЈП Градски гробишта кој му е негов опис и попис на работните задачи и да бидат коректор на неговата работа. Во случајов, на неговата неработа… бидејќи директорот очигледно не направил ни два чекори понатаму од неговата канцеларија да ја види состојбата во која се наоѓаат градските гробишта. Жално. Жално ...

Експлозија на интеракција, импровизација и хумор донесе вчерашното шоу „Nitro 2 Live“ кое беше изведено во рамки на програмата од „Summer Comedy Marathon“. Стенд ап комичарите Никола Тодороски и Никола „Братучед“ Сиљаноски приредија извонредно шоу во кое публиката беше ѕвезда на вечерта. Најексплозивното интерактивно шоу „Nitro 2 Live“ публиката ќе може да го погледне уште во два термини на 4 и 12 август во Џез Ин со почеток во 20 часот. ...

На 24.07.2025 во 12:15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице. Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за 55-годишно лице од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР ...

Клубот Ребел синоќа го прослави третиот роденден. Славеничкиот момент го разубави извонредната Дани Димитровска, а нејзиниот настап беше убава увертира во музичките случувања ова лето во клубот познат по уникатните забави и квалитетна музика. Ребел најавува гостувања на светски познати диџеи и изведувачи, а летната забава вечерва (сабота), ја отвора прекрасната тајланѓанка која живее и работи во Берлин, продуцентката и диџеј Накадија. Вратите ...

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужиле 1.529.451 патници во првата половина од 2025 година што претставува зголемување од 5% во споредба со минатата година. Само во јуни, сообраќајот бележи пораст за импресивни 12%. Вкупно 12.235 летови опслужени од јануари до јуни. Благодарение на 8 нови авиолинии и сè поголемиот чартер сообраќај, повеќе дестинации од кога било досега се само на еден лет оддалеченост, ...

Во рамки на годинешното седмо издание на „Summer Comedy Marathon“ во недела, 27 јули, охридската публика и туристите ќе може да го погледат стенд ап шоуто на Небојша Грујиќ насловено „Дојденец“. Седма вечер. Еден човек. Еден микрофон. Еден град што не е негов. Небојша Грујиќ пристигнува со свежа перспектива, балкански хумор и невоздржана искреност! Сè што мислел за нас – ќе го каже… на сцена!, велат организаторите. Шоуто ќе биде изведено во ...

На четирите натпревари што се одиграа синоќа на турнирот во мал фудбал во Велгошти, беа видени дури 28 гола. Резултати 24.07.2025, четврток Екстра Скопско – Типлери 7:1 Кафе бар 9 – Фурна Настоски и Форт кафе 4:1 Инекс Олгица Хотел и Спа – Ферседо Охрид 9:1 Чардак Велгошти – Фк Куршум Лакочереј 3:2 Турнирот продолжува вечерва со четири средби од групната фаза. Распоред на натпревари 25.07.2025, петок 21:00ч Аце Најдески – Бурекџилница Гока ...

Оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец интервенираа во расчистување на уште една дива депонија, овој пат во с. Љубаништа. Како што посочуваат од претпријатието биле подигнати 52 м3 непрописно одложен отпад: кабаст отпад, градежен шут и др. вид отпад. Повторно остро реагираме на ваквото масовно одлагање отпад на јавни површини и формирање диви депонии кои ја загрозуваат животната средина, потенцираат од ЈП Охридски Комуналец. OhridNews ...

Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Охрид сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 37 степени. Утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
71%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1009
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.3
80%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
97%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
89%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
12.86
87%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Кобалт

58.42

Сребро

1878.05

Алуминиум

2.91

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Калај

40.48

Цинк

3.23

Родиум

255598.44

Платина

52952.77

Злато

135056.24

Паладиум

46425.68