Дебрца градоначалник ќе добие на 2 ноември. Во вториот круг за градоначалничката функцијата ќе се борат Златко Силјаноски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со освоени 1 212 гласа или 48,1 отсто од граѓаните кои вчера излегоа на гласање и актуелниот градоначалник и независен кандидат за функцијата, Зоран Ногачески, чија кандидатура вчера ја поддржаа 663 лица или 26,31 отсто од гласачите. Според роковникот објавен од Државната изборна ...

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освоија најмногу места во Советот на Општина Охрид. Според првичните информации на Државната изборна комисија – ДИК, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 13 мандати во советот на град Охрид кој брои 23 членови. СДСМ и коалцијата освои 5 мандати, ЗНАМ 2, Левица 1, Демократската пшартија на турците 1 и ГИ Р. Хода 1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата имаат апсолутно мнозинство во Советот на Општина ...

Голем број партиски членови, симпатизери и поддржувачи, се собраа вечерва на градскиот плоштад во Охрид да ја прослават победата на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков на локалните избори 2025. Победата се славеше со музика, „бакљи“ и огномет кој го осветли небото над Охрид. На присутните им се обратија пратеникот во републичкото Собрание Сашо Донев, носителот на листата на советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Перчо Божиноски и ...

Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е реизбран за градоначалник на Општина Охрид. До својот втор мандат Пецаков дојде на уверлив начин остварувајќи висока победа над противкандидатите уште во првиот круг од локалните избори 2025. Според првичните податоци на Државната изборна комисија, Пецаков освои 16 565 гласа, или 63,91 отсто од вкупниот број гласачи во општината кој изнесува 52 580. Кандидатот на СДСМ и коалицијата Асен Шајн ...

Јавното обвинителство Охрид поведе постапка за прекршување на изборниот процес. Постапка е отворена против лица кои наводно подготвувале поткуп на гласачи. Како што соопшти вечерва на прес конференција Републичкото јавно обвинителство, за време на гласањето полицијата запрела возило во кое биле пронајдени 30 банкноти од по 2000 денари и список на лица на кои требало да им се дадат парите. Во тек е истрага која тѕреба да го расветли целиот ...

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија. Во Охрид излезноста изнесува 48,22%, односно гласале 25 331 граѓанин од вкупно запишаните во избирачкиот список 52 580. Во Дебрца гласале 2 438 од запишаните 3 937 во Избирачкиот список односно 62,04%, Во Струга излезноста е 40,58%, додека во Вевчани 69,78%. На ниво на државата излезноста е 46,46%, односно излегле да гласаат ...

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и копалицијата и се уште актуелен градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, прогласи победа во прв круг на локалните избори одржани денеска. Во еуфорична атмосфера пред седиштето на партијата во Охрид, Пецаков се заблагодари на охриѓани за искажаната доверба, посочувајќи дека во трката за градоначалник извојувал убедлива победа. Голема победа и благодарност на охриѓани за референдумската поддршка што ја добив, ...

Поликлиниката „Денториа“ петнаесет години гради и негува успешна приказна во грижата за оралното здравје на пациентите. Отсега, на нова локација на бул. „Туристичка“ бр.95, со современо модерно уреден простор, три ординации, најсовремена апаратура и достапен бесплатен паркинг простор за своите клиенти. Во петнаесет години научивме и пораснавме многу. Како многу млад стоматолог отворив своја клиника и низ годините научив и јас, но и целиот ...

Кандидат за градоначалник Стевче Стевоски од Твоја партија го оствари своето право на глас на локалните избори во ИМ 1293 во Елшани. Го остварив своето право на глас со едно убедување дека ќе престане функционирање на двете фамилии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои 35 години го тормозат овој град, рече Стевоски. Нивното функционирање претставува една организирана мрежа од 90-тите години наваму. Сето тоа продолжува и до ден денес со гласањето на нивните ...

Независниот кандидат Гоце Цветкоски го оствари своето право на глас во ИМ 1313 во Подмолје од каде порача дека очекува победа и масовна поддршка од охриѓани. Цветкоски вети транспарентност во работењето на Општината. Очекувам победа и дека луѓето се вразумија во овие 35 години дека не можат да гласаат се за истите и да очекуваат нови поинакви резулатите со истите луѓе. Се надевам разумот ќе преовладее и охриѓани ќе излезат во масовен број да ...

Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата Асен Шајн своето гласачко право го оствари во ИМ 1260 во гимназијата „Св. Климент Охридски” Охрид. Шајн се надева надева на доверба од охриѓани за како што рече Охрид со подобра иднина. Го искористив своето демократско право на глас. Знам и сигурен сум дека охриѓани ќе го дадат својот избор и својата доверба на чесни луѓе, посветени, искрени со коишто од Охрид ќе направат град со ...

Своето гласачко право кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Македонија Твоја“, Кирил Пецаков го оствари во ИМ 1262 во ОOУ ,,Григор Прличев” изразувајќи надеж дека ќе победи во првиот круг. Посакувам и се надевам дека Охрид ќе го задржи фер и демократското однесување кое го имало во изминатите изборни цисклуси кога се гласало, рече Пецаков. Очекувам во мирна и демократска атмосфера да завршат изборите и ...

Излезноста во Охрид на локалните избори до 17 часот e 41,10% односно гласале 21 594 граѓани од вкупно запишаните во избирачкиот список 52 580. Излезноста во Дебрца до 17 часот своето право на глас го оствариле 2 099 гласачи од запишаните 3 937 во Избирачкиот список или 53,41%. На ниво на државата, до 17 часот, на 3 442 избирачки места гласале 727 106 граѓани, односно 39,87%. Избирачките места се отворени за гласање до 19:00 часот. ...

До 15 часот на локалните избори во Охрид гласале 17 000 граѓани од вкупно запишаните 52 580 или 32,36 отсто, информира Општинската изборна комисија. Излезност на овие локални избори споредбено со локалните избори во 2021 година кога во 15 часот била евидентирана излезност од 35,86% е за некој процент помала. Што се однесува до излезноста во Дебрца до 15 часот своето право на глас го оствариле 1 703 гласачи од запишаните 3 937 во Избирачкиот ...

До 13 часот на локалните избори во Охрид гласале 11 375 граѓани од вкупно запишаните 52 580 или 21,65 отсто, информира Општинската изборна комисија. Изборите течат мирно во фер и демократска атмосфера. Сите 87 избирачки места беа отворени на време во 7 часот освен едно со половина час задоцнување поради мал технички проблем кој беше брзо решен и нема никакви проблеми, изјави Антигона Сионов, претседателка на ОИК Охрид. Вчера гласаа ...

Од безбедносен аспект локалните избори во Охрид и регионот засега течат без проблеми, информира СВР Охрид. Полициски службеници согласно законот се присутни околу избирачките места и се однесуваат стриктно според дадените насоки за што беа спроведени и соодветни обуки. Нема нарушувања на изборниот процес или на јавниот ред и мир. Нема интервенција на ниту еден полицаец по ниту еден основ, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. ...

Излезноста на локалните избори во Охрид до 9 часот е 2,82 проценти, односно своето право на глас го искористиле 1479 граѓани, информира Општинската изборна комисија. Изборниот процес се одвива непречено и без проблеми во сите избирачки места, освен на едно каде поради мали технички проблеми имаше доцнење од половина час, но истите се надминати и гласањето тече непречено и таму, изјави претседателката на ОИК Охрид Антигона Сионов. ...

Осмите Локални избори во земјава ќе ги мониторираат 1451 домашни и странски набљудувачи. ДИК акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Покрај домашните, изборите ќе ги следат и 12 странски новинари. Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти Државната изборна комисија. Првичните резултати од гласањето ќе бидат објавени најдоцна 12 часа по завршување на ...

Министерството за внатрешни презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на Локалните избори. Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. ...

Во Македонија денеска се одржуваат осмите Локални избори. Во 7 часот отворени беа сите 3474 гласачки места во земјата каде се гласа за градоначалници и членови на совет. Во Охрид вкупно во избирачкиот список се запишани 52 580 граѓани со право на глас. Гласањето почна навреме во сите 87 избирачки места во општината и се одвива непречено. Навреме отворени се сите гласачки места и во Дебрца каде на овие Локални избори право на глас имаат ...

Екипите на Електродистрибуција, во првите 6 месеци од 2025 година, успешно реализираа повеќе инфраструктурни проекти насочени кон модернизација и подобрување на нисконапонската мрежа. Главниот фокус на овие активности е зголемување на стабилноста на системот, намалување на загубите и воведување современи решенија во управувањето со дистрибутивната мрежа. Во рамки на проектите беа поставени 135 километри нова нисконапонска мрежа, заменети ...

На 17.10.2025 година во 18.50 часот, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, приведено 67-годишно лице од Охрид. Тој бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По извршено алкотестирање, кај него утврдено е присуство на 1,41 промили алкохол во крвта по што е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 17.10.2025 ...

Денеска, ден пред одредениот датум за локалните избори, гласаат болните и немоќните, лицата во куќен притвор, затворениците. Во Охрид за гласање во домашни услови се пријавени 230 болни и немоќни лица. Вкупно евидентираните за гласање во избирачкиот список се 52 580 граѓани со право на глас. Утре ќе се гласа на 87 избирачки места, додека промени има на неколку. Во Дебрца гласаат 38 болни и изнемоштени лица, а вкупно во избирачкиот список се ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени. Од утре до вторник ќе преовладува претежно стабилно време, а во среда повторно се очекуваат локални врнежи ...

Ветувам работа, враќање на достоинството на Охрид и на охриѓани, отвореност, отчетност и искреност – без популизам и без манипулации, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата, Асен Шајн. На крајот од оваа изборна кампања чувствувам обврска да ви се обратам не само како кандидат, туку како човек кој живее со вас, ги дели вашите предизвици и се бори за истите вредности – правда, чесност и ...

Од вечерва на полноќ во Република Македонија стапува во сила предизборниот молк во пресрет на локалните избори 2025, кои ќе се одржат во недела. Молкот трае до затворањето на избирачките места, односно до 19 часот на денот на гласањето. Според Изборниот законик, за време на изборниот молк е забрането секое објавување или пренесување пораки со изборна содржина, вклучително и: Државната изборна комисија (ДИК) апелира до медиумите, учесниците ...

Вечерва стојам пред вас со гордост, со емоција и со истата онаа искреност со која пред 4 години ја добив вашата доверба. Тогаш ветив дека ќе го исправиме Охрид, дека ќе го вратиме достоинството на нашиот град и заедно го направивме тоа. Кога ја презедовме општината долгот изнесуваше 14 милиони евра. Сметките беа блокирани, јавните претпријатија пред колапс, а луѓето разочарани и без надеж. Но, ние не се уплашивме, ние не се жалевме, ние не ...

Пред одржувањето на завршниот предизборен митинг на Коалицијата “Твоја Македонија” вечерва Охрид, се одржа средба на претседателот на СПМ и членовите на Општинската организација на партијата во Охрид. На средбата присуствуваа претседателот Љупчо Димовски, потпретседателот Васе Анакиев, генералниот секретар Иван Митровски и членовите на претседателството Јовица Андовски и Оливер Миланов кои беа пречекани од претседателот на ОО СПМ – Охрид, ...

Денес во спортската сала “Билјанини Извори” се одржа ждрепка за групите на третиот по ред хуманитарен турнир во футсал “Ohrid Freed”. Турнирот во новото издание ќе се игра во четири групи по три екипи, секој со секого, и потоа по принцип на елиминации прво и второ пласираните ќе играат до самото финале, информира Тони Илијоски од организацискиот одбор. Тој ги запозна учесниците со правилата и прописите кои ќе важат на турнирот. Група А 1. ...

Едриличарската Федерација на Македонија ќе ја претставува нашата земја на 53-то Балканско првенство во едрење за олимписки класи и Оптимист, што ќе се одржи во Несебар, Бугарија. Настанот, во организација на Бугарската едриличарска федерација и Општина Несебар, ќе ги собере најдобрите едриличари од балканските земји кои ќе се натпреваруваат во класите Optimist, ILCA 4, ILCA 6 и Finn. Натпреварите ќе се одвиваат од 17-ти до 19-ти октомври. ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
42%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
8.23
53%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
37%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
55%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.72
78%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
44%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
65%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
25%
1012
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
8.23
69%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.63
32%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
100%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Калај

43.91

Бакар

10.65

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Цинк

0.00

Платина

61858.04

Родиум

358480.82

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51