Во периодот од 11 до 17 август Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 243 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарници и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани во повеќе градови низ државата, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена ...

Променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 29 степени. Утре во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер кој ќе продолжи и во недела и ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа ...

Македонија е држава што знае да ги почитува вистинските вредности и задоволство ми е што денес сум присутен меѓу вас. Словачкиот и македонскиот јазик потекнуваат од иста база, а „малите јазици“ прават вакви значајни дела и потребно е светот да ги слушне и дознае за нив, истакна денеска на прес-конференција добитникот на највисокото признание на меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата Иван Штрпка. Директорот на Фестивалот ...

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вечерва во Домот на поезијата во Струга почна 64-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Фестивалот за отворен го прогласи, покровителот на манифестацијата, претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова. Фокусирањето на глаголицата води 1160 години назад, кон старословенскиот јазик и огромната ...

Три натпревари се одиграа денеска на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“. Во попладневниот термин Партизан убедливо го совлада Киндил со 34:21, а Тимо Требње беше поуспешен од Динамо Панчево со 30:28. Во вечерниот термин се одигра големото македонско дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Во натпревар во кој двата тима настапија без повеќе стандардни играчи славеа битолчани со 28:23. Со овој пораз Вардар речиси целосно ги ...

Дополнителниот временски период кој ни е даден со одлуката донесена на 47-та сесија на Комитетот за светско наследство во Париз за зачувување на статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО не смееме да го сфатиме како некое одложување, туку како обврска и забрзана акција поради што почнавме да работиме многу брзо, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на третата седница на Националната комисија за УНЕСКО во Охрид. Денес на овој состанок ...

Моштите на Светите Зосим и Јаков во манастирот Тумане, денес по повод празникот посветен на светците, беа украсени со нови филигрански влечки и ракавици, дело на охридскиот занаетчија Михајло Филев, кој е и почесен конзул на Република Србија во Македонија. Филев вели дека му биле потребни три месеци да го создаде ова дело кое како што посочува го работел со голема посветеност за благослов на сите православни христијани и за сите луѓе во светот. ...

Бурни овации за европската премиера на „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски која вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ го затвори 65. „Охридско лето“. Изведбата на претставата, не само што се истакна со својата оригинална интерпретација на оригиналот на Софокле, реализирана на квадратно платно, туку понуди и уникатно искуство покажувајќи како театарот може да се спои со аудио-визуелната технологија ...

На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 19-годишно лице од с.Велешта, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на ...

На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 19-годишно лице од с.Велешта, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на ...

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма. Преку програмата имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности како концентрацијата, меморијата, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, ...

Во магичното предворје на црквата „Св. Софија“ од утре до недела ќе се одржи третото издание на „Охрид џез фестивал 2025“ во организација на Општина Охрид. Трите вечери ќе бидат исполнети со ритам, страст и врвна музика, велат од Општина Охрид. Утре љубителите на квалитетна музика ќе може да уживаат во настапот на Чалгија Саунд Систем (Етно Џез), следниот ден, 23 август, ќе настапи Павле Камилоски (класичен џез), додека третиот фестивалски ден, ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 год. која изнесува 65.328,00 денари е зголемена за 179,00 денари. Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 2.816,00 денари односно за 4,49 %, ...

Денес во Охрид, ќе се одржи третата седница на Националната комисија за УНЕСКО. За седницата ќе информира министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој воедно е и претседател на Националната комисија. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 47 сесија што се одржа во месец јули во Париз донесе одлука со која на Македонија и Албанија им се даде дополнително една година за спроведување на корективни мерки односно временска рамка за ...

64-тото издание на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата почнува денес со традиционалното садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2025 година истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка. На Фестивалот кој ќе трае до 25 август учество ќе земат 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, земјава и регионот. Свеченото отворање на ...

Продолжуваат натпреварите од Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Денес со почеток во 16:30 часот играат екипите на Партизан и Киндил, од 18:45 часот Динамо Панчево и Тримо Требње, додека во 21 часот играат екипите на Е.Пелистер и Вардар. По досега одиграните натпревари прва на табелата во група А е екипата на Охрид, додека во група Б екипата на Вардар. По нив следат екипите на ...

Од денес до недела, 24 август, на СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одржи 14-то издание на „Фер плеј купот“. Оваа година на турнирот ќе земат учество близу 120 екипи од 7 држави во 6 возрасни категории или над 2000 учесници. Сите фудбалски натпреварите ќе се играт на терените на СРЦ „Билјанини извори“, а финалните натпревари се закажани за недела, 24 август. „Фер плеј“ ги поканува сите љубители на спортот и фудбалот да дојдат да ги следат и да ...

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 31 степен. Утре и во сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Утре ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За ...

Екипата на Хотел Тино славеше неверојатно висока победа над Турист инжинеринг од 18:0, во вонредно ефикасната вечер на турнирот во мал фудбал Богородица куп во Волино. Резултати среда 20.08.2025 Хотел тино – Турист Инжинеринг 18:0 Мешеишта – Кутмичевица Вевчани 2:1 Аце Најдески – Лаз Бун 3:1 Оровник Танче Мирчески – Дејан Војвода 2:6 Турнирот продолжува во четврток со четири натпревари од фазата по групи. Распоред на натпревари четврток ...

„Гладијаторите“ вечерва во салата „Билјанини извори“ го надиграа белградски Партизан и сосема заслужено славеа победа 30:25. Охрид одигра одлично во првото полувреме, во кое оствари предност од 7 гола. Партизан во средината на вториот дел целосно резултатски се врати во игра, но избраниците на Борис Ројевиќ покажаа карактер и со одлична игра во двата правци ја вратија убедливата предност која ја задржаа до крај. Иванковиќ беше најефикасен во ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски заедно со инженерскиот тим оствари работен состанок со изведувачите и надзорот, а потоа изврши увид во работите долж трасата во изградба на автопатот Кичево-Охрид. Од теренскиот увид беше видлива раздвиженоста на трасата каде што изведувачите заедно со подизведувачите Гранит, Синохидро и Илинден работат засилено и со зголемено темпо. Во моментов се работи на сите ...

Најголемата музичко-сценска манифестација во земјава и регионот, фестивалот „Охридско лето“, годинава во рамки на јубилејното 65. издание на своите сцени ги донесе најдобрите уметници од областа на клaсичната музика и театарот, а настаните се одвиваа пред исполнети гледалишта и за нив се бараше билет повеќе, вели директорот Ѓорѓи Цуцковски. Воедно изрази задоволство од квалитетот на програмата, но и од посетеноста на сите уметнички доживувања ...

ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од акцијата за намалување на училишниот прибор. Владата на седница донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15% на маржата, во зависност дали е на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 58-годишно лице од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој ...

НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Целта на потпишувањето на Меморандумот е интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички. Спогодбата ја потпишаа директорот на НУ ...

Овде душата секогаш бара душа, овде љубовта своја песна си слуша, овде родот мој секому даде рака, ајде роде мој почни сам да се сакаш!… – дел од стиховите од новото патриотско музичко парче со наслов „Роде мој“ кое ги обедини сите учесници во проектот „Македонијо во срце те носиме“ и кое силно одекнува во срцето на секој Македонец како порака, потсетник и повик. „Роде мој“ е со потписот на маестро Николче Мицевски како автор на музиката и ...

На 19.08.2025 во 17:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Сретково, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 54-годишно лице од Охрид, удрило во бетонски потпорен ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката 52-годишнаа и сопатникот 25-годишен, двајцата од Охрид, додека со телесни повреди се здобиле возачот и уште една 18-годишна ...

Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец“ со која жителите ќе добијат поквалитетно водоснабдување, информираат од Општина Охрид. Наредната фаза од овој проект опфаќа реконструкција на атмосферската канализациона мрежа, нешто што долги години е претставува реален проблем за жителите. На крај ќе следува комплетно уредување на улицата со поставување на нов асфалт и реконструкција на тротоарските површини, ...

Втор ден од Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид. На програмата денес се три натпревари. Во 16:30 часот се среќаваат екипите на Киндил и Нексе. Туриниот продолжува со натпреварот помеѓу екипите на Е.Пелистер и Тримо Требње со почеток во 18:45 часот, додека од 21 часот играат екипите на ГРК Охрид и Партизан. На туриниот учествуваат осум екипи распоредени во 2 групи. Натпреварите ...

Дури 12 гола виде публиката на натпреварот помеѓу Инекс Олгица Хотел и Спа и АД Галеб. Речиси уште толку паднаа на преостанатите средби одиграни синоќа на турнирот во мал фудбал Богородица куп во Волино. Резултати вторник, 19.08.2025 Блу фиш – Дооел Ноче 2:4 Мартиник мебел – Чардак Велгошти 2:3 Инекс Олгица Хотел и Спа – АД Галеб 7:5 Гостилница Кај Мече – Македонија 1:0 службено Турнирот продолжува вечерва со четири средби од групната фаза. ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.72
72%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
10.07
80%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
87%
1002
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
10.8
88%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
94%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Рутениум

29192.88

Никел

473339.37

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Бакар

10.95

Злато

135056.24

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Сребро

1878.05

Калај

40.48

Паладиум

46425.68