Денеска стартуваа подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот. Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување. Во теренски увид на просторот каде што ќе се одвиваат ...

Ракометарите на Охрид во 3 коло од ЕХФ Европскиот куп ќе се сретнат со екипата на МРК Слога Добој од Босна и Херцеговина. Пред нас е важен натпревар против екипата на Слога Добој. Мора да влеземе максимално мотивирани и концентрирани. Ги почитуваме противниците, но ќе дадеме сè од себе за да победиме со што поголема разлика на домашен терен. Ги повикувам нашите навивачи да не поддржат во што поголем број, изјави ракометарот на ГРК Охрид, ...

Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот сончево со слаб ветер претежно од северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени. Во деновите од викендов времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има ...

ТППЕ Охрид – Пожарна и ДПД Ентузијаст Охрид во сабота, 15 ноември, ќе демонстрираат показна вежба во стариот дел на градот. Вежбата ќе се реализира на ул. „Коста Абраш” (Сараиште ) и ул. „Цар Самоил” (во близина на спомен куќата на Робевци). Истата ќе започне во 11:00 часот и ќе биде со времетраење од еден час. Во изведбата на вежбата ќе бидат користени безбедни зачадувања и звучна и стигнална сигнализација. Ве известуваме да не се ...

Општина Струга ги известува граѓаните во рок од 10 дена да ги отстранат сите времени објекти на кои согласно решенијата за поставување урбана опрема во тековната 2025 година, рокот им е изминат. Според информацијата, рокот почнува да тече од денеска, а се однесува на сите бараки, тезги, детски играчки, рекламен материјал, земјоделски производи, градежни материјали и слично. Граѓаните кои имаат зафатено јавна и сообраќајна површина на ...

Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне 15 степени. Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. ...

Ракометарите на Охрид забележаа значајна победа во дерби натпреварот од 12 коло од Супер лигата. Во прекрасна атмосфера вечерва во салата „Билјанини извори“ Охрид го совлада Алкалоид 28:24, полувреме 17:11. Екипата на Борис Ројевиќ влезе со исклучителна енергија во мечот. „Гладијаторите“ играа цврсто во одбраната и разновидно во нападот, што на Охрид му донесе предност од 6 гола на полувреме. Алкалоид силно тргна во вториот дел. Гостите за ...

Во петок, 14 ноември, во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ за најмладите ќе биде изведена веселата, интерактивна и едукативна претстава „Чувари на улицата“ од Изабела Јакимова. Претставата преку песна, игра и театар им ја доближува на најмладите важноста на безбедното однесување во сообраќајот. Децата ќе ги научат боите на семафорот и нивното значење, најважните сообраќајни знаци, како безбедно да ...

Општина Охрид ќе ги донира средствата од хуманитарните паркинзи за нашиот сограѓанин Ивица Попоски кој се бори со тешка хронична болест на бубрезите (стадиум 5) и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја подобри својата здравствена состојба. Секогаш сме тука да подадеме рака таму каде што е најпотребно. За таа цел средствата собрани од хуманитарните паркинзи ...

Во рамки на предвидениот план и програма за работа денеска четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ беа во посета на Општина Охрид. Младите гости и одделенските наставници ги прими градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на секретарот, Александар Китески. Тие ги информираа учениците за начинот на функционирање и надлежностите на локалната власт, за работата на општинската администрација и Советот на општината. Во пријатна атмосфера ...

Денес, во просториите на Општина Дебрца, беше извршено официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Зоран Ногачески и новоизбраниот градоначалник Златко Силјаноски. На средбата, во духот на демократските вредности и институционален континуитет, беше извршено примопредавањето, со што новоизбраниот градоначалник ја презеде одговорноста за раководење со локалната самоуправа на Општина Дебрца. ...

Од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да ја поседуваат пропишана зимска опрема, информираат од Министерството за внатрешни работи. Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За ...

Советот на Општина Охрид ја одржа втората седница. Советниците гласаа по 11 точки од Дневниот ред кои се однесуваа на решенија за формирање на општинските комисии. Дневниот ред беше дополнет со две точки кои се однесуваа на предлог одлука за констатирање на престанок на мандат на член во Советот на Општина Охрид и предлог одлука за верификација на мандат на член во Советот на Општина Охрид. Ова дополнување, како што беше посочено од страна ...

Од денес официјално започнуваат пријавите за јубилејното десетто издание на еден од најголемите спортско-рекреативни настани во Македонија – „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи викендот 5-7 јуни, 2026 година. „Охрид трчаТ“ слави 10 години постоење, инспирација, пријателства и незаборавни моменти што го претворија настанот во вистински симбол на заедништво, енергија и љубов кон трчањето и градот Охрид. Во изминатата деценија, низ улиците на нашиот ...

Охрид на мапата од големата балканска турнеја на првонаградени автори и поетски збирки во организација на Хрватското книжевно друштво. Настанот ќе се одржи во петок, 14 ноември, со почеток во НУ Библиотека „Григор Прличев”. Модератори на настанот се Милчо Јованоски и Веле Митаноски. Формален домаќин на нивниот престој и настап во Охрид е Здружението за култура и литература “Мацково” кое е организатор на Балканскиот поетски камп „Ванчо ...

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени. Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По ...

Нашиот сограѓанин Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите (стадиум 5) и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја подобри својата здравствена состојба. Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Доколку сте во можност да помогнете донациите ...

Пред нас е една тешка недела, каде имаме два тешки натпревари. Во среда ни доаѓа екипата на Алкалоид, квалитетна екипа која претендира да биде во врвот на македонскиот ракомет, изјави капитенот на ГРК Охрид, Гоце Ојлески. Имавме една утакмица со нив во првото коло, одигравме доста добар натпревар. Сега ќе играме нов натпревар, каде тие се подготвуваат да не победат. И ние истото го правиме, ги анализираме. Секако дека посакуваме победа. Ќе ...

И денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 14 степени. Од среда се очекува стабилизација на времето и престанок на врнежите. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до ...

На 09.11.2025 во 15:30 часот во ОВР Струга, 40-годишно лице од Охрид пријавило дека во село Мислешево, струшко, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од лице од с.Мислешево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. На 09.11.2025 во СВР Охрид е извршен службен разговор со 40-годишно лице од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 47-годишна партнерка ...

Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид. Советот го сочинуваат 13 членови меѓу нив претставници од Општина Охрид, претставници од СВР Охрид и професори од сообраќајна струка На седницатат беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, беше дискутирано за тековните активности поврзани со безбедноста на сообраќајот, состојбата со ...

Претседателот на општинската изборна комисија на Струга Минир Жута денеска му го врачи уверението на новиот градоначалник на општина Струга Менди Ќура. По тоа следуваше и примопредавање на функцијата од досегашниот градоначланик Рамис Мерко во општинската зграда. Ќура се заблагодари за поддршката и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани на Струга без разлика дали го дале својот глас за него и веднаш ќе почне со реализација на ...

Во среда, 12 ноември, официјално започнуваат пријавите за јубилејното десетто издание на еден од најголемите спортско-рекреативни настани во Македонија – „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи викендот 5-7 јуни, 2026 година. „Охрид трчаТ“ слави 10 години постоење, инспирација, пријателства и незаборавни моменти што го претворија настанот во вистински симбол на заедништво, енергија и љубов кон трчањето и градот Охрид. Во изминатата деценија, низ ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според одлуката ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава по цена од 74,5 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 76,5 денари, додека ЕУРОДИЗЕЛ 72 денари по литар. Цената на екстралесното масло за ...

На 09.11.2025 во 18:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано „Лабунишки ливади“, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 76-годишно лице од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР ...

Ракометарите на Охрид во рамки на 12 коло од Супер лигата во среда, 12 ноември, ја пречекуваат екипата на Алкалоид. Алкалоид е тежок противник, еден од тимовите кои ќе се борат за титулата оваа година. Максимално треба да влеземе во натпреварот и се надеваме на два бода. Сакаме да го одбраниме нашиот домашен терен, како и до сега оваа сезона, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Дарко Џукиќ. Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со ...

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во Охрид облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени. Локални врнежи ќе има и во вторник во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен, а долж ...

На 08.11.2025 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга, едно лице – сопатник во патничко возило „бмв“ го отворил прозорот и испукал еден проектил од пиштол во воздух, по што возилото продолжило кон Струга,информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата кои се превезувале во возилото и по целосно ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид на возраст од 55 и 30 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Двајцата, неовластено набавиле марихуана и кокаин и извршиле препакувања во помали количини, наменети за ...

Организацијата “SupportKocani” соопшти дека извршила втора распределба на средства на повредени во катастрофалниот пожар што се случи на 16 март во Кочани. Собрани се вкупно 10.944.793 денари од компании, здруженија, групни и хуманитарни акции. Од тие средства на име персонален данок на државата и се исплатени 1.094.493 денари, а останатите рамномерно се исплатени на 137 лица кои изразиле потреба од финансиска помош. Секое од нив доби 71.900 ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
41%
1013
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
5.66
56%
1016
weather icon

Загреб

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
36%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
5.36
75%
1018
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
48%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
23%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
29%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
7.72
70%
1018
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
41%
1017
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
100%
1012
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Злато

144593.23

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Родиум

353658.21

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Бакар

10.65