Белград
5ᴼ /
5ᴼ
Охрид, 29. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Музиката, културата и туризмот и годинава ќе се обединат на едно место, на летната сцена „Долни Сарај“ во преубавиот Охрид, каде денеска и утре, 29-ти и 30-ти август ќе се одржи 32. издание на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури“. – „Охрид фест“ не е само музички настан, туку и платформа за млади таленти и признание за големите имиња, но и силна алатка за промоција на Охрид и македонскиот туризам, вели ...
Охрид, 29. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Куќата на Робевци, вечерва од 20:30 часот ќе се одржи музички-звучен перформанс насловен Deep Dive: Задлабочено звучно истражување (Патување подалеку од мелодијата. Нуркање подалеку од хармонијата. Истражете ги неистражените длабочини на звукот). – Подгответе се за нуркање. „Deep Dive“ не е само концерт; тоа е аудитивно истражување на бездните на звучните можности. Оставете ги вашите очекувања на ...
Охрид, 29. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 30. степени. – Утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните ...
Охрид, 29. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила. На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите граничните ...
Охрид, 29. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православната црква денес го одбележува празникот посветен на Св. Јоаким Осоговски. Тој бил еден од македонските светители, кој се подвижувал во Македонија во XI век. Според преданието, бил соподвижник на светите Прохор Пчински, Гаврил Лесновски и Јован Рилски. Житието на свети Јоаким Осоговски сведочи дека тој се угледал на Игнатиј Богоносец „упатувајќи се како ѕвезда многусветла од запад кон исток, дојде во ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Марко Пејчиноски испиша историја, откако по повеќе месеци напорни тренинзи, по многу падови, повреди и искушенија, тој успешно го заврши модифицираниот Ironman триатлон. – Целта е постигната. Ironman триатлонот е успешно завршен. 7 часа и 47 минути трчање, 2 часа и 33 минути возење велосипед и 9 часа и 29 минути пливање. Ви благодарам на сите за поддршката, порача Марко по подвигот. Предизвикот ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Верни на традицијата, неколку илјади посетители, денеска го посетија селото Скребатно каде уште еднаш се помолија во храмот на Пресвета Богородица во чест на денот кој православните христијани го празнуваат во нејзина чест. Како што налага традицијата, за сите посетители на прекрасните падини над селото беше поделен традиционалниот ручек кој се служи во оваа црква. На празникот Успение на Пресвета Богородица ...
Струга/Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Двајца млади херои денеска пливаат во водите на Охридското Езеро, во чест на големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Марко Пејчиноски со модифициран Ironman триатлон, а младиот Јован Кутаноски исплива од Струга до селото Радожда. – Младиот Јован Кутаноски од селото Радожда, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, денеска ја исплива делницата од Струга до Радожда. Честитки до Јован и ...
Струга, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми август 2025 година, во 12:55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро бил пронајден починат 49-годишниот В.Т. од Битола. – Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено на семејството, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми август 2025 година, во 11:03 часот во СВР Охрид, било пријавено дека околу 09:00 часот во куќа на улицата „Беќир Али Риза“ во Охрид починал 66-годишниот С.Л. од Република Србија. – Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство. Според пријавеното на С.Л. му се слошило и паднал, при што веднаш била повикана Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро можеби поминува незабележано од бројни патници, но штом ќе здогледате неговите блескави води на сончев ден или ќе дознаете за неговата историја – езерото е старо речиси два милиони години – веројатно ќе сакате да испланирате патување таму што е можно поскоро, порача неодамна порталот Travel and Leisure за преубавиот Охрид, кого го вброи помеѓу 20-те најубави места во Европа. – Од планински ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Празникот Успение на Пресвета Богородица кој го чествуваат денеска православните верниви во Република Македонија е повод и за потсетување дека импозантната фреска на западниот ѕид на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид се смета за зачеток на европското ренесансно сликарство. Тања Велманс, истакната специјалистка по византиска уметност од Франција во својата книга „L’art de la ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повеќе месеци напорни тренинзи, по многу падови, повреди и искушенија, нашиот Марко Пејчиновски го започна најавениот модифициран Ironman триатлон. Предизвикот Марко го започнуа синоќва, стартна точка е Св.Наум и ќе трча до Струга, потоа со велосипед од Струга ќе се врати до Св. Наум и за крај со пливање ќе се упати кон Охрид. Ironman триатлонот е со вкупна должина од 107 километри. Марко вели целта зошто ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е со мотив од црквата Успение на Пресвета Богородица (Света Богородица Каменско), светицата чим празник, православните верници го одбележуваат токму денеска. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 11 ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Викендот помеѓу 28-ми и 29-ти август 1948 година, на покана на Австрискиот Алпинистички Клуб, во Вајлдер Кајзер за прв пат се собрале експерти за спасување на планина од алпските земји, со цел меѓусебна размена на искуства, знаења и техники. На овој значаен собир, било иницирно формирање на Меѓународна организација за планинско спасување, која во 1955 година го добива името Меѓународна Комисија за Алпско ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – „Време, вода, наследство: Охрид“ е насловен новиот, динамичен документарец за 70 години Охридски пливачки маратон – спорт што ја мери човечката издржливост, волја и амбиција. По сценарио и режија на Илија Пиперкоски, филмот преку ретки архивски материјали и нови интервјуа со легендите Дики Бојаџи, Теодора Раптис, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев, и 11-кратниот победник Петар Стојчев, ја реконструира ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го слават Успението на Пресвета Богородица или Голема Богородица, значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешниот празник Успение на Пресвета Богородица во кругот на обновената црква во селотo Скребатно се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века. Тоа е голем црковно-народен собир посетен од 7-8 илјади домашни и гости од странство, на кој во кругот на обновената црква „Св. Богородица“ се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе. Необично во целата ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православната Црква на 28-ми август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае Нејзиниот ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат 17 години од уривањето на авионот „Цесна 172“ кај селото Скребатно, во близина на Охрид во која загинаа четири лица, а беше повредено и едно малолетно девојче. Авионот во сопственост на „Скопје-ер“ фрлал летоци токму на овој ден, кога во Скребатно има неколку илјади луѓе кои масовно секоја година го одбележуваат празникот „Успение на Пресвета Богородица“, во народот познат како Голема ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 29. степени. – Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните ...
Охрид, 28. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмори, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Забрана за движење на тешки товарни возила: Од 1. јули до 31-ви ...
Охрид, 27. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од Ohrid Water Festival, неодамна успешно се одржа третата по ред Меѓународна веслачка регата. Настанот, во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид, собра на едно место клубови од Република Македонија – ВК „Црн Дрим“ и ВК „Врбник“ од Струга, ВК „Галеб“ од Земун и ВК „Зренекс“ од Зрењанин, Србија и ВК „Черпоков“ и ВК „Хеброс“ од Пловдив, Бугарија. – Регатата започна со посебна, емотивна ...
Останува уште само еден месец за да го искористите ова лето до максимум. Па така доколку сѐ уште не сте биле, август е вистинското време да се упатите кон нашите најпопуларни летни дестинации, Охрид и Струга. Со друштвото или сами важно е да уживате во сѐ она што има да го понуди оваа сезона. Токму затоа за вас направивме едно љубопитно истражување и успеавме да собереме мислења за најпопуларните места што ги нудат овие дестинации до крај на ...
Скопје/Охрид, 27. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми август 2025 година, во 02:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Центар, било опожарено патничко моторно возило марка „Фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице. – Од огнот биле зафатени и патнички моторни возила марка „Шевролет Авео“ со охридски регистарски таблици, во сопственост на М.И. (21) од Охрид, „Фиат пунто“ со скопски регистарски ...
Охрид, 27. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Алпинистички клуб „Патагонија“ од Охрид, во соработка со Македонска алпинистичка федерација и Национален парк Галичица, во јули и првата половина на август ги финализираше теренските активности за уредување на нов локалитет за качување на сува карпа. Локалитетот е сместен над познатото излетничко место Корита, на надморска височина од 1600 м, во стара букова шума. – Со својата западна експозиција нуди ...
Струга, 27. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Празникот Голема Богородица во Струга оваа година ќе се прославува на древното светилиште кај Параклисот Воведение Богородично. – Ве повикуваме сите заедно да ја прославиме Божјата Мајка, онака како што доликува на нејзините верни чеда. Оваа година нашата должност кон неа е уште поголема, бидејќи таа после долго време нѐ собра повторно онаму каде што со векови се прославувала таа како Богомајка и Родителка ...
Охрид, 27. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – По месеци напорни тренинзи, по многу падови, повреди и искушенија, нашиот Марко Пејчиновски ќе го реализира најавениот модифициран Ironman триатлон. Предизвикот Марко го започнува вечерва, стартна точка е Св.Наум и ќе трча до Струга, потоа со велосипед од Струга ќе се врати до Св. Наум и за крај со пливање ќе се упати кон Охрид. Ironman триатлонот е со вкупна должина од 107 километри. Марко вели целта зошто ...
Охрид, 27. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – За тоа како се славеше некогаш во Охрид големиот православен празник посветен на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) и за многу други интересни моменти поврзани со одбележуавњето, охриѓанецот Ѓорги Љатко објави интересен текст во популарната Facebook група „Муабети од Охрид и околината.“ Како беше за Богоројца? Ко денеска еден ден пред празникот одев со баба ми во Богоројца Каменско. Таму имаше ...