Белград
5ᴼ /
5ᴼ
Охрид, 3. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за локален дожд. Ќе дува умерен, западен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 27. степени. – Денеска и утре времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на ...
Охрид, 3. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Забрана за движење на тешки ...
Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го објавува комплетниот список на пријавени кандидати во општините Охрид и Дебрца за престојните локални избори 2025 година, откако синоќа на полноќ истече рокот предвиден за пријавување на независни кандидати за градоначалници во општините и советници. За Општина Охрид за функцијата градоначалник пријавен е Гоце Цветковски, додека за совет, во текот на денешниот ден пристигнати се поднесоци од ...
Струга, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пет независни кандидатури за градоначалници и три советнички листи се поднесени до подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Струга, информираат од комисијата за Супер радио и OhridPress. Имиња не откриваат, но се претпоставува дека меѓу пријавените се дел од лицата кои изминатиов период најавија кандидатури за прв човек на градот, како на терен со граѓаните, така и на социјалните мрежи. ...
Скопје/Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја известуваат јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30-ти септември 2025 година и ги повикуваат граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Од Министерството ја потсетуваат пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена ...
Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска- Давкова, утре, на церемонија што ќе се одржи на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ Плаошник, во Охрид, ќе се обрати и ќе го врачи признанието „Инженерски прстен 2025“. Признанието им се доделува на најуспешните студенти коишто дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини на четирите државни универзитети. „Инженерски ...
Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 4-ти септември 2025 година, во периодот од 00:00 до 07:00 часот, на подрачјето на охридското село Шипокно, ќе се одржи регионална обука за зајакнување на капацитетите на полициските тимови кои работат со службени кучиња. – Целта на обуката е јакнење на капацитетите на припадниците на единицата за службени кучиња во управување и работа со службени кучиња при мисии и операции на тешко ...
Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот спортски херој Марко Пејчиновски, кој минатата недела успешно го совлада Ironman предизвикот долг 107 километри. Градоначалникот Пецаков упати искрени честитки за неговиот подвиг, кој претставува голем спортски успех во историјата на Охрид, имајќи во предвид дека истиот е постигнат од толку млад човек. Со цел да го ...
Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓаните Љупчо Паункоски и Томе Љушев – Шпанец освоија дипломи за нивните краткометражни филмови на 85. меѓународен фестивал UNICA што се одржа во Бирмингем, Англија. Во конкуренција на 80 краткометражни филмови од 24 земји, Паункоски учествуваше со документарниот филм „Киното Охридско Езеро“, додека Љушев со „Страсна недела-Бигорски манастир“. Покрај нив двајца, меѓу македонските претставници беше и ...
Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во новата учебна година во Охрид првпат во училишните клупи седнаа 433 ученици, односно три помалку во однос на лани, а вкупниот број на основци е 4 342. „Белата чума“ веќе подолг период наназад го прави своето и за жал секоја година во Охрид, но и целата држава имаме сѐ помалку деца во училишните клупи. Па, така во учебната 2023/2024 биле запишани 456 првачиња, бројка за 83 помала во однос на 2022/2023 ...
Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Истече рокот предвиден за пријавување на независни кандидати за градоначалник и советници на престојните локални избори. Од подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Охрид за Супер радио и OhridPress информираат дека за Охрид поднесени се една кандидатура за градоначалник и четири за советнички листи, додека за Општина Дебрца има по еден поднесок за градоначалник и совет. Листите на ...
Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...
Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Забрана за движење на тешки ...
Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Свети пророк Самуил. Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и штом наполни три години Му Го посвети на Бога. Самуил ...
Охрид, 2. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северoзападен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 32. степени. – Во среда ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален дожд и грмежи. Изолирана појава на нестабилност ќе има и во четврток, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај) извор: УХМР ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 5-ти септември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во предворјето на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав Билјана. – Ова година по тринаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наши гости оваа година се Емилија Колоска и Стефан Петрески, порачуваат организаторите. Билетите за овој ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид, денеска се одржа пригодна свеченост по повод првиот училишен ден. Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, кој присуствуваше на настанот упати најубави желби за успешен почеток на новата учебна година. – Сите вие сте една нова генерација што ќе испише нови приказни, големи успеси и ќе остави траен печат во образованието во Охрид. Локалната ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишно лице од охридското село Косел, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. – Полициски службеници извршиле контрола на едно лице од Охрид, при што пронашле и одзеле марихуана која ја набавил од пријавениот, информираат од СВР Охрид. ...
Скопје/Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Свечена изјава пред отпочнување на вршењето на функцијата претседател на Основен суд Охрид денеска даде судијата Бојан Мартиноски. По спроведеното вонредно оценување на неговата работа, за периодот 1. јануари 2023 до 31-ви декември 2024 година Мартиноски добил вкупно 200 бодови како средна оценка, со добиени 200 бодови за 2023 година и 200 бодови за 2024 година. Кандидатот беше избран со 9 гласови ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Веќе полни 24 дена поминаа од трагичниот настан во Охридското Езеро, кога во близина на заливот кај селото Трпејца, исчезна бугарскиот нуркач Илија Иванов Танчев. – Во текот на изминатите денови се води интензивна потрага со подводен дрон на локацијата каде последен пат влегле во длабочината нуркачите. Се предпоставува дека телото на исчезнатиот нуркач би требало да биде на длабочина од 80 до 100 метри, но ...
Струга, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – До подрачното одделение на Државната изборна комисија во Струга поднесени се три независни кандидатури за градоначалник и една за советничка листа, информира за Супер радио и OhridPress претседателката Арбена Дика. Имиња не се откриваат, но се претпоставува дека меѓу официјално пријавените се наоѓаат имињата на дел од оние кои изминатиов период најавија кандидатури за прв човек на градот, како на терен со ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 3-ти септември 2025 година, во Струга ќе се одржи концерт на Trio Dolce. На програмата се дела од Piazzolla, Brahms, Gaubert, Prokopiev и Farrenc, а ќе настапат Светлана Богданоска Ристоски на флејта, Андријана Дукоска на виолончело и Марија Шамоска Буџаковски на пијано. Концертот ќе започне во 20:00 часот во фоајето на Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга, а влезот за сите ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Училишното ѕвонче денеска го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици во Република Македонија. Настава ќе има до 10-ти јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15-ти мај. Охридските основни и средни училишта подготвени го дочекаа стартот на учебната година во која за првпат во училишните клупи седнуваат над 420 првоодделенци. Од денес ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска на полноќ истекува рокот за пријавување на кандидати, а според последните информации, има пријавени и дополнително заинтересирани лица за учество на престојните локални избори. Има заинтересираност, повеќе кандидати се јавуваат и се интересираат за условите, но нема нови пријавени учесници на локалните избори, информираа вчера за Супер радио и Ohridpress од подрачното одделение на Државната изборна ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен западен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 27. степени. – Од денеска ќе преовладува претежно стабилно и потопло време, освен во среда, кога ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај) извор: УХМР com ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Забрана за движење на тешки ...
Охрид, 1. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Свети маченик Андреј Стратилат. Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијците го загрозија со војска римското царување, на Андреј му беше доверена војска во борба против непријателите. Во таа прилика, го произведоа за војвода, односно стратилат. Бидејќи беше ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пограничната полиција од градот Корча во Албанија му пружи помош на македонски параглајдерист кој вчера за време на силното невреме бил однесен на албанска територија. – Веднаш по добиената дојава, полициските служби реагирале брзо и професионално, успеале да го лоцираат и да обезбедат негово спасување, објави порталот 4news.mk. Според соопштението на Дирекцијата за миграција и граница во Корча, информацијата ...
Охрид, 31. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Популарните охриѓани Броз и Марама со новата песна „Сокаци тесни“ го освоија првото место од стручното жири на синоќешното, 32. издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“. – Голема благодарност до сите што не’ поддржаа и гласаа за нас, порача познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски, кој е комплетен автор на песната. Овие тесни сокаци, чуваат тајни скриени Оваа темна ...