Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Охрид, 26. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид со итен апел за помош на семејство од село Подмолје, чија семејна куќа целосно изгоре во пожар. Пожарот целосно го уништи нивниот дом, оставајќи двајца пензионери без покрив над глава и без основните услови за живот. На семејството итно му се потребни финансиски средства, како и градежен материјал за реновирање и обнова на целосно опожарениот дом. – Ги повикуваме сите хумани граѓани, ...
Охрид, 26. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Одличниот Ed Sheeran го издаде новиот албум „Play“, кој е првиот од новата пенталогија на албуми инспирирани од симболите на медиумските копчиња, а следните се насловени како „Pause“, „Fast Forward“, „Rewind“ и „Stop“. Тој е еден од најпродаваните музички уметници на сите времиња, освојувајќи бројни награди, вклучувајќи Grammy. Публиката ја освои со искрените текстови, мелодичните композиции и способноста ...
Охрид, 26. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија снимена на денешната улица „Димитар Влахов“ пред многу години, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. (Крај) ...
Загреб, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот кога го одбележуваат јубилејот од 50 години активност, „Парни ваљак“, еден од најдолговечните бендови на овие простори, го објавува својот нов студиски албум со наслов „Kažu pčele umiru“. Изданието е достапно на дигиталните платформи, а од 25 ноември може да се набави и на CD и винил, во издание на Croatia Records. Новиот албум за „Парни ваљак“ претставува и прво студиско издание во новото ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот ресторан „Браво“ испраќа покана до сите. За прв пат кај нас, вечер со легендарната поп-рок група Валентино во петок на 28 ноември по 21.00 часот. – Да се потсетиме на песните со кои растевме, а растат и денес новите генерации: „Волим те још“, „Ока твоја два“, „Само склопи окице“, „Без тебе“ и сите останати незаборавни хитови на групата која во петок со охриѓани ќе има ноќ на чиста емоција и ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Албумот го претстави во август со синглот „Il mio giorno preferito/Mi día preferido“, а деновиве беше објавена и втората песна „L’Aurora“, во дует со прекрасната Alicia Keys. Одличниот Eros Ramazzotti се враќа на музичката сцена со „Una Historia Importante“, албум што ги обединува старите емоции со нови, одлични музички поглавја и го прикажува пејачот позрел и поемотивен од кога било. Ова е 16 студиски ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Гого Реквием и неговиот „Реквием бенд“ продолжуваат со промовирање на песните од новиот албум. По „Не се предавај“, во година во која бендот слави 30 години постоење, и баладата „10 години“, на публиката тие и’ го подаруваат и новиот сингл „Посилни од се’“. Од групата велат дека новиот материјал го посветуваат на нивната стара и нова публика што ги следи сите овие години на нивните свирки. – Иако сме ...
Охрид, 26. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта.Градско пристаниште’ Денешната доза е снимена утрово кај Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 26. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 дена, пред големиот празник Рождеството Христово Божиќ, на 7-ми јануари. Православната црква запишала дека Божиќниот пост е востановен за верниците да можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, ...
Охрид, 26. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секоја година, на 26 ноември (некои го одбележуваат и на 20 јули), се одбележува Меѓународниот ден на тортата, кој ја слави глобалната култура на храна што се развила околу овој едноставен, но толку посакуван десерт. Тортите најчесто се поврзуваат со прослави и споделувања на убави моменти во многу различни култури. Тие се безвременски, бидејќи трансформираат навидум обични состојки во моменти на ...
Охрид, 26. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени. – Под влијание на циклонска активност од денес до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на ...
Охрид, 26. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24 септември 2025 година започнаа ...
Охрид, 26. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Св. Јован Златоуст. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13-ти ноември. Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа. По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за образование и наука (МОН) на Република Македонија известува дека од денеска е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови каде што останале слободни места по завршувањето на првиот конкурс. Во објавата на веб-страницата на МОН е наведено дека слободни места има во државните студентски домови „Кочо Рацин“ во Битола, „Томе Стефановски Сениќ“ и ...
Охрид, 25. нопември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска почина познатиот спортски работник и фудбалски судија од Охрид Димче Стојкоски-Лепи, објавија од неговото семејство. – Следниот фудбалски меч суди го во рајот на твој посебен правичен начин, порача во емотивната порака неговиот син, Љупчо Стојкоски Лепи. Во родното Белчишта ја открил убавината на фудбалот, за потоа во периодот од 1961 до 1970 година да игра во охридските фудбалски клубови ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 24 ноември 2025 година, во 18:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишно лице и мотоцикл управуван од 55-годишник, двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 24 ноември 2025 година, во 19:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба било донесено 33-годишно лице од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починало. – По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поголема количина риби, најверојатно белвици, се исфрлени над охридското „Стрелиште“, стои во дописот до Супер радио и OhridPress, со кој се испратени и соодветни фотографии. – Има најмалку 20-тина килограми. Можеби некој ги исфрлил ако се стари и расипани, или можеби некој се „ослободил“ набрзина од нив, во обид да не биде фатен во нелегален посед, стои во дописот. Апелираат да се отстранат за да не се ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со одлични резултати се вратија стрелците од двата охридски клубови од четвртиот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма, а доминираа младите учесници. На Купот учествуваа околу 60-на стрелци од сите клубови во државата во дисциплините воздушна пушка и пиштол 10м. Во дисциплината воздушен пиштол јуниори најуспешен беше Иван Милевски од СК „Охрид“ со изедначен личен рекорд од 547 кругови. ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Време е за Black Friday Days во Кармен Бауцентар – Охрид со намалување на цените на целокупниот асортиман од дури 70%. – За одредени производи и артикли нудат и посебно поволни цени. Станува збор за производи од познатите брендови: Black & Decker, Stanley, Bosch Professional & Home and garden, Ideal Standard, Grohe, Clever, Minotti, Marazzi, Swiss Krono, Erkado, GTX: Graphite, Neo Tools, Topex, ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридската публика утре, 26 ноември 2025 година, ќе има можност да ја проследи новата претстава „Заљубени изгубени“, на аматерското драмско студио „Престиж“, при Дом на култура „Драги Тозија“ од Ресен. – Овие талентирани млади актери за прв пат ќе зачекорат на театарската сцена во Охрид и ќе ја раскажат својата приказна која ќе допре до сите, информираат организаторите. Претстави ќе има со почеток од ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пет апликации за највисокото општинско признание, наградата – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” и 10 за повелбите пристигнале до Општина Охрид по објавените конкурси за 2025 година. Комисија ќе ги разгледува пристигнатите предлози и ќе треба да донесе одлука за добитниците најдоцна до 7- ми декември, информираат за Супер радио и OhridPress од локалната. Конкурси за доделуавање на награда и повелби се ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Отворен зелен телефон на кој граѓаните ќе може да пријавуваат сите проблеми и недоследности во собирањето на селектираниот отпад, информираат од ЈП „Охридски комуналец“. На истиот ќе може да се постават прашања поврзани со воспоставувањето на системот за примарна селекција на отпад во Охрид. – Засега селекцијата е започната на улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – По изведбите во неколку македонски градови, монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” по текст на Јордан Плевнеш и во Охрид. Монодрамата е во изведба на артистот Петар Темелковски, а ќе се одржи на 27-ми ноември во Центарот за култура „Григор Прличев“. Влезот ќе биде слободен. Оваа година се одбележуваат 1.540 години од раѓањето на големиот римски император, а Охрид организира културно-духовна ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на патот кон селото Велестово. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени. – Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24 септември 2025 година започнаа ...
Охрид, 25. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го празнуваат Свети Јован Милостив, патријарх Александриски. Роден е на островот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но, по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот ...
Охрид, 24. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Покрај дрвото кое падна во центарот на градот, на кеј „Македонија“, во петокот, во населбата „Даљан“, на улицата „Сатеска“, падна голем, десет метарски бор. – Дрвото падна врз паркирано возило и за цела среќа во моментот тука не поминувале пешаци, затоа што станува збор за место каде често се движат жителите на околната зграда со три влеза, инаку ќе имаше и човечки жртви, стои во дописот до нашата ...
Охрид, 24. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 73 став 7 од Статутот на Општина Охрид, Локалното младинско собрание на Општина Охрид објавува Јавен повик за членови во локалниот Младински совет на Општина Охрид. Општи информации: За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики објавен во Служен весник на РМ бр. 10 од ...