Турското обвинителство издаде наредба за апсење на 36 лица, меѓу кои е и градоначалник на општина во Анкара од редовите на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), во рамки на истрага за наводно поткупување и местење тендери. Според турските власти, полицијата досега привела 27 осомничени, додека потрагата по останатите лица опфатени со наредбата продолжува. Меѓу осомничените е и градоначалникот на општина Чанкаја, Хусеин Џан ...

Две патнички возила се оштетени во пожар што вчера попладне избувнал на тревна површина во близина на паркинг простор на улицата Петре Прличко во Велес, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Велес, а пожарот избувнал околу 13:30 часот. Огнот од тревната површина се проширил до паркингот, при што биле оштетени патничко возило „Тојота“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на ...

Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат повеќе средства за капитални инвестиции, кои ќе бидат насочени кон изградба на патишта, железници, училишта, водоводи и други инфраструктурни проекти низ државата, изјави денеска на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска. Според неа, капиталните инвестиции со ребалансот се зголемуваат за 5,8 милијарди денари и ќе достигнат вкупно 45,9 милијарди денари, што претставува раст од ...

Бројот на загинати во двата катастрофални земјотреса што ја погодија Венецуела се искачи на 4.118, соопшти претседателот на Народното собрание, Хорхе Родригез. Според официјалните информации, во земјотресите што ја погодија земјата на 24 јуни се повредени 16.740 лица, додека 17.907 жители останале без своите домови. Двата силни потреса, со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, најтешко ги погодија главниот град Каракас и ...

Спроведените евалуации на високообразовните институции во земјава покажале неправилности во работењето кај дел од нив, поради што ќе следуваат одземање на акредитации и затворање на установите што нема да ги отстранат утврдените недостатоци во законски предвидениот рок. Ова денеска во Охрид го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска посочи дека, за разлика од претходните години, ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата во најкраток можен рок ќе преземе мерки кон трговците кај кои е утврдено зголемување на трговските маржи, откако ќе биде финализирана анализата за цените на околу 600 до 700 производи. Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во реконструкцијата на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Мицкоски информираше дека наскоро во Министерството за економија и труд ќе се одржи состанок со ...

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, денеска извршија работна посета на Охрид, каде извршија увид во повеќе тековни градежни активности. Во рамки на посетата, владината делегација ја посети охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, каде е во тек целосна реконструкција на ...

Во минатото, нештата беа барем почесни во својата грдотија. Ако системот беше трул, тој и си мирисаше на таа трулост. Вкусот на мувлата во институциите доаѓаше природно, од влажните ѕидови на старите згради и канцелариите во нив, од трошните бироа, од сивилото и прашината на една очигледно застарена бирократија. Човек знаеше точно каде влегува и со каков противник си има работа. Таа административна рамка тогаш делуваше како цврста и ...

Бизнисменот Трифун Костовски, кој е обвинет во случајот поврзан со затворената Еуростандард банка, деновиве престојува во хрватското летувалиште Ровињ. Фотографии од Ровињ на социјалните мрежи објави неговата сопатничка Јасна Петков Костовска, која го прослави својот 52. роденден. „52 🥂 Прекрасен незаборавен ден… Ви благодарам на сите мои прекрасни драги пријатели за вашите прекрасни мисли и желби… Со најголеми поздрави од прекрасниот Ровињ… ...

Принцот Арчи и принцезата Лилибет, децата на принцот Хари и Меган Маркл, по четири години повторно се сретнаа со својот дедо, британскиот крал Чарлс Трети. Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс и кралицата Камила во петокот, 10 јули, ги угостиле принцот Хари, Меган Маркл и нивните две деца на приватна семејна средба. Средбата се одржала во Хајгроув Хаус, приватната селска резиденција на кралот во Глостершир, Англија. Од палатата ...

Трите станови од предметот „Плацеви на Водно“, кои со судска одлука се одземени од имотот поврзан со поранешниот премиер Никола Груевски, повторно се понудени на јавна продажба. Агенцијата за управување со одземен имот објави нов оглас за продажба на недвижностите лоцирани на Водно, откако претходниот обид за нивна продажба не заврши успешно. Според објавените податоци, два од становите имаат површина од околу 200 квадратни метри, со ...

Македонија се очекува да биде меѓу европските земји со највисок економски раст во наредните години, покажуваат најновите долгорочни прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои ги пренесува „Еуроњуз“. Според проекциите за периодот од 2027 до 2031 година, македонската економија би требало да бележи просечен годишен раст од 3 проценти, со што земјата се рангира на седмото место во Европа според очекуваното темпо на економски развој. ...

Македонија се очекува да биде меѓу европските земји со највисок економски раст во наредните години, покажуваат најновите долгорочни прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои ги пренесува „Еуроњуз“. Според проекциите за периодот од 2027 до 2031 година, македонската економија би требало да бележи просечен годишен раст од 3 проценти, со што земјата се рангира на седмото место во Европа според очекуваното темпо на економски развој. ...

Бизнисменот Трифун Костовски, кој е обвинет во случајот поврзан со затворената Еуростандард банка, деновиве престојува во хрватското летувалиште Ровињ. Фотографии од Ровињ на социјалните мрежи објави неговата сопатничка Јасна Петков Костовска, која го прослави својот 52. роденден. „52 🥂 Прекрасен незаборавен ден… Ви благодарам на сите мои прекрасни драги пријатели за вашите прекрасни мисли и желби… Со најголеми поздрави од прекрасниот Ровињ… ...

Полициски службеници од ОВР Прилеп ноќеска лишиле од слобода 43-годишен државјанин на Словенија, откако, според информациите од Министерството за внатрешни работи, го симнал и го запалил знамето на Општина Прилеп. Од МВР информираат дека инцидентот се случил во 01:05 часот пред зградата на Општина Прилеп. „На 11.07.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда во Прилеп го лишија од слобода П.Ј. (43) од ...

Страшна авионска несреќа ја потресе туристичката дестинација Бахами, откако мал патнички авион се урна кратко по полетувањето, при што загинаа сите 10 лица што се наоѓале во него. Според бахамските власти, авионот на компанијата „Flamingo Airlines“ полетал од Меѓународниот аеродром „Линден Пиндлинг“ во близина на главниот град Насау, но веднаш по полетувањето се појавиле технички проблеми. Леталото почнало да губи височина, се урнало во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ѝ наредил на американската армија да биде подготвена за напади врз Иран доколку Техеран се обиде или изврши атентат врз него. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп тврди дека се преземени конкретни воени подготовки во случај на такво сценарио. „Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да ...

Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека парламентарното мнозинство е проширено и дека пратеничката група сега брои 59 пратеници, откако беше потпишан Договор за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека договорот претставува доказ за, како што велат, зголемената доверба, демократскиот капацитет и коалицискиот потенцијал на ...

Повеќе скопски населби и неколку општини денеска ќе останат без вода поради дефект на главната водоводна мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне од 09:00 часот, а без вода ќе бидат дел од корисниците во Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека причината за прекинот е уличен дефект на водоводна цевка со ...

Заложничката драма во супермаркет во Берлин влезе во 11-ти час, а германската полиција и натаму со максимална претпазливост се обидува да ја разреши кризата без жртви. Според најновите информации што ги соопштија германските власти и полицискиот портпарол Штефан Петерсен-Шуман, специјално обучени полициски преговарачи успеале да воспостават директен контакт со киднаперот, а разговорите се во тек. Од полицијата, од тактички причини, не ...

Сончево и многу топло време со температури до 37 степени се очекува денеска низ Македонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а ќе има само мала локална облачност. Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. ...

Шпанија ќе игра против Франција во полуфиналето на Светското првенство, откако по голема битка ја совлада Белгија со 2:1 во Инглвуд. Натпреварот долго време изгледаше како да оди кон продолженија. Шпанците поведоа преку Фабијан Руиз, Белгија возврати со Шарл Де Кетелаере, а херој на вечерта стана Микел Мерино со голот во 88. минута. Белгија бараше пенал, Оливер остана нем Најконтроверзниот момент се случи во 62. минута. По центаршут од левата ...

Времето утре, сабота, 11 јули, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 11 до 38 степени. Следува период на претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во недела се очекува локален развој на нестабилна облачност со ...

Првото полувреме од четвртфиналето меѓу Шпанија и Белгија донесе сè што може да посака еден неутрален навивач – темпо, шанси, големи интервенции и два гола. По првите 45 минути во Инглвуд резултатот е 1:1, а патникот во полуфиналето ќе се решава во вториот дел. Белгијците доживеаја шок уште пред почетокот на натпреварот. Капитенот Јури Тилеманс се повреди на загревањето и мораше да отпадне од составот. На негово место влезе Ханс Ванакен. ...

Сонот на Новак Ѓоковиќ за рекордната 25. грен слем титула заврши во полуфиналето на Вимблдон. Светскиот рекет број 1, Јаник Синер, одигра речиси совршен меч и со 6-4, 6-4, 6-4 го елиминираше седумкратниот шампион на лондонската трева. Уште од првите гемови беше јасно дека Италијанецот е побрз, посвеж и поконкретен. Ѓоковиќ се обидуваше да остане во ритам, но не успеваше да воспостави контрола во долгите размени. Еден брејк беше доволен Првиот ...

Eден од двајцата уапсени членови на криминалната група Беланоца уапсени во Драч, во акција на македонската полиција и Интерпол, бил баран за убиство на офицер на АРМ, јавува Телма во сопствен прилог. Џавит Муса со години бил во бегство и се бараше за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои и убиството на офицерот на АРМ Агим Муареми во Батинци. Тој бил осомничен за уште едно убиство во Батинци во 2024 година, а според истрагата, ликвидацијата ...

Една германска диско-песна од 1979 година, која во Советскиот Сојуз не можела официјално да се купи и со години била опкружена со митови за цензура и забрани, денес е неофицијалната музичка химна на Ерлинг Халанд. Песната „Москау“ на западногерманската група „Џингис Кан“ доби нов живот како „Халанд (Ха ха ха)“, а во текот на Светското првенство во 2026 година стана еден од најпрепознатливите звуци на социјалните мрежи, навивачките видеа и ...

Поранешната британска министерка и долгогодишна пратеничка Ен Видикомб беше пронајдена мртва во својот дом на југот на Англија. Полицијата отвори истрага за убиство и уапси 26-годишен осомничен. Полицијата на Девон и Корнвол соопшти дека мажот бил приведен во Њутн Абот и останува во притвор додека трае истрагата. Видикомб имала 78 години и, според полицијата, претрпела сериозни повреди пред да биде пронајдена мртва во местото Хејтор, на работ ...

Необична и чувствителна пресуда ја потресе Српската православна црква. Окружниот суд во Љубљана го прогласи патријархот Порфирије за виновен за злоупотреба на работното место и му изрече условна казна од четири месеци затвор со една година пробен период. Покрај тоа, судот изрекол и условна парична казна од 10.000 евра. Пресудата е резултат на спор што трае повеќе од една деценија меѓу поранешниот љубљански свештеник Жељко Лубарда и ...

Намалување на бројот на сообраќајни несреќи во однос на лани, наплив на прекршоци за возење со енормни брзини по автопат во летниот период, но и зголемена свест кај возачите за возење под дејство на алкохол, покажале податоците од јануари до сега со кои располага полициската станица со општа надлежност во Гевгелија. Според информацијата за безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Гевгелија, презентирана на денешната ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.87
25%
1011
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
1.61
39%
1013
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
3.18
40%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.63
31%
1013
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.18
33%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.42
66%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
3.13
40%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.01
19%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.8
27%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.13
50%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
3.13
40%
1014
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 26ᴼ
2.79
53%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Рутениум

53852.50

Злато

137126.15

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Сребро

2005.37

Калај

56.77

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Родиум

278103.96