Кога влегла во вилата по заминувањето на гостите, сопственичката затекнала сцена како по дивa забава – мебел во базенот, купишта ѓубре, празни шишиња и лименки, валкани соби и оштетен инвентар. „И повторно Англичани“, напишала инфлуенсерката покрај видеото што го објави на социјалните мрежи, а снимката за кратко време стана вирална. Според хрватските медиуми, вилата ја изнајмила група британски туристи кои неколку дена престојувале во Новаља ...

Kонтроверзниот американски рапер Кање Вест викендов престојуваше во Тирана, каде што пред својот концерт се сретна со албанскиот премиер Еди Рама. Средбата се одржа во владината зграда, а Рама подоцна на социјалните мрежи објави снимки од концертот, кој го оцени со „пет ѕвезди“. Настанот предизвика силни реакции во Албанија, бидејќи се случува во период кога владата се соочува со најголемиот бран протести во последните години. Концертот и ...

На 88-годишна возраст, кога зад себе има повеќе од шест децении филмска кариера, два „Оскари“ и десетици незаборавни улоги, Сер Ентони Хопкинс отвора сосема ново поглавје. Легендарниот британски актер го објави својот прв официјален сингл „Бракен Роуд“ и најави дека на 21 август ќе го издаде албумот „Life Is a Dream“, со што практично започнува нова кариера – како композитор на класична музика. Хопкинс открива дека музиката, а не актерството, ...

Невнимание при рутинска промена на масло во една од фритезите го предизвикало пожарот во скопскиот локал Baking Bread. Од локалот велат дека штетата е мала и дека очекуваат повторно да работат за неколку дена. „Штетата е мала и очекуваме за неколку дена повторно да бидеме отворени“, соопштија од Baking Bread. Од локалот посочуваат дека благодарение на брзата реакција на вработените и на навремената интервенција на Противпожарната бригада биле ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 кг, на брегот на Дојранското Езеро. Како што информираат од Дирекцијата, гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за „хаубица“ М14, а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и во Охридскиот регион. ...

Романски државјанин бил пронајден по ноќна потрага кај Матка. Исплашен и дезориентиран, тој останал на договорената локација. Операторите на 112 го насочувале до пристигнувањето на полицијата. Мажот се изгубил додека сам се движел низ реонот. Се наоѓал во близина на пештерата Врело. Тој побарал помош преку итниот број 112. Центарот за управување со кризи веднаш ја почнал постапката, а во потрагата го вклучил и Министерството за внатрешни ...

Тројца планинари биле успешно извлечени од планината Бистрица по спасувачка акција што ја координирал Центарот за управување со кризи (ЦУК), откако едно од лицата добило посериозни здравствени тегоби за време на движењето низ тежок и непристапен терен. ЦУК соопшти дека едно од лицата почувствувало болки во градите, отежнато дишење и потешкотии при движењето. Иако никој од планинарите не бил повреден, состојбата барала брза реакција. ...

Она што денес се случува во СДСМ не претставува вистинска идеолошка, програмска или политичка дебата за иднината на македонската левица. Не се судираат различни концепции за социјалната правда, работничките права, даночната политика, јавното здравство, образованието или заштитата на најсиромашните слоеви. Не се расправа ниту за причините поради кои партијата ја загуби поддршката од своето традиционално членство. Се води персонална битка за ...

Американските сили погодија околу 140 ирански воени цели откако иранска ракета запали контејнерски брод во Ормускиот Теснец. Техеран возврати кон земји во Заливот, додека еден морнар се води како исчезнат. Контејнерскиот брод под кипарско знаме пловел покрај брегот на О ман. Иранскиот проектил предизвикал пожар и голема штета во машинскиот простор. Екипажот морал да го напушти запалениот брод. Еден негов член сè уште се води како исчезнат. ...

Џуд Белингем ја извлече Англија од мундијалската бездна и ја остави Норвешка со горчливо прашање. Дали израмнувачкиот гол воопшто смеел да важи? Англичаните славеа со 2:1 по продолженија во жешкиот Мајами. Белингем ги постигна двата гола и закажа историско полуфинале со Аргентина. Сепак, Норвежаните не можеа да го заборават моментот пред првиот погодок. Тврдеа дека топката го допрела кабелот на воздушната камера. ФИФА потоа објави снимка и ...

Аргентина остана во трката за одбрана на светската титула, но до полуфиналето стигна потешко отколку што може да се заклучи од конечните 3:1 против Швајцарија. Светските шампиони долго време беа во подредена положба. Швајцарците диктираа ритам, создаваа шанси и изгледаа како селекција што е поблиску до полуфиналето. Потоа дојде 72. минута, црвениот картон за Брил Емболо и натпреварот доби сосема поинаков тек. Меси намести, Мекалистер погоди ...

Француските безбедносни сили привеле 32 лица осомничени за подметнување шумски пожари во 22 департмани од почетокот на летото, соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез. Апсењата доаѓаат во период кога Франција се соочува со бројни шумски пожари, а жандармеријата е интензивно ангажирана во гаснењето на огнените стихии, евакуацијата на населението и истрагите за причините за нивното избувнување. – Од почетокот на летото, ...

По повеќе од 13 години преговори, Европската Унија постигна договор за значајни измени на правилата што ги регулираат правата на патниците во авионскиот сообраќај. Новата регулатива носи поголема заштита за патниците, поголема транспарентност на цените на билетите и јасни правила за бесплатниот рачен багаж. Европскиот парламент ги усвои ревидираните правила, со кои се задржуваат постојните права на патниците на финансиски надомест во случај ...

Со повеќечасовна интервенција од воздух и од копно, пожарот кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово е локализиран. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите, авионите „Ер трактор“ и останатите служби, спречено е неговото понатамошно ширење кон поширокото шумско подрачје. Градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, изјави дека очекува пониските вечерни температури да придонесат пожарот целосно да биде изгаснат во текот на ...

По неколкуте исклучително топли денови, Македонија ја очекува промена на времето. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денот ќе започне со променливо облачно време и сончеви периоди, додека попладне во повеќе делови од земјата ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од западен правец, додека во источниот дел од земјата ќе преовладува северозападен ...

Фудбалскиот свет е потресен од веста за смртта на 25-годишниот репрезентативец на Јужна Африка, Џејден Адамс. Во меѓувреме, на социјалните мрежи масовно се споделува видео од Светското првенство, кое многумина го поврзуваат со информациите дека фудбалерот се борел со депресија. Според неофицијални информации, Адамс си го одзел животот по кратка борба со депресијата. Официјална потврда за причината за смртта засега нема. Според медиумските ...

Линда Носкова е новата шампионка на Вимблдон, откако во историско чешко финале ја совлада својата сонародничка Каролина Мухова со 2:1 во сетови (6:2, 5:7, 6:3). Дуелот траеше два часа и 30 минути, а за 21-годишната тенисерка ова е прва Гренд слем титула во кариерата. Носкова одлично го отвори финалето и со два брејка, во четвртиот и осмиот гем, убедливо го освои првиот сет со 6:2, искористувајќи ја петтата сет-топка. Вториот сет донесе ...

Светскиот првак Аргентина вечерва ќе го продолжи походот кон одбрана на шампионската титула, но на патот до полуфиналето ќе има тежок противник. Во Канзас Сити од 3 часот по полноќ ќе се игра четвртфиналната пресметка меѓу „гаучосите“ и Швајцарија, репрезентација која по 72 години повторно стигна до оваа фаза од Светското првенство. Аргентина во досегашниот тек од турнирот покажа зошто е еден од главните фаворити за трофејот. Светскиот ...

Албанија нема да го искористи правото на вето против Македонија во процесот на европската интеграција, дури и ако стане членка на Европската Унија, изјави албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на младинскиот камп „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, каде присуствуваат и млади од Македонија. Одговарајќи на прашање на студент од Скопје дали Албанија би можела да стави вето на македонскиот евроинтегративен процес, Рама нагласи дека ...

Бизнисменот Трифун Костовски јавно ја нападна обвинителката Катерина Коларевиќ, која покрена обвинение против него во случајот за Еуростандард банка. „Пет и пол години пребарувате, испитувате, анализирате и се обидувате да пронајдете криминал и перење пари – пишува Костовски на Фејсбук. – Но, не најдовте факти за сторен криминал. Не најдовте перење пари. И што направивте на крајот? Најдовте начин да ме гоните за наводна несовесност“. Кога ...

Кочанчанецот А.Л. (41), кој бил приведен откако во возило во кое се наоѓал била пронајдена бела прашкаста материја, успеал да избега од полициската станица во Кочани додека бил задржан за распит. Според информациите од полицискиот билтен, на 9 јули 2026 година околу 23:55 часот, на влезот во селото Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишиле од слобода Ј.Ј. (25) и ...

Нов силен топлотен бран ја зафати Западна Европа, а Франција и Холандија воведоа посебни мерки поради екстремно високите температури, кои во делови од регионот за време на викендот ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови. Најкритична е состојбата во Франција, каде националната метеоролошка служба прогласи црвено ниво на тревога во 24 департмани, меѓу кои и целиот регион Ил-де-Франс, каде се наоѓа Париз. Франција со највисок степен на тревога ...

Сопругата на 61-годишниот државјанин на Србија,Светлана Грковиќ, кој беше повреден откако за време на лет со авион на „Рајанер“ од Солун му пукнал прозорецот, ги опиша драматичните моменти во кои таа, друга патничка и уште еден патник се бореле да го задржат за да не испадне од леталото. Љубиша Каровиќ се наоѓа во болница, каде се опоравува од повредите и претрпениот шок. Неговата сопруга, Светлана Грковиќ, во емисијата „Live News“ на грчката ...

На Светското првенство вечерва ќе биде позната и втората полуфинална двојка, откако ќе се одиграат вторите два четвртфинални натпревари. За место меѓу најдобрите четири селекции ќе се борат три европски репрезентации – Англија, Норвешка и Швајцарија, како и актуелниот светски првак Аргентина. Најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Англија и Норвешка, кој ќе се одигра во Мајами со почеток од 23 часот по македонско време. Ова е пресметка на ...

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, порача дека одмаздата за убиството на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, е „барање на нацијата“ и дека мора да биде спроведена. Хамнеи пораката ја објави преку платформата Телеграм, во период кога во Иран се одржуваат погребни церемонии за неговиот претходник и татко, кој беше убиен на 28 февруари, на првиот ден од војната што започна со американски и израелски напади врз Иран. – Се колнеме дека ќе ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која беа направени финалните координации за реализацијата и оптимизацијата на проектот Брз автобуски превоз (БРТ). Од Град Скопје информираат дека со завршувањето на координациите, проектот БРТ влегува во фаза на реализација и претставува значаен ...

Фудбалската еуфорија пред четвртфиналниот дуел на Светското првенство меѓу Англија и Норвешка достигнува врв, а социјалните мрежи ги преплави спектакуларно видео создадено со помош на вештачка интелигенција, во кое модерните Викинзи симболично го освојуваат Британскиот Остров. Во видеото, норвешките фудбалски ѕвезди предводени од Ерлинг Халанд и Мартин Одегард се прикажани како викиншка војска која пристигнува на англиските брегови, додека ...

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, изјави дека е подобро да се донесе Изборен законик отколку воопшто да не се постигне договор, нагласувајќи дека за тоа е потребен консензус меѓу сите политички чинители во земјата. Одговарајќи на новинарско прашање во Штип дали наскоро може да се очекува усвојување на Изборниот законик, Димитриевски истакна дека ЗНАМ нема дилеми околу правото на глас на дијаспората на парламентарни и претседателски ...

Европскиот суд за човекови права пресуди дека државата треба да му исплати 3.465 евра на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, како надомест за мерките притвор и куќен притвор што му биле изречени во предметот „Организатори на 27 април“. Како што објави Телма, Атанасовски во рамки на оваа постапка поминал шест месеци во притвор, а потоа речиси 19 месеци во куќен притвор. Поради тоа тој ...

Работник од Куманово го загуби животот откако паднал од височина додека изведувал градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека несреќата била пријавена на 10 јули околу 14:05 часот во СВР Скопје. „На подрачјето на Гази Баба, при изведување на градежни работи на објект во изградба, од височина паднал И.И. (52) од Куманово. Од страна на лекар од Итната медицинска ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.87
25%
1011
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
1.61
39%
1013
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
3.18
40%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.63
31%
1013
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.18
33%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.42
66%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
3.13
40%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.01
19%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.8
27%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.13
50%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
3.13
40%
1014
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 26ᴼ
2.79
53%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Злато

137126.15

Цинк

0.00

Калај

56.77

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Платина

55652.94