Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на етнички Македонец и да ја преиспита одлуката со која е одбиена регистрација на македонска организација. Во своите ставови, Комитетот заклучил дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување на подносителот на жалбата, кој бил коосновач на непрофитна организација за човекови права. Според наодите, ...

Соединетите Американски Држави ги отфрлија тврдењата на ирански извор дека САД се согласиле да ги одмрзнат иранските средства во странски банки, вклучително и во Катар, нагласувајќи дека таква одлука не е донесена. Висок ирански извор претходно изјави дека Вашингтон бил подготвен да го ослободи замрзнатиот имот на Иран како знак на „сериозност“ во преговорите што се водат во Исламабад. Според истиот извор, тоа било едно од барањата на Техеран ...

Педесет и петгодишна жена од Скопје е тешко повредена откако била удрена од тротинет на булеварот Партизански одреди, а возачот го напуштил местото на несреќата. Според информациите од полицијата, инцидентот бил пријавен вчера околу 16 часот. Дваесет и двегодишен државјанин на Турција, управувајќи тротинет, удрил во 55-годишната скопјанка, по што избегал. Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Св. Наум ...

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан без возачка дозвола, информира полицијата. Од приведените, десет возачи управувале возила без положен возачки испит, додека двајца возеле под дејство на алкохол. Според податоците, двајца биле затекнати во Скопје, еден во Штип, еден во Кичево, двајца во Велес и четворица во Тетово, од кои двајца биле ...

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на етнички Македонец и да ја преиспита одлуката со која е одбиена регистрација на македонска организација. Во своите ставови, Комитетот заклучил дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување на подносителот на жалбата, кој бил коосновач на непрофитна организација за човекови права. Според наодите, ...

Во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган – настан што православните верници го сметаат за едно од најголемите чуда и кој традиционално се случува на Велика сабота, во пресрет на Велигден. Според црковната традиција, огнот се појавил во кувуклијата, параклисот над Христовиот гроб, откако ерусалимскиот патријарх Теофил III влегол внатре да се помоли. Потоа, тој го изнел огнот и го предал на верниците присутни ...

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово, Струга, Велес и Скопје, соопшти полицијата. Во Штип, на 11 април околу 02:35 часот, полицијата привела 55-годишен маж од градот, по пријава дека претходната вечер физички ја нападнал својата сопруга. Според пријавата, тој подолг период вршел и физичко и психичко насилство врз сопругата и малолетните деца. Во Куманово, ...

Во Исламабад денеска се одржаа одделни средби меѓу американски и ирански претставници и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, пред најавените мировни преговори меѓу двете страни. Потпретседателот на Џеј Ди Венс се сретна со Шариф, а на состанокот присуствуваа и американскиот специјален претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер. WATCH: 🇺🇸🇵🇰🇮🇷 U.S. Vice President JD Vance meets with Pakistani leadership in Islamabad. Direct talks between the ...

Шеснаесетгодишник од скопското село Морани е приведен откако, според полицијата, по расправија во селото, нападнал 18-годишен млад човек и го повредил со нож. Инцидентот се случил на 10 април 2026 година околу 20:25 часот, кога по претходна вербална расправија меѓу двајцата, ситуацијата ескалирала во физички напад. Повредениот, 18-годишниот Х.Д. од истото село, бил итно пренесен во приватна болница во Скопје, каде му биле констатирани тешки ...

Иранските граѓани се без пристап до глобалниот интернет повеќе од 1.000 часа, јавува ДПА, повикувајќи се на податоци од организацијата „NetBlocks“, која ги следи прекините и ограничувањата на интернет пристапот ширум светот. Според „NetBlocks“, станува збор за најдолгото забележано целосно или речиси целосно национално исклучување на интернет во која било држава досега. По, како што се наведува, првичните напади од Израел и Соединети ...

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција. Според најавата, очекуваните нови максимални цени ќе бидат 82 денари за литар Еуросупер 95, 84 денари за Еуросупер 98 и 95,5 денари за дизел горивото. Овие износи, како што беше посочено, се без попустите што ги обезбедува ОКТА – 2 денари по литар за бензините и 3 денари за ...

Двајца мажи, на возраст од 36 и 40 години, со државјанство на Швајцарија и Германија и престој во битолското село Свето Тодори, се уапсени откако нападнале полициски службеници за време на интервенција. Инцидентот се случил на 10 април 2026 година околу 16:00 часот, кога полициски службеници од СВР Битола извршувале службени дејствија на терен. Според информациите од полицијата, во тој момент двајцата мажи физички се пресметале со службените ...

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен кај Маркови Кули во Прилеп. Инцидентот се случил на 10 април околу 18 часот, кога 39-годишниот Л.Л. паднал од карпа додека се движел низ карпестиот предел. По падот, тој бил пренесен во Општа болница Прилеп, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди. На местото на настанот излегла полициска екипа која извршила ...

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот ...

Мировните преговори меѓу САД и Иран започнуваат овој викенд во Исламабад, каде разговорите ќе се одржат во услови на засилени безбедносни мерки, поради што властите во Пакистан прогласија дводневен државен празник и ги испразнија улиците во градот. Американската делегација ја предводи потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, заедно со специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер. Пред состанокот, Венс ...

Кратко велигденско примирје меѓу Русија и Украина треба да започне денеска попладне, откако беше најавено од рускиот претседател Владимир Путин и прифатено од украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кремљ соопшти дека примирјето ќе стапи во сила во 16:00 часот по локално време (13:00 часот по Гринич) и ќе трае 32 часа. На рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов им било наредено да ги ...

Посебен сообраќаен режим ќе важи вечерва во Скопје поради одбележувањето на празникот Воскресение Христово – Велигден. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека од 18 часот, па до завршување на празничните активности, по потреба ќе се затвораат повеќе сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Во центарот на градот, по потреба ќе бидат затворени делови од булеварите Партизански ...

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до 17 степени. Според Управа за хидрометеоролошки работи, претпладне во источниот дел од земјата ќе има локален слаб дожд, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 0 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 12 до 17 ...

Земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер ноќеска беше почувствуван во источниот дел на државата. Според информациите на Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, потресот се случил во 00:22 часот, а епицентарот бил во подрачјето меѓу Делчево и Берово, околу 120 километри југоисточно од Скопје. Земјотресот бил почувствуван од жителите на Пехчево, Берово и околните населени места, со интензитет од III до IV степени според ...

Четири астронаути од мисијата Артемис II безбедно се вратија на Земјата по десетдневен лет околу Месечината, со што беше завршена првата американска мисија со екипаж во близина на Месечината по повеќе од половина век. Екипажот го сочинуваа Рид Вајсман, Кристина Кох, Виктор Гловер и канадскиот астронаут Џереми Хансен. Тие слетаа со капсулата Орион во Тихиот Океан, крај брегот на Сан Диего, во 20:07 часот по источно американско време. Леталото ...

Новинарот Такер Карлсон му одговори на американскиот претседател Донлд Трамп, кој денеска го нарече глупав. „Тој е во тешка положба. Мејнстрим медиумите никогаш не го објавуваат ова, но израелската влада има долга историја на уценување на американските претседатели. Можеби најшокантниот пример се случи во 1990-тите, кога Израел ги користеше телефонските секс снимки на Бил Клинтон и Моника Левински како средство за притисок врз Клинтон да го ...

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање на релевантноста, вели поранешниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. Говорејќи за позицијата во која се наоѓа партијата по последните избори Ковачевски посочи дека изборниот резултат во урбаните средини е алармантен сигнал за новото раководство. Според него, партијата во големите градови завршила на третото или дури ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара да му се одложи сведочењето во неговото долгогодишно судење за корупција, кое треба да продолжи следната недела. Како причина тој ја наведувај моменталната безбедносна состојба во регионот, според поднесокот што до судот денеска го доставил неговиот адвокат. Судењето на Нетанјаху требаше да продолжи еден ден откако Израел ја укина вонредната состојба воведена поради војната со Иран и по ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има услови за слаб локален дожд во источните и северните делови од Македонија во вечерните часови и во текот на ноќта. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до минус 2 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија со максимална дневна ...

Преговорите со САД не можат да почнат додека не се исполнат два клучни услови, прекин на огнот во Либан и ослободување на замрзнатите ирански средства, порача денеска претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, кој заедно со министерот за надворешни работи Абас Арагчи е дел од иранската делегација што ќе преговара во Пакистан со американските претставници. „Две мерки за кои страните меѓусебно се согласија сè уште не се ...

Иран нема карти освен краткорочно уценување на светот со меѓународните бродски линии, објави американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Икс. За две минути тој на Икс објави два поста за Иран. Иранците денес се живи за да преговараат „Иранците се чини дека не сфаќаат дека немаат карти освен краткорочно уценување на светот со користење на меѓународните пловни линии. Единствената причина зошто се живи денес е за да преговараат“, ...

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против скопјанец за неовластено влегување во воени објекти и правење скици на воени објекти. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(61) од село Студеничани, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што ...

Посетата на специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции, Кирил Дмитриев, на САД не значи дека преговорите за евентуален мировен договор во Украина продолжиле, соопшти денеска Кремљ.. Дмитриев се сретна со членови на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во Вашингтон за да разговараат за мировниот договор и за економската соработка меѓу САД и Русија. – Кирил Дмитриев не преговара за решение во Украина и ...

На два дена пред парламентарните избори во Унгарија, премиерот Виктор Орбан ја обвини конзервативната опозиција, предводена од Петер Маѓар, дека подготвува немири во случај на пораз. – Нашите противници нема да застанат пред ништо – рече Орбан во видеопорака „до сите Унгарци“, објавена на неговата страница на Фејсбук. Тој тврди дека опозицијата соработува со странски разузнавачки служби и дека уште пред пребројувањето на гласовите ќе ...

Европските аеродроми би можеле да се соочат со системски недостиг на авионско гориво доколку пловидбата низ Ормусиот Теснец не се нормализира во следните 3 недели, предупреди Меѓународниот совет на аеродроми, АЦИ Европа (Airports Council International). Во писмото упатено до европскиот комесар за транспорт Апостолос Цицикостас, организацијата наведува дека залихите на гориво се намалуваат, додека воените активности на Блискиот Исток ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
70%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
44%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.04
67%
1014
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
35%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
5.14
39%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
77%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
43%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9875

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Бакар

12.46

Кобалт

45.39

Платина

66744.95

Сребро

2534.46

Цинк

0.00

Паладиум

49351.40

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.53

Рутениум

51376.89

Злато

152465.86

Родиум

319899.93