Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница. Министерството одлучи да издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра, со рок од 4 години и со рок од 8 години. „Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше ...
Бил и Хилари Клинтон официјално одбија да се појават и да сведочат пред републиканскиот Комитет за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата поврзана со покојниот финансиски инвеститор и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија денешните извештаи од американските медиуми. Во заедничкото писмо адресирано до претседателот на комисијата, републиканецот Џејмс Комер, поранешниот претседател и поранешната државна секретарка ја ...
Зетот и невестата, ѓаволите, Глупавите Августи, па дури и „Шареното племе“ од Африка – сите оживеаја на улиците на Вевчани. Под зимското сонце, меѓу звуците на зурлите и тапаните, вевчанци ја испишаа новата страница од својата вековна традиција. Оваа година, нивната сатира ја погледна стварноста право во очи. Меѓу маските се појавија мигрантската криза, судството, домашната политика, војната во Украина, па дури и односите меѓу Доналд Трамп и ...
Македонската ракометна репрезентација се наоѓа пред најтешкиот можен старт на Европското првенство, дуел со домаќинот и светскиот владетел Данска. Дуелот на 16.јануари (петок) од 20:30 часот во Хернинг ќе го судат браќата близнаци Игор и Алексеи Ковалчиус од Молдавија. Нашите ракометари ќе излезат на терен против селекција која Кирил Лазаров ја дефинира како најдобра во последната деценија, но пораката на селекторот е јасна: страв не смее да ...
Зетот и невестата, ѓаволите, Глупавите Августи, па дури и „Шареното племе“ од Африка – сите оживеаја на улиците на Вевчани. Под зимското сонце, меѓу звуците на зурлите и тапаните, вевчанци ја испишаа новата страница од својата вековна традиција. Оваа година, нивната сатира ја погледна стварноста право во очи. Меѓу маските се појавија мигрантската криза, судството, домашната политика, војната во Украина, па дури и односите меѓу Доналд Трамп и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина секоја можност за дипломатски преговори со Иран и директно им се обрати на демонстрантите повикувајќи ги да ја преземат власта. „Ирански патриоти, продолжете да протестирате, преземете ги вашите институции! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Помошта доаѓа. МИГА!“, објави Трамп на „Трут Соушл“, додавајќи дека ги откажува сите состаноци со ирански ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на проштална средба ја примила амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер. Како што информира Сиљановска Давкова преку објава на нејзиниот Фејсбук профил, обете потврдиле дека двете земји, како долгогодишни сојузници, негуваат цврсто пријателство коешто почива на заемна почит и разбирање. „Амбасадорката Агелер ми честиташе за изборот на двете членки на Судскиот ...
Американски експерти ја разгледуваат идејата за создавање „суверени базни зони“ што би го спречиле судирот меѓу Америка и Данска. Идејата е слична на британските области Акротири и Декелија на Кипар. Силос на Гренланд кој САД го напуштиле пред 60 години може да биде мирно решение за избегнување конфликт, пишува британски „Телеграф“. Британските зони на Кипар се 65 години се под суверенитет на Обединетото Кралство и служат како преседан во ...
Владата на денешната седница го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Понатаму, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експертите при Советот на Европа во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати, ...
Вајолет Афлек, 20-годишната ќерка на холивудските ѕвезди Џенифер Гарнер и Бен Афлек, беше фотографирана во Њујорк како носи заштитна маска, за време на прошетката со својот татко. Младата активистка била забележана пред хотелот „Витби“, каде што престојувала заедно со Бен Афлек, кој во градот престојува поради промоцијата на својот нов филм. Вајолет, која моментално ја заокружува првата година студии на Универзитетот Јејл, се појави во црн ...
Со снежните врнежи кои пристигнаа во нашата земја, започна ски сезоната скоро насекаде. Според најавите на Ски центарот Маврово, благодарение на снегот од денеска, 13 јануари, почнува ски сеозната и таму. „ Снегот е тука! Ски-сезоната 25/26 официјално започнува во вторник, 13.01.2026. Добредојдени и се гледаме на стазите!“, соопшти ски-центарот. Од Ски центарот споделија и новина, а тоа е набавка на нови ратраци, кои пристигнале пред ...
Федералните обвинители во САД започнаа кривична истрага против претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД) Џером Пауел за неговото сведочење во американскиот Конгрес во јуни, кое беше поврзано со реновирањето на седиштето на централната банка во Вашингтон вредно 2,5 милијарди долари. Пауел, кој вчера ги информира медиумите за постапката, оцени дека истрагата е директна последица од неговиот долгорочен конфликт со администрацијата на ...
Министрите за надворешни работи на Данска и на Гренланд утре во Белата куќа во Вашинготн ќе се сретнат со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и со државниот секретар Марко Рубио, во услови на силно изразената намера на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичкиот остров. Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и неговата колешка од Гренланд, Вивијан Мотцфелд, побараа состанок откако Трамп ...
Двајца велешани, на возраст од 22 и 48 години, се приведени поради сомнение за тешка кражба и прикривање украдени предмети, откако во текот на ноќта бил ограбен дом на 54-годишна жена во Велес. Според информациите од полицијата, помладиот осомничен, А.Д. (22), со употреба на сила и соодветен алат провалил во домот на С.Х. (54), од каде одзел пари и златен накит. По кражбата, дел од златните предмети биле заложени кај вториот осомничен, А.С. ...
Американската служба на маршали се приклучи кон потрагата по актерот и ТВ-режисер Тимоти Басфилд, откако Полициската управа на Албукерке (APD) издаде налог за негово апсење поради сериозни обвиненија за сексуална злоупотреба на деца, пишува „Пипл“. Локалната полиција соработува со американските маршали со цел да го пронајдат и уапсат Басфилд, чија моментална локација е непозната. Според налогот за апсење, Басфилд се сомничи за незаконски ...
Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“, традиционално, во Зливот на коските на Охридското Езеро, во близина на Музејот на вода, го запалија подводниот василичарски оган и со тоа ја најавија вечерашната прослава на Стара нова година. Со ова нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организацијата во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован ...
Tурскиот државјанин Кадир Кара е осуден на 17 години затвор за убиството на турски студент во кафуле на плоштадот во Штип, објави на Канал 77. Кара, роден во 2003 година, доби и мерка протерување од државата по отслужувањето на затворската казна, за убиството извршено на 8 мај годинава. Тој ја призна вината и за убиството и за неовластеното држење оружје на рочиштето одржано на 19 декември минатата година, по што судот му ја изрече казната. ...
Основното јавно обвинителство – Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци, осомничено дека на 11 јануари на свиреп начин ја лишило од живот својата мајка. Како што информира Обвинителството, настанот се случил во стан во Богданци, каде што двајцата живееле под закуп. Според наводите, меѓу мајката и синот избила расправија околу лекувањето на осомничениот, по што тој зел нож од кујната и ѝ нанел повеќе ...
Младата Сијан Панин (24) е девојката со кацигата, за која се верува дека ненамерно го предизвика катастрофалниот пожар во швајцарското зимувалиште Кран Монтана во новогодишната ноќ, качена на рамениците на маскиран маж и со високо дигнати раце во кои носеше пијалаци со огнени прскалки, кои го потпалија таванот обложен со сунѓер. Во пожарот загинаа 40 лица, меѓу кои и таа, а над 100 се повредени. Нејзините родители велат дека „сонцето не ...
Во ноември 2025 година 77.570 туристи оствариле 146.605 ноќевања во државава. Од вкупниот број туристи, 25,7% се домашни, а 74,3% се странски туристи, објави Државниот завод за статистика. Најмногу странски туристи и во ноември имало од Турција – 12.401 по што следуваат Германија – 11.812, Србија – 3.793, Грција – 3506… Бројот на ноќевањата изнесува 146.605, од кои 33,9% се од домашните туристи, а 66,1% од странските туристи. Во периодот ...
Врховната Рада на Украина денеска со гласовите на 265 пратеника ја поддржа оставката на украинскиот министер за одбрана Денис Шмихаљ од оваа позиција, објави Укринформ. Врховната Рада на 9 јануари ја доби поднесената оставка од министерот за одбрана Денис Шмихаљ и првиот вицепремиер и министер за дигитална трансформација Михајло Федоров. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предложи досегашниот министер за одбрана Денис Шмихаљ да ...
Коалицијата Вреди ќе учествува на утрешната лидерска средба во Клубот на пратеници, во Скопје, свикана од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што информира на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, коалицијата на лидерската ќе биде претставена од Биљал Касами. – Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме на таа лидерска средба. Таму ќе присуствуваме јас како ...
Македонската опера и балет и Националниогт џез оркестар вчера и денеска од 20 часот го организираа традиционалниот концерт по повод празникот Василица. Годинава, концертот е насловен како „Диско вечер“, со програма која ги претставува во современа интерпретација најпознатите диско и поп хитови од 1970-тите и 1980-тите години, а ќе може да се проследи и на малите екрани благодарение на директниот пренос на МРТ. – Вечерва ја славиме традицијата ...
Австралиската компанија „MinRex Resources“ објави дека постигнала конечен договор за купување на канадската компанија „Electrum Discovery“ за 18,7 милиони американски долари (28 милиони австралиски долари), при што клучен дел од договорот е проектот за злато и бакар Тламино во Србија, објавија српските медиуми. Самата трансакција е структурирана како спојување на рамноправни партнери, при што акционерите на „Електрум“ поседуваат приближно 49% ...
И покрај тоа што Основното јавно обвинителство во Скопје целосно го расчисти инцидентот со кршењето стакло на Бугарската амбасада и покрена постапка против осомничениот сторител, бугарскиот политичар Петар Колев повикува Европската унија да ги запре европските фондови за Македонија, оценувајќи дека станува збор за сериозен политички и безбедносен проблем. Во изјава објавена во бугарски медиум, Колев тврди дека инцидентот не треба да се ...
Пред само неколку дена – 10 јануари – се падна една важна и од никого одбележана историска, па и цивилизациска, годишнина: 2075 години од оној 10 јануари 49 година п.н.е, кога Гај Јулије Цезар и неговата 13. легија „Gemina“ ја преминуваат рекичката Рубикон како замислена линија на објава на војна на Римската Републиката и маршираат кон престолнината. И чинот на грубото насочување на кутрите коњи во студената вода на Рубикон не е толку важен ...
Главната расправа за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, закажана за утре се одлага по барање на бранителката на еден од обвинетите, адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, информира Основниот кривичен суд Скопје. „Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, бранителката е избрана за член на Судскиот совет, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната ...
Двајца браќа од тетовско село пријавиле дека биле измамени за вкупно 15.000 евра, откако маж од Тетово им ветил дека ќе им „среди“ странска пензија. Како што пријавил 70-годишниот оштетен, измамата се случувала во текот на 2024 година. Осомничениот, идентификуван со иницијалите Л.Н., им понудил помош за остварување право на пензија од странство, тврдејќи дека двајцата имаат работен стаж кој може да им донесе месечни примања. Под изговор дека ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизијата за 2024 година обелодени дека иако државата преку Дирекцијата за ТИРЗ управува со 16 технолошко-индустриски и развојни зони (ТИРЗ) и 3 индустриски зони, дел од нив зјаат празни или полупразни бидејќи нема доволно инвеститори. Утврдено е дека 287 хектари од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се дадени под закуп. Дополнително во 7 од вкупно 16 зони, на вкупна површина од ...
Полицијата поднесе кривична пријава против 35-годишен жител на селото Стримница, општина Желино, поради закани упатени кон вработени во општинската зграда. Според информациите од СВР Тетово, инцидентот се случил на 2 јануари, кога мажот дошол во Општина Желино барајќи средба со градоначалникот. Откако дознал дека градоначалникот не е присутен во зградата, тој започнал да им упатува закани на двајца вработени. Настанот бил пријавен во ...