Украина доби нов премиер, четврти во мандатот на претседателот Володимир Зеленски. Врховната рада денеска го избра Сергиј Корецки за шеф на владата, а неговото назначување го поддржаа 289 пратеници. Корецки ја наследува Јулија Свириденко, чиј мандат траеше помалку од една година. Со нејзината оставка автоматски беше разрешен и целиот владин состав. Пред нив украинската влада ја водеа Денис Шмихал, а претходно Олексиј Хончарук. Од нафта и гас ...

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка од функцијата, но за тоа не го известил ниту Уставниот суд, ниту претседателот Дарко Костадиновски, ниту колегите. Од Уставниот суд информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката. Претседателот на судот Дарко Костадиновски добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши. – До Судот, од страна на судијата Гоце ...

Англискиот голман Џордан Пикфорд зад голот чувал белешки за аргентинските пеналџии. Откако Аргентина ја порази Англија, шишето заврши во рацете на Лионел Меси и неговите соиграчи. Шишето го забележал член на стручниот штаб на Аргентина. Набргу завршило кај играчите, а потоа и кај капитенот Лионел Меси. Според снимките што се проширија на социјалните мрежи, Меси и неговите соиграчи со љубопитност ги разгледувале белешките и барале превод на ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс отфрли можност за испраќање масовни копнени сили во Иран. Според него, евентуалната промена на власта може да дојде само од иранскиот народ. САД нема да испратат 150.000 војници во Иран за да урнат режим, порача американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Тој нагласи дека Вашингтон нема намера да води бесконечна воена кампања и дека иднината на иранската власт треба да ја одлучат самите Иранци. Изјавата ...

Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон периодов е фокусирана на промоција на својот најнов филмски проект „The Odyssey“. Таа се појави на премиерата на филмот во Њујорк со своите ќерки, 12-годишната Огуст и 14-годишната Џексон која, инаку, ја посвои како момче. Снимките ја покажуваат Шарлиз Терон (50), која ја игра Калипсо во филмската адаптација на епската поема на Хомер, како ја напушта премиерата со своите ќерки, Џексон и Огуст кои изгледаат ...

Полицијата во Дубровник полиција уапси 55-годишен државјанин на Бугарија, осомничен дека поставувал уреди за скимирање на банкомати во старото градско јадро на Дубровник, со цел неовластено прибирање податоци од банкарски картички и ПИН-кодови на корисниците. Според информациите од полицијата, осомничениот се товари за продолжено кривично дело изработка, набавка, поседување, продажба или ставање во употреба средства за злоупотреба на ...

Паркинзи на Општина Центар, под раководство на кадри од СДСM, во 2024 отпишале вкупно 2 милиони и 221.000 денари, долгови од физички лица, како и 912.000 денари долгови од компании. Па наместо овие, вкупно преку 3 милиони денари, односно над 50.000 евра, пари на Центарци, да завршат во општинската каса, тие којзнае во чии џебови биле натуткани вели Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар на прес-конференција. „Во ревизорскиот извештај за ...

Британскиот режисер Кристофер Нолан се одлучи да го брани својот нов филм „Одисеја“ (The Odyssey), којшто е силно критикуван уште пред да излезе во кината. На пример некои гледачи и критичари се осврнуваат на трејлерот и дијалогот во него, сметајќи дека звучел премногу современо. „Холивуд репортер“ и „Индипендент“, исто така, ја критикуваат употребата на „премногу модерните фрази“ во филмот заснован на епските древнохеленски приказни на Хомер ...

Македонскиот државјанин Б.Л. (54), кој се наоѓал во притвор во албанскиот приморски град Валона, починал по срцев удар. Според првичните информации, тој почувствувал здравствени тегоби, по што итно бил пренесен во Регионалната болница во Валона. И покрај обидите за реанимација, лекарите не успеале да му го спасат животот. Албанските власти соопштија дека се преземаат дејствија за целосно расчистување на околностите околу смртта. Според ...

Со новите законски решенија за урбанистичко планирање и градење, надмината е досегашната правна празнина и создадена е рамка за изградба на дата центри во државата. Иако сè уште нема конкретни иницијативи од приватниот сектор, државата сериозно размислува за изградба на државен дата центар со цел заштита на институциите и зголемување на сајбер безбедноста, посочи министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски денеска по увидот во ...

Славјето по драматичната победа над Англија во полуфиналето на Мундијалот доби и политичка димензија. Дел од аргентинските репрезентативци развиорија порака за Фокландските Острови, прашање што со децении ги дели Буенос Аирес и Лондон. Во центарот на вниманието се најде Џовани Ло Селсо. По натпреварот тој се појави со транспарент на кој пишуваше: „Малвините се Аргентина“. Името Малвини е друго име за истите острови. Набргу му се придружија и ...

Многу возачи во лето речиси постојано го користат копчето за рециркулација на воздухот, без да знаат дека тоа може да создаде проблем во кабината. Експертите предупредуваат дека предолгото користење на оваа функција може да го зголеми нивото на јаглерод диоксид и да влијае врз вниманието на возачот. Рециркулацијата му овозможува на клима-уредот да го користи воздухот што веќе се наоѓа во кабината, наместо да внесува свеж воздух однадвор. Така ...

Новозеландскиот глумец Сем Нил, почина на 13 јули на 78-годишна возраст во болница во Сиднеј, а сега е објавена и причината за смртта. Имено, тој починал од пневмонија, потврди неговиот агент. Ѕвездата од „Паркот Јура“ и „Пики блајндерс“ се бореше со рак со години, но во времето на смртта тој немаше рак, соопшти неговото семејство, опишувајќи ја неговата смрт – како „ненадејна и неочекувана“ претходно оваа недела. Долгогодишниот агент на Нил ...

Вицепремиерот Александар Николоски и денеска повтори дека проблемот на професионалните возачи од земјава со системот за влез и излез во шенген зоната владата го решава самостојно и веќе има резултати од преговорите со шест земји од ЕУ околу воведување долгорочни работни дозволи. – Разговорите ги водиме билатерално и така ќе продолжиме. Се договоривме со Швајцарија и со Хрватска. Во финална фаза сме да постигнеме договор и со Словенија. Исто ...

Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за криумчарење на 2.000 вијали со медицинскиот раствор „Гадонанс“, кои биле скриени во кабината на товарно возило на граничниот премин Деве Баир. Од Царинската управа информираат дека со оваа акција уште еднаш ја потврдуваат својата определба за заштита на здравјето на граѓаните и спречување небезбедни медицински препарати да стигнат на домашниот пазар. „Со оваа акција Царинската управа јасно ги ...

По натпреварот помеѓу Англија и Аргентина, повторно главна тема во медиумите и на социјалните мрежи беа реакциите на Викторија Бекам која од трибините со својот сопруг го следеше и овој натпревар. Како што може да се види од видеата споделени на социјалните мрежи, по голот на Англија, Дејвид и Викторија се прегрнуваат, а потоа тој продолжува да се радува и да вика, додека славната Пош, која заслужено го носи и прекарот „Ледена кралица“, не ...

Четири компании доставиле понуди на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, наменети за јавниот превоз во Скопје и во другите градови низ државата. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека во понеделник јавноста ќе биде информирана за резултатите од евалуацијата. Повторениот тендер за набавка на електрични автобуси привлече интерес од четири компании, а нивните понуди во моментов ги ...

СДСМ, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик, изјави денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. – Провидна е играта на опозицијата. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии. Иако како никогаш досега имаше простор за ...

Летот на компанијата Рајанер од Лондон за Тирана, кој требаше да трае околу три часа, се претвори во речиси дванаесетчасовна драма одбележана со силно невреме, две принудни пренасочувања, недостиг на храна и пијалаци, како и судири меѓу патниците и екипажот и интервенција на грчката полиција. Летот RK8288 полетал од лондонскиот аеродром Станстед на 3 јуни за албанската престолнина, но лошото време го принудило пилотот да го промени планот на ...

Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој рече дека сега следуваат јавни презентации за студиите по што ќе подготват договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финансирање пред Собранието. Николоски потврди дека рокот за старт на работите останува крајот на годината. – Изработката на еколошката студија и на ...

Музичката ѕвезда Петар Грашо ретко зборува за својот приватен живот, но неодамна, во интервју за црногорска телевизија сподели симпатична анегдота за неговата тригодишна ќерка Алба која ги насмеа сите. Гостувајќи на ТВ Е, тој раскажа како неговата мала ќерка Алба расте опкружена со познати музичари, па тоа е за неа нешто сосема нормално. Како што вели, Алба сè уште не разбира дека луѓето што доаѓаат во нивниот дом се големи музички имиња. – ...

Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи 30-дневен притвор на сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, притворот е поради постоење опасност од бегство и влијание врз сведоци. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека по спроведена истрага и ...

Новороденче во Полска било примено во болница со повеќе од еден промил алкохол во крвта, откако неговата 36-годишна мајка консумирала алкохол непосредно пред породувањето. На жената ѝ биле измерени 1,6 промили алкохол во крвта, а социјалните служби веднаш ѝ го одзеле бебето. Инцидентот се случил во градот Озоркув, а случајот предизвика големо внимание во јавноста. Според полскиот портал „TVN24“, 36-годишната жена се породила дома на 1 јули. ...

Критичните минерали стануваат еден од најважните стратешки ресурси во светот, а САД се меѓу земјите што најагресивно инвестираат во нивно обезбедување. Американската администрација започна програма за создавање стратешки резерви од критични минерали вредна 12 милијарди долари, со цел да ја намали зависноста од увоз и да ги зајакне домашните синџири на снабдување за индустриите како автомобилската, енергетската, одбранбената, воздухопловната и ...

Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, денеска изјави дека Европската комисија, поради проблемите што ги имаат професионалните возачи од Западен Балкан со Системот за влез/излез (EES), им предложила на членовите на Унијата и на земјите од Западен Балкан да разговараат и да се договорат за долгорочни визи. Брунер го кажа ова во интервју за Европскиот весник(European Newsroom – ENR), и притоа ја наведе Хрватска како ...

Предметот „Тотал“ на поранешното Специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост. Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 мај ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил сериозни слабости во финансиското управување и работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје за 2024 година, поради што изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива. Ревизијата констатирала дека претпријатието несоодветно ја евидентирало опремата и градежните објекти, меѓу кои паркомати, монтажни ...

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата се ставени на располагање на националниот систем за справување со летните пожари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, порача дека годинава државата е најподготвена досега и најави подобра опрема, дневни надоместоци и нова организација на доброволните сили. На пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина ...

Викторија Бекам повторно стана центар на внимание откако не реагираше на победничкиот гол на Џуд Белингам од тимот на Англија, додека целото нејзино семејство скокаше од радост. Во саботата, Џуд Белингам го постигна победничкиот гол со кој Англија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство. Викторија (52) и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам (51) беа на стадионот „Хард Рок“ во Мајами со своите деца, Ромео (23), Круз (21) и Харпер (15), за ...

Додека во многу земји тони храна секојдневно завршуваат во контејнери, Франција уште во 2016 година стана првата држава во светот што законски ги обврза големите супермаркети да ја донираат непродадената, но сѐ уште безбедна храна на хуманитарни организации и банки за храна. Законот, познат како „Гаро закон“ (според пратеникот Гијом Гаро кој го иницираше), беше усвоен на 11 февруари 2016 година и се смета за пресвртница во борбата против ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.81
35%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
1.16
66%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.12
56%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.88
43%
1015
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.82
66%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.37
70%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
1.34
42%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.47
32%
1012
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
58%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
55%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
2.46
91%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Сребро

2005.37

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Бакар

13.54

Калај

56.77

Кобалт

56.29