Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Ерлинг Халанд успешно ја предводеше Норвешка на Мундијалот и ја потврди својата добра форма. Тој останува дел од Манчестер Сити и во следната сезона, но дел од неговите планови е и трансфер во друг клуб. Според француски „Спорт“, Халанд е подготвен за премин во Реал Мадрид. Информациите стигнуваат и од експертот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо, кој појаснува дека трансфер е возможен, но не во овој преоден рок. Врската меѓу Халанд и ...
Корисник на Reddit го сподели своето изненадување од наводната семејна врска меѓу познатите личности и британското кралско семејство. „Денес дознав дека Мадона и Селин Дион се братучетки на Камила Паркер Боулс, односно кралицата Камила, сопруга на кралот Чарлс“, напиша тој. Објавата предизвика бројни реакции. Некои корисници коментираа дека не е невообичаено да се најдат далечни семејни врски со благородништвото меѓу познатите личности. Иако ...
Единаесетгодишно девојче од Италија почина во болница откако косата ѝ се заглави во одвод на базен во Сестри Леванте. Случајот предизвика реакција од локалните власти кои покренаа истрага за небрежност, како и најава за построги безбедносни правила за базените од страна на надлежниот министер. Девојчето Аличе почина на одделот за интензивна нега во педијатриската болница Гаслини во Џенова, објавија италијанските медиуми. Нејзината коса се ...
Две од трите главни американски телевизиски мрежи, Ен-би-Си и Еј-би-си, како и Си-ен-ен, не го емитуваа вчерашното обраќање на Доналд Трамп во ударниот термин, поради што американскиот претседател изјави дека се вклучиле во заговор и дека треба да им се одземат лиценците, пренесува Политико. – Телевизиите со лажни вести Ен-би-си и Еј-би-си рекоа дека нема да го пренесуваат мојот говор. Таквата измама треба да значи одземање на нивните лиценци ...
Техеран денеска објави дека неговите сили ја нападнале американската воздухопловна база Ал Удеид во Катар во 15-тиот бран напади – јавува агенцијата ИРИБ. Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во соопштението вели дека во нападот биле уништени радар со долг дострел и неколку американски стратешки авиони за полнење гориво, јавува „Ал џезира“. „Американскиот непријател и земјите што ги примаат неговите бази во регионот треба да ...
Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени денеска го погоди Мексико. Потресот се случи во мексиканската сојузна држава Чијапас, по што беше издадено предупредување за можни цунами-бранови. Американскиот геолошки институт (USGS), објави дека епицентарот бил во близина на пристанишниот град Пуерто Мадеро, на околу 13 километри од границата со Гватемала. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Гувернерот на мексиканската држава ...
На два дена до одигрувањето на финалето меѓу Шпанија и Аргентина организаторите и локалните власти имаат нов неочекуван проблем, а тоа е квалитетот на воздухот во Њујорк. Финалето меѓу Шпанија и Аргентина се игра во недела со почеток во 21 часот на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, во американската сојузна држава Њу Џерси и се очекуваат околу 80.000 гледачи. Големите шумски пожари во Канада и чадот од нив предизвикаа проблем на поширокото ...
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДСМ во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори, се наведува во соопштението со кое ВМРО-ДПМНЕ реагира на појавата на масовно труење на граѓаните на Гостивар, кое според МВР, е резултат на загадена вода во градскиот водовор. „Неспособноста на ваквите кадри ...
Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со ...
Директорката на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ Артана Асани ги негира тврдењата на МВР дека причина за епедимијата која веќе погоди околу 1.200 жители во Гостивар се поставените пумпи на „Комуналец“ во корито за истечни отпадни води, кои потоа навлегле во гостиварскиот водовод. – Пумпите се поставени на 25 јуни годинава, само за симулација, користени се само крако време во раните утрински часови за да се провери дали проектот ќе ...
Протестите против одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров продолжија денеска – трет ден по ред во Киев и во други градови низ Украина. Според државната новинска агенција „Укринформ“, голем број демонстранти бараат и разрешување на главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, кого го сметаат за претставник на постарата воена гарнитура што се спротивставува на ...
Европската комисија денеска го претстави седмиот годишен извештај за владеењето на правото во Европската Унија, во кој годинава, покрај земјите членки, повторно се опфатени и четири држави кандидати за членство – Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Во извештајот се оценува дека во голем број земји од ЕУ продолжуваат позитивните промени и реформите во сите области што се следат, иако состојбата и натаму е нерамномерна, а во ...
Полициските службеници од РЦГР Север денеска околу 08:00 часот постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки – соопшти Министерството за ...
Родителите на светската музичка ѕвезда Дуа Липа, Анеса и Дукаѓин Липа, го привлекоа вниманието на јавноста откако беа снимени на концертот на Дино Мерлин во Црна Гора. Легендарниот босански пејач настапи пред околу 700 гости во луксузен комплекс над Бока Которска, а билетите за концертот биле распродадени за само час и половина. Меѓу присутните биле и родителите на трикратната добитничка на Греми, кои по долгогодишниот живот во Лондон, каде ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила дека пет лица истовремено извршуваат две функции, по последната проверка во административната алатка за електронско поднесување изјави за имотна состојба и интереси. За овие лица ќе бидат оформени предмети, при што по утврдување на фактичката состојба, доколку се утврди дека се работи за неспоиви функции, од нив ќе биде побарано да се откажат од една од функциите што ги ...
Легендарниот НБА ас настапи како диџеј во Дубровник, а неговото духовито обраќање експресно стана хит на социјалните мрежи Легендарниот американски кошаркар Шекил О’Нил повторно ги освои симпатиите на љубителите на кошарката, но овојпат не со потег на теренот, туку со хумористична порака испратена од Дубровник. Еден од најдоминантните центри во историјата на НБА престојуваше во хрватскиот туристички бисер, каде што настапи како диџеј во ...
Родителите на светската музичка ѕвезда Дуа Липа, Анеса и Дукаѓин Липа, го привлекоа вниманието на јавноста откако беа снимени на концертот на Дино Мерлин во Црна Гора. Легендарниот босански пејач настапи пред околу 700 гости во луксузен комплекс над Бока Которска, а билетите за концертот биле распродадени за само час и половина. Меѓу присутните биле и родителите на трикратната добитничка на Греми, кои по долгогодишниот живот во Лондон, каде ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија нема да го користи правото на вето против Македонија доколку стане членка на Европската Унија пред неа, нагласувајќи дека блокирањето на земјите кандидати не е во согласност со европската идеја. Рама ја даде изјавата на 11 јули, одговарајќи на прашање на студент од Скопје за време на младински камп во албанското туристичко место Јала. Тој порача дека Албанија нема да поставува вето на ниту една ...
Повеќе од 12.000 пораки со навредлива содржина биле испратени до тенисерки преку социјалните мрежи во текот на минатата година, објавија ВТА и Меѓународната тениска федерација (ИТФ) во својот заеднички годишен извештај за онлајн злоупотреба и закани. Во 2025 година биле анализирани повеќе од 1,2 милиони објави и коментари на социјалните мрежи. Од нив, повеќе од 12.000 биле категоризирани како навредливи, а 3.726 како сериозна злоупотреба, ...
Шест мостови, железничка станица и аеродром се меѓу објектите што биле погодени во последниот бран американски воздушни напади врз Иран, тврдат иранските власти. Техеран го обвини Вашингтон дека директно нападнал цивилна инфраструктура, додека американската војска соопшти дека цел на операцијата биле иранските воени капацитети. Според иранските медиуми, нападите биле изведени во покраината Хормозган, а локалните власти соопштија дека загинале ...
Мајмун со црно крзно и со портокалови усни првпат бил фотографиран во 2008 година. Научниците сега потврдија дека станува збор за посебен вид, познат само на мал простор во дождовната шума. На социјалните мрежи се коментира чудниот израз на неговото лице. Заматена фотографија од непознат црн мајмун ја почнала научната потрага која траела 18 години. Меѓународен тим сега потврди дека животното од конгоанската дождовна шума е нов вид, официјално ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 јули 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 156,65 евра/mwh, додека на MEMO цената е 141,76 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 114,04 евра за мегават час, а на MEMO 86,59 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...
Кога Хари на 10 јули се сретнал со својот татко во Хајгроув Хаус, заедно со своето комплетно семејство, Меган и децата, принцот Арчи и принцезата Лилибет, Бакингемската палата потврдила дека на приватната семејна средба присуствувала и кралицата Камила. Според кралската авторка Кетрин Мајер, нејзиното присуство ја одразува едноставната реалност според која таа е неодминлив дел од животот на Чарлс. – Нема помирување со принцот Хари без неа – ...
Доколку САД и Иран наскоро не овозможат поголем проток на нафта низ Ормускиот Проток, светот треба да биде загрижен за енергетската безбедност, предупреди денеска извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ), Фатих Бирол. -Безбедноста на снабдувањето со нафта останува клучно прашање. Треба да бидеме загрижени, и јас сум, ако ситуацијата не се подобри во следните неколку недели- рече Бирол на состанокот на Советот за ...
Два локомотиви се судриле рано утринава пред Железничката станица во Велес, при што е повреден 27-годишен машиновозач. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 јули 2026 година, околу 04:00 часот, во СВР Велес од Ургентниот центар при ЈЗУ „Општа болница“ – Велес било пријавено дека кај нив со телесна повреда бил донесен Т.Р. (27) од Велес. Според првичните информации, несреќата се случила околу 03:00 часот пред ...
Починат мигрант од Пакистан бил пронајден вчера на локацијата „Мрзенско поле“ во атарот на селото Мрзенци кај Гевгелија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, околу 11:52 часот група мигранти преку мобилен телефон побарала помош. По пристигнувањето на терен, полициските службеници затекнале тројца мигранти без лични документи, кои изјавиле дека се од Пакистан, како и тело на маж за кого рекле дека патувал заедно со ...
Додека ФИФА го подготвува за најголемиот натпревар во кариерата, дел од светските медиуми повторно потсетуваат на настанот од 2020 година кога Славко Винчиќ беше приведен во полициска рација во БиХ, но подоцна беше ослободен без обвинение. Славко Винчиќ в недела ќе ја дели правдата на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, но англиските медиуми деновиве не пишуваат само за неговата судиска кариера. „Дејли мејл“ потсети на ...
Основното јавно обвинителство Куманово побара притвор за 41-годишен британски државјанин, осомничен дека со камења нападнал даночни инспектори кои вршеле службена контрола на туристичкиот локалитет „Камени Кукли“ во селото Куклица, кај Кратово. Според Обвинителството, против осомничениот е поведена постапка за кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, казниво според член 382 став 3 од Кривичниот законик. ...
Жителка на неготинското село Долни Дисан останала без 49.087 денари, откако била измамена од лице со кое комуницирала преку социјална мрежа, верувајќи дека ќе добие кредит. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 јули 2026 година во 13:15 часот, 44-годишната жена го пријавила случајот во ОВР Неготино. Според нејзината пријава, таа стапила во контакт со лице преку социјална мрежа со намера да подигне кредит. Во текот ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) забрани употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека таа е загадена и небезбедна за употреба. Повеќе од 1.200 жители на Гостивар побарале медицинска помош во Градската болница жалејќи се на стомачни тегоби и повраќање. Забраната доаѓа по добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување вонреден инспекциски надзор на пречистителна ...