Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Евротип“ на 07.07.2026 година во Скопје. Среќната игра е „100 Супер хот“. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Најновиот добитник на Супер милионер е Е.Џ од Скопје. Тој освои џекпот вреден 5.941.145 денари. Во периодот од 06.07.2026 до 12.07.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 16.287.523 денари кон ...
Северина ги израдува своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи серија фотографии со својот син Александар. Тинејџерот, кој пораснал во вистинско момче, привлече посебно внимание. Бројни следбеници веднаш забележаа колку многу личи на својата мајка, па коментари како „копија на мама“ и „Исти сте“ ја преплавија објавата. На фотографиите се гледа колку се опуштени и колку се поврзани, а моментите што ги снимија заедно покрај морето ги ...
Голем одрон затрупа неколку станбени згради во округот Пенгшуи, во југозападниот кинески град Чонгкинг. Спасувачките екипи извлекле девет лица, додека бројот на луѓето под урнатините сè уште се утврдува. Локален работник околу 8 часот забележал дека од ридот паѓаат камења. Тој веднаш предупредил за опасноста, по што властите наредиле евакуација на повеќе од 60 жители. Свлечиштето се активирало во 9.08 часот. Земјата, камењата и урнатините се ...
Со фокус на континуираното усовршување и градење на силен внатрешен кадар, официјално заврши првата фаза од Лидерската академија на Flex Group, која започна да се реализира во февруари оваа година. – Оваа интензивна едукативна програма успешно ја поминаа околу 60 директори и менаџери од различните компании во рамките на групацијата. За дел од колегите кои од неодамна се наоѓаат на раководни позиции, академијата се покажа како клучна поддршка ...
Косовски државјанин е лишен од слобода откако на граничниот премин Блаце, за време на царинска контрола, насилно се обидел да избега со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царински службеник кој го запрел за детална проверка. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции ...
Победникот на финалето на Светското првенство нема да си замине само со трофејот и златните медали. За првпат во историјата, новиот светски првак ќе добие и шампионски прстени – традиција преземена од американскиот професионален спорт. Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека по неделното финале меѓу Аргентина и Шпанија на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, шампионската репрезентација ќе биде наградена и со специјално изработени ...
Европската Унија подготвува една од најголемите реформи на банкарската регулатива во последните неколку години. Целта е да се намали регулаторното оптоварување, да се ослободи капитал за инвестиции и да се поттикне создавање посилни пан-европски банки кои би можеле да се натпреваруваат со американските финансиски гиганти. Брисел размислува да укине дел од правилата познати како „Столб 2“, кои им дозволуваат на националните регулатори да ...
Летото е период кога илјадници возачи тргнуваат на подолги патувања, но многумина забораваат на една важна работа, редовната ротација на повеќесезонските гуми. Според експертите, токму нерамномерното трошење на гумите може да влијае врз управувањето и сопирањето на возилото. Повеќесезонските гуми стануваат сè попопуларни бидејќи ја елиминираат потребата од сезонска замена. Сепак, тоа не значи дека не бараат редовно одржување. Предните гуми се ...
Краткиот, но силен едночасовен дожд вчера поплави повеќе улици во реонот зад Здравствениот дом во центарот на Битола. Надојдената вода носеше земја и камења, поради што беа блокирани делови од улиците, а пријавени се и поплавени објекти и оштетени возила. Најпогодена беше улицата Дебарска, каде на одредени места се појавија оштетувања на коловозот. Жителите посочуваат дека водата и наносите се слеале кон пониските улици. По невремето, екипи ...
Англискиот селектор Томас Тухел останува со целосна поддршка од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и се очекува да ја предводи репрезентацијата и на Европското првенство во 2028 година, и покрај елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство, пренесуваат британските медиуми. Англија во средата навечер загуби од Аргентина со 2:1 и остана без место во финалето, а Тухел се најде на удар на критиките поради дефанзивните измени што ги ...
Словенецот Славко Винчиќ се расплака кога слушна дека ФИФА му ја доверила најважната судиска задача во кариерата, финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. Четириесетишестгодишниот арбитер зад себе веќе има финале во Лигата на шампионите и богата меѓународна кариера, но назначувањето за мундијалското финале очигледно силно го погодило. Одлуката ја соопшти Пјерлуиџи Колина, легендарниот италијански судија кого многумина го ...
Поранешна претседателка на Комисијата за проверка на условите за одгледување медицински канабис во Министерството за здравство заработи кривична пријава, откако полицијата утврдила дека не ги спроведувала законски предвидените контроли, поради што едно правно лице во Свети Николе произвело 56 килограми канабис повеќе од дозволеното. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети ...
Деветнаесетгодишниот шпански фудбалер Ламин Јамал од секогаш имал ритуал поврзан со јадењето. Уште од периодот кога бил дете неговата мајка му подготвува посебно јадење пред секој натпревар. Ламин Јамал има само 19 години и веќе е фудбалска ѕвезда со ветувачка кариера. Тој го воодушеви фудбалскиот свет со својот неверојатен пробив во првиот тим на ФК Барселона, а сега е во центарот на вниманието и на Светското првенство. Младиот напаѓач во ...
Уживате во сочна зрела праска? Не дозволувајте белузлавата материја околу семката (исто така позната како ткиво од праска) да ве спречи во тоа, пишува порталот Taste of home. Летото е одлично време за свежи плодови. Сега е сезона на сè, од цреши и сливи до праски, сè на дофат на раката. Без разлика дали купувате овошје од пазар, одите во овоштарник за сами да ги наберете или купувате половина килограм од продавница, тие се идеални за печење ...
Шеесет и осумгодишен маж од Берлин е осомничен дека дрогирал, силувал и снимал десетици жени, во случај што ја шокира германската јавност. Истражителите стравуваат дека бројот на неговите жртви достигнува најмалку 58, а обвинителството бара да му биде изречена максимална затворска казна, по која би следувал и превентивен притвор. Според обвинението, 68-годишниот електричар од Берлин злоупотребил и силувал најмалку 14 жени додека биле во ...
Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка безбедносна архитектура. Современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото. Вака објави на Фејсбук шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски од Вашингтон. Муцунски, на покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, учествуваше и се обрати на министерскиот состанок посветен ...
Возачите кои летово патуваат во Грција треба да бидат особено внимателни, бидејќи грчката полиција сè почесто користи необележани службени возила опремени со современа технологија за откривање на сообраќајни прекршоци. Како и голем број европски држави, грчките полициски власти вложуваат во користење возила без полициски ознаки, со цел полесно да ги откриваат возачите кои ги прекршуваат сообраќајните правила кога мислат дека никој не ги ...
Сончево и топло време со мала до умерена облачност, најавуваат синоптичарите. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура е во интервал од 12 до 21 степен, а максималната се очекува да достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
„Zara death pants“ – така корисниците на социјалните мрежи ги нарекоа популарните широки панталони на брендот „Зара“, кои во последните недели станаа вирален феномен поради бројните видеа од луѓе кои се сопнале додека ги носеле. Станува збор за модел со широки ногавици, висок струк, еластичен појас и предни џебови. Со цена од 25,99 фунти, тие изгледаат како идеален избор за летните горештини – лесни, удобни и во согласност со актуелните модни ...
Компанијата „Спејс екс“ на познатиот милијардер Илон Маск го откажа лансирањето на ракетата „Старшип“ откако дел од моторите не се активирале непосредно пред полетувањето. Неуспешниот обид го одложи првиот лет на леталото, а на берзата акциите на компанијата паднаа за повеќе од шест проценти. Ракетата требаше да полета од комплексот „Старбејс“ во јужен Тексас во својата 13. голема мисија. Прв тест по ИПО-то од 86 милијарди долари Мисијата ...
Оператор на телепромптер во Белата куќа е под истрага за наводно користење на инсајдерски информации за обложување на говорите на американскиот претседател Доналд Трамп. Обвинет е дека заработил речиси 100.000 долари од обложувања. Габриел Перез, кој работи во Белата куќа од 2016 година, е обвинет за обложување на зборовите што претседателот ќе ги користи за време на големите јавни обраќања, вклучително и обраќањето за состојбата на нацијата. ...
Рибниот фонд во Мавровско Езеро во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, порибено е со нова количина риби. Од јавната установа Национален парк Маврово, информираат дека вчера во соработка со EDS Energy Delivery Solutions, е реализирано порибување на најголемата водна површина во паркот со 460 килограми крап. – Оваа активност претставува значаен придонес кон зачувувањето и унапредувањето на рибниот фонд, како и кон ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека декласифицирал разузнавачки информации кои, според него, покажуваат кинеско мешање во американските претседателски избори во 2020 година, повторувајќи ги долгогодишните обвинувања за изборната безбедност. Трамп тврди дека Кина незаконски прибавила изборни податоци за околу 220 милиони Американци, меѓу кои имиња, адреси и други информации поврзани со регистрацијата на гласачите. Тој обвини и ...
Осум земји-членки на Европската Унија побараа пристапниот процес за земјите-кандидати да стане поконкретен, попредвидлив и заснован на јасно утврдени правила и временска рамка за членство. Во заедничкиот нон-пејпер се нагласува дека напредокот мора да зависи од спроведените реформи, но и дека постојаното менување на условите ја нарушува довербата во процесот на проширување. Зад документот стојат Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, ...
Унгарската влада соопшти дека доставила извештај до полицијата за сомнителна злоупотреба на јавни средства за набавка на образовен софтвер за време на претходната влада на Виктор Орбан, пренесе Ројтерс. Премиерот Петер Маѓар, кој го победи Орбан на априлските избори, вети решителна борба против корупцијата и формирање независно тело за истражување на наводните коруптивни практики за време на владеењето на Орбан. Орбан негираше какво било ...
Американските вооружени сили започнаа нова серија воздушни напади врз цели во Иран, шеста ноќ по ред, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), нагласувајќи дека операциите имаат цел да ги намалат воените способности на Техеран. Според соопштението на ЦЕНТКОМ, американските сили продолжуваат со напади врз објекти поврзани со иранската воена инфраструктура, вклучувајќи позиции поврзани со ракетни системи, беспилотни летала, крајбрежна ...
Клучен датум за иднината на процесот на проширување на Европската Унија е 30 септември, кога Европската комисија треба да излезе со извештај за новиот пристап кон проширувањето, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во интервју за Канал 5 телевизија, Сиљановска-Давкова рече дека на 30 септември Европската комисија првпат ќе го претстави моделот според кој ќе се одвива натамошниот процес на проширување, а потоа во октомври за ...
Повеќе делови од Македонија се зафатени од невреме, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а на места и град – информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според информациите н УХМР невремето се движи од северозапад кон југ и југоисток. Прво било зафатено Кичево, каде во попладневните часови имаше пороен дожд и грмежи, а подоцна нестабилноста се разви во планинските предели северозападно од Скопје, како и во Полошкиот регион, Овче ...
Агентите на американската Тајна служба задолжени за обезбедувањето на потпретседателот Џеј Ди Венс се незадоволни од, како што велат, сѐ почестите и непромислени барања за патувања, кои најчесто пристигнуваат во последен момент. Според телевизијата MS Now, тоа веќе сериозно влијае врз моралот во тимот. Незадоволството кулминирало по барањето Венс и неговиот малолетен син со воениот хеликоптер Marine Two да бидат пренесени преку Вашингтон за ...
Агентите на американската Тајна служба задолжени за обезбедувањето на потпретседателот Џеј Ди Венс се незадоволни од, како што велат, сѐ почестите и непромислени барања за патувања, кои најчесто пристигнуваат во последен момент. Според телевизијата MS Now, тоа веќе сериозно влијае врз моралот во тимот. Незадоволството кулминирало по барањето Венс и неговиот малолетен син со воениот хеликоптер Marine Two да бидат пренесени преку Вашингтон за ...