Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат мерките до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. До официјално укинување ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето на двајца американски војници во Јордан е трагедија, но нагласи дека воената мисија поврзана со Иран останува од клучно значење за САД. Тој ги одбрани новите воздушни напади на американската војска, кои беа изведени како директен одговор против силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), пренесува весникот „Њујорк пост“. – Го направивме тоа затоа што не сакаме ...

Постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ги неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс. Во изминатите денови над 1.000 гостиварски граѓани, меѓу кои и деца со симптоми на труење побарале ...

Контроверзните инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт вчера беа уапсени од федералните власти во Мајами, соопшти Американската маршалска служба. Тие се уапсени откако британските власти објавија дека поднесуваат нови обвиненија против нив, јави Би-Би-Си. Портпаролот на службата Брејди Меккарон изјави дека судските документи и останатите материјали поврзани со случајот засега нема да бидат објавени во јавноста. Кралската служба за обвинителство на ...

Голем број корисници денеска пријавија проблеми при пристапот до социјалната мрежа Фејсбук, при што дел од нив не можат да се најават на своите профили поради привремен технички дефект. При обид за најава, корисниците добиваат порака: „Профилот е привремено недостапен. Вашата сметка моментално не е достапна поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“ Според платформата ...

Бројни рекации на социјалните мрежи предизвика новиот билборд за „Добредојдовте во Скопје“ што завчера беше поставен на источниот влез на градот. На билбордот се гледа дека коњот Букефал од споменикот „Воин на коњ“ има пет или шест нозе, Камениот мост е издолжен во недоглед, црквата е непознат објект за скопјани, а граѓаните коментираат дека наликува на храмот „Св.Сава“ од Белград. На врвот на Водно не се гледа телекомуникациската кула, а ...

Вечерва од 21 часот по македонско време, очите на фудбалскиот свет ќе бидат вперени кон „Њујорк Њу Џерси Стадиум“, каде Аргентина и Шпанија ќе го одиграат големото финале на Светското првенство 2026. По повеќе од еден месец спектакуларни натпревари, 48 репрезентации и 104 одиграни мечеви, останаа само два тима кои ќе се борат за најпрестижниот трофеј во светскиот фудбал. Аргентина влегува во финалето како актуелен светски шампион и има ...

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе постигна два гола против Англија ноќеска во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026. Англија победи со 6:4. Дваесет и седумгодишниот Французин постигна гол во 48. и во 66. минута. Мбапе има постигнато 22 гола на Светските првенства, надминувајќи го аргентинскиот напаѓач Лионел Меси (21) и станувајќи најдобар стрелец на Мундијалите на сите времиња. На Светското првенство 2026 година, Мбапе ...

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот Охридско лето настапија врвните уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“. Пред бројната публика, која со долг аплауз ја поздравуваше секоја изведба, беа оживеани некои од најубавите бисери на македонското музичко наследство, во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. ...

Англија ноќеска ја победи Франција со 6:4 во натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година во Мајами, САД. Во првото полувреме, Англија постигна четири гола, постигнати од Деклан Рајс (3. минута), Езри Конса (18) и Букајо Сака (37. и 45. минута). Во 48-мата минута, Килијан Мбапе намали на 1:4, Бредли Баркола во 54. минута намали на 2:4, Мбапе со својот втор гол во 66. минута ја доближи Франција на само еден гол негатива. ...

Само неколку дена по големата реконструкција на украинската влада, Украина се соочува со ретка политичка криза во услови на војна. Илјадници граѓани четврти ден по ред протестираат во Киев, Лавов и во уште неколку градови, барајќи поништување на одлуката на претседателот Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров. Станува збор за едни од најмасовните антивладини протести од почетокот на руската инвазија. Федоров, ...

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е еден од најомилените спортисти во светот. Наместо вообичаеното потпишување автограми и фотографирање со фановите, српскиот тенисер овојпат доби сосема поинаква задача – да го открие полот на бебето на брачен пар кој навива за него. Необичниот момент се случил додека Ѓоковиќ се дружел со навивачи. Ковертот со информацијата за полот на бебето бил врзан со јаже и спуштен од тераса до тенисерот. Видливо ...

Унгарскиот претседател Тамаш Сујок го потпиша 17-тиот амандман на Основниот закон, со што официјално се отвора патот за избор на нов шеф на државата. Според амандманот, неговиот мандат ќе заврши ден по стапувањето во сила на уставниот акт. Во видео објавено на социјалните мрежи, Сујок изјави дека, иако можеби има лични резерви кон амандманот, нема уставни механизми со кои би можел да го оспори. – Бидејќи претседателот нема можност уставните ...

Конфликтот меѓу САД и Иран повторно се заострува, откако двајца американски војници загинаа, а еден се води како исчезнат по иранските напади во Јордан. Информацијата ја потврди Централната команда на американската војска (CENTCOM), која соопшти дека станува збор за првите американски воени жртви во конфликтот од март годинава. Според соопштението, нападите биле извршени на 17 јули, кога американските и сојузничките сили одбивале ирански ...

Градскиот совет на Париз одобри двојно зголемување на данокот за празните станови, мерка што ќе стапи во сила на 1 јануари 2027 година, со цел да се поттикне понудата на станови за изнајмување и да се ублажи недостигот од домување во француската престолнина. Според податоците на градските власти, во Париз има околу 150.000 ненаселени станови, што претставува девет проценти од вкупниот станбен фонд. Од нив, околу 80.000 се долгорочно празни и ...

Македонија ја очекува уште еден исклучително топол летен ден, со температури кои на одделни места ќе достигнат дури 39 Целзиусови степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, додека попладне во делови од земјата ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе се движат од 14 степени во Берово до ...

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хаменеи објави писмена изјава во која тврди дека САД постојано ги прекршувале обврските од меморандумот за разбирање што двете земји го потпишаа во средината на јуни. Врховниот лидер посочува дека потписот на американскиот претседател Доналд Трамп на овој договор е „лишен од вредност и неважечки“. Според Хаменеи, американските напади врз Иран се директна потврда за тоа. Во соопштението, Моџтаба Хаменеи додава ...

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен жител на Тетово, кој пријавил дека во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма. По пријавата, полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, при што биле пронајдени 11 чаури од огнено ...

Финалето на Светското фудбалско првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина влезе во историјата не само поради големината на натпреварот, туку и по неверојатните цени на билетите. На пазарот за препродажба најевтините билети чинат повеќе од 7.000 евра, додека најлуксузните места покрај теренот достигнуваат неверојатни 83.000 евра. Според податоците од платформите за препродажба, просечната цена на билет за големото финале достигнала околу 9.900 ...

Вознемиреност се прошири во атинската населба Кипсели, откако во напуштена зграда бил пронајден сомнителен куфер во кој било откриено тело на жена во напредната фаза на распаѓање. Случајот бил пријавен во денес попладне (18 јули) откако бездомник го забележал куферот во објект на улицата Евелпидон и веднаш ги известил надлежните служби. По пристигнувањето на местото, припадниците на грчката полиција извршиле проверка и утврдиле дека во ...

Најмалку осум лица загинаа, а 62 се повредени во напади со беспилотни летала врз два логистички магацини на најголемиот руски синџир за онлајн трговија „Вајлдберис“, соопштија руските власти. Нападите се случија во текот на ноќта, а цел биле логистички центри во регионите Тамбов и Москва. Најтешко погоден бил дистрибутивниот центар во градот Котовск, во Тамбовската област, околу 475 километри југоисточно од Москва. Според руските власти, таму ...

Полицијата лиши од слобода 45-годишна жена од Богданци под сомнение дека украла мобилен телефон од вработена во ЈЗУ „Општа болница“ Гевгелија. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 17 јули 2026 година, а полициски службеници од СВР Струмица – Одделение за внатрешни работи Гевгелија ја привеле М.П. (45) од Богданци. Според пријавеното, жената истиот ден околу 10 часот влегла во просторија во ...

Легендарниот француски фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, од 1 септември и официјално ќе стане нов селектор на француската фудбалска репрезентација, објави францускиот весник „Л’Екип“. Според информациите, токму 1 септември е одреден како датум за потпишување на договорите меѓу Зидан и неговиот тренерски штаб, согласно документите што веќе биле разменети меѓу двете страни. Претходно француските медиуми објавија дека ...

Педесет и осумгодишен маж го загуби животот откако се здобил со тешки повреди при сеча на дрва во близина на пехчевското село Панчарево, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, на 17 јули 2026 година, во 18:42 часот, во СВР Штип од Итната медицинска помош – Пехчево било пријавено дека околу 18:10 часот добиле повик за интервенција во близина на селото Панчарево. Како што информира МВР, 58-годишниот Ј.Ѓ. ...

Конфликтот меѓу Иран и САД дополнително ескалира, откако Иран изврши нови напади врз цели во Кувајт и Бахреин, додека американската војска седма последователна ноќ продолжи со воздушните операции врз иранска територија. Кувајтските власти денеска соопштија дека во „непријателски напад“ бил погоден уште еден енергетски објект, кој вклучува електрана и постројка за десалинизација на вода. Во нападот избувнал пожар во дел од комплексот, а ...

Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според предвидената динамика и се очекува да биде целосно завршена до крајот на летото, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека паралелно се реализираат четири проекти, при што степенот на реализација на секој од нив изнесува меѓу 80 и 90 проценти. – Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде меѓу 80 и 90 проценти ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе биде главен арбитар на финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се одигра утревечер, а покрај најголемото признание во својата кариера, го очекува и значителна финансиска награда. Според словенечкиот весник „Дело“, Винчиќ не можел да ги сокрие солзите кога дознал дека токму нему му е доверено да го суди најважниот натпревар на Мундијалот. Според проценките на медиумите, ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека негови стручни тимови веднаш излегле на терен и земале примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи, откако Јавното обвинителство побарало испитување поради големиот број граѓани со гастроинтестинални симптоми во Гостивар. Од ИЈЗ информираат дека по враќањето на екипите од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш започнала постапката за лабораториска анализа на земените ...

По новите закани упатени кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, реагираа политички партии, а се бара МВР и Обвинителството итно да ги идентификуваат и санкционираат одговорните. Нови закани за физичко насилство кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, се појавија на социјалните мрежи, откако под видео објавено од градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, беше оставен коментар со повик за насилство. Во коментарот, корисник ...

Дваесетгодишна девојка пријавила во полиција дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 16 јули во 17:30 часот во СВР Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил околу 14:30 часот, кога девојката, додека се пресоблекувала во гардероба, забележала маж качен на скала кој ја ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.61
50%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
73%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.11
64%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.16
67%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.38
74%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.11
82%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
47%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.53
50%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.0
55%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.81
70%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
55%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.28
99%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.27

Цинк

0.00

Паладиум

43435.66

Злато

137126.15

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Платина

55652.94

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Сребро

2005.37

Калај

56.77

Бакар

13.54