Норвешката полиција и противпожарните служби ги предупредија жителите да не се враќаат во домовите кои останаа недопрени по разорниот шумски пожар што зафати подрачје југозападно од Осло. Командантот на полициските операции, Столе Фуглас, за весникот „Верденс ганг“ изјави дека повеќе лица се обиделе да ги пробијат полициските кордони и да се вратат во своите домови. – Сакаме да им помогнеме на сите, но не смеете да се изложувате на опасност – ...

Грчката полиција уапси 50-годишен државјанин на Албанија, осомничен дека намерно предизвикал пожар во местото Аникси, во близина на Атина. Неговото движење било снимено од повеќе надзорни камери, кои помогнале во неговото идентификување. Според снимките објавени од грчкиот портал „Protothema.gr“, осомничениот со возило застанал покрај суво растително подрачје и отпад во близина на шумска површина. Потоа, како што се гледа на камерите, наводно ...

Поради претстојната посета на претседателката на Индија на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид воведува засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во градот. Од денеска па сè до 22 јули 2026 година, кога индиската претседателка ќе престојува во Охрид, полициските служби ќе спроведуваат активности за физичко и сообраќајно обезбедување на улиците, сообраќајниците и објектите поврзани со посетата. Од СВР Охрид информираат дека ...

Прославите по победата на Шпанија во финалето на Светското фудбалско првенство завршија со две жртви, повеќе од 80 повредени лица и најмалку 12 приведени низ земјата. Во Мадрид, во текот на ноќта приведени се седум лица. Петмина се уапсени поради поттикнување омраза по расправија во еден бар, едно лице поради нарушување на јавниот ред и напад врз службено лице на плоштадот Сибелес, каде што се собраа илјадници навивачи, а уште едно лице ...

Министерството за здравство информира дека се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит во Гостивар, но состојбата и понатаму активно се следи преку здравствените институции и епидемиолошките тимови. Од Министерството посочуваат дека според последните податоци од Општата болница Гостивар и Здравствениот дом Гостивар, од вчера е регистриран пад на бројот на лица кои за првпат побарале ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, дека Соединетите Американски Држави повторно ќе поднесат кандидатура за организација на Светското првенство, истакнувајќи дека Мундијалот 2026 покажал оти земјата успешно може да биде домаќин на најголемиот фудбалски настан во светот. Трамп во интервју за „Фокс Спорт“ изјави дека сака САД што поскоро повторно да го видат ...

По повеќегодишен застој поради нерешени имотно-правни односи, изградбата на клучката „Момин Поток“ повторно се одвива со засилена динамика, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој изврши увид во тековните градежни активности. Ѓорѓиевски истакна дека веднаш по преземањето на функцијата биле преземени конкретни чекори за надминување на долгогодишните пречки што го блокирале овој капитален инфраструктурен проект. – Уште од ...

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, преку проектот „Играј одговорно“, продолжува со активностите насочени кон превенција и психо-социјална поддршка на лица кои се соочуваат со проблематично играње игри на среќа. Во рамки на иницијативата функционира мрежа на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп, како и Радовиш, каде што советувалиштето започна со работа во април годинава. Проектот „Играј одговорно“ се реализира од ...

– Пред повеќе од 30 дена, 48 нации тргнаа на пат. Тие преминаа океани, граници и култури. Заедно, ни покажаа зошто оваа игра му припаѓа на целиот свет. Споделивме моменти на радост, надеж и искуства што никогаш нема да ги заборавиме – рече холивудската ѕвезда Том Круз во својот инспиративен говор пред финалето на Светското првенство 2026. Тој нагласи дека фудбалот е универзален јазик, јазик без зборови и дека ги обединува луѓето, ги претвора ...

Бугарската влада ќе побара од парламентот одобрение да се сместат 8 американски авиони-танкери во воената база Безмер, најави денеска премиерот Румен Радев, откако претходно нивното стационирање на цивилен аеродром предизвика контроверзии во земјата. Вашингтон на 17 јули побарал авионите кои служат за поддршка на американските воени операции на Блискиот Исток, да се стационираат во воениот објект Безмер, рече Радев на годишната конференција ...

Европската комисија денеска соопшти дека ја казнила кинеската компанија за е-трговија „Али експрес“ со 550 милиони евра поради тоа што не успеала да го намали ризикот од продажба на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи. Во соопштението на ЕК се наведува дека „Али експрес“ е казнет за прекршување на одредбите од Законот за дигитални услуги (ДСА) бидејќи компанијата не успеала соодветно да процени дали има доволно персонал за следење ...

Викторија Бекам се осврна на Светското првенство, откако неочекувано стана едно од најпопуларните мемиња на турнирот благодарение на сцена од трибините што ги насмеа љубителите на фудбалот ширум светот. 52-годишната модна дизајнерка во изминатите недели ги следеше натпреварите на Светското првенство, кое годинава заеднички го организираа САД, Канада и Мексико, заедно со сопругот Дејвид Бекам. Со нив на натпреварите беа и 15-годишната ќерка ...

Мерките од Оперативниот план за вработување да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот за аплицирање и постапката за добивањето на поддршката да биде транспарентна како во изминатиот период, побара на денешната средба Занаетчиската комора од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. -Актуелните мерки за вработување се значајна алатка во занаетчиството, бидејќи знаеме со какви сè проблеми занаетчиите се ...

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља уште еднаш се најде во центарот на светското внимание. Додека сите очекуваа највредниот фудбалски пехар да биде третиран со највисоки протоколи, тој заврши во рацете на Кукуреља на најбизарен можен начин. На социјалните мрежи со брзина на светлината се прошири вирално видео на кое се гледа како фудбалерот мирно чекори кон тимскиот автобус, додека во раката лежерно ниша бела пластична кеса. JAJAJAJAJA ...

Јеменските Хути, поддржани од Иран, денеска прогласија поморска блокада на Саудиска Арабија која ќе стапи во сила веднаш, објави нивниот воен портпарол во телевизиско обраќање. Милитантната група соопшти дека воведува „морско ембарго против криминалниот саудиски непријател“, повикувајќи се на принципот „око за око“. Хутиите тврдат дека блокадата е одговор на она што го нарекуваат продолжение на „неправедната и репресивна опсада на нашиот ...

Собранието со 88 гласа „за“, без ниту еден „против“ и „воздржан“, ја донесе Одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври, пренесе МИА. Владата претходно, на седницата од 17 јули, одлучи да побара продолжување на кризната состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со новата одлука, мерките ќе важат од 21 јули до 20 октомври, со цел институциите да можат ...

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до петок ќе биде променливо ...

Нова студија на случај, објавена во медицинското списание Oxford Medical Case Reports, опишува 65-годишна жена која била толку среќна по свадбата на својата ќерка што лекарите првично помислиле дека доживува срцев удар, пишува Science Alert. Три дена по свадбената прослава, жената почувствувала болка во градите и отежнато дишење. Кога побарала лекарска помош, веднаш била упатена на ургентен преглед. Резултатите од испитувањата, сепак, ги ...

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до петок ќе биде променливо ...

Кривична пријава е поднесена за двајца скопјани за полов напад и силување на жена што се случил на 17 јули во Скопје. Тие се сомничат дека на 17.07.2026 во 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче-Долно Лисиче со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна жена од Србија, со престојувалиште во Скопје. Тие се изведени пред судија на претходна постапка, кој им изрекол мерка времено одземање на патната исправа. Кривична ...

Холивудската ѕвезда Софија Вергара беше меѓу бројните познати личности кои во живо го следеа финалето на Светското првенство на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Телевизиските камери за време на преносот уловија многу славни лица кои уживаа во фудбалскиот спектакл, меѓу кои Џеј-Зи и Бијонсе, Ријана, Дрејк, Серена Вилијамс, Дејвид Бекам, Мет Дејмон и многу други. Со кого го следела натпреварот откри самата Вергара на својот профил на Инстаграм, ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.К.(52) од село Саса, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” и против Б.К.(57) од Кочани за „поттикнување” во врска со „измама при добивање кредит или друга погодност”. На 08.05.2026 во канцеларија на подрачната единица на Агенција за вработување во ...

Според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор. Доколку овие наоди бидат потврдени, тие отвораат сериозни прашања за начинот на кој се управувало со водоводниот систем во Гостивар под надлежност на општината. Една од насоките што ја испитуваат надлежните ...

Лепа Брена ги израдува своите следбеници на Инстаграм со ретка фотографија од младоста, потсетувајќи се на едно од најважните поглавја во својата кариера. Пејачката се наврати на времето на создавањето на албумот „Пиле моје“ и на златните осумдесетти години, кога настанаа песните што подоцна ќе ја одбележат нејзината музичка кариера. Покрај архивската фотографија, Брена сподели и емотивна порака посветена на периодот исполнет со музика, ...

Потенцијалниот „случај“ со таканаречениот „билборд за добредојде“ покажа неколку важни нешта. Прво, дека актуелниот градоначалник умее да прифати критика од јавноста и веднаш да реагира со корекција на грешката. И тоа не е баш така чест случај во македонската политика. Второ, „случајот“ покажа дека јавноста може да изврши конструктивен притисок во позитивна насока, што исто така не се случува секојдневно кај нас. Но, мислам дека најважен ...

Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар – изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски. – Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидејќи немаме што да криеме – рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата. Првата службена ...

Ниту една институција засега не ги објавува резултатите од испитувањата на квалитетот на водата од водоводот од Гостивар. Воадата е загадена и е забранета за секаква употреба, а во градот е прогласена епидемија. Откако министерот за здравство, Сашо Клековски рече дека без дозвола на Јавното обвинителство нема да ги објави резултатите, новинарите побараа одговор од Обвинителството, но ниту од оваа институција не открија од што се јавија ...

Не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректност. Ако се констатира непазарно однесување и енормно зголемување на цените, не е исклучено да се преземат соодветни мерки, изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите. Тој рече дека на средбата ќе бидат презентирани анализите на Државниот пазарен инспекторат во однос на цените – како се движат ...

Ниту шест огромни рудници за бакар да се отвораат секоја година во наредните две децении најверојатно нема да се задоволи побарувачката на пазарот за овој метал. Ваква е проценката на рударскиот инвеститор Френк Џустра, имајќи го предвид фактот дека четири големи наоѓалишта во Јужна Америка засега не се во посед на големите компании кои котираат на сериозни светски берзи, што може да предизвика криза во синџирот на снабдување. Од друга ...

Владата преку Министерството за транспорт инвестира речиси 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој, денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, престојуваше во работна посета на општина Велес, каде што со градоначалникот Марко Колев направи увид на многубројните проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството. – Со ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.61
48%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.11
61%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.16
56%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.38
65%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.11
77%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
49%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.53
46%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.0
51%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.86
71%
1013
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
2.28
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Сребро

1994.05

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Злато

136962.18

Бакар

13.51

Платина

56135.20

Родиум

274085.11

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29