Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
На граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333.000 денари, или околу 5.400 евра откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана ...
Валбон Лимани, кандидатот на Венко Филипче, Али Ахмети и Арбен Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност – пишува ВМРО-ДПМНЕ ...
Францускиот фудбалер Мајкл Олисе (24), репрезентативец и ѕвезда на Баерн Минхен, се најде во центарот на вниманието откако една млада жена од Диселдорф јавно изјави дека тој е татко на нејзиното 20-месечно дете. Фатима Заунбрехер (34) тврди дека Олисе никогаш не ја запознал неговата тајна ќерка, а таа решила да проговори за БИЛД по речиси две години. Заунбрехер вели дека е разочарана од фудбалската ѕвезда бидејќи иако ја признал малата Алија ...
Стотици домаќинства во Волково од вчера попладне после големото невреме се без струја. Од ЕВН не одговараат на повиците за да им одговорат на корисниците кои се причините за долгиот прекин и кога може да очекуваат електрична енергија. Во невремето што го погоди Скопје во вторникот попладне во Волково и во Орман паднаа повеќе дрвени бандери, а во Ново Село е преполовен и еден бетонски столб. Дел од бандерите се навалени и се држат на кабли. Во ...
Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и во Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска. Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час ...
Официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, претставува силен поттик политичкото пријателство меѓу Северна Македонија и Индија да се претвори во конкретна економска соработка, нови инвестиции и долгорочни деловни партнерства, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски на вчерашниот Македонско-индискиот бизнис-форум, информира Министерството за земјоделство. Во обраќањето пред ...
Воените операции против Иран досега ги чинеле САД 37,5 милијарди долари, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за време на сослушување пред Конгресот. Тоа претставува зголемување од речиси осум милијарди долари во однос на последната јавно објавена проценка на трошоците. Хегсет пред американските законодавци изјави дека во сумата се вклучени и очекуваните трошоци до 30 септември. Ова е првпат Хегсет јавно да одговара на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со повеќе од 60 км на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР ...
Еден од најпознатите холивудски актери на денешницата, Вил Смит, пристигна во Хрватска, а причината за неговата посета беше средба со Мате Римац, основачот на компанијата „Римац“. Актерската ѕвезда доби можност од прва рака да ја тестира хрватската гордост, еден од најбрзите електрични автомобили во светот, Римац Невера. Смит беше воодушевен од автомобилот, а самиот Римац го провози и му ги демонстрираше на својот гостин сите можности на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави не ја завршиле воената акција против Иран и предупреди дека следна можна цел може да биде подземниот објект познат како „Пикакс маунтин“ (Pickaxe Mountain). – Веројатно многу наскоро ќе ја нападнеме таа зона. И тие ништо не можат да направат по тоа прашање – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Според американските медиуми, „Пикакс маунтин“ се наоѓа во ...
Силното невреме со бурни налети на ветер што попладнево го зафати Скопје предизвика бројни штети низ повеќе делови од градот, а градските служби веднаш излегоа на терен за расчистување на последиците. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи сподели видео од состојбата по невремето и порача дека реакцијата на службите била брза и организирана. – Природата не можеме да ја спречиме, но реагиравме брзо, ...
По екстремното невреме кое попладнево предизвика големи штети во Скопје, метеоролозите најавуваат дека временската нестабилност продолжува и во наредниот период. Според прогнозата, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, но во делови од земјата ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на изолирано невреме со град. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој долж Повардарието ...
Зајакнување на економските врски, нови инвестиции и зголемување на трговската размена меѓу Северна Македонија и Индија беа главните пораки од Македонско-индискиот бизнис форум што се одржа во Скопје, на кој се обратија претседателките на двете држави, Гордана Сиљановска Давкова и Друпади Мурму. Сиљановска Давкова оцени дека политичките односи меѓу двете земји не се доволно одразени во економската соработка и порача дека постои голем простор ...
Италијанската финансиска полиција и царинските служби запленија повеќе од 770 килограми кокаин во пристаништето Вадо Лигуре, скриен во пратка со банани пристигната од Еквадор. Според соопштението на Италијанската финансиска полиција, во акцијата учествувале припадници на Финансиската полиција од Савона, нивни колеги од Џенова и службеници од Царинската и монополската управа. При контролата на ладилен контејнер биле пронајдени 650 пакети со ...
Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика огромен број пријави од граѓани, а службите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) одговорија на повеќе од 8.300 повици за само четири часа. Од 17 до 21 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 биле регистрирани илјадници повици поврзани со последиците од силниот ветер, дождот и материјалните штети низ главниот град. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, информира дека операторите ...
Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика голема материјална штета и во Градската општа болница „8 Септември“, каде најмногу е оштетен кровот и кровната конструкција. Директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски, изјави дека засега во установата не се примени повредени лица како последица на невремето, но дека првичниот увид покажува значителни оштетувања на објектот. – Во овој момент не можеме прецизно да го утврдиме ...
Само неколку секунди го делеа возачот од сериозна трагедија за време на силното невреме што попладнево го зафати Скопје. На улицата Коста Новаковиќ во населбата Аеродром, огромно зимзелено дрво беше откорнато од силниот ветер и се урна директно врз коловозот. Драматичниот момент е снимен на видео, на кое се гледа како дрвото паѓа непосредно пред автомобил што се движел по улицата. Возачот за влакно успеал да ја избегне опасноста, а според ...
Силното невреме што попладнево го зафати Скопје остави и повредени граѓани. Девет лица биле примени на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски, информира дека две лица се здобиле со потешки повреди. – Една пациентка со повреда на главата е пренесена на Клиниката за неврохирургија, додека друга ...
Откако силното невреме попладнево предизвика штети во Скопје и во повеќе делови од земјата, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека кон Македонија се приближува нов нестабилен бран. Според информациите, невремето што во моментов ги зафаќа Албанија и Косово се движи кон нашата земја. Овојпат, според прогнозите, главната опасност не се очекува да биде силниот ветер, туку пообилни поројни врнежи, грмежи и локална појава на ...
Краткотрајното, но силно невреме што попладнево го погоди Скопје предизвика сериозни штети на повеќе локации, а на социјалните мрежи се појави драматична снимка која го доловува моментот кога дел од кровна конструкција паѓа врз автомобил што се движи по улица. На видеото се гледа како силниот ветер откорнува дел од покрив, кој за само неколку секунди паѓа директно врз возилото во кое се наоѓаат снимателите. За среќа, според досегашните ...
Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански налети на ветер попладнево предизвика поплава и во објектот на Меѓународниот аеродром Скопје. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дождовницата навлегла во дел од терминалот и ги поплавила просториите низ кои се движат патниците. Водата се разлева по подот, додека присутните се обидуваат да ги избегнат поплавените делови. Поплавувањето на аеродромот доаѓа во време кога ...
Шест лица повредени во силното невреме што попладнево го зафати Скопје биле примени на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, информира директорот на установата, д-р Небојша Настов. Повредените се здобиле со посекотини и набиеници и сите биле третирани амбулантски. – Тројца од повредените по прегледот се пуштени на домашно лекување, додека тројца се во фаза на дополнителни испитувања. Сите се во стабилна состојба и ...
Бројот на граѓани кои бараат лекарска помош поради стомачни тегоби во Гостивар значително се намалува, а засега нема нови зарази со хепатитис, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во Гостивар. Според него, последните податоци покажуваат дека бројот на новопрегледани пациенти е преполовен во споредба со саботата, кога беше регистриран врвот на епидемијата. – Според последниот извештај имаме ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со надлежните служби и екипите на јавните претпријатија, е целосно мобилизиран по силното невреме што попладнево го зафати главниот град. Ѓорѓиевски посочи дека службите се на терен и дека се во постојана координација со Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и останатите ...
Само десетина минути беа доволни силниот ветер и поројниот дожд да предизвикаат хаос низ Скопје. Невремето донесе паднати дрвја, оштетени објекти, прекини на струја и блокирани улици во повеќе населби. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваа фотографии и видеа од последиците, а екипите на надлежните служби веднаш излегоа на терен за расчистување и интервенции. View this post on Instagram A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk) View ...
Над 1.000 повици од граѓани се евидентирани преку Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со ветер кое попладнево го зафати Скопје, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според првичните информации, во главниот град се пријавени повеќе случаи на паднати дрвја, оштетени возила и кровни конструкции кои не издржале на силните налети на ветерот. – Во Скопје е пријавена падната ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Гостивар изјави дека државата ги ставила во функција сите расположливи капацитети за надминување на кризата предизвикана од загадувањето на водоснабдителниот систем и порача дека за случајот ќе има одговорност доколку се утврди вина. Тошковски, заедно со владина делегација, престојуваше во Гостивар каде се одржаа координации со надлежните институции и се преземаат мерки за справување ...
Силниот ветер кој попладнево го зафати Скопје продолжува да предизвикува проблеми низ повеќе делови од градот. Граѓани пријавуваат паднати дрвја, блокирани улици, оштетувања и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Според пријавите од жители, без струја останале делови од Волково, Матка, Сарај и Геге, а екипите се очекува да излезат на терен за отстранување на дефектите. Низ улиците на Скопје се слушаат сирени на пожарникарни возила, ...
Најaвеното силно невреме попладнево започна да го зафаќа Скопје. Во делови од градот врне пороен дожд, дува силен ветер, а се слушаат и интензивни грмотевици. Засега нема официјални информации за предизвикани материјални штети, повредени лица или посериозни последици од невремето. Во некои населби граѓани пријавуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија. Невремето доаѓа по најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ...