И покрај тоа што ја направи Шпанија европски и светски шампион, селекторот Луис де ла Фуенте не е ниту меѓу десетте најплатени селектори на Светското првенство 2026. Според британскиот весник „Мирор“, 65-годишниот стратег се наоѓа дури на 15. место според годишната заработка меѓу 48-те селектори кои ги предводеа своите репрезентации на Мундијалот. Де ла Фуенте годишно заработува два милиони евра, што е дури пет пати помалку од најплатениот ...

Основниот суд во Гостивар им определи 30-дневен притвор на тројцата осомничени во случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар – Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои се на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“. Одлуката ја донел судијата на претходна постапка Ќирко Михајлоски, откако Основното јавно обвинителство Гостивар доставило предлог за определување мерка притвор. Портпаролката на Основниот суд ...

Патнички траект и товарен брод се судрија во заливот Суда на грчкиот остров Крит. Инцидентот, кој беше снимен од очевидци, за кратко време се прошири на социјалните мрежи, додека надлежните власти започнаа истрага за причините што довеле до несреќата. Според грчкиот портал Прототема, траектот „Елирос“, кој е во сопственост на компанијата „Анек Лајнс“, испловувал од пристаништето кога се судрил со товарниот брод „Иосиф К“, кој во тој момент ...

Со поставување челична конструкција над галериите со витражи и стакла почна превентивната заштита на Македониумот во Крушево, во кој со години навлегува вода. Работите се изведуваат под стручен надзор на Завод и музеј – Прилеп и треба да завршат до крајот на месецот. Мерката се презема поради долгогодишното протекување на споменикот, кој во ноември 2025 година беше прогласен за културно добро во опасност. – Со цел да се заштитат галериите со ...

Италијанскиот новинар Даниеле Компатанџело, кој неодамна со ексклузивно интервју со американскиот претседател Доналд Трамп предизвика политички судир меѓу Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони, ненадејно почина на 50-годишна возраст по кратко боледување. Компатанџело беше дописник на италијанската телевизија La7 од Вашингтон и претседател на Здружението на странски дописници во Белата куќа. Во последните месеци го привлече вниманието ...

Аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес нема да добие дополнителна дисциплинска казна по инцидентите што го одбележаа крајот на финалето на Светското првенство, во кое Аргентина загуби од Шпанија со 1:0. Иако по последниот судиски свиреж доби црвен картон поради физичка пресметка со шпанските фудбалери, ФИФА одлучила дека нема основа за дополнителна суспензија. Натпреварот заврши во тензична атмосфера. Паредес најпрво го фати за врат ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во неделата вечерта ја известила поранешната министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, дека ја повлекува номинацијата за нејзино именување на позицијата специјален претставник на ЕУ за Сахел, објави словенечкиот портал 24Ур. Регионот на Сахел е полусув савански регион во Африка кој на север се граничи со Сахара, а на југ со Судан. Ова следи ...

Висока бизнис делегација од Индија, составена од претставници на двете најголеми стопански комори во земјата, ASSOCHAM и FICCI, како и од сопственици и директори на водечки индиски компании од повеќе индустрии, денеска ја посети ТИРЗ Скопје. Во рамки на посетата, директорот на дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски ги претстави инвестициските можности што ги нуди Македонија, поволностите за инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони, ...

Продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден. Министерството за здравство информира дека во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во ...

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за 30-дневен притвор против директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар и против двајца раководители во претпријатието. Тие се сомничат дека преку нелегално поставување пумпи во преливната комора во село Вруток, предизвикале загадување на водата за пиење со која се снабдува Гостивар. Ова беше соопштено на денешниот брифинг во гостиварското ...

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“. ...

Британската актерка Џоан Колинс објави фотографии од одмор во Сен Тропе и повторно привлече внимание со својот младешки изглед. Легендарната ѕвезда од серијата „Династија“ на Инстаграм сподели неколку моменти од престојот во француското летувалиште, каде што ужива во својата вила заедно со сопругот Перси Гибсон. Колинс и Гибсон, кои се во брак веќе 24 години, се сопственици на вила со пет спални соби на Француската ривиера. На една од ...

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот, соопшти Град Скопје. – Согласно најавите на УХМР, во попладневните часови се очекува силно невреме. Кризниот штаб на Град Скопје ...

Цените на природниот гас во Европа се искачија на највисоко ниво во последните четири месеци откако обновените конфликти во областа на Ормутскиот теснец предизвикаа загриженост за безбедноста на транспортот на енергија преку еден од најважните поморски патишта во светот. Референтната цена на европскиот природен гас, позната како холандски TTF, денеска се задржа на 59 евра за мегават- час откако вчера накратко надмина 60 евра за мегават-час. ...

НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско искуство. Како лидер во ...

Продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден. Министерството за здравство информира дека во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во ...

Британската актерка Џоан Колинс објави фотографии од одмор во Сен Тропе и повторно привлече внимание со својот младешки изглед. Легендарната ѕвезда од серијата „Династија“ на Инстаграм сподели неколку моменти од престојот во француското летувалиште, каде што ужива во својата вила заедно со сопругот Перси Гибсон. Колинс и Гибсон, кои се во брак веќе 24 години, се сопственици на вила со пет спални соби на Француската ривиера. На една од ...

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во општината Гостивар во траење од 30 дена. „Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во општината Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба, со цел побрза координација на институциите, како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок. Здравјето на граѓаните на ...

Дваесет и деветгодишната Кристијан Фејт Медисон, мајка на малолетен син, изврши самоубиство по постојана комуникација со „Чет-ГПТ“, поврзана со религијата. Таа во јуни, минатата година си го одзема животот фрлајќи се пред автомобил во утринските часови. Тужбата против компанијата „Опен-АИ“ е поднесена минатата година во јуни, од страна на нејзините родители. Во неа се наведува дека ВИ ги поддржувала нејзините религиозни заблуди, со што ја ...

Голем пожар се случи ноќеска во скопската населба Чаир, во кој изгореа три автомобили. „На 21.7.2026 околу 4:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Џон Кенеди целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34). Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки ...

34-годишната Џенитар Наамоана од Австралија и нејзиниот сопруг, кои веќе имаат четири деца, на 14 јули добиле идентични четворки. Станува збор за исклучително редок случај што лекарите го опишуваат како речиси неверојатен. Четирите девојчиња се родени со царски рез, на 14 јули, во 28. недела и четири дена од бременоста, во Кралската болница во Бризбејн. Сите четири бебиња потекнуваат од една оплодена јајце-клетка која се поделила на четири ...

Земјите-членки на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) официјално ја одобрија изградбата на Африканско-атлантскиот гасовод (AAGP), еден од најголемите проекти за енергетска инфраструктура на континентот. Проектот, проценет на околу 25 милијарди американски долари, ќе ги поврзе Нигерија и Мароко со гасовод долг речиси 6.800 километри, кој ќе поминува низ 13 африкански земји долж атлантскиот брег. Иницијативата ја ...

Граѓанин вчера, барајќи ја чантата на жената врз која падна дрво при невремето во Карпош, нашол бомба. „На 20.7.2026 година во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, ...

Во време кога брзината, практичноста и дигиталните услуги стануваат клучен дел од успешното работење, безготовинските плаќања сѐ повеќе не се предност, туку неопходност. Денес клиентите очекуваат да можат да платат брзо, едноставно и без готовина – без разлика дали купуваат во продавница, во локално кафуле, во салон за убавина или при испорака на производ. Токму затоа, Халкбанк се приклучи на иницијативата „Вредноста на безготовинското ...

Загина 65-годишен велосипедист во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера кај Кочани. „На 20.7.2026 година околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани-Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б. (51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ. (65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а ...

Поранешната светска тениска број 1 и шампионка на Ролан Гарос од 2008 година, Ана Ивановиќ, години по пензионирањето откри една од најтешките и најмалку познати битки од својата кариера – борбата со паничните напади. Српската тенисерка призна дека во последните години од активното играње често се соочувала со силни напади на паника кои ѝ го отежнувале, а понекогаш и целосно ѝ го оневозможувале настапот на теренот. – Во последните години од ...

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски денеска преку социјалните мрежи соопшти дека само годинава, откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема. – Ова покажува дека улогата на Царината не е само собирање приходи, туку и директна заштита на здравјето и безбедноста на македонските граѓани – напиша тој. Николовски посочува дека запленетите лекови не се само спречен шверц, туку и заштита на здравјето ...

Преземање активности за подигнување на билатералните односи на уште повисоко ниво од сегашното, можноста за отворање на резидентна Амбасада на Индија во земјава, но и зајакнување на економската соработка биле дел од темите на кои денеска во Скопје разговарале претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзината индиска колешка, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Ова е прва посета на индиски ...

СДСМ, Левица и ДУИ се единствената коалиција што се обедини против реформите, изјави денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. – Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сама исполни 9 реформски закони од вкупно 10, неисполнувањето на 10 реформски закон е директно на контото на СДСМ, Левица и ДУИ. Тоа е нивниот политички модел, кога државата треба да оди напред тие прават сѐ за тоа да биде обратно. СДСМ, Левица и ДУИ се заедно ...

ВЛЕН оценува дека зајакнувањето на владеењето на правото, бескомпромисната борба против корупцијата и модернизацијата на правосудниот систем се јасни приоритети на оваа влада, соопшти партијата. „Соработката со нашите стратешки партнери ќе продолжи да носи конкретни реформи во интерес на граѓаните и европската перспектива на земјата. Вчерашната средба меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари и вршителката на должноста амбасадорка на САД во ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.61
48%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.11
61%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.16
56%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.38
65%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.11
77%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
49%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.53
46%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.0
51%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.86
71%
1013
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
2.28
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Бакар

13.51

Кобалт

56.29

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Паладиум

43499.96

Сребро

1994.05

Калај

56.46