Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Поранешната финалистка на Мис Универзум Јамајка, ЛаТоја Малколм, почина на 35-годишна возраст. Тажната вест ја потврди организацијата Мис Универзум Јамајка, која се збогува со неа во трогателна објава на социјалните мрежи. – Длабоко сме тажни поради смртта на нашата членка ЛаТоја Малколм, која гордо се натпреваруваше на изборот за Мис Универзум Јамајка 2024. Нашето искрено сочувство до нејзиното семејство, пријателите и сите што ја сакаа. ...
По првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, експропријација на земјиштето и задоцнети плаќања кон изведувачот, денес изградбата на Пречистителната станица за Скопје се одвива со забрзана динамика и согласно планираниот работен план, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Речиси 40% од градежните работи се веќе завршени. Согласно договорот склучен меѓу ЈП „Водовод и ...
Речиси 100 припадници на американските вооружени сили се повредени во последните две недели од ескалацијата на нападите врз Иран, соопшти Пентагон, додека Техеран започна нов бран одмазднички напади по десеттата последователна ноќ американски воздушни удари, пренесува „Гардијан“. Иранската Револуционерна гарда денеска соопшти дека гаѓала американски воени објекти, вклучително и системи за противвоздушна одбрана и радарска станица во Бахреин и ...
Владата на новиот британски премиер Енди Барнам ќе ги намали даноците на сметките за електрична енергија, соопшти денеска Даунинг стрит. Како што е соопштено, Британската влада планира да го укине данокот на додадена вредност (ДДВ) на сметките за електрична енергија за домаќинствата од 1 октомври. Цената на овој потег за оваа финансиска година ќе биде финансирана со откажување на владината програма за дигитална идентификација од 1,8 милијарди ...
Литванија на почетокот на јули покрена постапка за укинување на уставната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија, приклучувајќи се кон регионалниот безбедносен пресврт што во јуни го почна Финска меѓу членките на НАТО што граничат со Русија. Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, соопшти дека парламентарните партии постигнале согласност од Уставот да се избрише членот 137, кој изречно забранува распоредување оружје ...
На регионалниот пат Јажинце–Тетово, во близина на село Порој, вчера, рано изутрината се случила тешка сообраќајна несреќа во која две лица се потешко повредени, информира СВР Тетово. Во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (55) од село Слатино, и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н. (39) од село Порој. Од несреќата, двајцата возачи се ...
Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси им кажал на своите соиграчи дека финалето на Светското првенство во 2026 година против Шпанија (0:1 по продолженија) е неговиот последен натпревар за репрезентацијата, објави новинарот Хернан Кастиљо. Меси играше на своето шесто Светско првенство. Триесет и деветгодишниот Аргентинец постигна осум гола и имаше четири асистенции на осум натпревари на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Претходно беше објавено ...
По разводот од Ким Кардашијан, поранешниот НБА кошаркар Крис Хамфрис води потивок живот подалеку од камерите и реалити шоуата. Поранешниот спортист сега го развива синџирот ресторани „Dave’s Hot Chicken“ со своето семејство во неговата родна Минесота. Семејството Хамфрис ја презеде франшизата во 2022 година, а досега отворија неколку ресторани и планираат дополнително да го прошират бизнисот. – Среќен сум што го донесов „Dave’s Hot Chicken“ ...
Двајца американски туристи се повредени, откако непознато лице ги нападнало со нож во близина на влезот на Акропол во Атина, а сторителот е уапсен, јави дописничката на МИА од Атина. Нападот се случил кусо по 8 часот утрово пред билетарницата за влез на Акропол, според првичните неофицијални информации, повредени се маж и жена од САД, мажот е посериозно, а жената полесно повредена. Според истите информации сторителот е со психолошки проблеми, ...
Експлозии се регистрирани утринава во повеќе делови на Иран. Американската војска соопшти дека завршила нов бран воздушни напади врз цели низ земјата. Иранските медиуми објавија дека експлозии се слушнале во Конарек, во југоисточната покраина Систан и Белуџистан, како и во пристанишниот град Чабахар на Оманскиот Залив. Иранската државна телевизија информира и за американски напади во близина на градот Шираз во јужниот дел на земјата, додека ...
Грција стана клучна пречка за најновата рунда санкции на Европската Унија против Русија, спротивставувајќи се на одредбите насочени кон руските пратки на течен природен гас (LNG). Пратениците на ЕУ не успеаја да постигнат договор за 21-от пакет санкции на 15 и 16 јули, па преговорите беа одложени за 23 јули. Покрај Грција против 21-от пакет санкции против Русија се Франција, Италија, Германија, Австрија и Португалија. Според грчките владини ...
Претседателката на Индија Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести. Предвидена е тет-а-тет средба на двете претседателки и пленарен состанок на македонската и индиската делегација по што ќе се одржи заедничка прес-конференција. Предвидено е претседателката на Индија да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ ...
Шакира настапи за време на историското прво полувреме од финалето на Светското првенство на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси и уште еднаш докажа зошто е една од најголемите ѕвезди во светот. Колумбиската пејачка се појави во впечатлив жолто-розов комбинезон со исечоци што ја истакнуваа нејзината беспрекорна фигура. Таа го изведе својот нов хит „Даи Даи“ боса, со атрактивна кореографија и танчери, и целосно ја освои публиката со својата ...
Белата куќа објави воведување нови царини од 50% за голем број производи од Канада, со што дополнително се заострува трговскиот спор меѓу САД и еден од нивните најголеми трговски партнери. Според американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, новите царини ќе опфатат канадски увоз во вредност од околу 20 милијарди американски долари. Мерката треба да стапи во сила на 19 август, односно 30 дена по потпишувањето на указот од страна на ...
Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа општинските власти. Според информациите од Доброволното противпожарно друштво ...
Заврши комисиската расправа во Собранието за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година. Со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска разговараме за причините за ребалансот, за прашањата поврзани со стабилноста на јавните финансии и за приоритетите на управување со државната каса во периодот што следува. Министерке, во комисиската расправa беа прифатени и амандмани од опозицијата. Тоа е нешто што кај нас не се случува баш често ...
Силниот ветер што вечерва го зафати Скопје предизвика проблеми и на територијата на Општина Карпош, каде се регистрирани паднати дрвја на јавни површини и улици, како и оштетување на електричен кабел. Од Општина Карпош информираат дека при еден од инцидентите била повредена граѓанка, на која веднаш ѝ била укажана соодветна медицинска помош. „Во тек сме со случувањата и нејзината здравствена состојба преку надлежните служби“, посочуваат ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека кампањата за претстојните парламентарни избори ќе ја води со својот личен автомобил, обиколувајќи ги градовите и селата низ Србија и барајќи поддршка од граѓаните за можен премиерски мандат. – Нема тука некоја голема филозофија. Ќе седнам во мојот автомобил, ме чека мојата „шкода“, и ќе ја обиколувам Србија од место до место за да побарам поддршка за мандатот за премиер, доколку биде донесена ...
Американскиот претседател реагира по смртта на тројца припадници на американските сили, додека во исто време порача дека Нетанјаху нема да биде уапсен при посетата на САД. Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран „ќе плати“ за смртта на секој американски војник, откако во изминатиот период беа регистрирани најсмртоносните напади врз американските сили во последните неколку месеци. – Тие ќе платат за секој наш војник што ќе биде ...
Обвинителството тврди дека со нивни наредби загадена вода со колиформни бактерии завршила во системот за водоснабдување. Осомничените се Артана Асани, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши. Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши, поради сомнение дека ја загадиле водата за пиење ...
Силното невреме проследено со пороен дожд и силен ветер попладнево и вечерва зафати повеќе делови од источна и југоисточна Македонија, оставајќи зад себе паднати дрвја, пожари, оштетени кровови, бандери и електрична инфраструктура. Најпогодени се Струмичкиот, Радовишкиот и Делчевскиот регион, каде надлежните служби со часови интервенираат за расчистување на последиците. Во Радовиш, четири противпожарни возила и девет пожарникари интервенирале ...
Обвинителството тврди дека со нивни наредби загадена вода со колиформни бактерии завршила во системот за водоснабдување. Осомничените се Артана Асани, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши. Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши, поради сомнение дека ја загадиле водата за пиење ...
Македонија ја очекува уште еден многу топол летен ден, но стабилното време нема да потрае до крајот на денот. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладне и навечер на повеќе места ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе ...
Полицискиот Работен тим (Task Force) за борба против недозволената трговија со дрога спроведе координирана акција на територијата на целата држава, при што биле откриени поголема количина наркотични материи, оружје и приведени повеќе лица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во текот на викендот биле реализирани 13 претреси, а полициските службеници извршиле проверки на 197 возила и 295 лица. Како резултат на акцијата, ...
Мадрид денес живее во знакот на светските шампиони. Шпанската фудбалска репрезентација се врати дома со трофејот од Светското првенство 2026, а илјадници навивачи ги преплавија улиците на главниот град за да им приредат спектакуларен пречек на новите светски владетели. По триумфот од 1:0 по продолженијата против Аргентина во финалето одиграно во Њујорк, избраниците на селекторот Луис де ла Фуенте беа дочекани како национални херои. Трофејот ...
Прелиминарните наоди од истрагата за инцидентот во кој српскиот патник Љубиша Каровиќ беше делумно извлечен низ скршениот прозорец на авион Боинг 737-800 на компанијата Рајанер упатуваат на оштетување на моторот предизвикано од т.н. туѓ предмет (Foreign Object Damage – FOD), изјави денеска главниот извршен директор на компанијата, Мајкл О’Лири. Таканареченото оштетување од туѓ предмет во пракса може да биде предизвикано од птица, камен или ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули. Новите цени ќе важат од 21 јули 2026 година во 00:01 часот. Најголемо поскапување има кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), чија цена се зголемува за шест денари по литар и од полноќ ќе изнесува 94 денари. Цените на ...
Жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната во својот дом од нејзините два сина од претходниот брак, а инцидентот бил сниман со мобилен телефон. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 19 јули 2026 година околу 23:40 часот во СВР Скопје. „Околу 23:00 часот во домот каде што била со нејзиниот 36-годишен партнер и нејзиното малолетно дете, дошле нејзините два сина од претходниот ...
Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизите на бензинот и дизелот. Мерката има за цел да го ублажи растот на цените на горивата предизвикан од поскапувањето на суровата нафта и нафтените деривати на светските пазари. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информираше дека Владата ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против Аргентина поради серијата инциденти што се случија по финалето на Светското првенство, јавија вечерва британските и шпанските медиуми. Според истите извори, ФИФА ќе ги анализира судискиот извештај и снимките од финалниот натпревар меѓу Шпанија и Аргентина, по што ќе одлучи дали ќе изрече дисциплински санкции. Истрагата се однесува на неколку инциденти по последниот судиски ...