Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез игра на Светското првенство 2026 со болки поради скршен прст. Триесет и тригодишниот голман се повреди на 20 мај за време на загревањето на Астон Вила пред победата од 3:0 над Фрајбург во финалето на Лигата на Европа. – Сè уште ме боли. Знаев дека раката ќе ми биде проблем. Се обидов да избегнам операција. Се консултирав со бројни специјалисти во Англија, САД и во други земји. Секако, кога по победата ...

Пет лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што ноќеска го погоди регионот на Андите во Перу. Повеќе од 20 лица се повредени, а 300 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови кои беа погодени во земјотресот. Земјотресот е регистриран вчера во 21:24 часот по локално време, а епицентарот беше два километри западно-југозападно од градот Сикаја, во покраината Уанкајо, на длабочина од 10 километри. ...

Неколку часа пред финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси се создаваат огромни метежи. Навивачите чекаат за влез и по неколку часа поради исклучително строгите безбедносни проверки, кои предизвикаа застои и долги редови на приодите кон стадионот. Безбедносните проверки за првпат на ова првенство ги спроведува американската полиција. Причината за ваквата одлука е присуството на бројни ...

Центарот за јавно здравје Тетово – епидемиолошка служба Гостивар попладнево прогласи епидемија во Гостивар, објави Гостиварпрес. „Поради зголемен број заболени, надминување на лимитот на неделно ниво пријавуваме епидемија на подрачје на Гостивар. Редовно ја следиме состојбата, анкетираме заболени пациенти, се преземаат мерки“, информираа од службата. Состојбата и натаму се следи на дневно ниво, а бројот на заболени со стомачна инфекција ...

Новак Ѓоковиќ поминува интересни денови во Њујорк по промоцијата на неговиот документарен филм. На кошаркарски паркет тој успеа да погоди три тројки во низа од различни позиции, а видеото беше објавено и на официјалната страна на НБА. Tennis star Novak Djokovic hits 3 straight 3-pointers at @FanaticsFest 👌 pic.twitter.com/SdJuOWBhIE — NBA (@NBA) July 18, 2026 Се очекува Ѓоковиќ вечерва да биде присутен и на финалето на Светското првенство во ...

Кој работи тој и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка, напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. „Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните. Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти. Ако нашиот најголем грев е печатена ...

Владата донесе одлука интервентно да обезбеди од денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода дневно за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции. Дистрибуцијата на водата ќе се реализира прелу Службата за општи и заеднички работи на Владата преку следните пунктови: – Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139 – ...

Двајца тинејџери се повредени откако во нив удрил скопјанец додека возеле тротинети. Како што соопшти полицијата, на 18.07.2026 околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улицата Ќемал Сејфула и Павле Илиќ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(71) од Скопје, електричен тротинет управуван од 15-годишник од Скопје и уште еден тротинет ...

Скопјанец е повреден откако непознато лице фрлилo тегла кон автобус и скршило стакло од прозорец. Како што соопшти полицијата, на 18.07.2026 во 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека додека автобус бр.7 се движел по булеварот Трета македонска бригада во Скопје, непознато лице од надвор фрлилo тегла кон автобусот и скршило стакло од прозорец. При тоа со повреди се здобил патникот Т.Б.(61) од Скопје. Скопјанец е повреден откако непознато ...

Две лица се повредени при поправка на импровизиран лифт за транспорт на инвалидизирано лице, соопшти полицијата. На 18.07.2026 во 19:20 часот во СВР Штип е пријавено дека во куќа во Кочани, при поправка на импровизиран лифт за транспорт на инвалидизирано лице, со телесни повреди се здобил В.Т.(42), а со тешки телесни повреди се здобил С.В.(68), двајцата од Кочани. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР ...

Внука ја нападнала нејзината баба во нивниот дом во Куманово, соопшти полицијата. На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријавила дека во нивниот дом, била физички нападната од нејзината 13-годишна внука. Според пријавеното, малолетничката ѝ упатувала закани со остар предмет на пријавителката и на други членови од семејството. Внука ја нападнала нејзината баба во нивниот дом во Куманово, соопшти ...

Викенд метеж на граничниот премин Дојран е евидентиран денеска уште од раните утрински часови, потврдуваат одговорните од преминот, а за зголемена фреквенција на возила на истата граница за излез кон Грција, информираат и од Авто мото сојузот на Македонија. Од АМСМ велат дека времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На граничниот премин, за МИА потврдија дека колони од возила има од утрото, а сега полека метежот се намалува. ...

По бурните реакциите на социјалните мрежи, денеска е отстранет билбордот „Добредојдовте во Скопје“, кој во петокот вечерта го поставија градските власти. Како што дознаваме од извори во Градот, билбордот ќе се замени со нов на трошок на компанијата која го изработила ненамерно згрешеното визуелно решение. Од Градот велат дека ги слушаат реакциите на граѓаните и веднаш постапуваат. По бурните реакциите на социјалните мрежи, денеска е ...

Процесот на масовно теренско анкетирање во Гостивар се соочува со сериозни пречки бидејќи одреден дел од граѓаните одбиваат да комуницираат со медицинските тимови. Раководителот на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Драган Кочински, упати итен апел до локалното население максимално да соработува со здравствените работници. Според неговите тврдења, досега се успешно завршени околу 60 анкети, но за прецизно ...

Вкупно 350 лежалки исчезнале пред две години преку ноќ од рекреативниот комплекс „Onde Chiare“ на Виа Фенули, во италијанскиот град Реџо Емилија, кои според тамошната полиција биле украдени од непознати лица. – Една година подоцна, минатото лето, лежалките изненадувачки се појавија, сè уште со видливо лого „Onde Chiare“, на плажа на објект на познатото одморалиште „’Ртот Родон“, карпест полуостров на јадранскиот брег, северно од Драч. Нив ги ...

Ферибот со 116 патници и членови на екипажот потона во текот на ноќта крај брегот на Гвајана. Досега се пронајдени и спасени 53 лица, соопшти премиерот на Гвајана Марк Филипес. – Околу 15:15 часот по локално време вчера попладне фериботот Барима (MV Barima) исплови од Џорџтаун со 116 патници и со членовите на екипажот кон Порт Кајтума во западниот дел на Гвајана. Во 23:01 часот беше примен повик за помош од бродот. Веднаш беа активирани ...

Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во тек се теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, по што Центарот за јавно здравје од Тетово како надлежен треба да донесе соодветна одлука. – Во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во ...

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, им се обрати на своите соиграчи, тренери и персонал. „Најубавото нешто во текот на сите овие години никогаш не биле само титулите, туку целото патување. Споделувањето на секој ден со овој тим, натпреварувањето заедно, издигнувањето на висината на пригодата и уживањето во секој чекор. Благодарам на секој од моите соиграчи, тренерскиот персонал и на сите што работат секој ден за да го направат овој тим ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе биде во свечената ложа на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, каде што Аргентина и Шпанија ќе играат за светската фудбалска титула. Според најавите на повеќе спортски медиуми, Трамп жестоко ќе навива за Лионел Меси и за Аргентинците, но на крајот би можел да се најде во прилично непријатна ситуација – лично да им го предаде пехарот на Шпанците. Трамп и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, треба ...

Силно невреме проследено со обилен дожд и крупен град го прекина спектакуларниот концерт на светската музичка ѕвезда Бед Бани во Милано, при што околу 80.000 посетители мораа итно да го напуштат концертниот простор. Неколку лица биле повредени од удари на град и им била укажана медицинска помош на самото место. Концертот се одржувал на хиподромот „Ла Маура“ во близина на Сан Сиро, кога нешто по 21 часот над Милано се спуштила силна бура. ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, коментираше за победата од 6:4 над Англија ноќеска на Светското првенство 2026. – Ова е прв медал по 60 години, најдобар резултат на Светско првенство надвор од нивната матична земја, па се надевам дека со текот на времето играчите ќе можат да бидат горди на ова. Ние сме многу конкурентни, па едвај си дозволуваме да бидеме горди на третото место. Пред осумнаесет месеци си поставивме највисока цел, највисок ...

Иран извезол околу 70 милиони барели нафта, во вредност од пет до шест милијарди американски долари, за време на привременото олеснување на американските санкции, објави угледниот економски весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на најновите податоци на невладината организација „Обединети против нуклеарен Иран“. Според анализата на оваа организација, во периодот од средината на јуни до средината на јули годинава околу 20 ирански танкери ...

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за да се утврди натамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителството. – Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство утре, по ...

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град. Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на постудена воздушна маса од север и ...

Американските вооружени сили соопштија дека ја завршиле осмата последователна серија воздушни напади врз силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), при што биле погодени извршителите на нападот во кој загинаа американски војници. Според Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ), нападите биле изведени како директен одговор на неодамнешниот удар во Јордан. Со ова дополнително ескалираше воениот конфликт околу ...

Повеќе од 50 милиони жители на североисточниот дел на САД и на регионот на Средниот Атлантик се изложени на ризик од силни временски непогоди, додека чадот од шумските пожари во Канада и натаму го влошува квалитетот на воздухот, јавуваат американските медиуми. Предупредување за опасни временски услови е издадено за подрачјето од долината на реката Охајо, преку Средниот Атлантик, па сè до североистокот на земјата, пренесува телевизиската мрежа ...

Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени во силниот земјотрес што ноќеска го погоди југозападниот дел на Перу, јави германската новинска агенција ДПА. Геофизичкиот институт на Перу соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 5,1 степен, додека Американскиот геолошки институт (УСГС) ја процени јачината на 5,5 степени според Рихтеровата скала. Според перуанскиот Геофизички институт, потресот се случил околу 21:24 часот по локално ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, го коментираше поразот од 4:6 од Англија во натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година. – Пораз е пораз. Губевме со 4:0 и имавме срамно прво полувреме. Сепак, покажавме карактер и имаше работи што ги направивме добро. Имавме две шанси да израмниме на 4:4. Направивме она што знаеме да го правиме. Моја е вината, сигурно не успеав да го направам она што беше потребно во првото ...

Англискиот фудбалер Букајо Сака постигна три гола ноќеска против Франција во натпреварот за третото место (6:4) на Светското првенство 2026. Дваесет и четиригодишниот напаѓач стана четвртиот Англичанец кој постигнал хет-трик на натпревар од Светското првенство. Претходно тоа им успеало на Џеф Херст, Хари Кејн и Гари Линекер. Сака стана и вториот играч во историјата кој постигнал три гола против Франција, по Пеле на Светското првенство во 1958 ...

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во ноќните руски напади врз Киев, извршени со балистички ракети, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби. Нападот следува само еден ден откако во украинските удари врз цели во Русија беше пријавен поголем број жртви. Експлозиите се слушале дури и во внатрешноста на противвоздушните засолништа, а една од нив била толку силна што ги активирала алармите на паркираните автомобили во ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.61
50%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
73%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.11
64%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.16
67%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.38
74%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.11
82%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
47%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.53
50%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.0
55%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.81
70%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
55%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.28
99%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Рутениум

53852.50

Злато

137126.15

Цинк

0.00

Платина

55652.94

Кобалт

56.29

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Калај

56.77