Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Министерот за здравство Сашо Клековски ги нарече „слободни јавачи на епидемијата“ сите доктори кои не се епидемиолози и инфектолози, а кои активно ја коментираат состојбата со загадената вода во Гостивар. Тој апелираше граѓаните да ги следат исклучиво официјалните информации и препораки. – Би замолил да нема слободни јавачи на епидемијата. Гледам и доктори кои не се, условно кажано, епидемиолози и инфектолози, даваат различни совети и ...
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари, односно околу 21.100 евра Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за ...
Џенифер Лопез повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со приватни моменти надвор од сцената. Во пресрет на својот 57. роденден, музичката ѕвезда објави фотографии од луксузно патување низ Европа кое го поминала со својата помлада сестра Линда Лопез, откривајќи дел од нивните заеднички моменти во Париз, Лондон и Италија. – Двојно сестринско роденденско патување е секогаш одлична идеја. Те сакам, Лини! Среќен роденден! – напиша Џеј ...
Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри западно од Јамбол, протестираат против распоредувањето на американски авиони во воздухопловната база што се наоѓа во близина, тврдејќи дека не биле однапред информирани и дека одлуката е донесена без консултација со локалната заедница. Тие потпишале петиција и свикале протест, на кој повикуваат да им се придружат и живелите на околните села и населби. Градоначалникот на општината ...
Семејните односи меѓу Бред Пит и неговите деца повторно се во центарот на вниманието. Најмладата ќерка на актерот, Вивиен Џоли-Пит, одлучила да преземе важен правен чекор со кој сака да се откаже од презимето на својот татко и во иднина официјално да се претставува како Вивиен Маршелин Џоли. Според судските документи до кои дошол магазинот „Пипл“, 18-годишната Вивиен поднела барање до Вишиот суд во округот Лос Анџелес за официјална промена на ...
Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечерва ќе има концерт на програмата на 66. „Охридско лето“. Македонските уметници ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ, под уметничко водство на маестро Саша Николовски-Ѓумар, ...
Граѓаните на трети земји, при продолжување на привремениот престој во Хрватска, ќе мора да се подложат на здравствен преглед за откривање на акутни и хронични заразни болести. Во зависност од утврдениот статус на вакцинација, тие ќе мора да се вакцинираат доколку е потребно, соопшти хрватското Министерство за здравство, објавија хрватските медиуми. Одлуката се однесува на граѓани на земји на кои им е потребна виза за влез во Хрватска, односно ...
Иако има само 15 години, Харпер Бекам, единствената ќерка на Дејвид и Викторија Бекам, наводно е на чекор до остварување на својот долгогодишен сон – лансирање на сопствен бренд за убавина. Според британскиот „Дејли мејл“, проектот се развива веќе со месеци, а првите подготовки за излегување на пазарот веќе се завршени. Доколку плановите се реализираат, Харпер би можела веќе следната година да ја претстави својата прва козметичка линија, ...
Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 билиони (1.150 милијарди) долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп. Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров одржаа средба на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила. Средбата, која е одржана по претходно утврден распоред. траела нешто повеќе од половина час, а според најавите, разговорите биле посветени на решавањето на конфликтот во Украина. Рускиот министер Лавров претходно изјави дека Москва смета оти Вашингтон засега не се откажал од предлозите ...
Израел започна со копање ровови околу високобезбедносното крило на затворот Кециот во јужниот дел на земјата, каде што се притворени припадници на Хамас, а според израелскиот весник „Једиот Ахронот“, тие се наменети за сместување крокодили. Според весникот, рововите ќе бидат долги околу 170 метри и се копаат во рамките на затворскиот комплекс. Претставник на Регионалниот совет Рамат Негев, на чија територија се наоѓа затворот, изјавил дека ...
Русија синоќа соопшти дека извршила напади врз украинските градови Одеса и Черноморск, при што била погодена пристанишна инфраструктура и пловни објекти за кои Москва тврди дека ја поддржуваат украинската војска. Киев по нападите врз бродови во Црното Море, побара свикување итна седница на Советот за безбедност на ОН. Руското Министерство за одбрана соопшти дека последните напади биле насочени кон товарен брод за време на истовар во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ. На граничниот премин „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Даниел Сиад, агент за ангажирање модели и наводен посредник при обезбедувањето жени за американскиот сексуален престапник Џефри Епстин, во понеделникот вечерта бил пронајден мртов во неговиот дом во близина на Париз. „Вечерта во понеделникот беше отворена истрага за утврдување на причините за смртта по откривањето на неговото тело во куќата во Коломб, западно предградие на Париз“, соопшти француското обвинителство. Против Сиад биле поднесени ...
Голем пожар избувна во магацин во местото Митри-Мори, во францускиот департман Сена и Марна, јавува „Ле Фигаро“, повикувајќи се на противпожарната служба. Густи облаци црн чад биле видливи на километри околу местото на пожарот околу 21 часот, а снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како чадот се издига над аеродромот „Шарл де Гол“, кој се наоѓа на само неколку стотици метри од местото на несреќата. Од управата на аеродромот за „Ле ...
Вистински хаос се случил на лет на авиокомпанијата „Изиџет“ (EasyJet) од Тенерифе во Шпанија до Ливерпул во Англија, кога избила масовна тепачка меѓу патници, поради што авионот морал принудно да се врати на аеродромот од кој полетал. Според британскиот „Индипендент“, во инцидентот учествувале околу десет патници, а капетанот, по проценка дека безбедноста на останатите патници и екипажот е сериозно загрозена, донел одлука авионот да се врати ...
Новиот лидер на палестинското исламистичко движење Хамас, Халил ал Хаја, денеска порача дека ќе ја продолжи досегашната политика на организацијата, нагласувајќи дека главен приоритет ќе биде обновувањето на достоинствениот живот на населението во Појасот Газа, јави ДПА. Во своето прво обраќање, откако во понеделникот беше избран за лидер на Хамас, Ал Хаја повика на прекин на израелските воени операции во Газа, воспоставување сеопфатен прекин ...
Шумскиот пожар што избувна попладнево во шпанската покраина Толедо се прошири и на територијата на Мадрид, поради што властите презедоа итни мерки за заштита на населението. Регионалната агенција за безбедност и итни случаи на Мадрид (ASEM112) испрати предупредувања до граѓаните преку системот „ES-Alert“, наредувајќи евакуација и останување во домовите во најзагрозените подрачја. Првото предупредување било испратено околу 19 часот, откако ...
Германија денеска остро ги отфрли руските тврдења дека тајно спроведува истражувања поврзани со развој на нуклеарно оружје. – Германската влада оваа изјава ја смета за дел од вообичаената руска пропаганда – изјави заменик-владиниот портпарол Штефен Мајер на прес-конференција во Берлин. Според германските власти, кругови блиски до руските разузнавачки служби преку комуникациски платформи ја ширеле информацијата дека Германија спроведува ...
Почетокот на судскиот процес против соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој во Њујорк е обвинет за трговија со дрога, е закажан за 1 јуни 2027 година, беше соопштено на денешното подготвително рочиште во Федералниот суд во Менхетен. Против 63-годишниот поранешен претседател, кој, според обвинението, беше уапсен од американските сили во Каракас на почетокот на годинава и од 3 јануари се наоѓа во затвор во Бруклин, се поднесени ...
Израел започна со копање ровови околу високобезбедносното крило на затворот Кециот во јужниот дел на земјата, каде што се притворени припадници на Хамас, а според израелскиот весник „Једиот Ахронот“, тие се наменети за сместување крокодили. Според весникот, рововите ќе бидат долги околу 170 метри и се копаат во рамките на затворскиот комплекс. Претставник на Регионалниот совет Рамат Негев, на чија територија се наоѓа затворот, изјавил дека ...
Во страшното невреме, проследено со силен и разорен ветер, Градскиот парк се соочи со тешки последици, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој сподели видео на фејсбук, со активностите за расчистување на паднатите дрвја. „Екипите се на терен и интензивно го расчистуваат просторот и го подготвуваат за ново озеленување и засадување уште повеќе дрвја. Паралелно се спроведува и стручна проценка и маркирање на старите, заболени и ...
Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени во Берово. Натопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. температурата ќе се свижи од 13 до 32 степени. Во ...
Општина Центар ќе формира комисија пред која граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од силното невреме што вчера го погоди Скопје, најави градоначалникот Горан Герасимовски по координативниот состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје. Герасимовски информираше дека на состанокот биле разгледани последиците од невремето и состојбата на теренот, а Штабот за заштита и спасување на Општина Центар веќе дал ...
Необичен случај на кражба на 350 луксузни лежалки од Италија доби неочекуван пресврт откако една туристка ги пронашла на плажа во Албанија, стотици километри од местото од каде што биле украдени. Лежалките исчезнале во јуни 2024 година од базенскиот комплекс „Onde Chiare“ во италијанскиот град Реџо Емилија, а нивната вредност била проценета на околу 45.000 евра. И покрај истрагата, случајот долго време останал нерешен, сè додека туристка за ...
Необичен случај на кражба на 350 луксузни лежалки од Италија доби неочекуван пресврт откако една туристка ги пронашла на плажа во Албанија, стотици километри од местото од каде што биле украдени. Лежалките исчезнале во јуни 2024 година од базенскиот комплекс „Onde Chiare“ во италијанскиот град Реџо Емилија, а нивната вредност била проценета на околу 45.000 евра. И покрај истрагата, случајот долго време останал нерешен, сè додека туристка за ...
Франција регистрирала 5.764 дополнителни смртни случаи за време на исклучително силниот топлотен бран што ја зафати земјата од 17 јуни до 2 јули, соопшти денеска француската Агенција за јавно здравје. Од Агенцијата нагласуваат дека зголемената вкупна смртност засега не може со сигурност да се припише исклучиво на високите температури, бидејќи причините сè уште се анализираат. Според привремените податоци, ова е највисоката прекумерна смртност ...
Граѓаните чии домови и имот беа оштетени во силното невреме што го погоди Скопје ќе можат да ги пријават штетите пред комисии што ќе ги формираат скопските општини, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по координативниот состанок со градоначалниците од скопските општини. Според него, во координација со Град Скопје ќе се изврши стручна процена на сите пријавени штети, по што, согласно законските процедури и расположливите ...
Легендата на алпското скијање, Американката Линдзи Вон, и натаму се соочува со здравствени проблеми и води тешка битка по падот на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Во интервју за магазинот „People“, таа призна дека сè уште има потешкотии при одењето и дека закрепнувањето е многу потешко отколку што очекувала. – Мојот скочен зглоб сè уште е скршен и тоа ме загрижува – изјави 41-годишната Вон. Нејзините бројни фанови очекуваа побрзо ...
Согласно резултатите од анализите на мострите што ги изврши Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна и за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа. Ова е една од информациите за кои се разговарало на денешната седница на Главниот штаб при Центарот за управување со ...