Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Цената на нафтата Брент утрово се задржа на 100 долари за барел и е на пат да порасне за речиси 14% ова недела, бидејќи по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми стравувањата од подолги прекини на снабдувањето. Цената на американската сурова нафта WTI утрово се приближи на 92 долара и е на пат да порасне за 12% оваа недела. САД 13-ти ден по ред вршат напади врз Иран, при што двете страни ја отфрлија можноста за краткорочни ...
Соединетите Американски Држави синоќа објавија воведување царини од 10 или 12,5% на увоз од 60 држави, со образложение дека тие не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд. „Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од 10%, додека трговските партнери што не усвоиле таква ...
Расизмот е во пораст во Европа. Петнаесет години по масакрот што во терористички напад на островот Утоја во Норвешка го изврши Андерс Беринг Брејвик, се забележува зголемување на бројот на лица кои се инспирираат од него. Според норвешката служба за државна безбедност, ПСТ, заканата од десничарскиот екстремизам е поголема денес отколку во 2011 година кога Брејвик ги изврши своите терористички акти. Меѓу другото, младите луѓе денес наоѓаат ...
Дубаи започна необична кампања за враќање на туристите – жителите на Обединетите Арапски Емирати можат да добијат бенефиции во вредност од околу 700 евра доколку привлечат пријатели или роднини од странство да го посетат градот. Програмата „Покана за Дубаи“, која ја започна Министерството за економија и туризам, им овозможува на жителите да номинираат странски посетители, а за возврат добиваат пакет со погодности што вклучува хотелски ...
Првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, информираше дека во Гостивар во текот на вчерашниот и денешниот ден се доставени 200.000 литри пакувана вода за пиење, како помош за граѓаните поради проблемот со загадувањето на водоводниот систем. На прес-конференцијата по состанокот на кризниот штаб во Гостивар, Ангелов посочи дека водата е обезбедена преку донации од Министерството за локална самоуправа и Општина ...
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, најавуваат метеоролозите за следниот период. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата, на места се очекуваат врнежи над 15 литри на квадратен метар, а ветерот ќе биде слаб до умерен, со повремено засилување долж Повардарието, каде што брзината ќе надминува 50 километри на час. Минималните утрински ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ја повика опозицијата да постигне заеднички став за измените на Изборниот законик, истакнувајќи дека Владата и парламентарното мнозинство ќе го поддржат секое решение околу кое ќе се договорат опозициските партии. Тој оцени дека наместо договор, опозицијата бара алиби за идните изборни порази. Во гостувањето во емисијата „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија, Стојаноски рече дека Владата и владејачкото ...
Европската централна банка (ЕЦБ) секогаш е подготвена да прими нови земји во еврозоната доколку ги исполнат сите критериуми за пристапување, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по завршувањето на дводневната седница на Управниот совет на Банката во Франкфурт. На седницата, Управниот совет на ЕЦБ одлучи основните каматни стапки да останат непроменети. Прашањето за можни нови ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Гостивар порача дека одговорност ќе сноси секој што со дејствување или со пропуштање да постапи согласно законските обврски придонел за загадувањето на водата во градот. Тој истакна дека во рамките на истрагата, по наредба на Јавното обвинителство, веќе се преземаат бројни истражни дејствија, а на информативен разговор се повикани повеќе лица. Тошковски, кој е и раководител на ...
Соединетите Американски Држави воведоа нова глобална политика на визни ограничувања насочена кон лица поврзани со интернет-измами, кибер-криминал и сексуални уцени преку интернет, оценувајќи дека ваквите активности претставуваат сериозна закана за безбедноста и финансиската сигурност на американските граѓани. Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека мерките ќе се однесуваат на лицата кои се директно одговорни или се соучесници ...
Емилија Јанеска, која е дел од лабораториско-експертскиот тим од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, на прес-конференцијата на Кризниот штаб во Гостивар даде стручно објаснување за текот на испитувањата на водата од гостиварскиот водовод. Таа посочи дека пред два дена биле земени девет примероци, од кои три од самите каптажи, со цел да се утврди квалитетот на водата на изворот. Јанеска истакна дека шесте примероци земени од повеќе локации ...
Отворена е сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ за помош на семејствата во Гостивар. – Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучително значење – велат од Црвениот крст. Црвениот крст е на терен и активно спроведува ...
Еден од најголемите патнички авиони во светот – Боинг 777, кој ја превезуваше претседателката на Индија Друпади Мурму, беше вистинска атракција на Меѓународниот Аеродром Скопје за време на нејзината дводневна официјална посета на Македонија. Станува збор за најголемиот двомоторен широкотрупен патнички авион во светот, кој многу ретко слетува на скопскиот аеродром. Токму затоа неговото пристигнување привлече големо внимание кај љубителите на ...
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска го прими Орденот „За заслуги“, високо државно признание на Украина, кое му е доделено со указ на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето обраќање Јанчев истакна дека ова одликување не го доживува како лично признание, туку како награда за целиот град Кавадарци, за неговите соработници, Советот на Општината, институциите, хуманитарните организации и сите граѓани кои несебично се ...
На плажата во Стон, во јужниот дел на Хрватска, денеска е утврдено фекално загадување на морето, соопштија локалните власти. Поради лошиот квалитет на морската вода, надлежните упатија апел до граѓаните и туристите да не влегуваат во морето сè додека не бидат добиени нови резултати од анализите. Според соопштението на Дубровничко-неретванската жупанија, при редовното испитување на квалитетот на морската вода било утврдено зголемено присуство ...
Осумнаесетгодишен возач-почетник е уапсен откако на автопатот Скопје–Тетово бил фатен како управува автомобил со брзина од дури 211 километри на час. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се случил денеска во 16:21 часот, кај клучката Кондово, каде полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи извршиле контрола со радар. Според МВР, зад воланот на патнички ...
Во Гостивар започна процесот на хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа, како дел од мерките за справување со состојбата предизвикана од загадувањето на водоводниот систем. Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски, по состанокот на Централниот кризен штаб што се одржа во Гостивар. Тој ...
Скопје е чекор поблиску до обновување на возниот парк на ЈСП „Скопје“. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за главниот град. Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека за завршувањето на постапката бил информиран по телефонски разговор со министерот за транспорт Александар Николоски. Според него, за најповолен понудувач е избрана ...
Тепачката меѓу дел од фудбалерите на Аргентина и Шпанија по финалето на Светското првенство може да има сериозни последици за некои од учесниците. Аргентинскиот репрезентативец Тиаго Алмада е еден од играчите кои би можеле да почувствуваат последици поради своето однесување во инцидентот. Фудбалерот на Атлетико Мадрид е ставен на трансфер-листа, а шпанскиот клуб е подготвен да разгледа понуди за негово заминување, иако во тимот пристигна пред ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска во Белград ја повтори поддршката за членството на Србија во Европската Унија, но и за нејзино приклучување кон Шенген-зоната, оценувајќи дека Србија и другите земји кои не се дел од Шенген, според него, поефикасно ја штитат надворешната граница на Унијата од илегалната миграција отколку некои земји членки. Бабиш, кој ја предводи чешката државна делегација во дводневна посета на Белград, на заедничката ...
Центарот за јавно здравје – Прилеп ги информира жителите на Крушево дека водата од градскиот водовод во моментов не е безбедна за пиење, откако при редовната контрола на квалитетот било утврдено отсуство на резидуален хлор и присуство на бактерии од цревно потекло. Од ЦЈЗ – Прилеп информираат дека за состојбата веднаш биле известени надлежните државни институции, како и раководството на Јавното комунално претпријатие „Комуна“ – Крушево. ...
Во германскиот град Регенсбург во тек е голема полициска акција. Според информациите на германскиот весник „Билд“, станува збор за вооружен грабеж на банка проследен со заложничка криза. Полицијата потврди дека едно лице е во животна опасност, а на терен се распоредени и специјални полициски единици. Според полицијата, нападот се случил околу 14:50 часот. Осомничениот, кој е маж, најверојатно е вооружен со нож и сè уште се наоѓа во банката, ...
Пензионирањето на првите 150 пензионери во почетокот на оваа година, први кои „штеделе“ и во Вториот пензиски столб, предизвика недоумици и неколку несмасни изјави, но и сериозни прашања за тоа дали пензиската реформа воведена пред две децении е целосно промашена. Пресметките покажуваат дека нивните „заштедени“ пари во Вториот столб недоволно се оплодиле, па нивните пензии би биле многу поскромни од очекувањата, да не е државата да им ...
Група од 120 британски милионери, меѓу кои поранешниот фудбалер Гери Линекер и музичкиот продуцент Брајан Ино, во отворено писмо до новиот британски премиер Енди Барнам побараа да бидат повисоко оданочени, истакнувајќи дека најбогатите треба да придонесуваат повеќе за финансирањето на јавните услуги. Во писмото, организирано од движењето „Патриотски милионери“, се наведува дека потписниците можат да си дозволат да плаќаат повисоки даноци. „Не ...
Четири компании доставиле понуди на јавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, а по спроведената евалуација, две ги исполниле условите за учество во електронската аукција. Најповолна понуда доставила унгарската компанија „IKARUS Electric Zrt“, во заедничка понуда со ЕВН, информира Министерството за транспорт. Според Министерството, на јавниот повик се пријавиле „BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi“, ...
Општата состојба во однос на бројот на лица со стомачни тегоби во Гостивар во моментов е стабилна и нема нови хоспитализации. Сите резултати и анализи за водата ќе бидат јавно објавени. Не смее да дојде до опуштање во спроведувањето на мерките, бидејќи секогаш кога ќе помине главниот ризик, граѓаните се опуштаат. За мене, откако ќе помине инкубацискиот период и кога веќе знаеме кои вируси и бактерии се присутни, многу поважно е дали граѓаните ...
Последиците од невремето врз електродистрибутивната мрежа сè уште се видливи на терен, соопшти Електродистрибуција. Од компанијата апелираат граѓаните да не се приближуваат до паднатите бандери и столбови за пренос на електрична енергија. „Евидентирани се повеќе паднати и скинати проводници, предизвикани од паднати гранки, делови од кровови и фасади, како и од силниот ветер. Иако дел од нив во моментов не се под напон, по повторното ...
Општина Делчево објави јавен повик за учество на првиот натпревар во косење трева со рачна коса, кој ќе се одржи на 4 август во Делчево, на локација што дополнително ќе биде соопштена. Како што информираат од Општината, целта на настанот е да се избере највештиот косач на трева, но и да се зачува и промовира традиционалниот начин на косење, да се негуваат старите занаети и да се поттикнат дружењето и натпреварувачкиот дух. Право на учество ...
Германската манекенка Хајди Клум предизвика бура од реакции со новото видео што го објави на Инстаграм. Во него, 53-годишната ѕвезда позира топлес на плажа додека ја промовира својата соработка со компанијата Funny-Frisch, уживајќи во чипс на чија амбалажа се наоѓа и нејзиниот лик. Во видеото Хајди носи само долен дел од бикини, шешир и очила за сонце, додека градите ги покрива со раката и со кесичка чипс. Провокативната реклама е снимена на ...
Со техничка поддршка од Европската Унија, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини успешно ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија – стратешки документ што ја отвора вратата кон идната водородна економија и ја позиционира државата како дел од европската енергетска иднина, соопшти Министерството за енергетика. Според Министерството, ова е прв национален документ кој на сеопфатен начин ги анализира ...