Државната компанија за производство на струја АД ЕСМ минатата недела објави оглас за спроведување на јавна набавка за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во Брод-Гнеотино, РЕК Битола. Според официјалните податоци од Бирото за јавни набавки, станува збор за тендер за склучување на т.н. рамковна спогодба со времетраење од една година, чија проценета вредност изнесува 930 милиони денари или над 15,1 милиони евра, колку што всушност изнесува ...

Германската манекенка Хајди Клум предизвика бура од реакции со новото видео што го објави на Инстаграм. Во него, 53-годишната ѕвезда позира топлес на плажа додека ја промовира својата соработка со компанијата Funny-Frisch, уживајќи во чипс на чија амбалажа се наоѓа и нејзиниот лик. Во видеото Хајди носи само долен дел од бикини, шешир и очила за сонце, додека градите ги покрива со раката и со кесичка чипс. Провокативната реклама е снимена на ...

Продажбата на автомобили во Европската Унија нагло се забрза во јуни, со бран на побарувачка за електрифицирани модели и континуирано слабеење на европскиот интерес за бензински и дизел мотори, покажаа податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) објавени денеска. Во јуни, во Европската Унија се регистрирани вкупно 1,15 милиони нови возила, што е за 13,6% повеќе во однос на истиот месец минатата година. Во мај, ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и други оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од ...

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишен маж, осомничен за кривично дело загрозување на сигурноста, откако, според обвинителството, со сериозни закани ја заплашувал сопругата за време на семејно насилство. За осомничениот е доставен и предлог до надлежниот суд за определување мерка притвор. Според истрагата, на 20 јули, пред сопругата да даде исказ во обвинителството во врска со претходна пријава за семејно ...

Отворена е сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ за помош на семејствата во Гостивар. – Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучително значење – велат од Црвениот крст. Црвениот крст е на терен и активно спроведува ...

Вклучување на сите засегнати страни во дијалогот и пронаоѓање оптимален баланс меѓу потребата да се намали бирократијата и потребата да засилат контролите на местата каде има ризик од можни злоупотреби на боледувањата и примена на искуства од други земји, е целта на работилницата „Зајакнување на управувањето со боледувањата“, што се одржува денеска во Владата, а која ја организираат Министерството за здравство и Фондот за здравствено ...

Пред три години, среде ноќ, на Мелани Шатнер Греч ѝ бил потребен нејзиниот татко повеќе од кога било. Додека примала хемотерапија поради рак на дојка во четврти стадиум, таа доживеала тежок емотивен момент. – Бев хистерична. Му се јавив и му реков: ‘Мислам дека умирам’“, раскажува Мелани во интервју за магазинот „Пипл“. Само петнаесет минути подоцна, нејзиниот татко, легендарниот актер Вилијам Шатнер, бил пред нејзиниот дом. – Ми го даде она ...

Ноќеска, кратко по полноќ на улица Мајор Чеде Филиповски во Гостивар, полициски службеници го уапсила Е.С.(18) од Гостивар. Тој без дозвола зел службено патничко возило „цитроен” со гостиварски регистарски ознаки на Црвениот крст, каде бил волонтер, и со возилото удрил во повеќе паркирани возила. При контролата било утврдено дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на ...

Полициски службеници од СВР Велес вчера вечерта, околу 22:30 часот, го уапсиле Д.Ш.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна мајка дека во семејниот дом агресивно се однесувал и ја удрил со стаклен предмет. Д.Ш. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава, информира МВР во билтенот. Полициски службеници од СВР Велес вчера ...

Полициски службеници од ОВР Неготино вчеравечер ја уапсил К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син. Како што се наведува во полицискиот билтен, тие биле приведени постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 68-годишен поранешен свекор дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка. За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за ...

Ноќеска, кратко по полноќ, во 00:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на Железничка станица Маџари со употреба на погоден алат била извршена кражба на гпс уред за следење на возови. Со тоа била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај, информира МВР и додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ноќеска, кратко по полноќ, во 00:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на Железничка станица ...

Соединетите Американски Држави објавија во средата (22 јули) дека потпишале договор со Саудиска Арабија за соработка во областа на цивилната нуклеарна енергија, заедно со посебен билатерален договор за заштитни мерки. Договорите ги потпишаа американскиот секретар за енергетика, Крис Рајт, со саудискиот министер за енергетика, принцот Абдулазиз бин Салман. Министерството за енергетика на САД објави дека договорите ќе ја продлабочат ...

Граѓани се жалат дека веќе трет ден не можат да извршат уплати на сметки во пошта бидејќи не им работи системот. – Три дена се шетам по шалтерите во поштите во Скопје и не можам да ја завршам работата. Вработените велат дека имало некаков дефект, но не знаат кога ќе биде отстранет – се пожали читател на Плусинфо. Неофицијално дознаваме дека проблемот настанал од невремето, и дека ИТ секторот во централата работи на отстранување на дефектот. ...

За две години исплатени се субвенции над 15 милијарди денари кон земјоделците, зголемено е производството и намален е дефицитот кај увозот и извозот на земјоделски производи – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, како што рече, се постигнатите резултати во изминатите две години по, нагласи, катаклизмата што ја наследивме од владата на СДСМ и ДУИ, а на која сега се приклучи и политичката партија Левица. – Јас ги слушам од ...

„Титаник“ е еден од најуспешните филмови на сите времиња, но има приказна зад сцената, којашто е мистерија и речиси 30 години подоцна. Имено, на снимањето во 1996 година, повеќе од 60 членови на филмската екипа завршија во болница откако внеле храна контаминирана со ПЦП – моќна халуциногена дрога. Били Зејн, кој го играше Кал Хокли во филмот, првпат јавно проговори за еден од најбизарните инциденти во Холивуд. Во гостувањето во поткастот ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и други оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од ...

Случајот со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и илјадниците граѓани кои побараа медицинска помош, епидемијата и забраната за секаква употреба доби значително внимание во странските медиуми, пренесува порталот Гостивар пресс.мк Во изминатите денови за здравствената криза во Гостивар известуваа најмалку 30 медиуми од Франција, Италија, Русија, Германија, Австрија, Швајцарија, Албанија, Малта, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција, ...

За време на Светското првенство 2026 година, поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, сер Дејвид Бекам, заработил од реклами приближно 25 милиони долари. Според „Mirror“, овој приход ги надминал платите на други познати личности вклучени во турнирот: колумбиската пејачка Шакира, која настапи на церемонијата на отворањето и затворањето, заработила приближно 20 милиони долари, додека канадскиот пејач Џастин Бибер, кој изведе ...

Четиринаесетгодишен охриѓанец завршил во Општата болница во Охрид откако консумирал алкохол во угостителски објект во градот. Полицијата поднесе кривична пријава против фирмата што го управува објектот и против сопственикот и управител Е.Н. од Охрид, поради сомнение за овозможување консумирање алкохол на дете. Според пријавата на СВР Охрид, при полициска контрола во угостителски објект на улицата „Партизанска“ било утврдено дека на ...

Владата ќе ги обештети граѓаните кои имаат штета од невремето во Скопје, изјави денеска во Кавадарци премиерот Христијан Мицкоски кој ги повика сите кои претрпеле штета да ја ја пријават во соодветните општински комисии. – Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја ...

Во Кавадарци денеска е пуштен во употреба целосно реконструираниот Градски базен, капитален проект вреден речиси 49 милиони денари. Со реновираниот базен градот добива современ спортско-рекреативен центар наменет за сите генерации. Од вкупната инвестиција, 30.141.432 денари се обезбедени преку Министерството за спорт, од средствата на Владата на Република Македонија преку вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти, додека ...

Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривичното дело Тешка кражба, Јавното обвинителство бара судот да му одреди мерка притвор. „Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишен маж од Гевгелија, бидејќи на 22 јули со кршење се обидел да ограби куќа во Скопје. Тој се прекачил преку оградата и влегол во дворот на куќата во раните утрински часови. Пронашол дрвени скали и ги потпрел на ѕидот, па преку нив се качил ...

Американскиот милионер Брајан Џонсон тврди дека во лабораторија создал сопствен „клон“ во форма на новороденче. Сепак, она што го опишува не е вистинско клонирање на човек, туку научен експеримент со клетки добиени од неговото тело. Според Џонсон, ваквата технологија еден ден би можела да помогне во обновување на оштетени органи, развој на нови терапии и забавување на процесот на стареење. Неговата објава доаѓа само неколку дена откако откри ...

Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата и се разгледуваат дополнителни мерки доколку продолжи растот на цените на светските пазари, изјави премиерот Христијан Мицкоски деенска во Кавадарци. Мицкоски најави и можност за повторно намалување на стапката на ДДВ за горивата, доколку продолжи растот на цената на нафтата на берзите која денеска се приближи до психолошката граница од 100 долари. Тој потсети дека на почетокот на ...

По семејна расправија околу тестамент, жител на гевгелиско заврши со обвинение и предлог за притвор, откако физички ја нападнал сопругата, а потоа преку СМС порака се заканил дека ќе ја запали куќата, доколку таа не се врати дома. Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе обвинителен предлог против осомничениот, кого го товари за кривичните дела телесна повреда и загрозување на сигурноста, а истовремено побара Судот да му одреди мерка ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделата водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски изјави дека во решавањето на проблемот се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје и ...

Американското филмско студио „Парамаунт“ ќе снима продолжение на филмот „Денови на громот“ (Days of Thunder) од 1990 година. Во тек се преговори со Џонатан Левин за режија, потврдија за „Холивуд репортер“. Том Круз ќе ја повтори својата улога од автомобилската драма, но исто така, ќе го продуцира филмот со Џери Брукхајмер – еден од продуцентите на оригиналот. Интересот на „Парамаунт“ за Левин се смета за знак на самодоверба по неговата ...

Американската армија пред два дена за напад врз цели на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) го употреби стратешкиот бомбардер Б-1, објави американскиот портал Аксиос. – Тоа е прва мисија на авион бомбардер Б-1, од кога пред 12 дена повторно почнаа судирите помеѓу САД и Иран и претставува значително проширување на американската воена кампања, наведува Аксиос. Авионот Б-1 полетал од воздухопловна база во Велика Британија, а ...

Заменик-министерот Маријан Ристески денеска на средба со новоименуваниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ ја претстави последната мерка објавена од Агенцијата за вработување која е дел со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година – „Економија на грижа – Општинско-корисна работа“ која е наменета за општините. Со мерката се овозможува општините работно да ангажираат ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.8
46%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.86
50%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.09
48%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.3
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.69
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
44%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.07
49%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
64%
1012
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
51%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.85
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Калај

56.46

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05