Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Синот кој го уби својот татко му нанел повеќе од 30 убоди со нож во вратот и во градниот кош, објави Основното јавно обвинителство Скопје. За 30-годишниот осомничен е побаран притвор, а против него е отворена истражна постапка за убиство. „Осомничениот 30-годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го ...
Бугарија се повлекува од коалицијата на земји кои ја поддржуваат Украина во одбраната од руската агресија, објави бугарскиот претседател Румен Радев. Одлуката претставува ново дистанцирање на Софија од дел од европските сојузници кои продолжуваат да ја поддржуваат Украина со воена и со финансиска помош. – Ние не учествуваме во коалиција што инсистира на продолжување на финансиската и на воената помош за Украина – изјави Радев. Бугарскиот ...
На албанскиот премиер Еди Рама, според она што можеше да се забележи за време на директниот телевизиски пренос, најверојатно му се слошило за време на големата воена парада во Париз, организирана по повод Денот на падот на Бастилја. Додека меѓународните државници на свечената трибина стоеја, Рама остана на своето место и неколку моменти седеше. Подоцна се обиде да стане, а во тоа му помогна неговата сопруга Линда Рама, која се наоѓаше веднаш ...
Автономно возило на „Вејмо“ помогнало во откривањето на двајца пијани тинејџери во Калифорнија. Наместо безгрижно возење, нивната авантура завршила на паркинг опколен со полицајци. Според објава на Полициската управа Сан Матео, роботакси на „Вејмо“ помогнало во пријавувањето и приведувањето на двајца пијани малолетници кои наводно пукале со водни пиштоли низ прозорците додека се возеле низ градот. На снимка што ја објави полицијата се гледа ...
Вкупната вредност на онлајн трансакциите во првиот квартал од годинава изнесува 266 милиони евра, што претставува раст од 18,1% во однос на истиот период минатата година. Во оваа вредност се вклучени онлајн купувањата на македонските граѓани кај домашни и странски е-продавници, како и купувањата на странски потрошувачи кај македонските е-трговци, соопшти Асоцијацијата на е-тровци. Притоа во македонските е- продавници завршиле 156 милиони ...
Црногорски државјанин бил лишен од слобода откако на автопатот А1 кај селото Милетково, гевгелиско, возел со брзина од 205 километри на час. „Полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило ‘БМВ’ со црногорски регистарски ознаки со брзина од 205 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час“, соопшти МВР. За случајот бил известен јавен обвинител од ...
Црногорски државјанин бил лишен од слобода откако на автопатот А1 кај селото Милетково, гевгелиско, возел со брзина од 205 километри на час. „Полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило ‘БМВ’ со црногорски регистарски ознаки со брзина од 205 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час“, соопшти МВР. За случајот бил известен јавен обвинител од ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против тројца управители и сопственици на една компанија, како и против самата фирма, поради сомнение за даночно затајување. Според соопштението, осомничените во април 2024 година договориле и реализирале продажба на линија за производство на кабли во вредност од 14.514.000 денари, но трансакцијата не била внесена во сметководствената евиденција ...
Ако немаме пристап до критичните суровини или останеме зависни какви што сме денес, тоа ќе биде голем проблем. Ваков е заклучокот на претседателот на Euromines (Европска асоцијација на рударската индустрија), Јан Мострјом, говорејќи за европските потреби за минерали на неодамнешниот Форум за зелена транзиција. Во оваа насока Европската Унија започна да го помога рударството, но во Македонија засега тоа не е случај. Неколку инвестиции во ...
Втората пратка на американски оклопни борбени возила „Страјкер“ пристигна во Република Македонија, во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата со современи средства и опрема. Испораката е дел од договорот со Соединетите Американски Држави за набавка на оклопните возила, кои претставуваат еден од најзначајните проекти за модернизација на македонските одбранбени капацитети. „Страјкерите“ ќе придонесат за зголемување на ...
СДСМ има зошто да се плаши и сето ова што го зборува околу недовербата во електронското гласање на ислелениците или по пошта е само затскривање на вистинскиот мотив за нивното противење на гласот на дијаспората и блокирање на новиот Изборен законик, посочи поранешниот амбасадор Ристо Никовски во интервју за ТВ Алфа. – Приказни за мали деца. Мислам, очигледно е тоа да се разбереме и тоа е факт. Секој што малку повеќе се разбира во тие работи, ...
Норвешката фудбалска федерација одлучи да ги донира сите приходи од продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Израел за хуманитарна помош на жителите на Газа. Собраните пари ќе бидат насочени кон медицински и хуманитарни организации кои работат во областа, вклучувајќи ги „Лекари без граници“ или „Лекари без граници – МСФ“. Овие организации обезбедуваат здравствена заштита, лекови и друга ...
Американската пејачка, актерка и модна икона Џенифер Лопез повторно беше во центарот на вниманието, овојпат на модната ревија на „Долче и Габана“, која се одржа на Сицилија. По неодамнешните појавувања во Париз и Лондон, Џеј Ло пристигна во Италија и од првиот ред ги следеше новите модни креации, но токму нејзиниот изглед стана една од главните теми на вечерта. Лопез се појави во впечатлив златен фустан без прерамки, богато извезен со златни ...
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека денеска е „Супер вторник“ за проширувањето на Европската Унија, поради одржувањето пристапни конференции со четири земји кандидати во ист ден. Кос на платформата „Икс“ објави дека за првпат по повеќе од 20 години се одржуваат толку пристапни конференции во еден ден. На денешните конференции учествуваат Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија. – Нашите предводнички Украина, ...
Плишан ракун со шише виски стана неочекувана ѕвезда на враќањето на Ерлинг Халанд од Светското првенство во САД. Норвешкиот напаѓач беше забележан како го носи сувенирот при пристигнувањето во Осло по елиминацијата од Англија во четвртфиналето. Набрзо се откри дека станува збор за сувенир наречен „Виски ракун“, кој се продава во продавницата „Вајлд Билс Вестерн“ во Далас. „Ме следеше дома“ Халанд на платформата Икс објави фотографија со ...
Австралиската авиокомпанија „Квантас“ го избра Лондон како прва дестинација за најдолгиот комерцијален лет во светот, кој ќе трае приближно 20 часа, ќе го поврзе британскиот главен град со Сиднеј и ќе ја отстрани традиционалната станица на таканаречената рута „Кенгур“. – Компанијата планира да започне со продажба на билети во февруари, а летовите да започнат во октомври 2027 година – изјави извршната директорка Ванеса Хадсон. Летовите се дел ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години реализирала и започнала 60 спортски инфраструктурни проекти во вкупна вредност од над 21 милион евра, соопшти денеска владејачката партија, оценувајќи дека спортот повторно е поставен меѓу националните приоритети. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека инвестициите во спортската инфраструктура не претставуваат само изградба и реконструкција на објекти, туку и вложување во младите генерации и ...
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против П.А. (18) од селото Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 13 март 2026 година, околу 18 часот, кога осомничените повикале 14-годишно девојче да излезе од својот дом. Потоа ја убедиле да влезе во просторија во близина ...
Разврската за светската титула почнува вечерва со вистински фудбалски спектакл. Во првото полуфинале на Светското првенство, Франција и Шпанија ќе ги одмерат силите во Далас, а победникот ќе обезбеди место во големото финале. Франција, актуелен светски вицешампион и двократен светски првак, ќе се обиде да избори пласман во своето петто мундијалско финале. „Триколорите“ светската титула ја освојуваа во 1998 година против Бразил и во 2018 ...
Тројца членови на криминалната група Беланоца денеска се осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, јави Телма. Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер. Третиот обвинет е осуден на 4 години за ...
Руски удар со една од најмоќните бомби во својот арсенал е снимен во близина на украинскиот град Орихив, на фронтовската линија во Запорошката област. На снимката се гледа огромен блесок, по што следува масивна експлозија и густ облак од чад што се издигнува над местото на ударот. Според информации објавени на социјалните мрежи, станува збор за водена бомба ФАБ-3000, оружје што руските сили сè почесто го користат против утврдени позиции долж ...
Американската администрацијата ќе поддржи закон со кој ќе се воведат тарифи до 500% за земјите што увезуваат руска нафта и гас. Целта е да се ограничи еден од главните извори на финансирање на долготрајната војна меѓу Русија и Украина, објави група американски сенатори. Законот, предложен минатата година од сенаторот Линдзи Греам, веќе доби поддршка од повеќе од 80 сенатори, но е во застој во Конгресот со месеци, додека претседателот на САД ...
Една од најубавите приказни на овогодинешното Светско првенство доби величествено продолжение. Норвешката фудбалска репрезентација беше пречекана во Осло од десетици илјади навивачи, кои излегоа на улиците за да го прослават историскиот успех на националниот тим. Од главниот град на Норвешка пристигнуваат спектакуларни фотографии кои сведочат за атмосфера каква што ретко се гледа. Малкумина очекуваа дека норвешката репрезентација ќе успее ...
Ако умреме, ќе умреме заедно, вели Светлана, сопругата на Љубиша Каровиќ, раскажувајќи за голготата во авионот на „Рајанер“ над македонското небо. Светлана вели дека декомпресијата на зборот се случила за неколку секунди, а таа веднаш реагирала и му ги зграпчила нозете. Среќна околност било тоа што Љубиша бил врзан за безбедносниот појас, но горниот дел од неговото тело веќе бил надвор од авионот. Светлана вели дека во тие моменти добила ...
Цените на нафтата пораснаа утрово за дополнителни 3% откако претседателот на САД Доналд Трамп повторно воведе блокада на иранските бродови што транзитираат низ Ормускиот Проток и објави дека целиот друг товар што минува низ водниот пат ќе треба да плаќа надомест на САД. Цената на нафтата Брент се искачи на околу 85, 6 долари за барел утрово, а американската WTI нафта порасна на 80,5 долари за барел со што добивката на двата типа нафта за оваа ...
Една од најубавите приказни на овогодинешното Светско првенство доби величествено продолжение. Норвешката фудбалска репрезентација беше пречекана во Осло од десетици илјади навивачи, кои излегоа на улиците за да го прослават историскиот успех на националниот тим. Од главниот град на Норвешка пристигнуваат спектакуларни фотографии кои сведочат за атмосфера каква што ретко се гледа. Малкумина очекуваа дека норвешката репрезентација ќе успее ...
Аргентинската валута пезос достигна ново најниско ниво во однос на американскиот долар, откако изгуби неверојатни 99,8% од својата вредност од 2009 година. Овој драматичен пад на валутата одразува длабока економска криза што ја потресува земјата со децении, чии последици директно ги чувствуваат милиони Аргентинци, пишува Yahoo Finance. Падот на аргентинскиот пезос на најниско ниво во однос на доларот означува еден од најголемите монетарни ...
Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница реплицира на обвинувањата од СДСМ дека со предлогот за Иван Стоилковиќ за министер за локална самоуправа во реконструираната влада „српскиот свет“ во Македонија добива позиција губернатор на 80 македонски општини“. – Не ви пречеше да трчате на бања да го убедувате и да нудите сѐ и сешто за да гласа за промена на името. Тогаш не ви пречеше Иван Стоилковиќ? Е, оваа влада има поинаков став ...
Американската армија рано утринава соопшти дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран, во третата последователна ноќ на воени операции. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека во текот на петчасовната мисија биле погодени воени цели во Бушер, Чабахар, Џаск, Конерак, Абу Муса и Бандар Абас. Според соопштението, новите американски напади започнале рано утринава по европско време, што претставува нова ескалација на ...
Цените на кафето и какаото на берзите нагло скокнаа, бидејќи инвеститорите се загрижени дека климатските нарушувања предизвикани од Ел Нињо би можеле да ги загрозат приносите на овие две глобално барани култури низ Бразил и Западна Африка. Фјучерсите за кафе скокнаа за 18,5% денеска, достигнувајќи 3,57 американски долари за фунта (0,4536 килограми), што е највисоко дневно зголемување на цената на оваа стока од 2000 година. Во соопштението на ...