Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Новиот американски напад врз Иран започна само неколку часа откако Доналд Трамп од самитот на НАТО во Анкара најави дека САД „веројатно ќе удрат многу силно“ повторно. Иранските државни медиуми вечерва објавија дека експлозии се слушнале во повеќе градови на југот на земјата, додека на некои места бил прекинат и доводот на електрична енергија. Американската Централна команда потврди дека операцијата е во тек. „По наредба на Врховниот ...
На Клиниката за инфективни болести во Скопје е потврден нов случај на маларија кај пациент кој неодамна престојувал во Занзибар. Пациентот побарал лекарска помош откако добил висока температура и треска, по што бил хоспитализиран на Клиниката за понатамошно лекување. Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, потврди дека станува збор за маларија и информира дека пациентот е во стабилна здравствена состојба. Тој нагласи дека ...
Времето утре, 9 јули, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод котлината со појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. ...
Нова одлука на ФИФА предизвика реакции на Светското првенство, откако светската куќа на фудбалот ја одби жалбата на Франција за поништување на жолтиот картон на Михаел Олисе. Со тоа, францускиот репрезентативец ќе настапи против Мароко со ризик да го пропушти евентуалното полуфинале. Олисе беше опоменат во судиското продолжение од осминафиналниот натпревар против Парагвај, кој Франција го доби со 1:0. Дешамп ја потврди одлуката Селекторот на ...
Се чини дека преголемиот број прашања и обврски на самитот во Анкара направија Трамп да ги рокадира Исламската република Иран и Јапонија. „Ислямска република Япония“. Тръмп обърка Иран с Япония. „Преди два месеца Ислямска република Япония изстреля 211 ракети по нас; те изстреляха 211 ракети по нашия самолетоносач за един час“, – заяви Тръмп. pic.twitter.com/VPy1LSaisd — Тодор Цветанов (@comrealiti) July 8, 2026 Се чини дека преголемиот број ...
Ставот на новиот унгарски премиер Петер Маѓар кој отворено се заложи за европскиот пат на земјите од Западниот Балкан не е добра вест за Бугарија. Вака смета Спас Ташев, професор по национална безбедност и директор на одделот „Демографија“ во Бугарската академија на науките (БАН). – Разговарав со бугарски европратеници кои ми кажаа дека го информирале Маѓар за бугарската позиција и за суштината на проблемите во Скопјe. Бидејќи тој продолжува ...
Американски суд нареди авторката Е. Џин Керол да ги добие милионите долари што Доналд Трамп ги депонирал по пресудата од 2023 година, откако пропадна неговиот обид дополнително да го одложи плаќањето. Станува збор за вкупно околу 5,8 милиони долари со пресметана камата. Судијата Луис Каплан пресуди средствата да бидат исплатени од судската сметка на која биле чувани додека траела жалбената постапка. Поротата му наложи да плати отштета Порота ...
Францускиот напаѓач се огласи откако сенаторката Селесте Амариља објавила серија навредливи пораки по натпреварот меѓу Франција и Парагвај на Светското првенство. Мбапе порача дека ставовите на Амариља не се одраз на вредностите на Парагвај и на луѓето кои ја поддржувале својата репрезентација на шампионатот. „Вие не го претставувате Парагвај, земја која покажа страст, борбен дух и чест во текот на целото натпреварување“, навел францускиот ...
Оваа Влада историски прави најголеми издвојувања за општините, а за тоа е доказ овој ребаланс кој денес го разгледуваме во Комисијата за финансирање и буџет. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во рамки на амандманската распорава по предлог ребалансот на Буџетот за 2026 година во рамки на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет кој потенцираше дека буџетот е лимитирана и ограничена категорија каде ...
Рекордна наплата од 206 милиони евра е остварена во јуни годинава, со што по третпат е надминат највисокиот месечен резултат во историјата на Царинската управа. Според директорот на институцијата и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Николовски, во државниот буџет биле инкасирани 12,68 милијарди денари, што е за 22,5 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани. Раст од речиси 38 милиони евра Гостувајќи во емисијата „За или ...
Три објекти во Раџастан се претворени во пепел по сексуалната експлоатација и киднапирањето на 13-годишно малолетно девојче. Случајот во округот Шри Ганганагар во Раџастан ги крена тамошните власти на нозе. Се смета дека девојчето 5 дена било силувано по хотелите. Сега, објектите „Хунгар“ („Дрим“), „Џој Ин“ и „Сафир Ин“ беа целосно срушени со помош на тешка механизација и на хидраулични машини, јави Хиндустани Дејли Њу Тајмс Интернешнел. ...
Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ ќе мора да плати 5.600 фунти поради испадот за време на осминафиналето против Роман Сафиулин. Организаторите на Вимблдон во дисциплинскиот билтен потврдија дека српскиот тенисер е казнет за звучна непристојност, откако за време на мечот упати пцовки кон себе и кон ситуацијата на теренот. Пцовките стигнаа до судијата Инцидентот се случил во третиот сет кога Сафиулин направил брејк и повел со 4:2. Видно ...
Египетската репрезентација била оштетена од судиските одлуки и од примената на ВАР технологијата во мечот со Аргентина, реагираше португалскиот стратег Жозе Мурињо. Португалецот, кој го следеше натпреварот како стручен коментатор, вели дека се работи за „грабеж среде бел ден“. – Ова е грабеж сред бел ден. Срамно е во што се претвора фудбалот. Како можеш да дозволиш акцијата да продолжи, да се постигне гол, а потоа да се вратиш назад и да го ...
Претседателот на САД најави нов американски напад врз Иран. На Самитот на НАТО во Анкара Доналд Трамп изјави дека примирјето повеќе не важи и дека Вашингтон е подготвен повторно да дејствува. Од Техеран брзо возвратија со предупредување дека Ормускиот Теснец би можел целосно да биде затворен доколку следуваат нови напади. „Веројатно ќе удриме и вечерва“ Трамп изјави дека САД веќе извеле силни напади врз ирански цели и дека не ја исклучува ...
Филозофскиот факултет Скопје со длабока тага ја известува академската и пошироката јавност дека почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија. Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година. Магистрирал во 1992 година со трудот „Етиката на одговорноста кај Ханс ...
„Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската Унија, 20 години да нè држат во лавиринтот. Време е тоа да се надмине. Вака порача денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова, по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на Самитот на НАТО ...
Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден, информираше министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во видео. Николоски истаккна дека со ова се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Николоски заедно со директорот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење. По оваа делница ќе се ...
„Тешко е да одам во Москва, таму има многу украински дронови“. Вака му одговори Володимир Зеленски на Доналд Трамп за време на нивната заедничка средба на Самитот на НАТО во Анкара, предизвикувајќи смеа кај присутните. Необичната размена дојде додека американскиот претседател зборуваше за можните мировни преговори меѓу Киев и Москва. Трамп ја одбил Москва Американскиот претседател откри дека рускиот лидер Владимир Путин предложил евентуалните ...
„Работевме посветено неколку месеци на Изборниот законик сите пратенички групи и усогласивме текст. Тој текст беше потпишан од сите партии освен од Левица која се изјасни дека се согласува со содржината на текстот, но не сакаа да се потпишат на предлогот“. Вака објасни денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со Изборниот законик при средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос. – Ова што се случува деновиве е политичка ...
Повеќе лица се повредени, а едно лице е уапсено по, како што се претпоставува, насилен напад во средно училиште во јужната германска сојузна покраина Баварија, соопшти полицијата во средата. „Осомничениот сторител е уапсен. Во моментов се утврдува бројот на лицата вклучени во инцидентот, како и тежината на нивните повреди“, потврди локалната полиција во објава на социјалната мрежа Икс. Derzeit ist uns bekannt, dass mehrere Personen am ...
Шарлиз Терон (49) доминираше на премиерата на филмот „Одисеја“ во француската престолнина, каде што им се придружи на ѕвездите како Зендаја и Ен Хатавеј. Нејзиниот изглед беше совршен спој на смелост и софистицираност, привлекувајќи ги сите погледи на настанот што ја собра холивудската елита. За оваа пригода, актерката избра нетипична интерпретација на класичните кроеви. Шарлиз комбинираше бебешко сини свилени сатенски шорцеви со преголемо ...
Се појавија нови детали за бомбашкиот напад во Монако, во кој беше повреден украинскиот олигарх Вадим Јермолаев, како и за смртта на Анастасија Березовска, жената осомничена дека ја активирала експлозивната направа. Според украинскиот портал „Страна“, Березовска наводно прифатила да го изврши нападот во замена за ветена награда од 150.000 евра. Истиот извор наведува дека ѝ биле исплатени 7.000 евра за извршувањето на нападот, како и ...
Лидерите на НАТО денеска ја потврдија својата „железна посветеност“ на колективната одбрана и единството на алијансата, изјавувајќи дека „напад врз еден е напад врз сите“ во декларацијата на самитот усвоена во Анкара. Во Декларацијата од самитот во Анкара се вели дека сојузниците остануваат посветени на Член 5 од Вашингтонскиот договор, трансатлантската врска и пристапот од 360 степени кон одвраќањето и одбраната, опишувајќи го „единството, ...
Google Street View се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за ...
Оливија Родриго е првата музичка ѕвезда со повеќе сетови во LEGO продукција, оваа соработка резултираше со пет сета посветени на различни поглавја од кариерата на 23-годишната музичарка, чие богатство моментално се проценува на околу 45 милиони долари. Сетовите вклучуваат ексклузивни минифигури на Оливија базирани на некои од нејзините најпопуларни сценски изгледи. Младата музичарка тесно соработуваше со дизајнерскиот тим на овој проект, а ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Според ...
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) привремено да ја укине суспензијата на Рускиот олимписки комитет. Киев го нарече потегот „загрижувачки сигнал“ и ги повика земјите домаќини и спортските федерации да ги задржат ограничувањата за руските спортисти и државните симболи, пишува Киев Пост. Извршниот одбор на МОК вчера ја укина суспензијата, наведувајќи дека Рускиот олимписки комитет ги отстрани спортските тела од украинските територии ...
Лекот „Фостер“, кој се наоѓа на позитивната листа на лекови, во најскоро време повторно ќе биде достапен за пациентите без доплата, информира Министерството за здравство. Оттаму соопштија дека биле известени од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот дека се преземаат активности за негово повторно обезбедување на пазарот. „Фостер“ е дел од позитивната листа, што значи дека пациентите ќе можат повторно да го ...
Четириесет и четиригодишна скопјанка пријавила во полиција дека била ограбена и физички нападната на подрачјето на Карпош, откако женско лице ѝ ја одзело чантата од нејзиното возило. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 7 јули 2026 година во 08:25 часот во СВР Скопје. Како што навела пријавителката, женско лице од нејзиниот автомобил одзело чанта во која имало паричник, лични документи, мобилен ...
Очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност кај македонските граѓани – рече премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата со еврокомесарката за проширување Марта Кос. – Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за ...