Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Само ден откако Доналд Трамп ја исмеа Џорџија Мелони со објава на социјалните мрежи, во нејзина одбрана застана белгискиот министер за одбрана Тео Франкен. Во изјава за Политико, тој порача дека италијанската премиерка е „недопирлива“, нарекувајќи ја „кралица“ и „алфа“ на европската централно-десничарска сцена. Франкен оцени дека Европа ќе зависи од американската воена поддршка уште најмалку пет до десет години и затоа мора внимателно да ги ...
Светскиот првак Аргентина се најде во неочекувана ситуација во осминафиналето на Светското првенство. Египет води со 1:0 по првото полувреме, а Лионел Меси не успеа да реализира пенал и да го врати својот тим во игра. Тимот од Африка поведе во 15. минута преку Јасер Ибрахим и ја замолкна Атланта. Аргентина доби идеална шанса за израмнување пет минути подоцна, но голманот Мохамед Ел Шобир го прочита ударот на Меси и го одбрани пеналот. Тоа е ...
Граѓаните наскоро ќе можат да испраќаат точна локација, фотографии и видеоснимки директно до службата 112, а жртвите на семејно насилство ќе добијат можност незабележливо да побараат помош преку новата функција „Silent Call“, најави директорот на ЦУК, Мухамет Али. – Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од ...
Македонија претрпела неправда на патот кон Европската Унија, а Брисел повеќе не смее да дозволува соседски спорови да го поткопуваат процесот на проширување. Таква порака испрати европратеникот од Хрватска Карло Реслер. Тој смета дека европскиот напредок мора да се вреднува според реформи и исполнети обврски, а не според политички условувања. На Македонија ѝ е нанесена неправда“ Реслер отворено признава дека кај многу граѓани постои чувство ...
Британската Поморска трговска операција (UKMTO) соопшти дека танкер кој пловел низ Ормускиот Теснец бил погоден од неидентификуван проектил. Според првичните информации, бродот претрпел структурни оштетувања. Нема извештаи за загинати, повредени или загадување на морето. Порталот „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставници, објави дека Иран синоќа испалил најмалку две ракети кон комерцијални бродови. Наводно, двата брода биле ...
Автопатот Скопје – Блаце е дел од стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, откако државата го потпиша Договорот за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на оваа важна делница. – Без разлика што немаме излез на море, на овој начин државата може да стане стратешки најважна точка на Балканот, преку која ќе се вкрстуваат бизнисот, ...
Додека Роналдо со солзи го напушташе теренот по последниот мундијалски натпревар, илјадници километри подалеку неговата Мадеира подготвуваше збогување достојно за легенда. Стотици дронови го осветлија небото над островот и испратија порака на благодарност до фудбалерот кој со својата игра го прослави родниот крај низ целиот свет. Светлосниот спектакл беше организиран во чест на најголемото име во историјата на португалскиот фудбал. Дроновите ...
Осумдесет и четиригодишна охриѓанка се здобила со тешки повреди откако била удрена од автомобил на улицата Јане Сандански во Охрид. Според МВР, несреќата се случила на 6 јули во 21:12 часот. Автомобил „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 74-годишен охриѓанец, удрил во пешакот М.Т. (84). По несреќата, жената била пренесена во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Лекарите констатирале тешки телесни повреди. Увид на ...
„За нас, важно е дијаспората да има можност да гласа без разлика дали преку електронско гласање или по пошта, но да бидат безбедни, транспарентни и сигурни форми и во согласност со меѓународните стандарди“. Вака истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик. – Нашата дијаспора не е само дознаки и помош на роднините. За неа не може да ...
Самитот на НАТО во Анкара донесе уште една порака што ќе одекне меѓу сојузниците. Шефот на САД јавно изрази разочарување од Алијансата, оцени дека САД не добиле доволна поддршка по операциите против Иран и порача дека можеби воопшто немало да присуствува на собирот ако домаќин не била Турција. „Многу сум разочаран од НАТО“ Трамп настапи на заедничка прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој рече дека САД не биле ...
Познатиот актер Расел Кроу го прослави 20-тиот роденден на својот помлад син Тенисон. По тој повод, 62-годишниот добитник на Оскар објави емотивна честитка за роденденот на платформата X, заедно со неколку нови фотографии, од кои една го покажува Тенисон како позира во огледалото покрај својот татко и ги покажува своите извајани бицепси. – Пред точно 20 години, во 6:53 часот наутро, овој неверојатен млад човек стана дел од нашите животи. ...
Српски полицајци од утре, па сè до 31 август, заедно со припадници на македонската полиција ќе патролираат низ Охрид во рамки на заедничките активности за време на летната туристичка сезона. Одлуката ја соопшти СВР Охрид, по работен состанок со македонското министерство за внатрешни работи и со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија. „Заедничките мешовити патроли ќе придонесат за зголемена безбедност на ...
Триесетгодишна жителка на Велес е приведена под сомнение дека со остар предмет го избодела својот вонбрачен сопруг во нивниот дом, по што против неа ќе биде поднесена кривична пријава за обид за убиство при семејно насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил вчера околу 19 часот во Велес. Полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Т.Д. (30), откако било пријавено ...
Од денеска, 7 јули, во Европската Унија стапуваат во сила нови правила што значително ги менуваат стандардите за безбедност кај новите автомобили. Сите новопроизведени патнички автомобили (категорија М1) и лесни комерцијални возила (категорија N1) што ќе се продаваат на европскиот пазар мора задолжително да бидат опремени со напредни системи за активна безбедност. Станува збор за втората фаза од Општата регулатива за безбедност (GSR2), со ...
Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави денеска бугарското Министерство за внатрешни работи. Пријави за поставени бомби се упатени во институциите во Бургас, Јамбол, Разград, Стара Загора, Смолјан, Трговиште, Варна, Добрич, Силистра, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, ...
Апелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата за измама против Марин Ле Пен, лидерка на крајно десничарската партија Национален собир, што ја доведува во прашање нејзината кандидатура на претседателските избори во 2027 година. Иако судот ја скрати нејзината забрана за кандидирање и со тоа потенцијално ѝ го отвори патот за учество во претседателската трка, беше пресудено дека таа мора да ја отслужи затворската казна, пишува Euronews. Ле Пен ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Централниот штаб на партијата му оддаде последна почит на прерано починатиот Јовица Илиевски, градоначалник на Општина Брвеница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски во својата порака изрази длабока тага по повод загубата на својот пријател и сопартиец, истакнувајќи дека неговото заминување е голема загуба за семејството, пријателите, но и за жителите на Општина Брвеница, ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Штип против две физички лица и едно правно лице поради сомнение дека со незаконски дејствија намерно ја довеле компанијата во стечај, при што доверителите биле оштетени, а за себе и лица блиски до нив прибавиле противправна имотна корист од над 73 милиони денари. Според информациите од Финансиската полиција, кривичната пријава е поднесена против ...
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата Лазар Личеновски во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила околу 17:50 часот, кога се судриле патничко возило „БМВ“, управувано од 25-годишниот Е.К. од селото Визбегово, и патничко возило „сеат леон“, зад чиј волан била 48-годишната С.П. од селото Бразда. Во судирот ...
Според последната прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за раст на европската економија до 2031, Македонија се најде на седмото место, пишува Euronews.. Со просечен раст од над 3% во периодот од 2027-та до 2031-та Македонија e, далеку над растот што ќе го постигне економијата на Еврпската Унија и повеќето економии од состав на Унијата. Прогнозата за Германија на пример е 0,92%. Анализата покажува дека помалите економии ќе ...
На Инстаграм профилот на принцот и принцезата од Велс се споделени емотивни фотографии на кои се овековечени трогателните моменти по завршувањето на исклучително тешкиот физички подвиг на принцезата Кејт Мидлтон која минатата денела ги освои трите највисоки врвови во Велика Британија. Таа успешно заврши еден од најсложените планинарски предизвици „Three Peaks“ чија цел е собирање средства за болницата каде што и самата се лекуваше од рак и ...
Освен ако не се повлечете во некоја супер-дивина, без телефон и други средства за информации и комуникација, никако не можете да избегате од чудовишнава комедија во сектана што глуми политичка партија. Со елементи на длабоко загноено ткиво што полека се распаѓа. Но и тоа има добри страни зашто и тој циркус конечно ќе заврши, а подобриот дел е што сите полека си го покажуваат вистинското лице криено со децении, кога се претставуваа како ...
Дваесет и двегодишен жител на скопското село Страхојадица е приведен поради сомнение дека со пиштол им се заканувал на повеќе лица кај железничката станица во Зелениково, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, полициски службеници на 6 јули го лишиле од слобода В.И. (22), откако претходно било пријавено дека вечерта на 5 јули, околу 21:10 часот, додека бил во друштво со Е.Б. (24), исто така од селото ...
Град Скопје издвои финансиска помош од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Венецуела, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. – Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само. ...
Осминафиналната фаза на Светското првенство денеска дефинитивно ќе биде затворена со два натпревари, по кои ќе бидат познати сите четвртфиналисти. Во центарот на вниманието ќе биде големата пресметка меѓу актуелниот светски шампион Аргентина и Египет, каде фудбалскиот свет ќе го следи дуелот меѓу две огромни имиња – Лионел Меси и Мохамед Салах. Аргентина и Египет ќе се сретнат на стадионот во Атланта, во натпревар во кој „гаучосите“ влегуваат ...
Речиси 30.000 членови на службите за итни случаи и повеќе од 3.300 меѓународни спасувачи се тркаат со времето за да пронајдат преживеани по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни. Сепак, во овие бројки не е вклучен најспецијалниот трагач, а тоа се десетици високо обучени кучиња-трагачи, распоредени како дел од тимови од повеќе од 20 земји, според France24. Овие кучиња, специјално обучени за откривање на мириси на луѓе, ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0,5%, а цените на мало од 0,8%. На годишно ново инфлацијата се зголеми за 3,4 %, а цените на мало за 3,6 %, објави Државниот завод за статистика. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите „транспорт“ за 1,6% и „храна и безалкохолни пијалаци“ за 1,1%. Зголемување ...
Позитивната листа е проширена со три нови антикоагуланти лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјава. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап, истакна денеска на прес-конференција во Владата, генералниот директор на Фондот за ...
Американската манекенка и актерка Џери Хол го прослави својот 70-ти роденден на почетокот на јули, но малкумина би ѝ дале толку години. Поранешната модна икона, која со децении доминираше на светските модни писти и насловните страници на списанијата, сè уште привлекува внимание со својот изглед и денес, а самата вели дека воопшто не се чувствува како седумдесетгодишна, пишува Дејли Меил. View this post on Instagram A post shared by British ...
Сето тоа коешто ќе го договорат Левица, СДСМ, ДУИ и другите помали опозициски партии од аспект на финансирање, од аспект на изјаснување на дијаспората, од аспект на поплаките и од аспект на една изборна единица и сите детали кои се инкорпорирани, ние тоа ќе го прифатиме се додека биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го испочитува уставно загарантираното право и да може да гласа и да се изјаснува на избори – истакна ...