Фондот за здравствено осигурување се огласи откако граѓани пријавија дека не можат да го подигнат лекот „клексан“ на рецепт во одредени аптеки. Од институцијата велат дека лекот од 1 јули е на Позитивната листа и треба да биде достапен во аптеките што имаат договор со Фондот. „Од 01.07.2026 година, лекот enoxaparine (Клексан) е обезбеден преку Позитивната листа на лекови и може да се набавува и издава во ПЗУ аптеките кои имаат склучен договор ...

Иран мора да избере меѓу договор и нова конфронтација со САД, порача Доналд Трамп по застојот во индиректните разговори меѓу Вашингтон и Техеран. Американскиот претседател изјави дека повеќе би сакал дипломатско решение, но истовремено предупреди дека САД лесно би можеле да ја „довршат работата“ доколку не биде постигнат договор. – Или ќе склучиме договор или ќе ја завршиме работата. Во ред. И нема да биде тешк о да се заврши работата. ...

Државниот завод за статистика соопшти дека трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – мај 2026 година во споредба со истиот период 2025 година. Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 217 977,7 милиони денари и бележи раст од 5,70%, додека вредноста на увезената стока е 306 513,7 милиони денари, што претставува зголемување за 5,91%. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски кој оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година претставува развоен, реален и финансиски одржлив документ, кој што е во интерес на граѓаните и државата. Тој нагласи дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат 46 милијарди денари, што е зголемување од 5,8 милијарди денари или 14,5 ...

Претседателот на Левица во видео-интервју порача дека партијата е подготвена да прифати гласање на дијаспората по пошта, но исклучиво доколку се прифати воведување на една изборна единица. Според него, доколку власта навистина сака политички компромис околу измените на Изборниот законик, тогаш компромисот треба да биде заемен: – Еве му фрлена ракавица. Ајде, да изгласаме една изборна единица, ние ќе се сложиме на гласање на дијаспората по ...

Американскиот претседател потврди дека лично побарал од претседателот на ФИФА повторно да се разгледа црвениот картон на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун во мечот кој го одиграа САД и Босна и Херцеговина. Изјавата доаѓа во момент кога европската куќа на фудбалот УЕФА жестоко реагираше и предупреди дека одлуката на ФИФА отвора сериозни прашања за интегритетот на натпреварувањето. ФИФА во меѓувреме му дозволи на Балогун да настапи ...

Јавен обвинител предложи мреки за претпазливост за тројцата осомничени дека нападнале малолетник во паркот во скопско Маџари. Основното јавно обвинителство соопшти дека се работи за насилство врз дете родено во 2011 година. „Според првичните сознанија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото“, вели ОЈО за осомничените. Случајот за ...

Норвешка направи вистинска сензација на Светското првенство 2026, откако во осминафиналето ја елиминираше петкратната светска шампионка Бразил со 2:1. Херој на мечот повторно беше Ерлинг Браут Халанд, кој постигна два гола и практично сам ја однесе својата селекција во четвртфинале. Бразил имаше свои шанси во текот на натпреварот, но не успеа да ги искористи. Бруно Гимараеш промаши пенал, додека Ендрик пропушти идеална шанса по прецизна ...

Ерлинг Халанд, човекот што со два гола го урна Бразил и ја однесе Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство, откри дека негов спортски идол е Новак Ѓоковиќ. Краткиот одговор веднаш се прошири низ социјалните мрежи и предизвика бројни реакции, особено на Балканот. Норвешкиот голгетер бил прашан кој е неговиот најголем спортски херој, а одговорот пристигнал без двоумење. – Новак Ѓоковиќ – рекол Халанд. Иако станува збор за само две ...

По сензационалната елиминација на Бразил, осминафиналето на Светското првенство влегува во својата завршница со два спектакуларни дуела кои би можеле целосно да ја променат сликата за фаворитите. Вечерва вниманието ќе биде насочено кон европското дерби меѓу Португалија и Шпанија, но и кон настапот на домаќинот САД против Белгија. Бразилскиот пораз од Норвешка, предводена од феноменалниот Ерлинг Халанд, покажа дека на овој Мундијал нема ...

Грчките власти почнаа да поставуваат заштитни пловечки бариери на дел од плажите поради ширењето на сребренопругата риба-зајак, инвазивен вид што сè почесто се појавува во источниот Медитеран. Првата ваква мерка е воведена во заливот кај Халкида, на островот Евија, каде локалните власти поставуваат мрежи за да ја зголемат безбедноста на капачите. Темата е важна за туристите од регионот, бидејќи Грција е една од најпосетуваните летни ...

Двајца скопјани се приведени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот пожар кај Рампа на улицата Македонија, во кој беше повреден пожарникар, а оштетени беа и две противпожарни возила. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А. (34) и И.Х. (39), двајцата од Скопје, поради сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според ...

Израелски припадник на граничната полиција е суспендиран од должност откако беше објавена снимка на која се гледа како фрла шок-бомба во паркиран автомобил во бегалскиот камп Каландија на окупираниот Западен Брег. Според израелскиот портал „Ynet“, на снимката од безбедносните камери се гледа како полицаецот се приближува до возилото, по кратка вербална расправија фрла шок-бомба во автомобилот, која веднаш експлодира. По експлозијата, двајца ...

Светското првенство доби нова навивачка сензација, а зад неа стои Ерлинг Халанд и неговата Норвешка. По драматичната победа над Бразил од 2:1, во која Халанд со голови во 79. и 90. минута ја урна една од најголемите светски фудбалски сили, норвешките фудбалери приредија прослава што за само неколку часа стана хит на социјалните мрежи. Додека десетици илјади норвешки навивачи на трибините имитираа веслање како вистински Викинзи, фудбалерите на ...

Хари Кејн доби нов обожавател, по победата на Англија над Мексико (3:2) – Доналд Трамп. Американскиот претседател се огласи на својата социјална мрежа Truth Social за да го изрази своето восхитување кон капитенот на Англија, нарекувајќи го одличен играч откако „Гордиот албион“ се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство на стадионот „Ацтека“. Џуд Белингам го отвори водството за Англичаните со два брзи гола во 36-тата и 38-мата ...

Додека низ Англија сè уште се слави драматичната победа на националната репрезентација над Мексико со 3:2 на Светското првенство, понеделничкото утро во голем број училишта изгледаше сосема поинаку од вообичаено. Наместо учебници и редовни часови, учениците ги исполнија училниците во дресови на Англија, со насликани знамиња на лицата и со едвај скриена возбуда додека заедно го гледаа натпреварот. Атмосферата во училниците беше пренесена во ...

СДСМ објави соопштение со напади врз својот поранешен истакнат функционер, пратеник и градоначалник Андреј Петров, кого го нарекува „еден од главните промотори на иницијативата за „реформи” во СДСМ – Платформа за иднина на Мицкоски – ЗНАМ 2.0“. Според СДСМ, во емисијата „Во Центар“ Андреј Петров „сам се разоткрил“. „Тој беше шеф на изборниот штаб во Првата изборна единица на последните парламентарни избори во 2024 година – единицата во која ...

Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов. Се презентираа СМС пораки и вибер комуникација на Дејан со контакти како што ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми цените на горивата во просек за 1,47 %. Според одлуката, од полноќ дизелот поскапува за 2,5 денари по литар, екстра лесното масло за домаќинствата за 2 денара, а бензините поскапуваат за еден денар. Регулаторите пресметаа и пониска цена на мазутот за 0,265 денари кој ќе чини 41,230 денари по килограм. Според одлуката на РКЕ, од полноќ ќе важат следните цени: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС ...

Во атарот на село Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, вчера попладна Ф.Б. (59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Потоа Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди, инн=формира СВР Битола. Во атарот на село Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, вчера попладна Ф.Б. (59) ...

На општинскиот пат од село Радуша кон село Дворце, на местото викано „Сува река”, вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(20) од село Дворце, скопско, велосипед управуван од К.Ш.(68) од Скопје и велосипед управуван од А.Г.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ш., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” во ...

Додека светската текстилна индустрија се обидува да најде начин како да го намали огромниот отпад што го создава, една македонска компанија од Штип покажува дека решението не мора да доаѓа само од големите светски брендови. „Депакон“ успеа да развие модел со кој отпишаните спортски дресови и опрема добиваат целосно нов живот, наместо да завршат во отпад. Во професионалниот спорт секоја промена на спонзор, производител или визуелен идентитет ...

СДСМ објави соопштение со напади врз својот поранешен истакнат функционер, пратеник и градоначалник Андреј Петров, кого го нарекува „еден од главните промотори на иницијативата за „реформи” во СДСМ – Платформа за иднина на Мицкоски – ЗНАМ 2.0“. Според СДСМ, во емисијата „Во Центар“ Андреј Петров „сам се разоткрил“. „Тој беше шеф на изборниот штаб во Првата изборна единица на последните парламентарни избори во 2024 година – единицата во која ...

Во рамки на засилени летни контроли, вчера (05.07.2026) беше спроведена акциска контрола на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, при што биле констатирани вкупно 52 прекршоци, а девет лица управувале пловни објекти под дејство на алкохол. Акцијата ја реализираа полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во соработка со Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео од својата посета на рибен ресторан на еден од сплавовите на реката Сава, на кој зборуваше за напредокот на проектите поврзани со изложбата ЕКСПО 2027. „Следниот пат кога ќе дојдам на сплав, ќе ја препливам Сава, како некогаш. Засега, само чинијата ми останува – кечига во рибина чорба“ – напиша Вучиќ во објавата. Тој наведува дека одамна не дошол на Сава која за него е „Српско Море“. Српскиот ...

Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен двигател на резултатите во ...

📝 НОВИНАРСКИ ТЕКСТ Иако не одигра ниту една минута на драматичниот натпревар против Мексико Сити, Џордан Хендерсон сепак се најде во центарот на вниманието по завршувањето на дуелот, но овојпат поради повреда што ја заработи за време на прославата на англиската победа. По последниот свиреж, додека играчите и стручниот штаб го славеа големиот триумф, поранешниот капитен на Ливерпул се обидел да ги прескокне видео-бим рекламите покрај теренот. ...

Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен двигател на резултатите во ...

Вчера во Охрид официјално започна Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност 2026, во организација на Македонија2025, под покровителство на Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова. Оваа година се одржува шестото издание на Кампот, на кое учествуваат 23 деца на возраст од 11 до 15 години. Од нив, 13 учесници се од македонската дијаспора – од САД, Германија, Малта, Србија и Обединетите Арапски Емирати, додека 10 ...

Договор меѓу ЈПДП и ЕБОР за грант средства за изградба на автопат Скопје-Блаце беше потпишан денеска во Владата. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова е проект кој со децении бил најавуван, а за него е големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници – Покрај оваа, која треба да го оврзе главниот град со Блаце, тука се и делницата која треба да ги поврзе Тетово и Гостивар, ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
8.16
26%
1010
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
1.99
30%
1011
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
3.97
36%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.61
37%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.59
25%
1010
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
3.54
70%
1015
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
4.47
38%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.91
20%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.3
26%
1010
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
2.24
37%
1011
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 35ᴼ
3.58
37%
1013
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
6.34
99%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Бакар

13.54

Злато

137126.15

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Иридиум

252383.36

Паладиум

43435.66

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27