Словенија е немоќна во битката против неконтролираните никотински производи коишто се продаваат на црниот пазар. Нелегалната дистрибуција се зголемила откако минатата година властите во Љубљана законски ги забранија за продажба електронските цигари и никотинските ќесички со вкусови и ароми. Дали македонските здравствени власти ризикуваат да го пресликаат словенечкото сценарио со усвојувањето на најавениот Закон за заштита од пушење?! ...

Опозицискиот СДСМ барајќи начин да излезе од хаосот во кој е одамна. Пред некој ден извади нова програма за делување, ама таа не предизвика особено внимание кај јавноста. Сега, пак, нивниот лидер Венко Филипче најави дека ќе му пишел писмо на ЕУ, најверојано посакува барем таму да привлече внимание. Во писмото ќе го алармирал Брисел за „демонтирање” на евроинтегративниот процес од страна на македонската влада и премиерот Мицкоски. Како што ...

Неколку научни податоци за следниве три елементи арсен, злато и бакар, а кои како такви се користат во зелената транзиција за која толку се залагаме. Бакарот е еден од најклучните метали во борбата против глобалното затоплување! Тој е неопходен на соларни панели, ветерни турбини и електрични возила. Зелените технологии користат и до неколку пати повеќе бакар од традиционалните енергетски системи. Благодарение на бакарот енергијата се ...

Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. Од вкупниот број регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68,2% во споредба со февруари. Најголемиот број прекршоци се за управување на возило со брзина поголема од ...

После 20 години направивме законски измени и за прв пат овозможиме полагање на стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж, што е чекор напред кон професионализација на внатрешната пловидба и подигнување на нивото на безбедност во пловниот сообраќај, истакна денеска во Охрид вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, каде присуствуваше на свеченоста на доделување на првите сертификати. На првиот испит сертификати ...

Амбасадата на САД во Тирана издаде предупредување за можна закана во Албанија. Посочува дека групи поврзани со Иран би можеле да таргетираат цели поврзани со САД. Како потенцијални цели се наведуваат ирански опозициски структури, но и јавни локации со поголема фреквенција на луѓе. Во соопштението се наведува дека можни цели се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и ресторани. Станува збор за простори со зголемена посетеност. ...

Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку посакуваната правда – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ со кое партиајта среагира на оставката на обвинителката Ленче Ристоска од обвинителската функција. „Очигледно времето за кое зборувала, важело само доколку исходот од изборот е по нејзина ...

Сосетка на Ивана и на Стојанче сведочеше денеска дека подолг период во зградата се слушале викање, тропање, удирање со столици, гласови на Катја. – Една ноќ кон 2 часот слушнавме „тато ќе ја убиеш мама“. Малата Катја викаше, се слушаше. Излегов надвор ама во ходникот не се слушаше ништо. Мислам дека и некои од другите комшии тогаш излегоа во ходниците. Јас лично два пати имам повикано полиција од ПС Карпош. Се качувавме заедно по катовите да ...

Врховниот командант на иранската армија го повика оперативниот штаб да ги следи движењата на САД и Израел со најголема прецизност и „момент по момент“ за да се спротивстави на можна копнена инвазија, објави иранската државна новинска агенција „ИРНА“. Во видео објавено од агенцијата, началникот на Генералштабот Амир Хатами е снимен на состанок со други воени лидери. „Доколку непријателот се обиде да спроведе копнени операции, ниту еден од ...

Во Србија од денеска, сите возачи на камиони се должни да користат TAG уред за електронска наплата на патарина. Исто така од денеска се наплаќа патарина за камиони и на обиколницата околу Белград. Една од главните причини за воведување на задолжителен TAG уред за електронска наплата на патарина за камиони е забрзување на протокот на сообраќај. Камионите повеќе не мора да застануваат на наплатните рампи, што значително ги намалува застојот, ...

Наставничката на Катја Јовановска сведочеше денеска во судот. Таа рече дека на првата родителска средба не биле присутни родителите на Катја, Ивана и Стојанче, туку мајката на Ивана. Мајката на Ивана со плачење ѝ рекла дека Ивана не е состојба да дојде поради семејно насилство што го трпи дома. Наставничката го известила училишниот психолог за тоа. – Психологот ми даде насоки да ја следам ученичката. По некој ден, девојчињата си играа и ...

Дали ќе се затвори Средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола, бидејќи не се придвидени уписи во учебната 2026-27 година, прашуваат раководството и вработените во ова училиште во отворено писмо упатено до Министерството за образование, до Центарот за развој на Пелагонсискиот регион, до Агенцијата за поттикнување на земјоделскиот развој како и до неколку здруженија на земјоделците. „Пелагонискиот регион претставува еден од ...

Администрацијата на Доналд Трамп разгледува ризична копнена операција во Иран. Планот предвидува испраќање специјални сили за запленување на високо збогатен ураниум. Според „Вашингтон пост“, мисијата би можела да трае со недели или месеци и да биде една од најсложените во модерната воена историја. Иран, според податоци на Меѓународната агенција за атомска енергија, располага со околу 440 килограми ураниум збогатен до 60 проценти, што е блиску ...

За речиси две години реализирано е најголемо покачување на пензиите во изминатите 20 години. Од септември 2024 до март 2026 пораст на пензиите номинално за 7.000 денари или раст за 36%, изјави директорот на фондот за ПИОМ Никола Мемов. Тој информира дека е во тек исплатата на на мартовските пензии кои се повисоки за 1.000 денари согласно линеарното зголемување на пензиите, а неа ќе ја добијат 347.296 пензионери. -Во вкупната сума на пари што ...

Ленче Ристоска денеска поднесе оставка од функцијата јавен обвинител. – Оваа недела Советот на јавни обвинители ја отфрли мојата претставка за напад врз мојот интегритет и самостојност, а државниот јавен обвинител донесе одлука за повлекување на овластувањата за застапување во клучни предмети во завршна фаза. Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на јавното обвинителство и носат конкретни ризици за исходот на предмети кои ...

Холивудскиот актер Сајмон Бејкер повторно ги освојува насловните страници, но овојпат не поради неговите улоги, туку поради неговиот приватен живот, кој во последните недели се претвори во вистинска сапуница. Гласините за неговата блискост со Никол Кидман ги изненадија и публиката и оние најблиски до него, особено неговата поранешна сопруга. Според странските медиуми, таа останала „шокирана и збунета“ откако Бејкер и Кидман биле видени како ...

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ изјави дека раководството на Српската напредна странка ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ за можноста да биде кандидат за премиер. Темата се отвора во пресрет на можни вонредни парламентарни избори. Изјавата доаѓа по најавите на Вучиќ за разговори во партијата и со други политички актери. Во фокус се подготовките за претстојните избори. Брнабиќ оцени дека прашањето за дијалог е ...

Соединетите Американски Држави вчера ги укинаа санкциите врз венецуелската вршителка на должноста претседателка Делси Родригез, според објава на веб-страницата на Министерството за финансии на САД, додека Вашингтон продолжува постепено да ги ублажува мерките врз Каракас. Првично не беше наведена причина за одлуката. САД и привремената влада предводена од Родригез се согласија да ги обноват дипломатските односи откако САД го соборија ...

Побавен раст, повисока инфлација и цени на нафтата над 100 долари за барел до крајот на годината како резултат на војната со Иран – дури и ако заврши за неколку недели, предвидуваат аналитичарите на Банката на Америка. Економистите прогнозираат дека растот на САД ќе падне за 50 базични поени на 2,3% во 2026 година. Сега се предвидува дека основната инфлација ќе достигне 3,6% во 2026 година, во споредба со 2,8%. Глобално, економистите, исто ...

Цените на европскиот природен гас пораснаа при што референтниот холандски TTF скокна за повеќе од 6% на над 50 евра (58 долари), бидејќи пазарите ги преиспитаа ризиците за снабдување по синќешниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп за војната со Иран. Цената на TTF се зголеми утрово на приближно 50,4 евра (58,1 долари) за мегават-час. Скокот се случи откако цените на природниот гас малку паднаа на претходните сесии со надеж за ...

Во рамките на посетата на Париз министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил средба со советниците на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, задолжени за континентална Европа и Турција, како и за Европа, Бертран Бушвалтер и Алексис Дутертр. Како што соопшти МНРиНТ, на средбата биле разменети мислења за евроинтегративниот процес и актуелните случувања во регионот и во Европа. „Министерот се ...

Секторот за Компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со Отсеците за Компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на Македонија. Според неофицијални информации, претреси се вршат на седум локации, а полицијата обезбедува докази за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик. При претресите, ...

Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. Од вкупниот број регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68,2% во споредба со февруари. Најголемиот број прекршоци се за управување на возило со брзина поголема од ...

Седуммесечно бебе во количка смртно настрада при пукотница во њујоршката населба Бруклин. Инцидентот се случил кога маж од мопед во движење пукал кон група луѓе на тротоар на улица во Бруклин. Првичните проценки на полицијата се дека пукотницата што се случила вчера во попладневните часови е пресметка на банди, а бебето е случајна жртва. – Нема зборови што можат да ја излечат болката на семејството. Едвај започнат живот е одземен во миг – ...

Пријателите доаѓаат кај еден од нив со своите лаптопи, секој носи пијалак или грицки, се палат свеќи за подобра атмосфера – и започнува „админ ноќта“. Нема гласна музика или скокање по барови, туку правење на малите работи што сите ги одложуваме: плаќање сметки, закажување лекарски прегледи, одговарање на е-пошта или откажување претплати. Трендот се прошири на Тик-Ток и Инстаграм во последните месеци, а идејата е едноставна – претворање на ...

Поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев ги искористил 300.000 евра од контроверзниот бизнисмен Дака за инженеринг на референдум за името, обвинува ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на снимка на која Дака зборува за Заев. Прорускиот бизнисмен Дака беше ставен на црната листа на САД оради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и Македонија, велат од партијата. „На снимките се слуша Дака како вели дека на Заев му дал 300 ...

Полициски службеници привеле 45-годишен вработен во Министерството за внатрешни работи откако направил серија сообраќајни прекршоци и се заканувал на колега на терен, информираат од МВР. Настанот се случил на 1 април 2026 година на крстосницата меѓу улиците Јордан Мијалков и Димче Мирчев во Скопје, каде полицијата вршела физичка регулација на сообраќајот. Полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“ управувано од С.Р. ...

Во среда вечерта, концертната сала Ватрослав Лисински се претвори во вистинска мала италијанска сцена. Легендарниот музичар Ал Бано ги спои италијанските канцони, поп и бел канто, а уште од првите тактови беше јасно дека публиката ќе го добие токму она што беше ветено, концерт од емоции, спомени и пеење заедно, пишуваат хрватските медиуми. Во елегантен син костум и препознатлив бел шешир, Ал Бано го „загреа“ Лисински со низа класици, од ...

Грција се дави под ударот на циклонот „Ерминио“. Дожд, ветрови и поплави ја парализираа земјата. Улици се претворија во реки, а сообраќајот запре. Училиштата се затворени. Силниот систем донесе и сахарска прашина. Таа дополнително ја влоши состојбата, особено на Крит и на Кикладите. Во Атина властите апелираат на претпазливост. Граѓаните ги ограничуваат движењата. Пожарникарите веќе бележат десетици интервенции. Торнадо преврти камион Во ...

Вонредното обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп во кое тој најави дека војната во Иран ќе продолжи ги сруши индексите и ја зголеми цената на нафтата. Фјучерсите на суровата нафта West Texas Intermediate (WTI) пораснаа за 3,5% на повеќе од 103 долари за барел, додека фјучерсите на суровата нафта Brent добија повеќе од 4% и надминаа 105 долари. Моменталната цена на Брент е 108 долари за барел. Фјучерсите на индексот S&P 500 ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
88%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
1.54
85%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.94
89%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
60%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
76%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
60%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9518

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Калај

52.70

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Платина

66744.95

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40