Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Вознемирувачка снимка, на која се гледа бездомно куче кое, видно исплашено, скока од зграда во изградба во Гостивар, по што угинува, се прошири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции кај јавноста. Според сведоштва кои се споделуваат на социјалните мрежи, животното наводно било доведено до очај откако било бркано и малтретирано. Очевидци тврдат дека кучето се обидувало да избега од лица кои работат на градилиштето, и кои, според ...
Американски претставници преку посредници испратиле порака до Техеран дека Абас Арагчи и Мохамед Багер Калибаф би можеле да бидат цел на израелски напад. Според „Њујорк тајмс“, стравувањата се појавиле во момент кога двајцата добиле клучна улога во преговорите за прекин на војната. Весникот се повикува на американски функционери запознаени со разговорите. Дипломатијата под сенка на атентат Според информациите, предупредувањето се однесувало ...
Бројот на жртви во масовниот руски напад врз Киев во ноќта меѓу 1 и 2 јули се зголеми на 30, објави денеска Украинската државна служба за вонредни ситуации. „Пронајдени се уште три тела. Бројот на жртви се искачи на 30“, се наведува во извештајот објавен од Укринформ. Во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот руските сили извршија масивен напад врз украинскиот главен град при што беа повредени речиси 100 луѓе и беа погодени неколку делови ...
Бел мантил, стетоскоп околу вратот и неколку добро познати политички боцки. Така изгледа најновото видео што го објави Доналд Трамп, во кое претседателот на САД е претставен како доктор што наводно лекува пациенти од „синдромот на трампово нарушување“. – Исклучете ги лажните вести, молете се и ако се чувствувате вознемирено, испијте диетална Кока-Кола како што правам јас и ќе видите извонредна разлика во вашиот живот – вели ликот на Трамп. Не ...
Маж кој носел тибетско знаме се самозапалил пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк, а подоцна им подлегнал на тешките изгореници, соопштија американските власти. Полицијата интервенирала по повик на бројот 911 околу 18:30 часот, кога на местото бил пронајден 52-годишен маж со тешки изгореници по целото тело, соопшти Полициската управа на Њујорк. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде што подоцна починал. Полицијата води истрага за ...
Канцеларијата за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) на САД предлага нова регулатива со која се предвидува директна достава на оружје на домашни адреси, што би можело да поттикне огромен пораст на онлајн продажбата во која е вклучен и најстариот син на американскиот претседател. Според предложеното, лиценцираните трговци ќе можат да им испраќаат огнено оружје директно на адреси на жители во истата држава. Купувачите се должни да ...
Неколку милиметри, еден речиси невидлив допир и микрочип скриен во топката ја решија една од најдраматичните елиминациски пресметки на Светското првенство. Хрватска беше на чекор од продолженија против Португалија, но технологијата пресуди поинаку. Во 103-тата минута, Јошко Гвардиол ја затресе мрежата за 2:2. Хрватските фудбалери веќе славеа, а трибините експлодираа. Неколку минути подоцна следуваше студен туш, голот беше поништен, а ...
Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина точно таму каде што застанаа, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин. – Подготвени сме да ги продолжиме преговорите точно таму каде што застанаа. Меѓутоа, за тоа е потребна политичка волја не само од Киев, туку и од неговите западни спонзори, кои се главните корисници од кризата – изјави Галузин. Дипломатот го критикуваше и ставот на шефот на ...
Португалија избори место во осминафиналето на Светското првенство, откако со драматичен гол во четвртата минута од судиското продолжение ја совлада Хрватска со 2:1. Така заврши и веројатно последниот мундијалски дуел меѓу двете фудбалски легенди – Кристијано Роналдо и Лука Модриќ. Натпреварот понуди вистинска драма – три гола, неколку поништени погодоци поради офсајд, погодени статива и пречка и пресврт во самиот финиш. Во првото полувреме ...
На најновата листа на најмоќни пасоши во светот, според Henley Passport Index Q2, македонскиот пасош се најде на 41. место меѓу 199 земји опфатени во рангирањето. Пасошот на Македонија е оценет врз основа на тоа што со него може без виза да се патува во 127 држави ширум светот. Индексот се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), а клучниот критериум е бројот на земји достапни без виза за граѓаните на една ...
Кога културата и традицијата се негуваат со љубов и посветеност, тие стануваат најсилниот мост меѓу минатото, сегашноста и иднината. Токму затоа, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и оваа година со гордост е дел од поддржувачите на фестивалот Охридско лето, најзначајната културна манифестација во земјава и еден од најреномираните фестивали во Европа. Од 12 јули, Охрид повторно ќе стане сцена на врвната музичка и драмска уметност, ...
Демократијата не завршува на државната граница. Таа не престанува да важи во моментот кога еден државјанин ќе замине на работа, студии или трајно ќе се насели во странство. Напротив, демократската држава има обврска да обезбеди секој нејзин државјанин да може реално, а не само формално, да го оствари своето избирачко право. Затоа расправата за гласањето на македонската дијаспора не смее да се сведе на дневнополитички пресметки и партиски ...
Мистериозна фигура со црна капа, снимена од безбедносни камери непосредно пред силната експлозија во Монако, стана главна трага во истрагата што го потресе кнежевството. Француските медиуми објавија дека истражителите се сомневаат оти зад нападот стои жена која се обидела да го сокрие идентитетот претставувајќи се како маж. Во експлозијата беа повредени 3 лица, меѓу кои и украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев, кој со години живее во Монако. ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. За ребалансот на Буџетот поднесени се 224 амандмани. Вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1% во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година. Вкупните расходи, пак, се ревидираат на 425,2 ...
„Дијаспората мора да се чувствува поврзана со својата татковина“, тврди премиерот и лидер на владејачката партија Христијан Мицкоски. Според него, олеснувањето на условите за гласање на дијаспората е „нашата црвена линија“ во однос на донесувањето на новото изборно законодавство, како приоритет за јакнење на националните интереси. Премиерот, по многу години јалова дебата околу овозможување претпоставки за оставрување на уставно ...
Управата за хидрометеоролошки работи за петок издаде жолто предупредување за невреме на целата територија на Македонија. Во петок ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне повторно ќе биде нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, во количина над 15 литри на квадратен метар, електрични празнења и појава на град. Ќе ...
Мајката на 14-годишното дете, кое беше избодено со нож пред десетина дена во Ченто, смета дека напаѓачите на нејзиниот син треба да одговараат за убиство во обид, а не за насилство, како што се води сега случајот со грозоморниот напад. Џељана Селими вели дека нејзиниот син бил излезен во Ченто со своите братучеди и добил повик од другарите да се најдат во парк, но таму се сретнал со тројца возрасни мажи, кои веднаш почнале со навреди и ...
За само две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари, пензиите за 7.000 денари, растот на БДП од 1,8 процент сега е 3,5 проценти, а во моментот се градат и 6 автопатски делници вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата работи макотрпно и е насочена на реализација на проектите. – Овие две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари. Дали е тоа доволно? Не е. Но, имајќи предвид каде почнавме мислам дека е ...
Невремето во Скопје вчера го поплави магацинот на издавачката куќа „Антолог“ и причини голема материјална штета. Уништени се илјадници книги, возилото, целиот инвентар и техниката. Од познатата книжарница велат дека невремето ги одзело нивните минато, сегашност, но и иднината. На верните читатели им порачуваат дека сега не се во можност да им ги достават нивните нарачки. „Антолог каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. ...
Полициски службеници од СВР Скопје денеска на улицата Јадранска магистрала ги уапсија Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, по член 288 од Кривичниот законик. Како што информираат од МВР, случајот е поврзан со пожар во отпад за секундарни суровини на подрачјето на Чаир, при што бил запален багер, а бил пријавен на 1 јули 2026 година околу 23:20 часот во полициската станица Чаир. По добиената ...
Управата за хидрометеоролошки работи за утре издаде жолто предупредување за невреме на целата територија на Македонија. Утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне повторно ќе биде нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, во количина над 15 литри на квадратен метар, електрични празнења и појава на град. Ќе дува ...
Владата ќе продолжи со реформите и со евроинтегративниот процес, но нема да прифати уставни измени без јасни гаранции дека тоа е последното барање на патот кон Европската Унија, го повтори премиерот Христијан Мицкоски ставот за евроинтеграциите на Македонија. – Ќе се бориме, ќе спроведуваме реформи, ќе ја реализираме реформската агенда и ќе ги решаваме домашните проблеми. Тоа е она што можам да го ветам: жилава и бескомпромисна борба за ...
Немам амбиција да се кандидирам за претседател на државата, но како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на следните парламентарни избори, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски. – Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав кога тоа ќе се случи, дали за година, 5, 10 години. Ќе треба овие кои што се уплашени ...
Албанската полиција ги растера антивладините демонстранти собрани пред парламентот во Тирана со водни топови и со солзавец, откако демонстрантите фрлаа јајца и брашно врз полицијата и врз пратениците. Според албанските медиуми, тројца полицајци и еден демонстрант се повредени во судирите. Демонстрантите се собраа пред парламентот пред почетокот на седницата. Додека пратениците влегуваа во зградата, дел од толпата фрлаа јајца врз нив, а јајца ...
Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институциите и наставниците и целата заедница, се ангажираме со целосна сериозност, но, посебно важна е улогата на родителите, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот панел за родители и старатели на ученици на тема врсничко насилство, што денеска се одржа во Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу ...
Украинскиот главен град Киев ја доживеа една од своите најтешки ноќи од почетокот на војната, откако Русија лансираше ракети, крстосувачки ракети и беспилотни летала кон градот со 3 милиони жители, при што загинаа најмалку 21 лице, а 86 се повредени, соопштија официјални лица. Во болница се пренесени 70 луѓе. До доцните попладневни часови спасувачите сè уште трагаа по преживеани и по други жртви под урнатините, па се очекува бројот на ...
Форензичари на МВР потврдија дека ДНК и отпечатоци од обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов се пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра, кои беа соѕидани во домот на неговите родители. На денешното судење во Кривичниот суд форензичарите кажаа дека трагите ги пронашле на две од вкупно 13 парчиња фолија што ги испитувале. Проверките не откриле отпечатоци од родителите на судијата Ристов. Вештаците ги објаснуваа ...
Спасувачки тим од повеќе држави извлекоа маж од урнатините во Венецуела во чудесна операција 8 дена по разорните земјотреси што ја погодија земјата. Хернан Алберто Гил Флорес (44) останал заробен 9 метри под урнатините на паркинг во трговски центар во Ла Гваира, а денеска беше ослободен како дел од повеќедневната спасителна акција на локалните и меѓународните спасувачки екипи. Сопругата на спасениот маж, Усбимар Гонзалез, изјави за Си-Ен-Ен ...
Руските екстремни качувачи Ангела Николау и Иван Бееркус повторно го шокираа светот, откако без заштитна опрема се искачија на самиот врв на облакодерот „Емпаер стејт билдинг“ во Њујорк, висок 443 метри. Двојката помина најмалку 10 минути на врвот на кулата, каде разви транспарент со пораката: „Кога моќта на љубовта ќе ја победи љубовта кон моќта, светот ќе го запознае мирот“. На една од платформите на кулата, Иван клекна на едно колено и ја ...
Усогласувањето на царинските стапки со европските ќе значи зголемување на конкурентноста на домашните и странските компании кои извезуваат на надворешните пазари и зголемување на македонскиот извоз, воопшто, соопшти Советот на странски инвеститори поздравувајќи го вчерашното усвојување на измените на Законот за царинската тарифа, со што дополнително ќе се намалат царинските стапки на 70 стоки што како суровини, репроматеријали и компоненти се ...