Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, како што информираат од МВР, 11 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Гостивар и по едно лице во Тетово, Кичево и Прилеп). Под дејство на алкохол возеле шест лица (по едно во Скопје, Кочани, Пробиштип, Велес, Радовиш и тетовско), а едно лице во Кочани возело ...
За исплатената еврообврзница за 2020 година, вратени се 700 милиони евра кои претходната влада ги зела пред шест години, изјави премиерот Христијан Мицкоски со што, како што рече, се заштедени се заштедени неколку милиони евра. -Во овие две години, сервисирани или репрограмирани се приближно 4,5 – 4,6 милијарди евра. Тоа е долг и обврски создадени, во најголем дел, од седум години влада на СДСМ и ДУИ. Се разбира, има и дел од порано, но во ...
Во инженерството постои едно речиси скромно правило, а тоа е добрата конструкција не бара восхит секој ден, туку создава мир. Мостот е успешен кога човекот го минува без страв. Добриот софтвер ја крие својата сложеност зад едноставно и интуитивно корисничко искуство. Добро поставениот систем е оној во кој патеката е јасна и без некој да стои покрај вас за да ви ја објаснува. Со такво професионално искуство и начин на размислување влегов во ...
Кавадарци ќе добие два нови спортски објекта од вториот повик на Владата. Едниот е во подготовка, а за другиот денеска беше поставен камен темелник, на кој присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски. Камен темелник беше поставен на нов објект во рамки на Спортски центар „Јасмин“. На површина од 1.000 квадратни метри во основа, со подрум, приземје и кат ќе има куглана, бифе, сала за гимнастика, како и ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува утре да се зголеми цената на дизелот за околу 2 до 2,5 денари за литар и околу денар за бензините, но, остава Регулаторната комисија за енергетика да ја каже точната цена на горивата. Очекувањето за новите цени, како што рече , го темели на тоа што изминатата седмица има зголемување на цената на нафтата од околу 5 до 6% на светските берзи и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3%. -Но, и покрај ...
Некои политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори, постои страв и поради тоа се обидуваат да го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик, односно го бојкотираат процесот земјата да испорача десет од десет индикатори од Реформската агенда, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска за време на посетата на Кавадарци. -Очигледно е дека кај тие политички партии, свесни за поразот на следните ...
Пожар што синоќа избувна во близина на Солун уништи два индустриски погони и предизвика евакуација на три села и еден дом за нега, пренесуваат грчките медиуми. Властите уапсија 76-годишен маж под сомнение за палење, а густ чад покри делови од градот, пишува ABC News. Пожарот избувна во клисура во планинската област и брзо се прошири кон рамнините, зафаќајќи претежно грмушки, соопшти грчката противпожарна служба. Иако станбените згради не беа ...
Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк за време на градскиот огномет по повод Денот на независноста. Пламен и облак од чад се издигнаа над мостот пред пожарникарите да го изгаснат пожарот. Американските медиуми пренесуваат дека според достапните информации од локалните служби во пожарот никој не е повреден. Две противпожарни возила учествуваа во гаснењето на пожарот, објави градската противпожарна служба. Пожарникари околу 22 часот беа ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска обвини дека Левица го блокира усвојувањето на новиот Изборен законик, иако, според него, претходно бил постигнат консензус за барањата што ги поставила оваа партија. – Левичарите од Тему на чело со Димитар Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни. Иако со консензус од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го ...
Шеснаесет деца од едно семејство се ставени под привремена државна заштита во американската сојузна држава Охајо, откако властите ги пронајдоа во исклучително тешки услови во куќа во селото Хамден. Дел од децата и натаму се хоспитализирани во сериозна состојба, додека четворицата возрасни обвинети во случајот остануваат во притвор со кауција од по 300.000 долари. Децата, на возраст од 18 месеци до 18 години, според истражителите, со години ...
Игор Ивановски, поранешен висок функционер на СДСМ, проговори за состојбите во СДСМ и за лидерството на Венко Филипче во вчерашната „тема на денот“ на ТВ Сител. Ивановски рече дека го знае Филипче од неговите седумнаесет години и нема ништо лично против него, но нагласи дека тој не успеал да се снајде во партиската лидерска улога. -Да, Венко е одличен неврохирург, да не кажам најдобриот. Тоа не е мое да го судам. И тоа мислење го имам и сè ...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото ...
Трите сина на убиениот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денес се помолија покрај неговиот ковчег и ковчезите на четири други членови на семејството, но Моџтаба, синот што го наследи како врховен лидер на Иран, не се појави. Државната телевизија ги прикажа Мостафа, Мајсам и Масуд Хамнеи како се молат зад ковчези поставени во пространиот двор на Големата џамија „Имам Хомеини“ во Техеран. Во знак на јавна посветеност на теократската држава ...
Гужвите на граничните премини кон Грција го достигнуваат својот врв овој викенд, а најкритична e ситуација е на главниот премин Евзони, каде што колоната возила се приклучи на Македонската страна од границата. Според информации од луѓе кои чекаат за влез во Грција преку Евзони на преминот се чека околу 2 часа. Ситуацијата е слична и на Дојран, каде што се потребни околу 100 минути за излез од земјава. Единствената светла точка за возачите што ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од ...
Осумнаесетмесечно дете од американската држава Аризона беше прогласено за мртво во одделот за итни случаи по паѓање во базен, но неколку часа подоцна беше утврдено дека сè уште дише во мртовечницата на болницата, објави NBC News. Она што се случило во тој речиси шестчасовен период и околностите што доведоа 18-месечниот Винсент Лоренцо Фиордилино речиси да се удави во базенот на семејната куќа, сега се предмет на истрага од страна на ...
Норвежанецот Еспен Ескас, главниот судија на натпреварот меѓу Хрватска и Португалија во осминафиналето на Светското првенство, го заврши својот настап на турнирот. По голема драма и одлука што ја подели планетата, Ескас го заврши своето прво Светско првенство. Таква одлука донесе Пјерлуиџи Колина, кој е задолжен за избор на арбитри на првенството, по огромен притисок од јавноста. Иако Норвежанецот добро си ја заврши работата, а последната ...
Мароко е првиот четвртфиналист на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Тој успеа да покаже класа, а воедно да го искористи искуството за да ја елиминира Канада со победа во Хјустон – 3:0 (0:0). Два гола постигна Унахи, а еден Рахими. Сосема неочекуван херој на Лавовите од Атлас беше играчот од средниот ред Азедин Унахи, стрелец на двата гола во 50-тата и 82-тата минута, а Суфијан Рахими во 98-мата минута го потврди преминот на Мароко ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека нема да има промени во термините на одигрување на натпреварите в недела од осминафиналето на Светското првенство кое се одржува во САД, Канада и Мексико. Поради лошата временска прогноза, се разгледуваше можноста натпреварот меѓу Мексико и Англија на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити да почне еден час порано, но, сепак, ќе стартува според планот, во 18 часот по локално време, односно во ...
„Глупоста, да ги наречеш луѓето во Платформата 12.05 за предавници на СДСМ и одработувачи на Мицкоски, е немерлива!”, напиша новинарот Љубиша Николовски на Фејсбук. Николовски важи за новинар кој често ја критикува владата на ВМРО-ДПМНЕ, а некои го сметаат и за поддржувач на СДСМ. „А обвинувањето дека Петар Арсовски ‘се продал за вечера’ – додава новинарот – е самоубиствен потег на прекинување на врските со сите релевантни аналитичари кои со ...
Поранешниот претседател на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски, преку објава на Фејсбук го критикува актуелното раководство на партијата, бидејќи, како што вели, со својот пристап ги оттурнува долгогодишните членови и создава дополнителни поделби во партијата. „Колку е жално да гледаш како мојата партија ја водат луѓе кои немаат осет за СДСМ. Од група луѓе кои во суштина се СДСМ, луѓе кои не можат да бидат ништо друго освен СДСМ, ...
Попладнево избувна нов пожар на територијата на Општина Штип, меѓу населбите Баби и Дузлак, над филтер-станицата, при што е зафатена борова шума, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, Според Ангелов, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип интервенира со целосниот расположлив капацитет во обид да се стави пожарот под контрола. -Пред малку изби тежок пожар на територијата на Општина Штип ...
Приемот по повод 4 јули и 250 годишнината од американската независност во амбасадата на САД помина синоќа помина со разговори и жива музика. На подиум за танцување можеше да се види и претседателката на државава Гордана Сиљановска. Меѓу присутните беше и премиерот Христијан Мицкоски. амбасадата сподели видео на својата Фејсбук страна. „Додека денес ја славиме 250-годишнината од американската независност, се потсетуваме на вечер исполнета со ...
Новинарката Роксана Беренис Гузман Рамирез е пронајдена мртва речиси еден месец откако беше киднапирана во мексиканската држава Веракруз. Нејзината приказна го обиколи светот бидејќи во моментот на киднапирањето успеала да сними дел од настанот со својот мобилен телефон, оставајќи потресен запис од последните моменти пред да исчезне. Мексиканските власти објавија дека осум лица, меѓу кои и четворица полицајци, се уапсени во врска со случајот, ...
Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов денеска во Штип. Тој рече дека се утврдува што точно го предизвикало пожарот и дека се истражува пожарот кај штипската Млекара, за кој, како што рече, има сомнеж е подметнат. -Пожарот кој што изби на Исарот имаме ...
Два случаја на Западнонилска треска лабораториски се потврдени, информира Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. -Нивната здравствена состојба внимателно се следи – информираат од клиниката. Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. Најголем дел од инфицираните лица немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, додека кај мал број пациенти, особено кај ...
Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува гасоводниот интерконектор со Грција да биде завршен во првата половина од следната година. -Да бидам чекор пооптимист, во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасовод. Веќе е објавен од страна на Номагас интерконекторот со Србија, така што сето тоа коешто ние го зборуваме, тоа се реализира и тоа го правиме со ...
Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени маржи, но засега не би сакал да спомнувам имиња, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека разговорите ќе се водат директно и без јавни препукувања. Мицкоски рече дека не сака јавно да ги посочува маркетите пред да се одржат средбите. -Не би сакал јас сега да спомнувам имиња. Тоа коешто мислам да го кажам, ќе го кажам во четири очи – ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на оваа година или на почетокот на идната да биде ставен камен-темелник за проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10, кој треба да се реализира во рамки на Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Тој информира дека физибилити-студијата е целосно завршена и е во фаза на ревизија, а во однос на финансиери за проектот рече дека има еден. Мицкоски, како што рече, не очекува „никакви ...