Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Опасната риба-зајак, што се појави во водите на Средоземното Море, има толку силни заби што може да пробијат лимена конзерва, или да одгризат прсте на човек, демонстрираат млади грчки рибари во видео објавено на мрежата „Икс“. Освен тоа, телото на го содржи силниот отров тетродотоксин, кој може да предизвика парализа или застој на органите за дишење. Се смета дека овој опасен вид риба мигрирал во Медитеранот од тропските мориња, најверојатно ...
Најавата ја соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за време на промоцијата на кампањата „Вози одморен“ на граничниот премин Табановце, заедно со колегата министер од Србија Ивица Дачиќ. Тошковски упати апел до странските возачи и до иселениците кои транзитираат низ државата, особено по Коридорите 8 и 10, доследно да ги почитуваат сообраќајните правила. – Системот „Безбеден град“ функционира и ќе се однесува на сите, без ...
Возач од Тетово е уапсен откако бил фатен како управува автомобил со брзина од дури 177 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил вчера околу 18 часот на патниот правец Гостивар–Тетово, кај клучката Боговиње. Возилото „шкода“ со тетовски регистарски ознаки било регистрирано со специјалното полициско возило ...
Работата на големиот проект за надвозник во Солун ќе продолжи во текот на 2026 година, поради што повремено се можни привремени промени во режимот на сообраќај на одредени делови од кружниот пат околу Солун. Иако сообраќајот во најголем дел се одвива без поголеми проблеми, повремено се воведуваат ноќни или викенд затворања на одредени делови поради работите, при што возилата се пренасочуваат кон алтернативни правци. Бидејќи кружниот пат околу ...
Домаќинствата во Германија платиле највисока цена за електрична енергија во Европската Унија во текот на првата половина од 2025 година, додека природниот гас бил најскап во Шведска, објави Евростат. Најниските цени се забележани во Унгарија (10 евра за 100 kWh), Малта (12 евра) и Бугарија (13 евра). За деловните потрошувачи, највисоката цена на електричната енергија е регистрирана во Ирска, додека најниската е регистрирана во Финска. ...
Репрезентацијата на САД во борбен натпревар ја совлада Босна и Херцеговина со 2-0. Избраниците на Маурисио Почетино ја оправдаа фаворитската улога, но мораа да се помачат за да го скршат отпорот на мотивираниот тим предводен од Сергеј Барбарез. Иако Американците повеќе од половина час играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Балогун, покажаа шампионска дисциплина и ја запечатија победата. Натпреварот започна со иницијатива на САД во ...
Мајката на политичарката Афродита Нестора почина денеска по нападот врз активисти на владејачката Нова демократија во Солун, во кој и самата политичарка беше повредена. Тешко повредената Вагија Нестора, беше интубирана на интензивна нега во болницата „Ипократо“, откако се здоби со тешки изгореници по целото тело, но, и покрај напорите на лекарите, таа им подлегна на повредите. Политичарката Афродита Нестора е хоспитализирана на Хируршката ...
Собраниската процедура за усвојување на измените на Изборниот законик беше прекината брзо откако започна, поради над 13.000 амандмани поднесени од опозициските СДСМ и Левица. Предложените измени на Изборниот законик, кои првично беа усогласени во меѓупартиската работна група во Министерството за правда, а потоа поднесени од пратениците на парламентарното мнозинство со поддршка и од опозициската ДУИ, се соочија со силен отпор од СДСМ. ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд во количина над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи и појава на краткотрајно невреме со град. Ќе дува засилен ветер со брзина над 60киометри на час. Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 11 степени. Најтопло ќе биде ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска го посети Центарот за вработување во Тетово за да разговара со раководството и со вработените со цел да се најде решение за големиот метеж при пријавувањето за мерките за самовработување со грант и претприемништво. Посетата доаѓа по вчерашната медиумска објава дека граѓаните се жалат на безредие и чекање по повеќе часови во ходниците и скалите на тетовскиот центар за вработување. – Ниту ...
Москва упати предупредување до Токио дека потенцијалното распоредување на американски ракетни системи со среден дострел на јапонска територија ќе се смета за отворена закана за руската безбедност. Официјалниот став на Кремљ го пренесе портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, која нагласи дека ваквиот потег директно ги загрозува источните граници на земјата. Според неа, формата на распоредување на ...
Со брза, навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето кое го зафати Скопје, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека над 1.000 работници работат на расчистувањето на критичните точки и дека улиците се целосно проодни. 📽️ ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ И КОЛОНИ НИЗ СКОПЈЕ, АВТОМОБИЛ Е ЗАГЛАВЕН Градските служби целосно мобилизирани на терен „Екипите на Град Скопје и на јавните претпријатија се будни, ...
Општина Куманово соопшти дека од денеска повторно се наплаќаат билети во општинскиот линиски превоз, откако заврши мерката за субвенционирање на јавниот превоз што се спроведуваше во изминатите 3 и пол години. Општината ги извести граѓаните дека од 1 јули повторно ќе се применува редовниот систем на наплата на билети, согласно одлуката на Советот на Општина Куманово, според која билетот за првата зона ќе чини 30 денари, за втората 40, за ...
Свикана е итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода, по обилните врнежи од дожд и невремето што го зафати Скопје, информира локалната самоуправа. „Нашите екипи се на терен и се реагира по добиените пријави за поплавени површини и објекти. Општина Кисела Вода е во постојана и интензивна комуникација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со екипите на ЈП Водовод и канализација, како и со ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја нападна новата политичка иницијатива „Разговори за иднината во 12.05“, велејќи дека „е фејк“. – Ние знаеме што е ова. И знаеме зошто се прави. Постои Фронтот за вистина и правда. Сè друго е фејк. Наместо да одат на таков собир, нека го отворат Фејсбук профилот на Латас, нека ја вклучат Алфа ТВ – таму имаат доволно „различно мислење“ кое секојдневно го труе народот со лаги, со измислени непријатели на ...
Утрово во Солун се случија три координирани напади со импровизирани запаливи и експлозивни направи пред станбени згради каде живеат членови на владејачката партија Нова демократија и нејзини локални функционери. Нападите се случија меѓу 4 и 4.45 часот на три различни локации во Солун. Експлозивнте направи биле изработени од камперски плински боци и запалив материјал. Во првите два напада имаше само материјална штета, а во третиот напад, при ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело Примање поткуп , соопшти Јавното обвинителство. „Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства, за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. На 16 јуни, откако студент не ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело Примање поткуп , соопшти Јавното обвинителство. „Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства, за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. На 16 јуни, откако студент не ...
Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави од граѓани за поплавени подрумски простории, дворови на куќи, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила и други ризици и опасности предизвикани од обилните врнежи, соопшти Центарот за управување со кризи. „Според досега пристигнатите пријави, ...
Универзитетски професори, актуелни пратеници, адвокати, граѓански активисти, лекари, поранешни функционери на СДСМ и актуелен градоначалник беа дел од денешната првата дебатна средба „Разговори за иднината во 12:05“. Состанокот на иицијативата, која отвора толкувања за можни нови сериозни процеси во македонскиот опозициски блок, се одржа зад затворени врати. Средбата ја модерираше поранешниот пратеник на СДСМ и универзитетски професор Игор ...
СДСМ повторно избра да ги кочи процесите наместо да понуди решенија – додека декларативно зборуваат за демократија, во пракса го блокираат Изборниот законик и можноста Македонците од дијаспората полесно да го остварат своето право на глас, објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова. „10.000 амандмани против македонската дијаспора! Што има СДСМ против дијаспората!? Што толку им пречат граѓаните кои живеат надвор од Република Македонија!? ...
Русија денеска го запре сообраќајот и преку последните отворени железнички гранични премини со Европската Унија. Одлуката за суспензија на целиот железнички превоз на луѓе, возила, артикли и товар со Финска, Естонија и со Латвија е донесена синоќа, а стапи во сила денеска. Руското Министерство за надворешни работи официјално ги информираше балтичките држави за одлуката, без да прецизира дали затворањето е привремено или не. Многу фински ...
Работењето на Лидл во Македонија ќе значи мапирање на државата, подобрување на бизнис климата, но и нови искуства во малопродажбата. Најголем бенефит од инвестицијата на Лидл ќе имаат домашните земјоделци, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на поставувањето на камен темелник на новиот маркет на Лидл во Струмица. – Многу значи тоа што најголемиот бренд во трговијата, во малопродажбата, како што е Лидл доаѓа ...
Силно невреме проследено со пороен дожд попладнево го зафати Скопје, предизвикувајќи поплавени улици и отежнат сообраќај во повеќе делови од градот. На фотографии што граѓани ги објавуваат на социјалните мрежи може да се забележат целосно поплавена сообраќајница, каде возилата и мотоциклистите со тешкотии се движат низ надојдената вода. Поради обилниот дожд, поплавена е улицата Јордан Мијалков во Центар, една од пофреквентните улици во овој ...
Тивка телефонска лага им ги испразнила заштедите на 3 пензионерки во Загреб, а штетата достигнала околу 13.000 евра. Хрватската полиција поднела кривична пријава против 57-годишна бугарска државјанка, осомничена дека заедно со непознат маж и со уште една непозната жена измамила жени на возраст од 80, 88 и 89 години. Според истрагата, измамниците користеле добро позната шема. Мажот телефонски се претставувал како лекар. Во позадина, непозната ...
Силно невреме проследено со пороен дожд попладнево го зафати Скопје, предизвикувајќи поплавени улици и отежнат сообраќај во повеќе делови од градот. На фотографии што граѓани ги објавуават на социјалните мрежи може да се забележат целосно поплавена сообраќајница, каде возилата и мотоциклистите со тешкотии се движат низ надојдената вода. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Поради ...
Јуни донесе нова серија добивки и дури 25 нови милионери на ВЛТ терминалите од Видеолотарија Касинос Австрија. Благодарение на кампањата „Секој ден нов милионер”, секојдневно се создаваа нови причини за славење и незаборавни моменти за играчите ширум Македонија. Во периодот од 1 до 30 јуни 2026 година, за ВЛТ џекпот добивки беа исплатени вкупно 58.356.737 денари, потврдувајќи дека и овој месец носи нови добитници и нови успешни приказни. Во ...
Струмица е најновата клучна точка на инвестициската мапа на Lidl во земјава. Со денешното поставување на камен-темелникот, компанијата официјално ја започна изградбата на новиот маркет, кој не само што ќе ја прошири продажната мрежа, туку ќе донесе и директен поттик за локалната економија. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на Lidl во Македонија, насочен кон создавање нови работни места, поддршка на домашното производство и ...
Четворица возачи во текот на изминатото деноноќие се лишени од слобода на различни локации низ државата, откако било утврдено дека управувале моторни возила без положен возачки испит. Како што информираат од МВР, лишувањата од слобода се извршени во Скопје, Кочани, кичевско и тетовско, во рамки на редовните контроли на полициските службеници насочени кон зголемување на безбедноста во сообраќајот. По документирање на случаите, против лицата ќе ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот Горан Ангеловски, денеска на граничниот премин Табановце, заедно со министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ и вршителот на должност директор на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Србија Бранко Стаматовиќ, официјално ја означија првата заедничка превентивна кампања „Вози одморен“. Кампањата има цел да ...