Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје вечерва беше собирното место на кое граѓаните се собраа за да му оддадат последна почит на легендарниот македонски пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски, кој почина во неделата на 66-годишна возраст. Со минута молк и со неговите најубави песни фановите се простија од својот омилен пејач. Со вклучени светилки на телефоните стотиците присутни направија „ѕвездено небо“ додека ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва по седницата на Извршниот комитет на партијата го соопшти предлог составот на неговиот нов кабинет, во кој коалициски партнери се Вреди и ЗНАМ. Предлогот за реконструираниот состав на Владата се очекува до петок да биде испратен до Собранието, а најдоцна до средината на јули да биде избран. – Пред да прејдам на решенијата, сакам да соопштам дека оваа реконструкција на Владата ...
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, информираше дека Владата ја донесе одлуката за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот Скендербег на Општината Чаир, со што се отстранува последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот за плошадот. Според Меџити, со оваа одлука се создадени сите предуслови за отворање на постапката за јавна набавка и започнување на градежните работи за заокружување на еден од ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа со услови за појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура најниско ќе се спуши во Берово, до 12 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура до 38 степени Целзиусови. Во ...
Изминативе повеќе од 20 години откако се стекнавме со статусот кандидат, ние направивме толку многу, како ниту една земја којашто станала членка на Европската Унија или којашто пледира да биде дел од ЕУ, во делот на идентитетот, а во делот на суштинските реформи не сакам да дискутирам, бидејќи мислам дека сме многу понапред и од одредени членки на самата Унија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Но, кога станува збор за ...
ЗНАМ во Владата ќе раководи со Министерството за јавна администрација и со Министерството за земјоделие, а ќе добие и уште еден заменик министер во едно влијателно министерство, рече денеска претседателот на партијата Максим Димитриевски на прес-конференција. Министеството за јавна администрација ќе продолжи да го води досегашниот министер Горан Минчев, а со Министерството за земјоделие ќе раководи Борче Серафимовски, актуелен државен ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија има потенцијал и сподели многу охрабрувачки податок за иднината. – Јас не би бил толку безнадежен. Јас верувам во македонскиот потенцијал и еве ќе споделам со вас еден податок за кој вчера бев брифиран од МВР, за прв пат после долго време во 2026 година досега имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство, отколку барања за отпис од македонското државјанство. Некаде околу 672 ...
Маж од Косово во понеделникот бил пријавен за исчезнат во туристичкото место Шенѓин, Албанија. Поради тоа што подолго време немале никаква информација каде е, семејството се посомневало дека можеби се удавил во морето, по што започнала неколкучасовна потрага. Сепак, приказната добила неочекуван и среќен пресврт. Според информациите од локалните медиуми, сопругата го пронашла мажот жив и здрав, како мирно седи во кафуле и пие со другарите. ...
Американската тенисерка, Аманда Анисимова, по победата над нашата Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон, ја пофали конкурентката. – Ѓорческа имаше неколку натпревари тука пред овој меч, таа игра одличен тенис. Јас сум среќна што се вратив тука по ланското финале и што се пласирав во второто коло. Работев напорно за овој турнир и сакам повторно да се покажам во одлично светло – рече Анисимова по мечот против Ѓорческа. Анисимова без поголеми ...
Реконструкцијата што ја правам како мандатар на Владата на половина од мандатот, всушност значи нова енергија, вели премиерот Христијан Мицкоски. – Јас веќе го коментирав принципот на оваа реконструкција, не секогаш треба да менуваме затоа што имаме помала испорака од очекуваната, но исто така секогаш можеме да бидеме подобри од тоа што сме. Тука немам никаква дилема. Понекогаш имаме и промена на приоритетите во рамките на самата коалициона ...
Голем пожар избувна денеска во велешкото село Каласлари им се закануваше на неколку куќи. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување во видеоизјава соопшти дека огнената стихија е под контрола. Тој информира дека на пожарот интервенирале велешките пожарникари со тим од Национални шуми. – Гаснеше и еден авион „ер трактор“, кој во моментот е повлечен, оти повеќе нема потреба – рече Ангелов. Вториот тежок пожар е на територијата на Дојран, ...
Пороен дожд ја зафати Скопската Котлина попладнево во неколку наврати и донесе значително освежување после неколуте топли дена во Скопје. Температурата претпладнево достигнуваше до 34 степени, па се спушти на 23 степени Целзиусови. Дестабилизацијата на времето донесе силен ветер и грмежи. Според радарските слики, се очекува дожд и вечерва. Според Управата за хидрометеоролошки работи нестабилното време во цела Македонија ќе се задржи до ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски ќе биде новиот министер за здравство. Неговото место на чело на ФЗО ќе го заземе актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински, а со Министереството за локална самоуправа ќе раководи досегашниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ. Со Министерството за односи меѓу заедниците ќе раководи човек од Вреди. Во најавената реконструкција на ...
Контроверзниот украински олигарх Вадим Јермолаев (58) и неговата сопруга Ана (56) се тешко повредени во понеделник вечерта во бомбашки напад во лобито на нивната луксузна станбена зграда „Сан Палас“ во Монако. Според француските медиуми, во објектот експлодирала направа исполнета со завртки, а најтешки повреди претрпе Ана Ермолаев, чии нозе беа ампутирани во болницата. Нивниот син Дејвид беше полесно повреден во нападот, додека уште 4 лица се ...
Пред албанското Собрание во Тирана попладнево група демонстранти се судри со полицијата. Според албанските медиуми, уапсени се Дритан Гоџај и неколку други лица, откако попладнево ситуацијата пред Парламентот стана тензична. Групата се обиде да го блокира влезот во објектот и со јајца фрлаше по пратениците кои излегуваа од пленарната седница, како и врз нивните возила Дритан Гоџај е познат како контроверзна личност кој повеќе пати јавно се ...
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски избега од соочување со граѓаните и со советниците избрани од центарци, објави пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ и Герасимовски ја прекинаа денешната седница на Советот на Општина Центар, затоа што не можат да обезбедат ни основно, просто мнозинство за работа. Избегаа од дебата! Кадрите на СДСМ повеќе немаат ниту волја, ниту способност, а очигледно ни легитимитет да раководат со ...
Американка која се подготвувала за натпреварот меѓу САД и Босна и Херцеговина ненамерно предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, откако јавно праша зошто нејзината репрезентација мора да игра против „две земји“. Необичната објава за кратко време стана вирална, а илјадници корисници се вклучија во шегите што следуваа. „Зошто играме против Босна и Херцеговина?“ Сè почнало кога корисничка на платформата Threads го поставила прашањето што ...
Собранието го усвои новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетиката во последните децении. За првпат обновливите извори на енергија се уредуваат со посебен закон (Lex specialis), со кој се воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија, соопшти Министерството за енергетика. -Новото законско ...
Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски информира за голема градежна офанзива која се спроведува со силна динамика во населеното место Скопје Север, во која ќе бидат вложени повеќе од 60 милиони денари, или околу милион евра. „Денеска ја завршивме реконструкцијата на вториот крак на улицата Боро Менков. Реконструкцијата ги опфати и тротоарите, како и паралелните паркинзи. Ги реконструираме и сите пристапни патеки до зградите. Со оваа ...
Собранието го усвои новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетиката во последните децении. За првпат обновливите извори на енергија се уредуваат со посебен закон (Lex specialis), со кој се воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија, соопшти Министерството за енергетика. -Новото законско ...
Полицијата во текот на изминатото деноноќие интервенирала во 11 случаи на семејно насилство низ државата, а седум лица се лишени од слобода поради физички напади, закани и агресивно однесување кон членови на семејството. Еден од најсериозните случаи е регистриран во Тетово, каде 51-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг најпрво ѝ се заканувал нејзе и на нивната ќерка, а потоа се обидел да ја запали семејната куќа. Во друг тежок случај ...
Спасувачките екипи, пожарникарите и полицијата попладнево трагаат по тројца мажи и една жена, откако зградата се урнала околу 13:30 часот на улицата Алкменис во Атина. На местото се распоредени 30 пожарникари, осум возила и специјална спасувачка единица со кучиња трагачи. Во акцијата се вклучени и екипи на брзата помош, полицијата и службите задолжени за електричната и комуналната инфраструктура. Три болници во Атина се ставени во состојба на ...
По сè почестите случаи на небезбедно користење на електричните тротинети, Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за нивното учество во сообраќајот. Во изминатиот период граѓаните сè почесто укажуваа на несовесно управување со електрични тротинети, особено од страна на малолетници кои неретко се движат со брзина поголема од дозволената, превезуваат по две или три ...
Во мај прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун бележи годишен номинален раст од 15% при што реалниот раст изнесува 9,1%, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3,6 %, а реално е зголемена за 1,6 %, Трговијата на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6,0 %, а реално за 6,2 %. Прометот во трговијата на мало со ...
Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите на ЕУ ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото, реализираните законски реформи и следните чекори во исполнувањето на европските обврски на државата. Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна ...
Денеска рано изутрина, во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го уапсија Е.А.(48) од Битола затоа што во семејниот дом во Битола физички ја нападнал својата 26-годишна сопруга. Претходниот ден, во понеделникот во 14:50 часот на Градскиот пазар во Битола, полициски службеници од СВР Битола го уапсија О.В.(47) од селото Баница, струмичко, затоа што со дрвен предмет ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настаните ...
Издржувањето казна затвор за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој на 2 јули требаше да влезе во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, засега се одлага, информираа од Кривичниот суд. Имено, Јакимовски побара одложување на издржувањето на затворската казна поради здравствени причини. Од Кривичниот суд соопштија дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука по ова барање. Судијата за извршување санкции ја ...
Полицијата ги објави деталите за тешката сообраќајна несреќа поради која утрово беше затворен главниот приод кон Меѓународниот аеродром Скопје и беше воведен изменет режим на сообраќај. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 29 јуни околу 05:30 часот, на автопатот „Пријателство“, на сервисната улица што води кон Меѓународниот аеродром Скопје, патничко возило „нисан“ со српски национални ознаки, управувано од Н.Ѓ. (33) од ...
Како Универзитет имаме нулта толеранција за корупција. Во академската заедница нема место за некој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена – се вели во реакцијата на Универзитетот Гоце Делчев од Штип по веста дека професорка од оваа високошколска установа е приведена за примање 300 евра мито за да му напише преодна оценка на студент. „За жал, ниту еден систем ...
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа денес го одигра својот историски прв натпревар на еден Гренд слем турнир, настапувајќи на легендарниот Вимблдон, со што испиша ново поглавје во македонскиот тенис. И покрај поразот во првото коло, Ѓорческа доби огромна поддршка од јавноста, бидејќи стана првата тенисерка од Македонија која настапила во главната фаза на еден Гренд слем турнир во сингл конкуренција, како во машка така и во женска ...