Со гордост го одбележуваме успешното завршување и навремено предавање на новата Управна зграда на Стопанска банка, во рамки на проектот Гранд Скопје, реализиран преку извонредна соработка помеѓу инвеститорот MG Fashion, архитектонското студио Syndicate Studio и целиот проектен тим. MG Fashion е компанија со децениско искуство, активна во областа на недвижностите, специјализирана за инвестирање и изградба на комерцијални, станбени и деловни ...

Повеќе од 220 јавни фонтани за пиење вода повторно се ставени во функција низ Скопје, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека станува збор за мерка што треба да им обезбеди на граѓаните полесен пристап до вода во периодот на високите летни температури. Ѓорѓиевски преку објава на Фејсбук истакна дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период кога потребата од пристап до вода за пиење е ...

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт и НФЛ-ѕвездата Тревис Келси повторно се во центарот на вниманието, откако на социјалните мрежи се појавија шпекулации дека тие веќе тајно склучиле брак. Повод за гласините беа објави на неколку познати професионалци од свадбената индустрија, кои со мистериозни пораки сугерираа дека „големиот ден“ веќе се случил. Засега, ниту Свифт ниту Келси не ги потврдија ваквите тврдења, па тие остануваат само предмет на ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази сочувство откако шест возрасни лица вчера беа застрелани во установа за социјална помош за млади во северниот град Штаде, јави ДПА. „Веста од Штаде е длабоко шокантна“, напиша Мерц на Икс, додавајќи дека многу луѓе „кои сакале да им помогнат и да ги заштитат другите биле убиени или повредени“. „Моето сочувство е до жртвите и нивните семејства“, рече тој, исто така заблагодарувајќи им се на полицајците ...

Повеќе од три децении по успехот на култната теленовела „Касандра“, Кораима Торес и Освалдо Риос повторно се појавија заедно на јавен настан. Фотографиите од Дубаи ги преплавија социјалните мрежи и разбудија спомени кај милиони гледачи. Нивната средба во Дубаи веднаш стана хит на социјалните мрежи, особено во земјите каде што „Касандра“ има култен статус. Фотографија што врати цела генерација назад За многумина ова не беше обична средба на ...

Одрон однесе автобус од локален пат во австриската долина Штанцертал во понеделникот вечерта, објавија австриски медиуми. Покрај возачот, во автобусот имало уште тројца патници, но сите се спасени од пожарникари. Водата и калта од потокот Хое Рифе на патот достигнале висина од околу 80 сантиметри и продреа во автобусот, што ги принуди членовите на Доброволната противпожарна служба да ги извлекуваат од калта 49-годишниот возач и тројцата ...

Романтичен момент го одбележа натпреварот на Новак Ѓоковиќ против Кинезот Ву во првото коло на Вимблдон, кога еден навивач ја запроси својата девојка среде мечот. Запросувањето не остана незабележано ниту од српскиот тенисер, кој со духовита порака ги воодушеви присутните. Додека мечот се играше на еден од терените на Вимблдон, на трибините едно момче клекна на колено и ја побара својата девојка за сопруга. Таа без двоумење ја прифати ...

Жена завршила на лекарска помош откако била касната од зајачка риба додека влегувала во морето на плажа во Пефкохори. Таа тврди дека рибата се закачила за ногата и одбивала да ја пушти. Според нејзиното сведоштво за грчката телевизија АНТ1, мирно влегувала во морето кога одеднаш почувствувала силна болка. – Реков: „Нешто ме гризе и не ме пушта“. Погледнав надолу и видов огромна риба. Знаев како изгледа лагокефалосот бидејќи претходно бев ...

Иранскиот заменик-министерот за надворешни работи, Казем Гарибабади, синоќа изјави дека согласно Меморандумот за разбирање од Исламабад меѓу Техеран и Вашингтон, само Иран е должен да ги отстрани мините од Ормуската Теснина, со што му одговори на францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно најави дека заедно со Оман ќе работат на отстранување на мините од мореузот. Ситуацијата е чувствителна и комплексна, силно ја советуваме ...

Две европски фудбалски велесили доживеаја шокантна елиминација во ист ден на Светското првенство. Германија и Холандија го завршија настапот уште во осминафиналето, откако по изведување пенали беа елиминирани од Парагвај, односно Мароко, во два драматични натпревари што донесоа едни од најголемите изненадувања на Мундијалот. Репрезентацијата на Парагвај го приреди првото големо изненадување на нокаут-фазата, елиминирајќи го четирикратниот ...

Има една иронија што не може да се сокрие. Во 24 години власт, Али Ахмети не успеа да обезбеди канализација ниту за своето родно место, Зајас. Имаше власт, министри, директори, општини и милиони евра на располагање. Канализација немаше. Денес, кога документите излегуваат на виделина, станува појасно и зошто – пишува партиајта Вреди во соопштение „Секој нов факт што излегува во јавноста сè повеќе ја руши маската на ДУИ. На Албанците им ...

Фановите на македонската музичка легенда, пејачот и текстописец Владо Јаневски, кој почина на 66 – годишна возраст во Скопје, ќе се простат од него во 20 часот, пред Арената „Борис Трајковски”, каде ќе му оддадат последна почит со песни и свеќи. Настанот го организира продукцијата „Прагма“, која ги повика сите што ја сакале музиката на Јаневски да бидат дел од вечерта исполнета со спомени и емоции. „Да го испратиме со песна, тишина и љубов. ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има своето историско деби во главниот жреб на еден Гренд слем турнир. Точно напладне, на Вимблдон, таа ќе се соочи со шестата носителка и ланска финалистка, Американката Аманда Анисимова. Ѓорческа пласманот во главниот жреб го обезбеди преку квалификациите, каде оствари три импресивни победи. Во првото квалификациско коло ја совлада Шпанката Анхела Фита Болуда со 2-0 во сетови (6:2, ...

Три лица се повредени во експлозија пред станбена зграда во Монако, а според француските медиуми меѓу нив е и украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев. Властите истражуваат дали станува збор за планиран напад од криминалци, додека полицијата трага по лице снимено како бега непосредно пред детонацијата. Властите официјално не ги потврдија идентитетите на жртвите, но медиумите објавуваат дека две лица се во критична состојба. Ранец, детонација и ...

Од утре до 31 август на државните патишта во државава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, информира АМСМ. Термините се следни: петок од 17.00 до 22.00 часот, сабота од 09.00 до 18.00 часот и недела од 09.00 до 22.00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени ...

Пилот на авиокомпанијата Џетблу пријавил дека авионот се судил со дрон за време на приближувањето кон Меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк. Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) објави дека авионот слета безбедно и дека по инспекцијата не е пронајдена никаква штета. Агенцијата почна истрага за инцидентот. FAA наведува дека пилотот пријавил удар на дронот на надморска височина од околу 900 метри, околу 7:15 часот ...

Габриел Мартинели му донесе голема победа на Бразил над Јапонија од 2:1 во Хјустон во првото коло од нокаут фазата на Светското првенство. Бразил направи пресврт, па славеше со гол во последните моменти во судиското продолжение, во 95-та минута. Не можеше да биде подраматично во Хјустон. Јапонија поведе во првото полувреме во 29. минута со голот на Каиш Сано. Тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Бразил израмни во 56. минута ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку социјалните мрежи му понуди компромис на опозицискиот СДСМ и побара да предложат амандмани со кои барат корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори по гласањето, кои веднаш ќе им бидат прифатени, но, да ги повлечат другите амандмани и да го изгласаат Изборниот законик. „Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и ја понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени ...

Собранието со 59 гласа „за“, 3 гласа „против“ и без воздражни ја изгласа потребата да се донесат по скратена постапка измените и дополнувањата на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда. Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог измените. Предлогот до Собранието е доставен од ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во вечерните часови претежно во планинските региони ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 10 степени. Најтопло ќе биде во Велес, Демир Капија и во Гевгелија, со ...

Брачен пар од Мичиген деновиве е обвинет за тешко убиство, тортура и повеќекратна злоупотреба на дете поради смртта на нивниот 7-годишен син, кој тежел речиси 116 килограми во моментот на смртта! Седумгодишниот Каспер О’Брајан починал на 4 ноември 2025 година откако службите за итни случаи и полицијата одговориле на повик на 911 од неговиот дом во Мичиген, на кој било пријавено дека момчето не дише. Според извештајот од обдукцијата, момчето ...

Собранието со 58 гласа „за“ и 6 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка. Министерот за здравство Азир Алиу, образложувајќи го законот рече дека решението има големо значење. Трансплантацијата, нагласи тој, не е само медицинска постапка, туку е живот, надеж и можност еден човек и по неговата смрт да продлжи да живее преку животот на некој ...

Сообраќајот на „здуњската крстосница“ за време на викенд-шпицовите во летниот период ќе се регулира со сообраќајни полицајци, заклучи Локалниот совет за превенција на општина Гостивар. Решението за големиот метеж и долгите колони кои се создаваат на магистралниот пат, доаѓа по реакциите на локалните жители. Тие, а и патниците кои се движат кон и од туристичките центри за викенди чекаат долго за да ја поминат крстосницата со семафорска ...

Актуелните геополитички случувања уште еднаш потврдуваат дека проширувањето а ЕУ не е само една од политиките на Европската Унија, туку стратешка инвестиција во иднината, безбедноста и конкурентноста на Европа, рече денеска министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во Виена. Тој учествуваше на панел-дискусијата „Проширувањето на Европската Унија: Од посветеност до подготвеност на земјите ...

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за царинската тарифа, со кој од 1 јули 2026 година ќе стапат во сила пониски царински стапки за 70 стоки што се користат како суровини и репроматеријали во домашната индустрија, соопшти Министерството за финансии. „Со законските измени се врши дополнително усогласување на царинските стапки со оние што важат во Европската Унија, согласно определбите од Програмата за работа на Владата 2024-2028 ...

Ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, којшто изјави дека ќе го блокира предложениот Изборен законик е само доказ дека неговата главна цел е да се спротивставува на законите коишто се дел од Реформската агенда, а за коишто Европската комисија досега даваше високи оценки за нивното донесување и имплементирање, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на прес-конференција. – Втората работа, сметам дека Венко Филипче ...

Собранието денеска го усвои Законот за игрите на среќа со 60 гласа „за“ и 20 „против“. Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски информираше за содржината на законот и додаде дека подесените амандмани биле внимателно разгледани од страна на Министерството за финансии. – Прво, дислокација на овие објекти за игри на среќа и забавни игри од основните и од средните училишта. Она што сметаме во моментов дека е применливо и коешто ќе даде ...

Материјалните докази од 2012 година, презентирани во судската постапка за случајот „Пулс“, отвораат важно правно и фактичко прашање: како треба да се толкува постапувањето на функционер кој, иако немал надлежност да одлучува за издавање лиценца, се обратил до надлежната институција и побарал проверка на условите за работа на објектот и зазел став за неиздавање лиценца? Во фокусот на ова прашање е постапувањето на тогашниот градоначалник на ...

Изгласувањето на Законот за игри на среќа и покрај нашите предупредувања и забелешки е јасна и сурова порака за нас вработените – веројатно не сме подобни за вниманието кое го бараме од надлежните институции, реагира Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“. Разочарани сме што пратениците на најголемите македонски партии не ги прифатија нашите апели, порачаа тие. „Мнозинството пратеници озаконија ...

Добрата идеја најчесто започнува од реална потреба – желба да се помогне, да се вклучат повеќе луѓе, да се создаде подобра средина или да се отвори нова можност за оние на кои им е најпотребна. Токму таквите идеи дм ги препознава преку платформата „Иднина која инспирира“, создадена како простор каде што вредните иницијативи можат да добијат поддршка, видливост и шанса да прераснат во конкретни промени во заедницата. Веќе пријавените проекти ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
39%
1011
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
4.17
47%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
52%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.79
36%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.66
40%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 25ᴼ
1.26
76%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
2.24
37%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
49%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.38
45%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
3.13
48%
1009
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
52%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
3.98
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Паладиум

43435.66

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Сребро

2005.37

Платина

55652.94

Калај

56.77

Бакар

13.54

Родиум

278103.96

Злато

137126.15