Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Jавното комунално претпријатие Тетово објави видео на кое се гледа автомобил како дивее по улица и удира во младо дрвце и уништува зеленило. Од претпријатието нагласуваат дека ваквите постапки предизвикуваат сериозна штета врз урбаното зеленило и негативно влијаат врз изгледот и квалитетот на животната средина во градот. „Наместо да уништуваме, да садиме. Ако секој засади само едно дрво, нашиот град ќе биде позелен и поубав“, порачаа од ЈКП ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, на денешната прес-конференција истакна дека проектот „Безбеден град“ дава конкретни резултати во подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, посочувајќи дека системот има силен превентивен ефект и придонесува за намалување на бројот на сообраќајни прекршоци и жртви. Според Велјановски, системот, кој започнал со пробна примена на 1 декември минатата година, уште во првите 24 часа регистрирал ...
Левица одби да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик во чие изготвување учествуваше – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, коментирајќи ги најавите од Левица и од СДСМ дека ќе го блокираат донесувањето на измените во Изборниот законик. Претседателот на Левица Димитар Апасиев на денешната прес-конференција порача дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. – Во ниту еден момент не се ...
Подната фонтана повторно ќе биде симболот на Скопје. Фонтаната што некогаш мамеше погледи од скопјани, гости и туристи, фонтаната што беше едно од најпрепознатливите лица на центарот на градот, по повеќе од една деценија заборав, негрижа и пропаѓање – , конечно се враќа во функција, соопшти попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. „Ова повеќе нема да биде простор по кој ќе минуваат автомобили и тешки ...
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се најде во фокусот на јавноста откако на социјалните мрежи се појави видео од конгресот на владејачката партија „Единствена Русија“, на кое се гледа како заспива за време на говорот на рускиот претседател Владимир Путин. Настанот се одржал во неделата, а на снимката Медведев седи во првиот ред, помеѓу рускиот амбасадор во Белорусија Борис Гризлов и секретарот на Генералниот совет на партијата ...
Од 10 до 12 јули, живописниот Галичник повторно ќе биде домаќин на една од најпрепознатливите и најавтентични културни манифестации во Македонија – „Галичка свадба“. Илјадници посетители од земјава и странство и годинава ќе имаат можност да бидат дел од единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно ...
Шестмина возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило, а петмина од нив возеле без возачка дозвола, меѓу кои и двајца малолетници, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека полициски службеници на целата територија на државата привеле шест лица кои сториле тешки сообраќајни прекршоци. „Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските ...
Повеќе од пет колапси на јавни места, главно од постари лица, се евидентирани утрово, изјави за МИА, доктор Ана Џарева од Брза помош – Скопје. Таа потврди дека има зголемен број повици во Брза помош – Скопје поради високите температури, а се јавувале и барале помош и совети и помлади лица. – Претежно лицата се жалат на болки во градите, но, има и такви кои чувствуваат вртоглавици и имаат други симптоми – појасни лекарката. Таа информираше и ...
– Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски попладнево информираше дека Град Скопје ќе даде поддршка за уредување на просторот околу седиштето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Тој на својот Фејсбук профил наведе дека МАНУ е една од најзначајните институции во државата, дом на науката, уметноста и знаењето што, како што рече, ја движат државата напред. – Заедно со претседателот на Македонската академија на науките и ...
Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата нација по повод смртта на маестро Владо Јаневски, едно од најголемите имиња на македонската музика, чие творештво остави неизбришлива трага во музичката култура и во сеќавањата на многу генерации. Во знак на почит кон неговиот уметнички придонес и неговата посебна поврзаност со Чаир, Советот на Општина Чаир ќе преземе институционални мерки за трајно ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорката на Светска Банка на регионот Карол Межеван потпишаа договор за грант во износ од 2 милиони долари за ажурирање на проектната документација и обука на корисниците, со кој се обезбедува поддршка за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица – фаза 2: наводнување и фаза 3: производство на електрична ...
Европскиот пат мора да биде предвидлив и сигурен, да се темели на мерит систем, не на билатерални прашања, а Македонија не е наивна и ја бара оваа предвидловст на европскиот пат. Вака истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски по средбата со колегата од Литванија, Кестутис Будрис. Муцунски посочи дека дијалогот со Бугарија треба да продолжи со поддршка од земјите‑членки и европските институции. – Не сме лековерни. И не сме ...
Скандал со пропаднатиот проект за канализацијата во Кичево добива нова димензија и може да води до снаата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, истакна на прес-конференција Даут Беќири од ВРЕДИ. – Пред само три дена ја информиравме јавноста за сериозните сомнежи околу канализацијата во Зајас. Досега јавноста знаеше дека Финансиската полиција поднесе кривична пријава поради сомневања за сериозни злоупотреби, дека државата претрпела штета од над 127 ...
Во објава насловена: „Наместо конференција за печат” Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, открива една сигурна промена во владата на ВМРО-ДПМНЕ. Стоиљковиќ вели дека е извесно дека тој заминува од владата на Мицкоски без да даде повеќе детали. Стоиљковиќ вели дека за две години успеал за три пати да ги намали трошоците кои ги наследи од Артан Груби. Според најава ...
– Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски попладнево информираше дека Град Скопје ќе даде поддршка за уредување на просторот околу седиштето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Тој на својот Фејсбук профил наведе дека МАНУ е една од најзначајните институции во државата, дом на науката, уметноста и знаењето што, како што рече, ја движат државата напред. – Заедно со претседателот на Македонската академија на науките и ...
Во текот на вчерашниот ден, полицијата евидентирала повеќе случаи на семејно насилство и закани во Скопје, Гостивар и Крива Паланка, при што во дел од нив осомничените се приведени, а за еден случај веќе е поднесена кривична пријава. Во Гостивар, 47-годишна жена од гостиварско село пријавила дека на 20 јуни, околу 13 часот, додека била на работното место во угостителски објект, нејзиниот сопруг С.М. дошол и барал пари, при што ѝ упатувал ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници во Скопје, Штип и Кавадарци лишија од слобода вкупно 10 лица, кај кои при преглед била пронајдена дрога, информираат од МВР. На 28/29.06.2026 година во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.С. (25), Х.А. (18), Ј.И. (29) и М.Л. (21), сите од Скопје, потоа А.С. (32) од село Трубарево, Б.Д. (47) од село Инџиково, еден 17-годишник од скопско, ...
Од Авалон продукција соопштија дека ја добиле информацијата од семејството на починатиот Владо Јаневски и ја пренесуваат до јавноста. „Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност“, соопштија од продукцијата. Според објавата, сите кои сакаат да се збогуваат за последен пат со Јаневски ќе можат тоа да го сторат во капелата на Градските гробишта во Бутел, в среда (1 јули) ...
Тројца мопедисти се здобиле со тешки телесни повреди во три одвоени сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје, Ресен и Гостивар. Првата несреќа била пријавена околу 8:40 часот на регионалниот пат Скопје–Велес, каде што се судриле патнички автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 75-годишниот Г.С. од Скопје, и мопед „Хамачи“, кој го управувал 54-годишниот Т.Т. од Скопје. Во судирот мопедистот се здобил ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Катар ќе ослободи шест милијарди долари замрзнати ирански средства. Пезешкијан е највисокиот ирански функционер кој го спомена ослободувањето на средствата што ги држи Катар, клучен посредник во разговорите со Пакистан. Американските претставници досега тврдеа дека замрзнатите ирански пари не се ослободени. – Врз основа на направените планови, шест милијарди долари од вкупно 12 ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ги намали цените на горивата во просек за 0,27% во однос на одлуката од 22.6.2026 година. Како што соопштија оттаму, малопродажната цена на дизелот се намалува за 0,50 денари по литар, а на бензините се зголемува за истиот износ. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, а на мазутот се намалува за 0,796 денари по килограм. Според одлуката од полноќ ќе важат следните ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за ефектите на субвенциите во авиосообраќајот, рече дека политиката на субвенционирање на авиолинии и отворање на нови, продолжува. – Отворивме неколку, десетици такви би рекол, во изминативе две години и тоа е резултатот. Бројката оваа година очекуваме да достигне до 3,5 милиони патници. Веќе двоцифрен број проценти аеродромите забележуваат зголемување. Во одредена мера, ...
Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поголемо поместување кај цената на бензините, во однос на претходната недела и како што рече денеска би имало нивелирање за околу половина денар на безоловниот и на дизел горивото. – Со тоа повторно остануваме најевтината земја кога станува збор за цените на горивата – рече Мицкоски. Тој повтори дека ќе мора да се прават промени во акцизната политика затоа што сме, посочи, единствениот случај каде што ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на буџетот за култура ќе бидат доволен да засили градежната активност на нови објекти и ако биде потребно со последниот ребаланс на буџетот, културата ќе добие дополнителен износ. Тој рече дека споредено со 2023 година буџетот во културата е зголемен за 34% а во фокус се реализирањето на капитални проекти. – Тука пред сѐ се оние тековни, како што Библиотеката во Тетово, Универзалната сала ...
Од Авалон продукција соопштија дека ја добиле информацијата од семејството на починатиот Владо Јаневски и ја пренесуваат до јавноста. „Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност“, соопштија од продукцијата. Според објавата, сите кои сакаат да се збогуваат за последен пат со Јаневски ќе можат тоа да го сторат во капелата на Градските гробишта во Бутел, во среда (1 ...
Во населбата Трубарево во општина Гази Баба денеска беше свечено пуштена во употреба нова градинка, во која од 1 јули ќе бидат згрижени 60 деца. На свеченоста, покрај градоначалникот Бобан Стефковски, присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски. Инвестицијата изнесува 47 милиони денари обезбедени од општината. Веќе е вработен и персоналот што ќе работи во градинката. – Ова е трета градинка што ја градиме во Гази Баба, во септември ќе се ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави нова методологија за следење на цените и детална анализа на цените на прехранбените производи, во што, како што рече, е вклучен и самиот тој. Цел е, како што рече, да се идентификуват производите што влијаат врз потрошувачката кошница. -Детално навлегуваме во ова проблематика и работиме на нова методологија за следење на цените. Лично јас се занимавам со идентификување на тие 600 производи што влегуваат во ...
Владата има јасна визија за целосна трансформација на железничкиот сообраќај во земјава, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на потпишувањето на Договорот за грант со Светска банка, вреден еден милион евра. Според Николоски, од претпријатија на раб на пропаст, железницата денес бележи раст и постепено заздравување. – Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени утревечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. – Да, ние не сме разговарале за персонални решенија за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се чувствува одлично и подготвено пред мечот на ланската финалистка на Вимблдон, Амана Анисимова, вели тренерот на Ѓорческа за „Мундокаст“ на 4news. – Мислам дека еуфоријата повеќе се чувствува таму во Македонија, во сите медиуми и портали. Кај нас тој прв бран на емоции по пласманот во главниот турнир веќе помина. Влезени сме во нормален процес на тренирање и подготовки за мечот кој следи. Лина се ...