Паркирањето во Општина Центар треба да стане побрзо и поедноставно со воведување нови дигитални услуги, мобилни апликации и паметни сензорски системи кои ќе им овозможат на возачите полесно да ги користат паркинг-услугите и да избегнат непотребно чекање пред шалтери. Новите решенија се дел од планот за модернизација на услугите на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, со цел поголем број корисници да ги завршуваат процедурите ...

Земјите членки на НАТО ќе инвестираат околу 40 милијарди долари во наредните пет години во своите капацитети за одбрана од дронови, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој рече дека неколку сојузници во НАТО се обврзале да соработуваат во набавката, складирањето, транспортот и управувањето со резервите на критични одбранбени материјали. Според него, на самитот во Анкара земјите од Северноатлантската алијанса имаат намера ...

Националниот едношалтерски систем (НЕС) претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе може побргу и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија – истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келс стана еден од најочекуваните настани во годината, а по спектакуларната церемонија во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, се појавуваат бројни детали кои откриваат колку посебна, емотивна и педантно организирана била прославата. Меѓу најинтересните моменти од вечерта било традиционалното фрлање на букетот на невестата. Цвеќето што го носеше Тејлор Свифт завршило кај Ешли Смит, сестрата на играчот од НФЛ Треј ...

Во среда и во четврток времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува, , информираат од УХМР. Утринските температури ќе се движат од 12 во Крушево до 20 Целзиусови степени во Гевгелија и Дојран, а максималните дневни од 20 во Крушево, до 36 степени во ...

Цената на кафето се искачи на највисоко ниво за период од шест месеци, достигнувајќи 3,57 долари за фунта (0,454 кг) кафе, поради загриженоста дека лошото време во Бразил и Виетнам би можело да го намали идното производство и залихи и да доведе до недостиг на пазарот. Бразил е најголемиот светски производител и извозник на кафе Арабика, додека Виетнам доминира во производството на Робуста. Според проценките на експертот за пазари на стоки ...

Пет лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две со полесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случила во гостиварската населба Млаки. Од СВР Тетово информираат дека на 6 јули, околу 23:10 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека дошло до судир меѓу патничко возило „Цитроен берлинго“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј. (59) од Гостивар, и патничко возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ...

Британската пејачка Лорен Бенет, најпозната како членка на женската група G.R.L. и како вокалот зад светскиот хит „Party Rock Anthem“ на дуото LMFAO, почина на 36-годишна возраст. Тажната вест ја потврдија нејзините колешки и пријателки преку официјалниот профил на групата на Инстаграм. – Со голема тага ја споделуваме веста за заминувањето на нашата сакана Лорен. Срцата ни се скршени и не можеме ни да почнеме да објаснуваме колку ни значеше. ...

Француската компанија „Euro-Tech Distribution“ ги разгледува можностите за инвестирање во земјава, информираа од Дирекцијата за ТИРЗ по денешната средба на директорот Гоце Димовски со претседници на компанијата и на белгиско-македонскиот бизнис клуб. Како што соопштија од Дирекцијта за ТИРЗ, претставниците на компанијата како и на белгиско-македонскиот клуб покажале интерес за можностите што ги нуди Македонија како инвестициска дестинација и ...

Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026 кој го доделува Top Employers Institute – глобален авторитет за препознавање на извонредноста во практиките за управување со човечки ресурси. Сертификатот се доделува исклучиво на организации кои успешно ќе поминат низ ригорозен и независен процес на евалуација, при што се оценуваат нивните резултати во клучни области како што се стратегијата за човечки ресурси, развојот на ...

23-годишна девојка од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа Неаполи во Солун, објавија грчките медиуми. Според информациите до кои дошле грчките медиуми, нејзините родители, кои живеат во Северна Македонија, подолго време не можеле да стапат во контакт со неа, по што близок роднина заминал до станот во кој престојувала. Таму ја пронашол девојката без знаци на живот и веднаш биле известени надлежните служби. Грчките медиуми јавуваат ...

Криминалитетот во земјата е на најниско ниво во последните 20 години, а во изминатите две години е намален за 30%, објави Министерството за внатрешни работи. – Денес криминалитетот во земјата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69%. Во борбата против организираниот криминал сузбивме над 30 ...

Едно лице загина, а најмалку 40 патници се повредени откако автобус се преврте на автопатот Каман – Анкара, во близина на турскиот град Кирикале. Според првичните информации, несреќата се случила откако возачот изгубил контрола над автобусот, по што возилото излетало од коловозот и се превртело. Seyir halindeki yolcu otobüsü kaza yaptı: 41 kişi yaralandı Tekirdağ’dan Kayseri istikametine seyir halinde olan Süha firmasına ait yolcu otobüsü ...

Норвежаните ја славеа победата над Бразил со 2-1, благодарение на двата гола на Ерлинг Браут Халанд, кој го однесе својот тим меѓу осумте најдобри екипи во светот. Големата прослава по натпреварот на стадионот во Њу Џерси продолжила во соблекувалната, каде што на играчите лично им честитаа принцезата Ингрид Александра и нејзиниот помлад брат, принцот Свере Магнус. Нивното пристигнување дополнително го засили историскиот успех што предизвика ...

Американските агенции запленија повеќе од 600 дронови во близина на местата каде што се одржуваат натпревари од Светското првенство во фудбал и фан-зоните од почетокот на турнирот на 11 јуни, објави американската Администрација за безбедност на транспортот (TSA). Во деновите на натпреварите, управувањето со сите летала, вклучително и дронови, во радиус од три наутички милји (околу 5.500 метри) и до висина од 3.000 стапки (914 метри) над ...

Вечерва (вторник, 07.07.2026 г.) со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се отвори фотографска изложба насловена „Света Софија – Светлината на тишината” на светско познатите Изет Керибар и Мехмед Озџај. Овој настан се реализира во соработка со Турскиот културен центар во Скопје „Јунус Емре”. „Фотографската изложба „Света Софија – Светлината на тишината” од светски познатите фотографи Изет Керибар и Мехмет ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот до 31 октомври за аплицирање за субвенции за приклучок на природен гас или за набавна на котел на гас. – Со тоа се отвора дополнителна можност за сите домаќинства кои сè уште не успеале да аплицираат, да ја искористат државната поддршка и да добијат до 30.000 денари, односно до 70% од направените трошоци за приклучок на природен гас или за набавка на котел на гас – ...

Грција е подготвена да го поддржи амбициозниот план на Европската Унија за автономија во снабдувањето со критичните минерали. Дури пет големи рудни постројки наскоро ќе бидат финализирани, па соседите ќе може да очекуваат и големи буџетски приходи од рударството, освен од туризмот и земјоделието. За разлика од Грците, Македонија не го следи европското темпо – земјава нема новоотворен рудник повеќе од 40 години, а единствена сериозна ...

Министерството за внатрешни работи денеска упати важно известување до сите ученици кои планираат да аплицираат за прием во Средното полициско училиште, појаснувајќи дека не треба претходно да се отпишуваат од училиштата во кои моментално се школуваат. Од МВР информираат дека кандидатите кои ќе се пријават на јавниот повик треба потребната документација да ја достават во оригинал или како копија заверена кај нотар. Во соопштението се наведува ...

Мет Дејмон (55), ја одбележа премиерата на својот нов филм „Одисеја“ со едно ретко јавно појавување на целото семејство. Холивудскиот актер на свечената премиера пристигна во придружба на сопругата Лусијана и нивните четири ќерки – Алексија (26), Изабела (19) и тинејџерките Џиа (17) и Стела (15). По премиерата, 55-годишниот актер заминал на ексклузивната забава во приватниот клуб „Освалдс“ во лондонскиот кварт Мејфер, каде што му се ...

Преговорите за постигнување конечен договор меѓу Техеран и Вашингтон нема да започнат доколку продолжат заканите од страна на САД, предупреди иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Изјавата на Арагчи доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „САД ќе ја завршат работата“ доколку не биде постигнат конечен договор. „Преговорите за постигнување конечен договор нема да започнат доколку продолжат заканите. ...

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана во соопштение за јавноста ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Здружениетео оценува дека таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците во дијаспората. „Ние, Македонците надвор од Македонија, сакаме активно да учествуваме во градењето на слободна, демократска и просперитетна држава. Правото на глас ни ...

Белгија убедливо ја совлада пречката наречена Соединетите Американски Држави, а веднаш по натпреварот испрати порака што одекна на социјалните мрежи. Со квалитетна игра селекцијата на Белгија оствари сигурна победа, пред сè казнувајќи ги грешките на домашната репрезентација. Белгија поведе со голот на Шарл Де Кетелере во 9 минута. Американците изедначија во 31 минута преку Малик Тилман, но осум минути подоцна Де Кетелере повторно и донесе ...

Воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила дало конкретни резултати и злоупотребите се намалени за околу 70 проценти, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски. Тој најави и пилот-проект за набавка на електрични возила, како и целосно регулирање на државниот имот со кој располага Службата. Гостувајќи во емисијата „Тема на денот“ на МРТ, ...

Елиминацијата на Португалија од Шпанија не значеше само крај на уште едно Светско првенство за Португалците. Таа означи и крај на една од најголемите кариери во историјата на светскиот фудбал. Со солзи во очите, Кристијано Роналдо го одигра својот последен натпревар на Мундијалите, оставајќи зад себе рекорди што тешко ќе бидат надминати, но и една голема неостварена желба – светската титула. За да бидеш дел од вечната дебата за најдобриот ...

Фотографиите на Бред Пит (62) и неговата девојка Инес де Рамон (33) направени пред свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси ги сподели фризерката Лори Занолети, која работела на изгледот на двојката за свечениот настан. На нив, Пит и де Рамон позираат прегрнати и насмеани, облечени во елегантни црни комбинации. – Моите омилени вљубени, Инес де Рамон и Бред Пит, за еден неверојатен момент во Њујорк – напиша Занолети покрај фотографиите. View ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот до 31 октомври за аплицирање за субвенции за приклучок на природен гас или за набавна на котел на гас. – Со тоа се отвора дополнителна можност за сите домаќинства кои сè уште не успеале да аплицираат, да ја искористат државната поддршка и да добијат до 30.000 денари, односно до 70% од направените трошоци за приклучок на природен гас или за набавка на котел на гас – ...

Анкара денеска и утре е домаќин на 36. самит на НАТО, на кој лидерите на сите 32 земји членки ќе разговараат за идните безбедносни приоритети на Алијансата, за војната во Украина, за јакнењето на колективната одбрана и за зголемувањето на инвестициите во воените капацитети. Покрај политичките одлуки, се очекува да бидат потпишани и договори со компании од Европа и Северна Америка вредни повеќе десетици милијарди долари. Генералниот секретар ...

Четириесет и едногодишниот војвода од Сасекс допатува во Велика Британија без сопругата Меган Маркл и нивните деца Арчи и Лилибет, потврди неговиот портпарол. Според британските медиуми, кралот Чарлс му понудил сместување во кралската резиденција, но Хари не дал навремен одговор. Неговото пристигнување следува само два дена откако бил известен дека престојот во палатата не може да се реализира. Во меѓувреме, кралот Чарлс се појави на настан ...

Се повеќе компании од авто-индустријата воведуваат нови модели со лесни, економични алуминиумски електрични инсталации, приклучувајќи се кон трендот за замена на бакарот. Американските производители на електрични возила „Тесла“ и кинеските производители на електрични возила веќе се одлучија за алуминиум, што го одразува трендот во индустријата за кој се предвидува дека ќе влијае на околу 2% од глобалната побарувачка за бакар оваа година, ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.37
20%
1010
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
2.39
32%
1011
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
3.5
39%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.32
43%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.62
27%
1011
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
3.27
72%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.02
41%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.51
18%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.7
26%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
2.24
43%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 35ᴼ
4.92
36%
1013
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 27ᴼ
5.13
46%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.27

Сребро

2005.37

Бакар

13.54

Злато

137126.15

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66

Калај

56.77

Платина

55652.94

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36