Викендов што помина Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“ во БиХ кој е најсилен турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко, каде што учествуваа над 400 натпреварувачи од 36 клубови од 12 земји од Европа. Нашиот клуб под водставо на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 20 натпреварувачи кои сите учествуваа во 2 ...

Вчера во 20 часот и 17 минути шетајќи по кејот, од водата се појави глава од видра, додека го извадив телефонот и го вклучив за видео снимање видрата почна да се оддалечува, но сепак моите аматерски снимки видете ги, вели д-р Миќуновиќ за Публицитет.мк Видра e месојаден цицач добро прилагодена за живот во слатки води. Познати се како екстремно вешти пливачи. Видрите имаат цврсто и многу подвижно тело. Градбата на телото им е добро приспособена ...

Од оштетување на слухот до срцеви заболувања – бучавата, посебно во градовите, им го загорчува животот на луѓето. Но, не само ним, туку и на птиците, инсектите, па дури и на растенијата. Решенијата се комплицирани. Луѓето ја доживуваат буката на различен начин: поради бучната прослава кај соседите некој ќе се нервира и ќе повикува полиција, а друг ќе спие како јагне. Но, кај одредено ниво на бучава, веќе никој не може да ја пречуе. Зашто, одамна ...

Времето што луѓето дневно го поминуваат седејќи е директно поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес, рак и прерана смрт – независно од тоа дали редовно вежбаат. Ова се наодите од едно истражување објавено во „Annals of Internal Medicine“. Мета анализата на истражувањата кои се однесувале на навиките на луѓето, направена од истражувачите од Универзитетот во Торонто, покажала дека и покрај тоа што физичката активност позитивно ...

Кои се разликите помеѓу темното и светлото пиво? Со текот на годините се менувал процесот на производство на пиво, состојките, амбалажата, а денес постојат и пива со разни вкусови, па на луѓето најинтересни им се оние со вкус на цитрон, бозел и лимон. Меѓутоа, иако постојат мнгоу видови на пиво, основната поделба е на темно пиво и светло пиво, додека црното пиво е најтемно од сите пива. Кога станува збор за разликите помеѓу светлото и темното ...

Нетолеранцијата на алкохол се карактеризира со акутни симптоми како што се црвенило, аритмија или мускулна слабост по внес на мали количини на алкохол. Нетолеранцијата на алкохол е предизвикана од зголемена концентрација на алкохолниот метаболит ацеталдехид во телото. Оваа зголемена концентрација може да се должи на изменетата ензимска активност вклучена во разградувањето на алкохолот. Дознајте повеќе на Синдромот хиломикронемија (Syndrome ...

Родено е првото „наше“ бебе добиено со IVF постапка по претходнo комплетно направени PGS/PGD анализи во ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ“ Комплетните PGS/PGD анализи - од земање на метеријал до добивање на комплетни резултати беа направени во ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ“, а IVF постапката ја извршија докторите од ПЗУ „Ултрамедика“. Со PGS/PGD ги анализиравме биопсираните клетки од ембрионот пред да се изврши „трансферот“ и констатиравме дека не постојат потенцијални ...

Во ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на мутации во гените кои се одговорни за појава на фруктоземија Фруктоземијата (наследна нетолеранција на фруктоза) е автосомно рецесивно генетско метаболичко нарушување. Луѓето кои имаат фруктоземија немаат никакви симптоми. Со генетското тестирање во ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ“ може навреме да се открие дали има присутна мутација или не. За рано откривање на синдромот се препорачуваат консултации со доктор по ...

Ова „ново нормално“ време кое го живееме дружбите меѓу луѓето ги направи ретки. Оттука и бројот на соговорниците во аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ оваа шеста сезона стагнира, но се надеваме не за долго. Интервјуто со човекот кого сакаме да ви го претставиме, верувале или не е направено во мај 2018 година, во Охрид и еве конечно му дојде редот за емитување. Му благодариме на господинот Илко Димитриески за неговата трпеливост и ...

Во Белград , Србија на 77 годишна возраст , по компликации од Ковид – 19 почина познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов. Хаџиманов, е роден во Кавадарци на 25 декември , 1943 г. Живеел и учел во Скопје а Факултет за драмски уметности завршил во Белград. Тој беше композитор, писател, шоумен и голема ѕвезда на поранешните југословенски простори.. Беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, и татко на Васил Хаџиманов, познат ...

Во чест на 7 Април - Светскиот ден на здравствените работници ги репризираме двата дела од интервјуто со познатиот доктор - педијатар од Струга Климе Матоски. Двата дела се прв пат објавени во октомври 2019 година. Пред да се навратиме на сторијата од 2019 прочитајте што напиша д-р Матоски на својот фејсбук профил во пресрет на денов. ВРЕДИ ДА СЕ СЕТИМЕ Се приближува СЕДМИ АПРИЛ - Денот на Здравствените Работници кон кои сите НИЕ и милијарди ...

Новата осма сезона од веќе култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ авторот и водител Милчо Јованоски ја отвора со интервју со актуелната директорка на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ. Зад неа, како директор се веќе три успешни изданија на овој меѓународно престижен фестивал од кои последниве две се одржаа во услови на светска пандемија од Ковид -19. Наташа Поповиќ е професор по пијано и пред да дојде на функцијата директор на ...

Трет гостин во култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ е легендата на македонската забавна музика Драган Мијалковски. Разговорот е снимен на 31 август во „Аквариус“ и денес ви предлагаме да го слушнете првиот дел. За оние помладите еве уште куп податоци за да осознаат за каков изведувач се работи. Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост: Драган Мијалковски некогаш жареше и палеше по македонските и тогашните ...

Во култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ следува вториот дел од интервјуто со легендата на македонската забавна музика Драган Мијалковски. Слушнете за тоа како Драган и Маја Оџаклиевска биле единствената пеачка придружба на трите ју турнеи на Оливер Драгоевиќ, како е настаната песната „Лебеди пловете“ или онаа „ На 223 305“. За турнеите по Русија и Австралија и низ цела некогашна Југославија. Со клик на линкот подолу слушнете го ...

Снежана Анастасова - Чадиковска е вториот гостин - соговорник во новата сезона од аудио интервјуата „Мојот живот, мојот свет“. Нашата средба , логично беше да се случи во Охрид и тоа на 2 август на два дена пред почетокот на 60 „Охридско лето“. А, таа Анастасова - Чадиковска уште за добредојде ми вели: „Целиот мој уметнички и приватен живот, иако не сум родена во Охрид ми е сврзан со фестивалот. Благодарејќи му на татко ми кој уште таа магична ...

На 62 годишна возраст вчера во Мелбурн, Австралија почина познатиот интерпретатор на македонски народни и новокомпонирани песни Фазли Луик. Луик е роден 1960 година во Охрид и почетоците со музиката му се во раните деведесетти во неговиот роден град а потоа поактивно со музика и настапи на фестивали се занимава во Австралија. Потекнува од музичко семејство. Вујко му беше доаенот на македонската песна Пепи Бафтироски а братучед композиторот Хилми ...

Утре од 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи проекција на филмот „Евгенија Гранде“ на режисерот Марк Диген со Жосефина Жапи и Оливје Гурме во главните улоги. Филмот е со превод на македонски јазик а влезот е слободен. Еве ја кусата содржина на филмот: Феликс Гранде е господар на скромна куќа во Самир, во која живее со неговата жена и со ќерката Евгенија. Тие водат вообичаен и мирен живот. Неверојатната скржавост го ...

Август, осмиот месец во годината, важи за еден од еден од најтоплите месеци. Во ерата на Римската империја август „не постоел“, т.е. името на месецот било Sextilis, што значи „шести месец“ и имал 29 дена. Историските хроники велат дека во осмата година пред Христа (8г. п.н.е.), Римскиот сенат донесува одлука овој месец да се преименува во август (Augustus) во чест на императорот Октавијан Август, посвоениот син на Јулије Цезар и прв Римски цар. ...

Со проекција на НОСФЕРАТУ, СИМФОНИЈА НА СТРАВОТ (Nosferatu, eine Symphonie des Grauens / Nosferatu, a Symphony of the Gray), филм на Фридрих Вилхелм Мурнау (Friedrich Wilhelm Murnau) од 1922 година, во музичка придружба на Џијан Емин, на 31 август (среда) во 20:00 ч. во летното кино, Кинотека го започнува годинешното издание на ФЕСТИВАЛОТ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ, кој ќе трае до 7 септември. Во 14 термини ќе презентираме: три филма на типичниот ...

Од 14 до 18 Септември 2022 година, во киното на Словенечката кинотека во Љубљана, Словенија, Кинотеката на РС Македонија ќе претстави избор од филмски наслови од домашната кинематографија. Изборот вклучува неми филмови од почетокот на кинематографијата на Балканот, потоа етнографски документарни, како и играни и анимирани филмови (https://kinoteka.si/cikel/kinoteka-severne-makedonije-predstavlja/). Ревијата „Денови на македонскиот филм“ ќе ...

После премиерата на фестивалот „Манаки“, краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“, во режија на Лидија Мојсо - денеска - среда од 20.00, ќе биде на кино репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид. Влезот е слободен. Сценарио: Лидија Мојсо и Јаков Поповски Играат: Ангел Ристоски, Анастасија Јованоска Продукција: Лист Продукција (MK) Продуцент: Марија Димитрова Ко-продукција: Antitalent (HR) Копродуценти: Маја - Пек ...

Во сабота, 24 септември, од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе биде промовирана првата збирка раскази на Mарина Шикова Димовска ‒ „Приказни од кујната“, издание на ПНВ Публикации од Скопје. Книгата низ разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска, која за збирката ќе рече: „Куса исповедна проза, необични дневнички записи што следуваат еден по друг по сеќавање, не по хронологија. Небаре разгледувате албум со стари ...

Македонската поетеса Гордана Каракашевска со уште тројца поети од земјава, ќе учествува на најголемиот интернационален поетски фестивал во Саранда, Р. Албанија. Поетскиот фестивал е во организација на „Јонскиот креативен клуб“, а ќе се одржи во периодот од 29 септември до 1 октомври. На шеснаесеттото издание на фестивалот „The Trireme of the Ionian Poetry“ ќе настапат педесетина учесници од целиот свет. На ова издание на фестивалот ќе биде ...

Утре – четврток од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана стихозбирката „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески, роднокраен автор и почесен член на охридската библиотека. За животот и творештвото на Трајчески ќе говори м-р Милчо Јованоски, директор на библиотеката. Пред присутните ќе биде прочитан и освртот на Билјана Петрова од Австралија. Наум Трајчески е роден во село Издеглавје, Охридско во 1952 година. Од 1977 ...

Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во присуство на бројна публика беше промовирана стихозбирката „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески, роднокраен автор и почесен член на охридската библиотека. Во својот осврт Билјана Петрова од Австралија кој пред присутните го прочита Христина Трпеска, вели: -Како долгогодишен претставник на македонската дијаспора во Австралија, поетот Наум Трајчески со целото свое битие и делување се стреми да ...

На 61-годишна возраст по кратко боледување почина актерката Јулијана Стефанова. Меѓу љубителите на театарската уметност ќе остане запаметена како актерка кој својот живот го посвети на Битолскиот театар, чија енергија привлекуваше внимание само што ќе застанеше на сцена. „ Пред неколку часа не напушти еден прекрасен човек, Јулијана Стефанова, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. ...

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид утре – среда во 12.00 часот ќе биде промовирана книгата „Стихописани слики“ од роднокрајниот автор Митко Ц. Колјушевски. Митко Ц. Колјушевски е роден 1949 год. во Охрид. По професија - Водител на процеси во М.М. Насока (во пензија). По вокација музичар (пеење, гитара, тапани и др. Ударни инструменти). Автор е на песните,,Стариот Фенер” ,,Охридски стари трубадури”, ,,Месецот ти плете коприна“... Се ...

Француската писателка Ани Ерно, позната по своите навидум едноставни новели пишувани врз основа на нејзините лични искуства со класните и половите поделби, ја доби годинешната Нобелова награда за литература. Француската писателка, 82-годишната Ерно е наградена за „храброста и клиничката острина со која ги открива корените, отуѓувањата и колективните ограничувања на личната меморија“, соопшти жирито. Во изјава за шведската телевизија веднаш по ...

Денеска, петок во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од14.00 часот ќе гостува библиотекар советник Драгана Типсаревиќ од библиотека „Стефан Првовенчани“ од Краљево Р. Србија. Таа ќе одржи интерактивно предавање на тема: „Библиотеките и промоција на читањето“. Драгана Типсаревиќ е библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотека „Стефан Првовенчани“од Краљево. Таа е добитник на сите престижни награди од областа на ...

Синоќа во Скопје, по кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, Марин Бабиќ. Бабиќ во 1971 година дипломирал на Театарската академија во Софија и истата година станува дел од Драмски театар – Скопје, каде го поминува целиот свој работен век. Ќе остане запаметен по бројните и значајни улоги не само во својата матична куќа, туку и во други театри и проекти. Позначајни улоги има во претставите: „Болен ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1022
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1023
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.09
76%
1022
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.16
82%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1020
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1022
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
84%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
96%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.9349

Currency

70.4249

Currency

35.1475

Currency

38.1696

Currency

65.6794

Currency

7.48627

Currency

0.68452

Currency

0.33755

Currency

0.52402

Currency

1.24143

Currency

0.58871

Платина

54545.58

Родиум

256402.20

Злато

135307.19

Паладиум

47808.16

Рутениум

29192.88

Сребро

1947.42

Калај

40.61

Кобалт

58.42

Бакар

10.74

Иридиум

145787.60

Никел

472696.35

Алуминиум

2.89