САД ќе уништуваат по еден мост или електрана секогаш кога Иран ќе пука врз брод во Ормускиот теснец, најави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Најновата закана на Трамп за напади врз цивилна инфраструктура доаѓа во време кога непопуларната војна ескалира без јасен излез, создавајќи ризик за дополнителни глобални економски нарушувања и предизвикувајќи раст на цените на горивата пред претстојните меѓуизбори во САД оваа есен. Двете ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се најде на листата на учеснички во квалификациите за УС Опен и ќе добие нова можност да обезбеди настап на главниот турнир од последниот гренслем во сезоната. Ѓорческа моментно е на 214. место на ВТА-листата, а нејзиниот пласман ѝ овозможува директно учество во квалификацискиот турнир во Њујорк. Во женските квалификации ќе настапат 128 тенисерки, а само 16 од нив ќе изборат место во главната ждрепка. За ...

Челзи продолжува да руши трансфер рекорди под водство на сопственикот Тод Боли. Откако ги доведе Енцо Фернандез и Мојсес Каиседо за рекордни суми во претходните преодни рокови, лондонскиот клуб сега повторно постави нов стандард. Со трансфер вреден 137 милиони евра, 23-годишниот Морган Роџерс стана најскапиот британски фудбалер на сите времиња, надминувајќи го трансферот на Елиот Андерсон во Манчестер Сити. Долгорочниот договор до 2033 ...

Здружението АРНО со големо задоволство го одбележува својот 13-ти роденден, продолжувајќи ја мисијата за поддршка на општествени иновации, зелен развој и дигитални вештини на граѓаните. Како дел од роденденските активности и во рамките на проектот DigiCitizenEdu, АРНО организира бесплатна онлајн работилница насловена „Google Maps за почетници“. Настанот е закажан за понеделник- 27.07.2026 година, со почеток во 12:00 часот (во времетраење од ...

Бугарската влада ја информира јавноста за барањето на нашите сојузници за распоредување авиони-танкери на аеродромот Безмер. Ја отфрламе практиката да се донесуваат одлуки зад грбот на бугарските граѓани. Затоа го поднесовме барањето до Народното собрание, каде што ќе зборуваат претставниците на народот. Ова го изјави премиерот Румен Радев на отворањето на денешниот состанок на Советот на министри, пренесува бугарската новинска агенција ...

Иран упати директно предупредување до Бугарија поради најавеното распоредување на американски воени авиони на нејзина територија. Техеран ѝ порача на Софија дека не смее да дозволи Бугарија да стане база за операции против Иран, објави „Еуроњуз“ . Предупредувањето се однесува на предлогот на бугарската влада привремено да стационира до осум американски авиони танкери за полнење гориво во воздухопловната база Безмер на југоистокот од земјата. ...

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, Зголемувањето, пред сѐ се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, Уметност, ...

Иран упати директно предупредување до Бугарија поради најавеното распоредување на американски воени авиони на нејзина територија. Техеран ѝ порача на Софија дека не смее да дозволи Бугарија да стане база за операции против Иран, објави „Еуроњуз“ . Предупредувањето се однесува на предлогот на бугарската влада привремено да стационира до осум американски авиони танкери за полнење гориво во воздухопловната база Безмер на југоистокот од земјата. ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се најде на листата на учеснички во квалификациите за УС Опен и ќе добие нова можност да обезбеди настап на главниот турнир од последниот гренслем во сезоната. Ѓорческа моментно е на 214. место на ВТА-листата, а нејзиниот пласман ѝ овозможува директно учество во квалификацискиот турнир во Њујорк. Во женските квалификации ќе настапат 128 тенисерки, а само 16 од нив ќе изборат место во главната ждрепка. За ...

„Бруклински Jazz Bistro“ од 22 до 28 јули ќе биде домаќин на пет музички вечери со различни џез состави и програми, реализирани со поддршка од Винарија Душа. Неделата на џезот започнува на 22 јули со настапот на IN THE MOOD, а следната вечер, на 23 јули, пред публиката ќе настапи SKOPJE JAZZ INC. Програмата продолжува на 24 јули со BT TRIO, додека на 25 јули во „Бруклински“ ќе настапи FILIP DINEV TRIO. Последната вечер од јулската ...

Цената на нафтата „брент“ во утринското тргување надмина 94 долари за барел, откако новата ескалација меѓу САД и Иран ги засили стравувањата од нарушување на снабдувањето од Блискиот Исток. Околу 9:45 часот „брент“ поскапе за речиси четири проценти и достигна 94,66 долари за барел, додека американската нафта WTI се тргуваше по 87,79 долари, со раст од над четири проценти. Подоцна цените благо се повлекоа, но останаа на највисокото ниво во ...

AI-модели на OpenAI за време на безбедносно тестирање успеале да ја пробијат изолираната истражувачка средина на компанијата, да добијат пристап до интернет и да навлезат во продукциската инфраструктура на Hugging Face. Целта на моделите била да ги пронајдат одговорите на тестот со кој се проверувале нивните хакерски способности. Инцидентот се случил при интерна евалуација во која моделите биле поттикнати да бараат сложени начини за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Олександр Сирски од функцијата врховен командант на вооружените сили и на негово место го назначи генерал-мајор Михаило Драпатиј. Одлуката беше официјално потврдена од Кабинетот на украинскиот претседател доцна во вторникот. Смената следува по неколкудневни протести во Киев и во други украински градови, на кои демонстрантите бараа разрешување на Сирски и враќање на поранешниот министер за ...

Силно невреме проследено со интензивни грмежи, пороен дожд, град и налети на ветер предизвика голема материјална штета во повеќе делови на Босна и Херцеговина. Најтешки последици се регистрирани на планинските пасишта кај Купрес и Хан Пијесак, каде што громови за два дена усмртија повеќе од 50 грла добиток. На планината Хрбина кај Купрес, гром околу 13 часот директно удрил во стадо и усмртил меѓу 30 и 35 овци. Фотографиите објавени од ...

Возачите кои патуваат кон Солун и Халкидики или се враќаат кон Македонија треба да очекуваат изменет сообраќаен режим поради нови градежни работи на проектот „Флајовер“. Во четврток, 23 јули, од 23 часот до 5 часот наутро на 24 јули, за сообраќај во двата правци ќе биде затворен делот од Источната внатрешна обиколница меѓу клучките К5 кај болницата „Папагеоргиу“ и К6 кај Метеора. Во тој период возилата што пристигнуваат од правецот на Евзони ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува договор за цивилна нуклеарна соработка со Саудиска Арабија кој би можел да му овозможи на кралството во иднина да развива капацитети за збогатување ураниум. Договорот не значи дека Ријад автоматски ќе добие нуклеарно оружје, но отсуството на најстрогите механизми за контрола предизвикува загриженост кај дел од американските законодавци и експертите за неширење нуклеарно ...

Силно невреме проследено со интензивни грмежи, пороен дожд, град и налети на ветер предизвика голема материјална штета во повеќе делови на Босна и Херцеговина. Најтешки последици се регистрирани на планинските пасишта кај Купрес и Хан Пијесак, каде што громови за два дена усмртија повеќе од 50 грла добиток. На планината Хрбина кај Купрес, гром околу 13 часот директно удрил во стадо и усмртил меѓу 30 и 35 овци. Фотографиите објавени од ...

Американската војска единаесетта последователна ноќ извршуваше воздушни напади врз Иран, додека трошоците за воените операции досега достигнале 37,5 милијарди долари. Новата процена ја соопшти американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој пред Сенатот побара итно дополнително финансирање за продолжување на операциите и обновување на потрошените воени резерви. Последниот бран американски удари траел околу 75 минути. Според Централната ...

Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во рамките на Словачката вечер на фестивалот „Охридско лето“. Овој состав го сочинуваат Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина (ШКО Жилина) е основан во 2024 година во рамките на ...

Украински агент кој носел бомба е уапсен денес во метрото на Санкт Петербург, објави руската безбедносна служба (ФСБ). Агентот наводно имал намера да постави бомба под вработен во одбранбената индустрија, пренесува Интерфакс. Кај осомничениот е пронајдена и запленета импровизирана експлозивна направа преправена како GPS тракер. За време на сослушувањето, уапсениот објаснил дека извршил нелегални дејствија во замена за паричен надоместок ...

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, во вторникот пред Комитетот за буџетски средства на Сенатот изјави дека воените капацитети на Иран се на „најслабата воена точка“ по речиси две недели нови воздушни напади на САД, но одби да даде временска рамка за евентуално завршување на војната, признавајќи дека Техеран останува закана во регионот. „Тие сè уште ги имаат капацитетите, нема сомнение за тоа“, рече Хегсет, додавајќи дека направената ...

Гостивар го актуелизираше прашањето за контролата и обезбедување на изворот Рашче од кој се обезбедува вода за пиење за Град Скопје речиси во целост. Изворот Рашче кој се состои од две Каптажи Рашче 1 и Рашче 2, со вкупен инсталиран капацитет од 6 м3/во секунда односно 6000 литри/во секунда. Поради енормната потрошувачка на вода во летниот период и покрај обилниот капацитет на изворот Рашче може да се појави потреба од активирање на ...

Силното невреме што во вторникот попладне го зафати Скопје го оштети и часовникот на фасадата на Музејот на Град Скопје, еден од најпрепознатливите симболи на катастрофалниот земјотрес од 1963 година. На фотографијата објавена на социјалните мрежи се забележува дека е оштетена стрелката што ги означува секундите. Засега нема информации дали невремето предизвикало дополнителни оштетувања на механизмот или на останатите делови од часовникот. ...

Управата за хидро-метеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има ...

Опозициската СДСМ го обвини новинарот Драган Павловиќ Латас дека води, како што наведуваат, „валкана пропагандна кампања“ во корист на власта, со цел да се дефокусира јавноста од здравствената криза во Гостивар предизвикана од загадената вода за пиење. Во партиското соопштение, СДСМ тврди дека, наместо одговори за, како што наведуваат, „труењето на целиот град Гостивар“, владејачката ВМРО-ДПМНЕ повторно ја злоупотребува трагедијата од ...

Поради ниското ниво на водата на Дунав, во близина на Опатовац, помеѓу Вуковар и Илок, од водата се појавија остатоци од брод за кој се верува дека потонал пред 90 години, потврди Општина Ловас, на која територијално ѝ припаѓа Опатовац. „Историјата буквално се појави од Дунав. На официјалната веб-страница на Општина Ловас објавивме фотографии и информации со цел да собереме што е можно повеќе информации од мештаните, историчарите и секој што ...

Во рамките на фестивалската програма на „Охридско лето“ вечерва со „Алумни“ концерт ќе се одбележат 60 години Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје. Во катедралната црква „Света Софија“ ќе настапат Kатерина Костадиновска – Гелебешева, Глигор Гелебешев, Кристина Светиева, Милена Арсовска, Весна Гиновска Илкова, Златко Мадевски, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Надица Ристиќ – Симовиќ, Дарко Багески и ...

И ноќеска се расчистуваа последиците од невремето. Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициските службеници беа на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Невремето предизвика најголеми ...

Плаќање сметки без посета на банка, префрлање пари преку мобилна апликација, увид во повеќе сметки на едно место и значително поевтини трансакции кон странство. Финтек револуцијата, која веќе го промени начинот на кој Европејците ги користат финансиските услуги, постепено станува реалност и во Македонија. Новата анализа на специјализираниот медиум „Финтек тајмс“ оценува дека Македонија има услови за забрзан развој на дигиталните финансии, ...

„И Румен Радев беше претседател, па стана премиер“, одговори претседателот на Србија Александар Вучиќ на забелешките на опозицијата дека е како “Путин од Тему“, како што го нарече лидерот на Странката за слобода и правда во Србија, Борко Стефановиќ, пренесоа медиумите од Белград. Вучиќ, кој ја предводи Српската напредна партија, објасни дека српската влада, предводена од премиерот Ѓуро Мацут, веројатно прво ќе поднесе оставка. Потоа ќе ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
39%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
0.89
47%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
52%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.79
37%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.66
40%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
1.26
79%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.24
46%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
49%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.38
45%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
49%
1009
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
3.98
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Сребро

2005.37

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Калај

56.77

Алуминиум

3.27

Паладиум

43435.66

Злато

137126.15

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54