Голема меѓународна полициска операција, спроведена е денеска координирано на територијата на повеќе држави, меѓу кои и Грција, Македонија и Косово, со која е сузбиена е криминална група осомничена за меѓународна трговија со наркотици. Во досегашниот тек на акцијата се уапсени неколку лица и запленети се околу 300 килограми марихуана. Од македонска страна во операцијата учествува Министерството за внатрешни работи преку Одделот за ...

По фијаското и елиминацијата од Хапоел Бер Шева во квалификациите во Лигата на шампиони Црвена Звезда ја информираше јавноста дека има нов тренер по оставката на досегашниот стратег Дејан Станковиќ. Нов тренер на Црвена Звезда ќе биде шпанскиот стручњак, Алберт Риера, човекот кој заврши извонредна работа на Балканот предводејќи го Целје, а кој со „црвено-белите“ ставил параф на двегодишен договор. – Нема предавање, пристигнува „тики-така“, – ...

Уште еден пациент почина од западнонилска треска во Скопје. Станува збор за 72-годишен маж кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, а кај него била развиена и клиничка слика на менингитис. Ова е втор смртен случај поврзан со вирусот за една недела. На Инфективната клиника во моментов се лекуваат 24 пациенти, а неколкумина од нив се на механичка вентилација. Пред неколку дена почина и 83-годишен маж од Скопје, кој исто така ...

Бесим Красниќи од Кондово, брат на Агим Красниќи, повторно е во бегство откако не се вратил во затворот „Идризово“ по одобрениот 30-дневен прекин на издржувањето на затворската казна. Иако неговата локација е непозната, МВР засега го бара само со централна, а не и со меѓународна потерница. „По барање на надлежен суд за наведеното лице е распишана централна потерница“, соопштиле од МВР за „Слободен печат“. Красниќи бил пуштен од затвор заради ...

Уште еден пациент почина од западнонилска треска во Скопје. Станува збор за 72-годишен маж кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, а кај него била развиена и клиничка слика на менингитис. Ова е втор смртен случај поврзан со вирусот за една недела. На Инфективната клиника во моментов се лекуваат 24 пациенти, а неколкумина од нив се на механичка вентилација. Пред неколку дена почина и 83-годишен маж од Скопје, кој исто така ...

По нестабилноста и локалните врнежи во петок, викендот носи значително постабилно време во Македонија. Во сабота, 15 август, ќе преовладува сончево до претежно сончево време, а во недела температурите ќе пораснат за уште неколку степени. Во сабота најтопло ќе биде во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и Гевгелија, каде максималните температури ќе се движат околу 31-32 степени. Најсвежо ќе остане во западните и повисоките места, со околу 26 ...

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар, побара попладнево опозициската СДСМ. „Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни“ велат од СДСМ. СДСМ прашува и ...

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) од септември започнува нов циклус акредитирани професионални обуки наменети за стручно, теоретско и практично оспособување во областа на одржливото управување и постапување со отпад. Обуките обезбедуваат сеопфатна подготовка за полагање на стручниот испит за управување и постапување со отпад, согласно законските барања и предвидената програма. Програмата е креирана со цел ...

На 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден” во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на ...

МВР информира дека вчера во 13:45 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го уапсиле О.С.(37) од Скопје. Претходно, 62-годишен скопјанец пријавил дека најпрвин во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра за наводно посредување на царинска документација за внес на патничко возило од странска земја, по што почнал да го избегнува оштетениот. Откако увидел дека е измамен ги побарал парите што му ги ...

Необична сцена е забележана денеска во ВИП делот на Меѓународниот аеродром Скопје, каде владиниот авион бил влечен со трактор по аеродромската писта. Фотосторијата ја објави ТВ21, а на фотографиите се гледа како леталото, наместо самостојно да се движи, е прикачено на аеродромско возило кое го пренесува низ ВИП зоната. Засега нема официјална информација дали станува збор за редовно преместување на авионот, техничка интервенција или друга ...

Хрватската полиција пронајде мртво лице при пребарувањето на подрачјето опустошено од големиот пожар кај Омиш. Телото било пронајдено денеска околу 13:30 часот, соопшти сплитско-далматинската полиција. Засега не се објавени идентитетот на починатото лице и околностите на смртта. На местото ќе биде извршен увид под раководство на надлежен државен обвинител, со полициска асистенција. Поради последиците од пожарот медицинска помош добиле вкупно ...

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со околу 1,6 милиони единки охридска пастрмка, што е за приближно 500.000 повеќе во споредба со минатата година. Планот го најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид. При посетата, Хоџа заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство се запознал со процесот на вештачко размножување на охридската ...

Околу 2.000 помалку места ќе има годинава за упис на прва година на универзитетите во Македонија. Министерството за образование ги намалило квотите кај студиските програми за кои има поголем број невработени кадри, додека техничките и информатичките насоки речиси не се променети. Министерката за образование Весна Јаневска во интервју за МИА вели дека најголемо намалување има кај бизнис и јавната администрација, како и кај дел од програмите на ...

Киро Глигоров денес речиси без исклучок се споменува како првиот претседател на независна Македонија, човекот кој ја водеше државата низ осамостојувањето и меѓународното признавање, без да ја загрози безбедноста. Но односот на сите македонски партии кон него не беше идентичен и не беше постојан. Низ годините Глигоров беше и оспоруван, и навредуван, и политички присвојуван, а подоцна неговото име почна да се појавува на булевари, училишта, ...

Обвинителството ја запре истрагата против вработениот во Народната банка кој беше осомничен дека требало да помогне во сокривањето на пиштолот поврзан со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов. Причината е што по извршените проверки не биле обезбедени докази дека осомничениот го сторил кривичното дело за кое се водела постапката. Станува збор за лице со иницијали З.Д., кое во судската постапка го спомена Велибор Манев. Во завршниот збор ...

По речиси еден месец неизвесност, жителите на Гостивар повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Одлуката ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по седница на Главниот штаб за управување со кризи. „Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење“, соопшти Ангелов на прес-конференција, по разгледувањето на најновите резултати и информации за квалитетот на ...

Лидерот на десничарската Реформ УК, Најџел Фараж, повторно е избран за пратеник во британскиот парламент на необичните дополнителни избори во Клактон, кои самиот ги предизвика откако во јули поднесе оставка. Главните британски партии одбија да учествуваат, а негов најсериозен противкандидат на крајот беше сатиричниот лик Count Binface. Фараж освои 22.239 гласа, односно 62,8 проценти, додека Count Binface, лик создаден од комичар, доби дури ...

На прв поглед изгледа како нешто што не би требало да постои на дното на океанот. Правилно распоредени жолтеникави блокови, разделени со речиси совршени агли, создаваат впечаток на поплочен пат кој води кон некаков одамна потонат град. Токму таква глетка затекнаа истражувачите на дното на Тихиот Океан, северно од Хаваите. Откритието го направи екипажот на истражувачкиот брод „Nautilus“ во 2022 година, при истражување на подводниот гребен ...

Македонскиот воздушен простор добива повисоко ниво на контрола и безбедност со пуштањето во целосна употреба на новиот АТМ систем во М-НАВ. Системот за управување со воздушниот сообраќај треба да овозможи поголема автоматизација, подобар капацитет и помало оперативно оптоварување за контролорите на летање. Новиот систем доаѓа во период кога бројот на летови над Македонија расте. Во првите шест месеци од 2026 година низ македонскиот воздушен ...

Обвинението против поранешниот вицепремиер Артан Груби повторно ги разгоре политичките пресметки меѓу ВРЕДИ и ДУИ. Од ВРЕДИ тврдат дека Груби е „црната кутија“ на партијата на Али Ахмети и дека она што евентуално ќе го каже во текот на судската постапка може да има последици и за други поранешни или актуелни функционери. Реакцијата доаѓа откако Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Груби и уште седум лица за ...

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ го напушти азиско-пацифичкиот регион и се движи кон Блискиот Исток, каде треба да го замени „Абрахам Линколн“. Ротацијата доаѓа во момент кога се множат извештаите за проблеми со снабдувањето и менталното здравје на екипажот на „Линколн“, кој помина повеќе од 260 дена непрекинато на море. „Џорџ Вашингтон“ минатата недела го напуштил виетнамскиот град Да Нанг, а потоа бил забележан како минува низ ...

Македонските аеродроми влегуваат во една од најсилните години досега. Во првите шест месеци од 2026 година низ аеродромите во Скопје и Охрид поминале повеќе од два милиони патници, што е раст од 32 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти министерот за транспорт Александар Николоски. За споредба, во првата половина од 2025 година двата аеродрома опслужиле 1.529.451 патник. Ако се примени годинашниот раст од 32 проценти, бројката за ...

Скопје од 20 до 27 август повторно ќе живее во ритамот на документарниот филм. Седумнаесеттото издание на „Македокс“ носи 71 филм, над 100 гости од странство, мастеркласови, разговори, работилници и силна индустриска програма, распоредени на повеќе локации низ градот. Годинашното мото е „Само сонот е стварност“, инспирирано од песна на Тин Ујевиќ и книгата на една од најзначајните македонски филмски критичарки Илинденка Петрушева. Фестивалот ...

Аеропрскањето не е доволно за справување со тигрестиот комарец, а во услови на зголемена активност на комарците потребна е локална дезинсекција од земја, вели епидемиологот Драган Даниловски. Неговата реакција доаѓа откако во повеќе делови од Скопје беше прогласена епидемија на западнонилска треска. Според Даниловски, климатските промени, подолгите лета и почестите топлотни бранови создаваат услови во кои комарците полесно се размножуваат и ...

Украински напад со дрон ја остави без производство рафинеријата „Орскнефтеоргсинтез“ во Оренбуршката област, на околу 1.300 километри од Украина. Ударот отвори нов проблем за рускиот енергетски сектор, бидејќи поправката на оштетената опрема може да трае и до шест месеци. Нападот бил извршен на 11 август, по што во рафинеријата избувнал пожар. Украинската страна потврди дека објектот бил цел на операцијата, додека руските регионални власти ...

Македонските средношколци освоија нови три медали на Интернационалната олимпијада по информатика, ИОИ 2026, која се одржува во Ташкент, Узбекистан. Во конкуренција од 375 натпреварувачи од 92 земји, Македонија освои еден сребрен и два бронзени медали, како и една олимписка пофалница. Сребрениот медал го освои Дамјан Давков од Штип, додека Владимир Грчев од Кочани и Никола Стојковски од Скопје се закитија со бронзени медали. Четвртиот член на ...

По речиси цел ден борба со огнот, пожарникарите и локалните жители успеале да ги спасат куќите во Лознани, каде пожарот се приближил опасно блиску до населеното место. Пожарот повеќе не претставува директна опасност за селото, но огнот и натаму е активен кон други населени места. Командирот на Територијалната противпожарна единица Битола, Христијан Тодоровски, вели дека екипите во текот на денот интервенирале на повеќе пожари, почнувајќи од ...

По речиси цел ден борба со огнот, пожарникарите и локалните жители успеале да ги спасат куќите во Лознани, каде пожарот се приближил опасно блиску до населеното место. Пожарот повеќе не претставува директна опасност за селото, но огнот и натаму е активен кон други населени места. Командирот на Територијалната противпожарна единица Битола, Христијан Тодоровски, вели дека екипите во текот на денот интервенирале на повеќе пожари, почнувајќи од ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го оцени како „историски чекор“ новиот закон со кој се создава правна рамка за разоружување и распуштање на Курдистанската работничка партија, ПКК, и за реинтеграција на дел од нејзините членови во општеството. Законот беше усвоен од турскиот парламент оваа недела со поддршка од повеќе од две третини од пратениците. Новиот Закон за зајакнување на националната солидарност и социјалната кохезија ...

Мвр билтен

16 минути - МИА - +1
weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1029
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
1.6
57%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
61%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
55%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
58%
1027
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
50%
1030
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
57%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
90%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Платина

49319.25